Украински беспилотни летала го нападнаа Московскиот регион, во она што гувернерот на регионот, Андреј Воробјов, го нарече еден од најголемите напади врз регионот. Според него, најмалку едно лице загинало. Воробјов на Телеграм изјави дека 83-годишен маж починал во Подолск и дека неколку лица се повредени. Според него, бил погоден магацинот на „Вајлдберис“, најголемиот руски онлајн трговец на мало. Штети беа предизвикани и на неколку други ...
Украинските сили во текот на ноќта извршија напад врз цели во Московската област. На мета се најдоа складиштето на големиот руски онлајн трговец „Вајлдберис“ (Wildberries) и повеќе градови во околината на Москва, според извештаите на каналите кои ги следат воените случувања. Каналот „Егзиленова плус“ (Exilenova Plus) наведува дека по украинскиот погодок избувнал пожар во најголемото складиште на „Вајлдберис“ во Русија, во селото Коледино крај ...

