Масовна тепачка се случила вчера попладне точно пред влезот на полициската станица во Кочани при што повредени биле неколку лица. Инцидентот за кој кружеа видеа по социјалните мрежи го потврди и МВР. „Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко. Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија ...

Пожар избувнал во хотелот „Бруклин” во приморскиот албански град Валона, во кој се повредени повеќе туристи. Од повредените, петмина се пренесени на лекување во Тирана, еден од нив е во критична состојба. Според Министерството за здравство, тројца од повредените се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од пациентите е во сериозна состојба, поради високиот процент на изгореници и бара континуирано медицинско ...

Израелската војска соопшти дека убила висок командант на единицата Бадр на либанското милитантно движење Хезболах, познат како Абу Хасан Ала, во воздушен напад во областа Деир ел-Захранија во јужен Либан, додека Хезболах соопшти дека ќе одговори на израелските напади „на соодветен начин“. Израелската војска соопшти дека Абу Хасан Ала е убиен во напад извршен како одговор на нападите со беспилотни летала на Хезболах врз израелските сили во ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека предвремените избори ќе бидат распишани многу брзо, „во следните 15, 20 или 25 дена“. Кампањата за парламентарните избори ќе трае во согласност со законот – најмалку 45, а најмногу 60 дена, нагласи српскиот претседател. Кампањата ќе биде „многу долга“, верува Вучиќ најавувајќи дека изборите ќе бидат распишани „многу, многу наскоро“. „Кампањата е предолга, претседателската кампања е обично ...

Денеска, во 12:04 часот, преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава за повредено лице кое се наоѓало на непристапен терен над Мало Езеро, под антените на Пелистер, информираат од Центарот за управување со кризи. Лицето имало скршеници на двете потколеници и било во свесна состојба, но при движење имало и крварење. „Веднаш по приемот на пријавата, преку ПОРКОА РЦУК Битола беа известени сите надлежни служби, меѓу кои Итната ...

Иранската армија понуди награда од речиси 30.000 долари за секој американски војник кој ќе биде убиен или заробен, објави порталот „Аваш“, а пренесува агенцијата ДПА. Според извештајот, жените кои ќе заробат или убијат американски војници наводно би биле платени двојно повеќе. Наградата наводно ја понудил Амир Хатами, врховниот командант на иранската војска. Ова доаѓа во време на континуирани воени тензии меѓу САД и Иран. Во последните ...

Јавно објавени фотографии на кои се гледаат лица во костими за капење кои се качуваат по надворешниот ѕид на кулата на црквата „Св. Никола“ во Маврово предизвикаа реакција на социјалните мрежи. Авторот на објавата тврди дека станува збор за посетители кои пристигнуваат со комбиња и се качуваат директно на објектот на храмот, „облечени несоодветно за црковен и свет простор“, додека во текстот што ги придружува фотографиите се потенцира дека ...

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти МВР. Од нив, 10 управувале возило под дејство на алкохол. Возачи од Тетово, Кочани, Кичево, Прилеп и Португалија биле запрени и при извршениот алкотест кај нив било констатирано присуство на алкохол. Возач од Турција, кај кого биле измерени 1,98 промили алкохол во ...

Украински беспилотни летала го нападнаа Московскиот регион, во она што гувернерот на регионот, Андреј Воробјов, го нарече еден од најголемите напади врз регионот. Според него, најмалку едно лице загинало. Воробјов на Телеграм изјави дека 83-годишен маж починал во Подолск и дека неколку лица се повредени. Според него, бил погоден магацинот на „Вајлдберис“, најголемиот руски онлајн трговец на мало. Штети беа предизвикани и на неколку други ...

Наместо фокус на подобро образование – ВМРО и министерката Весна Јаневска создадоа хаос во образованието, се отпуштаат наставници и се затвораат над 20 подрачни училишта ширум државата, порача Јованче Манасков од СДСМ. Според Манасков, ВМРО-ДПМНЕ ја партизирала секоја институција, па сега на ред дошле и директорите од училиштата. „Според информациите кои стигнаа до нас, двајца инспектори од Државниот просветен инспекторат, периодов ...

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице. Постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Имено, во периодот од февруари ...

Две постари жени починаа, а две бебиња се повредени во поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од обилните дождови во рурална област во северозападна Шпанија, потврдија локалните власти. Жолто временско предупредување е во сила за седум региони поради прогнозата за бури и обилни дождови, објави Ројтерс . Регионалните служби за итни случаи на Кастиља и Леон соопштија дека жените биле на возраст меѓу 60 и 80 години. Несреќата се случила ...

Вооружени лица со огнено оружје биле откриени во строго заштитената зона на Националниот парк „Пелистер“, на над 2.000 метри надморска височина. Лицата биле забележани во текот на ноќна акција што ја спровеле ренџерите на Националниот парк во соработка со полицијата од СВР Битола. Акцијата се одвивала на исклучително тешко достапен терен. Од Националниот парк „Пелистер“ посочуваат дека зоната со строг режим на заштита често е мета на ...

По елиминацијата од Мастерсот во Синсинати Новак Ѓоковиќ изјави дека има здравствен проблем кој го мачи во последните неколку години. Ѓоковиќ загуби од Тијаго Агустин Тиранте во второто коло со резултат 2:1 (6:2, 4:6, 4:6), а за време на натпреварот повраќаше и видливо се мачеше да дише поради екстремната влажност. „Му честитам на мојот противник. Искрено, ова воопшто не беше пријатен натпревар за мене. Така се чувствував. Не е прв пат, ...

Децении по смртта на Никола Тесла, документите што американските власти ги собрале по неговата смрт продолжуваат да поттикнуваат приказни за тајните проекти на еден од најпознатите пронаоѓачи во историјата. Меѓу нив се белешки за неговиот прочуен „зрак на смртта“, стравувања дека неговите идеи би можеле да стигнат до странски сили, но и необично писмо во кое се споменуваат вонземјани и Венера. ФБИ денес јавно објавува три дела од досието за ...

Вечерва на програмата на „Охридско лето“ се закажани концерт на британскиот состав „Kiiōtō“, како и театарската претстава „Уна“, работена според мотиви од култниот роман на Момо Капор, во продукција на Театарот „Ѕвездара“ од Белград. Љубителите на музиката ќе имаат можност да го проследат настапот на „Kiiōtō“, музички проект зад кој стојат наградуваниот пијанист и композитор Рохан Хит и вокалистката Лу Роудс, позната и како членка на ...

Кога во 2023 година Џејсон Ардеј влезе во Кембриџ како најмладиот црн професор во историјата на универзитетот, неговата биографија звучеше како приказна создадена за насловните страници. Како дете бил дијагностициран со аутизам и развојни тешкотии, според сопственото сведоштво не зборувал до 11 години, а не знаел да чита и пишува до 18. Помалку од две децении подоцна станал професор на еден од најпрестижните универзитети во светот. Три години ...

Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се повредени откако полски автобус се преврте на автопат во источна Унгарија во текот на ноќта, објави унгарскиот премиер Петер Маѓар во објава на Фејсбук. Автобусот паднал во канал и се превртел рано утрово во близина на градот Мезокерештес, на автопатот М3. Полицијата соопшти дека возилото се движело кон градот Њиреѓихаза. Државната новинска агенција МТИ објави дека во него имало 57 патници и двајца ...

Центарот за управување со кризи инфомира дека утрово до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор. Од нив, активни се шест, под контрола е едена пожар, додека 22 пожари се изгаснати. Активни пожари има во Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Понатаму, во ...

Автомото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот утрово на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за излез од држата е околу 30 минути, а на ГП Богородица времето на чекање е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ ...

Кратко траеше престојот на Новак Ѓоковиќ на мастерс турнирот во Синсинати, САД, откако загуби од Тиаго Тиранте со резултат 2:1во сетови. Откако го доби првиот сет со 6:2, Ѓоковиќ имаше проблеми со дишењето и почна да се мачи поради големата влажност во Синсинати, па во еден момент се доведе во ситуација да повраќа и да паѓа на колена на теренот. Србинот изгледаше целосно грогирано и го загуби својот сервис во вториот сет, а потоа Тиранте ...

На прв поглед, бројката изгледа како проблем со работната дисциплина. Германските работници во просек поминале околу 22 дена на боледување во 2024 година, што ја става Германија меѓу земјите со високо ниво на отсуства од работа. Владата затоа сака построги правила, но истражувачите предупредуваат дека зад бројките можеби не стојат работници кои премногу лесно земаат боледување, туку работни места на кои луѓето сè потешко издржуваат. Планот на ...

На прв поглед, бројката изгледа како проблем со работната дисциплина. Германските работници во просек поминале околу 22 дена на боледување во 2024 година, што ја става Германија меѓу земјите со високо ниво на отсуства од работа. Владата затоа сака построги правила, но истражувачите предупредуваат дека зад бројките можеби не стојат работници кои премногу лесно земаат боледување, туку работни места на кои луѓето сè потешко издржуваат. Планот на ...

Благој Гугинов деветти во Европа, македонскиот млад кајакар стигна меѓу најдобрите на Европското првенство за јуниори и натпреварувачи до 23 години на диви води, што деновиве се одржува во Грандтули, Шкотска. Гугинов обезбеди место во големото финале, а таму го заврши настапот на деветтата позиција во јуниорската конкуренција. Од велешките води до брзаците на реката Теј, резултатот на Гугинов е еден од оние што лесно можат да поминат под ...

Злато од 9 милиони евра во Белгија е пронајдено сосема случајно, за време на обична летна работа. Осумнаесетгодишниот Кобе копал ров за канализациска цевка во стара зграда во Синт-Гилис-Дендермонде кога забележал нешто што првично му заличило на монета од едно евро. Неколку моменти подоцна, работниците сфатиле дека пред нив не стојат ситни пари, туку златни монети, грутки и шипки со проценета вредност од околу девет милиони евра. Приказната, ...

Генерацијата Z веќе не е само младата публика по која трчаат брендовите и социјалните мрежи. Во 2026 година нејзините навики сè посилно влијаат врз начинот на кој купуваме, комуницираме, се забавуваме и го поминуваме слободното време. Анализа објавена од Index.hr, која се повикува на Truffle Culture и податоци од TGM Research, издвојува пет поголеми промени што покажуваат дека генерацијата израсната со смартфони почнува да бара нешто што на ...

Џеф Безос повеќе не е само „на чекор“ до Ливерпул. Само неколку дена по првите информации за можната зделка, сопственикот на англискиот гигант, Fenway Sports Group (FSG), официјално потврди дека е постигнат дефинитивен договор за продажба на значителен малцински удел во клубот на конзорциум во кој е вклучен и основачот на Amazon. Британските медиуми објавуваат дека станува збор за околу 30 отсто од Ливерпул, во зделка вредна приближно 1,65 ...

Мистериозен сигнал од вселената со години пристигнува од галаксија оддалечена околу 500 милиони светлосни години, а неговата активност се повторува во циклус од приближно 16,34 дена. Станува збор за брз радиоизблик познат како FRB 20180916B, еден од најнеобичните повторувачки космички сигнали што ги следат астрономите, а новите истражувања сега отфрлаат едно од главните објаснувања за неговиот правилен ритам. Важно е, сепак, да се направи ...

Најдобрата земја за патување по 60-тата не е ниту Шпанија, ниту Италија, ниту некоја од познатите медитерански дестинации. Ново глобално рангирање на 100 земји го постави Јапонија убедливо на првото место за повозрасни патници, додека Европа доминира во остатокот од листата – осум од десетте најдобро рангирани земји се европски. Истражувањето на туристичката компанија Firebird Tours не анализира каде е најевтино да се преселите по ...

Пожарите во Црна Гора и попладнево, 15 август, остануваат активни на повеќе точки, а најновото влошување е регистрирано во Херцег Нови, каде ветерот повторно го разгоре огнот и ја смени ситуацијата која утрово изгледаше значително поповолна. Активни жаришта има и кај Улцињ и Никшиќ, додека пожарите кај Бар и Сутоморе се ставени под контрола или се речиси целосно изгаснати. Најголемата неизвесност во моментов е на подрачјето на Херцег Нови. ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
58%
1029
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
63%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
66%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
61%
1029
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.11
70%
1030
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.89
71%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
58%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
49%
1030
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
59%
1029
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
6.17
88%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76