Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Откако изјави дека очекува бомбардирањето на Иран да продолжи и дека нема намера да го продолжи прекинот на огнот, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека, на барање на Пакистан, ќе го продолжи прекинот на огнот сè додека иранската страна не го достави својот предлог. Преговорничкиот тим на Иран објави дека нема да биде присутен на мировните преговори и дека во моментов нема изгледи за учество. Белата куќа потврди дека патувањето ...
Балканот повторно се соочува со бран дојави за бомби во училишта, трговски центри и јавни објекти, кој за неколку дена ја наруши наставата, предизвика евакуации и ги стави полициите во неколку држави во постојана состојба на проверка. Иако досегашните дојави се покажуваат како лажни, нивниот ефект е реален: страв кај родителите, прекината настава, испразнети објекти и институции принудени секое утро да реагираат како заканата да е вистинска. ...
Српските туристи што летово ќе патуваат кон Грција би можеле да поминат со полесни гранични процедури во најоптоварените денови од сезоната, но засега нема официјална одлука дека ЕЕС системот ќе биде целосно укинат за нив. Станува збор за очекување од туристичкиот сектор во Србија, врзано за можноста што ја имаат државите да ја прилагодат примената на новиот европски систем кога на границите се создаваат големи застои. Директорот на ...
Земјите-членки на ЕУ постигнаа договор за заем од 90 милијарди евра за Украина и за 20-тиот пакет санкции против Русија, кои Унгарија досега ги блокираше, објави кипарското претседателство. Амбасадорите на земјите-членки (Корепер) започнаа писмена постапка за формално усвојување на овие одлуки. Владите на земјите-членки сега треба да ги потврдат обете одлуки до утре попладне. И двете одлуки, за заемот и за 20-тиот пакет санкции, досега беа ...
Украина испрати внимателна, но јасна порака до Румен Радев по неговата убедлива изборна победа во Бугарија: Софија да не стане новата пречка за европската поддршка за Киев. Пораката доаѓа во момент кога политичката карта во Источна Европа брзо се менува. По поразот на Виктор Орбан во Унгарија, Украина очекуваше дека дел од блокадите во Европската Унија ќе бидат отстранети. Но победата на Радев во Бугарија повторно отвори прашање дали во ЕУ ќе ...
Битола од 7 до 9 мај ќе го претвори платото пред Офицерски дом во отворена градска сцена за вино, музика и пролетно дружење. „Вински фестивал Битола“ најавува три вечери со домашни винарии, гастрономска понуда и програма што треба да го спои препознатливиот битолски стил со современа фестивалска атмосфера. Настанот е замислен како мајска приказна во центарот на градот, не само како класична дегустација на вино, туку како урбан собир во кој ...
Македонскиот долгометражен филм „СКЕЈТБОРДИНГОТ НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА“ во режија на Дина Дума, поддржан од Агенцијата за филм, ќе ја има својата светска премиера на престижниот Tribeca Festival во New York City, како дел од International Narrative Competition, една од главните и најреномирани натпреварувачки селекции на фестивалот. Влезот во оваа селекција значи дека филмот е меѓу внимателно одбраните авторски остварувања од целиот свет, кои се ...
Студентка од Штип, која била во кочанската дискотека „Пулс“ во ноќта на пожарот, пред судот сведочеше дека пиротехничките средства биле поставувани во текот на вечерта и дека уште тогаш реагирала оти се наоѓаат премногу блиску до гостите. Нејзиниот исказ повторно го врати фокусот на едно од клучните прашања во судскиот процес: како сценски ефект во преполн локал се претворил во пожар што за неколку минути предизвика масовна трагедија. ...
Собранието ја отвори постапката за укинување на техничката, односно таканаречената Пржинска влада, механизмот што повеќе од една деценија беше замислен како политичка брана пред изборни злоупотреби. Со 67 гласа „за“, 13 „против“ и без воздржани, пратениците ја утврдија потребата измените на Законот за Владата да се носат по скратена постапка. Со ова законското решение ја помина првата собраниска фаза, но не и најтешката политичка расправа. ...
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во Собранието процедурално реагираше на предлог-законското решение за техничката влада, оценувајќи дека неговото носење по скратена постапка е спротивно на воспоставените принципи и реформската агенда. „Ова законско решение што се предлага излегува од рамките на моделот и начинот на којшто е донесен Законот за Влада и е спротивно на договорениот пристап меѓу политичките партии”, истакна Спасовски. ...
Редакцијата на Рацин.мк ги анализираше јавно достапните понуди на сите Македонски банки за потрошувачки и станбени кредити. НРБМ објави дека граѓаните интензивно се задолжуваат со кредити во македонските банки, па следствено ја подготвивме анализата за нашите читатели за да може на едно место да направат споредба согласно нивните потреби. Потрошувачките кредити се рекламираат со пониски фиксни камати, станбените кредити со подолги периоди на ...
Под мексиканската пустина, на околу 300 метри под земја, се наоѓа едно од најнеобичните места на планетата: Пештерата на кристалите во Наика. На фотографиите изгледа како ледена катедрала, со огромни бели столбови што излегуваат од подот, ѕидовите и таванот. Но оваа убавина не е студена. Таа е речиси неподносливо жешка, влажна и опасна за човекот. Пештерата се наоѓа во рудникот Наика, во мексиканската сојузна држава Чивава, а била откриена во ...
Археолози во древниот египетски град Оксиринх открија фрагмент од Хомеровата „Илијада“ вграден во мумија од римскиот период, стара околу 1.600 години. Откритието е ретко не само затоа што станува збор за еден од најважните текстови на античката книжевност, туку затоа што првпат грчки литературен текст е пронајден како дел од процес на мумификација. Папирусот бил поставен во пределот на абдоменот на мумијата, во гробница во некрополата ...
Во Зоолошката градина во Мадрид се роди младенче борнејски орангутан, редок настан што за чуварите е радост, а за биолозите потсетување колку е кревка иднината на еден од најзагрозените човеколики мајмуни во светот. Бебето е машко, родено е на 2 април, тежело околу 1,5 килограм и, според зоолошката градина, се развива нормално под постојана грижа на мајката Сурја. Раѓањето привлече внимание затоа што борнејските орангутани се вид со бавен ...
Осумдесетгодишниот јубилеј на Драмски театар – Скопје, замислен како голем културен настан за една од најважните македонски театарски институции, се претвори и во политичка тема откако Комисијата за култура на СДСМ обвини дека дел од вработените не биле дел од прославата во сопствената матична куќа. Од Комисијата за култура на СДСМ реагираат дека јубилејот „80 години Драмски театар“ требало да биде празник на уметноста, актерите и генерациите ...
Кредитите на граѓаните продолжуваат да растат, а мартовските податоци на Народната банка покажуваат и зголемување на негативните салда на тековните сметки. Тоа значи дека дел од домаќинствата сè повеќе се потпираат на банкарски минус, кредитни производи и задолжување за да ги покријат месечните трошоци. Во март кредитите на домаќинствата пораснале за 1,3 проценти на месечно ниво, а за 11,5 проценти во споредба со истиот период лани. Растот е ...
Силна експлозија во подвозник во Сплит доцна синоќа вознемири дел од градот, по што полицијата го блокираше поширокото подрачје и започна увид. Во експлозијата загина едно лице, а според првичните информации на хрватската полиција, засега нема елементи на кривично дело. Инцидентот се случил во населбата Равне Њиве, во подвозник кај Улицата „Домовинског рата“, во близина на прометен дел од градот. По дојавата за експлозијата, на терен веднаш ...
ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ почна акција за наплата на заостанати долгови без пресметана камата за задоцнето плаќање. Можноста важи за корисници што имаат долг евидентиран преку заедничката сметка со ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, по основ на неплатени сметки за собирање и транспортирање комунален отпад. Акцијата се однесува и на редовен и на тужен долг. Тоа значи дека граѓаните што имаат заостанати обврски кон претпријатието можат ...
Народот на Крива Паланка треба да се праша преку референдум за рудникот за антимон. Градоначалникот Сашко Митовски, не може да одлучува сам или да се договара со Мицкоски. Граѓаните на Крива Паланка, а не експертите поврзани со ВМРО-ОКГ и бизнис интересите на Мицкоски, треба да одлучат дали сакаат рудник за антимон во нивниот крај. Ова се нагласува во соопштението на СДСМ, во кое се истакнува дека не е против инвестиции, туку против рудник ...
Европол, заедно со холандските власти и меѓународни партнери, откри информации за 45 украински деца кои биле присилно префрлени или депортирани во Русија, Белорусија и привремено окупираните украински територии. Податоците се предадени на украинските власти за да помогнат во истрагите и во обидите децата да бидат вратени дома. Операцијата се одржала на 16 и 17 април во седиштето на Европол во Хаг. Во неа учествувале 40 истражители од 18 ...
Предлог-измените на Законот за Влада, со кои се отвора пат за укинување на преодната, односно техничката влада, повторно ја враќаат Македонија во спорот што стои зад сите изборни циклуси од Пржино наваму: дали институциите се доволно независни за власта сама да организира избори, или опозицијата мора да има директен увид во клучните ресори за да се спречат злоупотреби. Законот е доставен во Собранието по скратена постапка. Според објавените ...
Во „Само вистина“ на ТВ Канал 5, поранешниот амбасадор Ристо Никовски оцени дека моменталната цврста позиција на премиерот Мицкоски дека „ќе чекаме ако треба и со децении“ е погрешна. Тој нагласува дека и по десет години од сега да се одржуваат нови избори во Бугарија, и дваесет години, ниедна власт која ќе дојде нема да има поинаков однос кон Македонија. „Тоа е факт. Тоа покажува дека топката е во нашиот двор и мислам дека моменталната ...
Поранешниот претседател на Европскиот совет и поранешен белгиски премиер, Шарл Мишел, остро ја критикуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, обвинувајќи ја дека се обидува да ги прошири своите овластувања. Во интервју за „Брисел тајмс“, Мишел, кој ќе ја напушти функцијата во 2024 година, ги откри длабоките тензии меѓу него и фон дер Лајен. Тој повторно го коментираше скандалот „Софагејт“ што избувна за време на ...
НАТО авиони пресретнаа руска воена формација над Балтичкото Море, во нова демонстрација на воздушна готовност на источниот дел од Алијансата. Во акцијата учествувале француски ловци „Рафал“ од базата Шјауљај во Литванија, како дел од мисијата за воздушно патролирање на НАТО во Балтикот, заедно со авиони од Шведска, Финска, Полска, Данска и Романија. Руската формација, според објавените информации, вклучувала два суперсонични бомбардери ...
Македонија денеска ќе биде под променливо облачно и посвежо време, со врнежи од дожд и ветер од северен правец. Пообилни врнежи се очекуваат во западните и југоисточните делови од земјата, каде што локално може да наврнат над 30 литри на квадратен метар. УХМР најавува минимални температури од 3 до 8 степени, а дневните ќе се движат од 10 до 15 степени. Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер, со ...
Вршителот на должноста премиер на Словенија, Роберт Голоб, во понеделник призна дека неговото либерално Движење за слобода не успеало да формира влада и покрај тесната победа на изборите минатиот месец. Соопштението ефикасно го отвора патот за Јанез Јанша, ветеранскиот лидер на Словенечката демократска партија (СДС), да се обиде да изгради десничарска коалиција и да се врати на власт по четврти пат, анализира Еуаливе. Партијата на Голоб ...
Британската влада објави воведување законска забрана за употреба на паметните телефони во училиштата во Англија, објави Министерството за образование, јави Би-Би-Си. Министерката за образование, бароницата Џеки Смит, изјави во Домот на лордовите во понеделник дека владата ќе поднесе амандман на Законот за благосостојба на децата и училиштата, со кој ќе се воведе јасна законска обврска за училиштата да го сторат тоа. Како што изјави ...
Обилните врнежи од дожд предизвикаа помали, но чести одрони од земја и камења на повеќе патни правци во дебарскиот регион, поради што надлежните апелираат до возачите да возат внимателно и да ја прилагодат брзината на условите на патот. Од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта информираат дека екипите се постојано на терен и ги расчистуваат коловозите за да се одржи безбеден сообраќај. ...
Иранските кругови блиски до преговарачкиот врв ја отфрлија најавата на Доналд Трамп за продолжување на примирјето и ја претставија како обид Вашингтон да купи време за можен изненаден удар. Пораката дојде откако американскиот претседател соопшти дека САД ќе го продолжат прекинот на огнот со Иран на неодредено време, на барање на Пакистан, кој посредува во обидите за мировни разговори. Советникот на иранскиот главен преговарач и претседател на ...
Порталот „Е-Услуги“, националната платформа преку која граѓаните пристапуваат до електронски јавни услуги, повторно е ставен во функција на 21 април, откако дел од услугите беа привремено недостапни поради технички причини, интервенција и надградба на системската опрема. Министерството за дигитална трансформација соопшти дека услугите повторно им се достапни на граѓаните, но краткиот прекин го врати старото прашање: дали дигиталната држава е ...