Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
37 пожари на отворен простор се регистрирани во изминатото деноноќие, а три остануваат активни. Најсериозна е состојбата во прилепско Мариово, каде огнената линија кај Чаниште се движи во два правца – кон Зовиќ и кон Крушевица. Македонија и во последното деноноќие се соочува со голем број пожари на отворен простор. Според утринскиот извештај на Центарот за управување со кризи, од 18 до 19 август, до 7:30 часот, регистрирани се вкупно 37 ...
Сончево и топло време ќе преовладува денеска низ Македонија, со мала до умерена локална облачност. Максималните температури ќе се движат од 30 до 38 степени, а попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, додека утринските температури се движат од 12 до 20 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Температурата ќе ...
Американското Министерство за правда поднесе проширено обвинение против 17 Иранци поврзани со институтот „Мабна“, кои се товарат дека стоеле зад една од најголемите кампањи за кражба на академски податоци и интелектуална сопственост. Според обвинението, нивни цели биле најмалку 322 универзитети ширум светот, десетици компании, американски државни институции, Обединетите нации и УНИЦЕФ. Новиот обвинителен акт има 14 точки и го проширува ...
Претставниците на движењето „Make America Great Again“ (MAGA) и конзервативните кругови блиски до администрацијата на претседателот Доналд Трамп сè поактивно ги претставуваат односите меѓу САД и Европа како борба за иднината на западната цивилизација, објавува „Фајненшл тајмс“. Според претставниците на американската нова десница, Европа се соочува со сериозни проблеми поврзани со миграцијата, ограничувањата на слободата на говорот и ...
Државата не е караоке за секоја власт да ја пее по свое. Нејзината песна ја создаваат и оние без службен автомобил, обезбедување и право први да говорат. Заслугата не е амнестија, ниту критиката е предавство. Македонија им припаѓа на сите што направиле нешто свое од неа — и со тоа ја направиле малку повеќе наша. Андреја СТОЈКОВСКИ На 8 септември годинава се навршуваат 35 години од прогласувањето на независноста. Во претходните две колумни ...
Продажбата на N1, Nova S, Danas и Radar во Србија, паралелно со ширењето на „Ало“ кон македонскиот медиумски простор, отвора прашање многу поголемо од една бизнис-трансакција: кој ќе ја контролира информацијата на Балканот кога политичката битка повторно ќе се води и преку медиумите? Зоран БОЈАРОВСКИ Медиумскиот пазар на Балканот повторно се преструктурира. Овојпат, меѓу купопродажбите, новите сопственици и инвестиционите фондови, се ...
Секое повлекување со прстот носи нова фотографија или видео. Кога едното ќе заврши, другото почнува само. Телефонот испраќа известување за да го врати корисникот во апликацијата, а алгоритамот во меѓувреме учи што најдолго му го задржува вниманието. Токму ваквиот дизајн на Instagram и Facebook од 18 август е во центарот на едно од најважните судења досега за односот меѓу социјалните мрежи и децата. Во федералниот суд во Оукленд, Калифорнија, ...
На долг рок, тоа ја зајакнува самостојноста на Ташкент при донесувањето надворешно политички одлуки и придонесува за неговата подлабока интеграција во глобалните економски структури. Олександар ЛЕВЧЕНКО* Узбекистан континуирано ги проширува економските и миграциските врски надвор од рускиот простор, настојувајќи да ја намали еднострана зависност од Руската Федерација и да се интегрира во глобалните економски структури. Еден од клучните ...
Речиси 5.000 деца во Македонија во 2025 година биле на листи на чекање за место во јавна градинка, додека за државата да ја достигне планираната цел за опфат до 2032 година ќе треба да обезбеди уште околу 19.000 места. Во исто време, повеќе од 79.000 деца на возраст од 0 до 6 години воопшто не се опфатени со предучилишно образование. Бројките покажуваат дека проблемот одамна не е ограничен само на неколку преполни градинки во Скопје или во ...
Густ чад и непријатна миризба покрија делови од Софија, главниот град на Бугарија, откако облак од голем шумски пожар во Србија беше пренесен од ветерот над Софиската долина. Општина Софија доби над 40 пријави од граѓани за чад и смог, но во моментов нема податоци за активни пожари на територијата на Софија или во непосредна близина на градот, пренесуваат бугарските медиуми. Проверките на Дирекцијата за итна помош и превенција и сигналите ...
Плати и до 10.000 евра месечно се реалност за дел од високо квалификуваните професии во Норвешка, земја која со години привлекува работници и од Балканот со високи примања, уреден пазар на труд и побарувачка за кадар. Но официјалните норвешки бројки покажуваат и нешто важно, ваквите плати не се стандард за секој работник, туку најчесто се врзани за специјализирани професии, искуство и висока одговорност. Најновите податоци на норвешкиот Завод ...
Германската автоиндустрија тоне под товарот на една од најдлабоките трансформации во последните децении, а најновите официјални бројки покажуваат колку брзо кризата се префрла врз работниците. На крајот од првата половина на 2026 година во автомобилскиот сектор имало 691.500 вработени, дури 42.300 помалку отколку една година претходно. Тоа е пад од 5,8 проценти и најниско ниво на вработеност во германската автомобилска индустрија од 2005 ...
Мусијала повторно падна на терен и предизвика сериозна загриженост во Баерн Минхен, откако само неколку минути по влегувањето во игра на пријателскиот натпревар против Хајденхајм мораше да добие медицинска помош. За 23 годишниот германски репрезентативец ова е втор сличен инцидент за само четири дена, откако претходно му се слоши и на натпреварот со РБ Лајпциг. Мусијала влезе во игра во второто полувреме, но неговиот настап траеше само ...
Астронаутите имаат запек во вселената почесто отколку што може да се претпостави, а научниците сега пронајдоа нова трага за причината. Анализа на примероци од крв од 52 астронаути кои поминале месеци на Меѓународната вселенска станица покажала дека само неколку недели по напуштањето на Земјата се менува активноста на бактериите во цревата, а храната најверојатно подолго се задржува во дигестивниот систем. Истражувањето го спровеле научници од ...
Македонскиот филм „17“ на режисерката Косара Митиќ ја имаше регионалната премиера на Сараевскиот филмски фестивал, каде што публиката ја награди екипата со силен аплауз и стоечки овации. Но зад фестивалскиот успех стои многу потешка приказна – за осаменоста на младите, траумата, сексуалното насилство и молкот на возрасните во моменти кога тинејџерите најмногу имаат потреба некој да ги забележи. Филмот е дебитантско долгометражно остварување ...
Оставањето чадор или лежалка на плажа за местото да ве „чека“ и следниот ден може да заврши поинаку од очекуваното. Во Геракини на Халкидики, општинските служби отстранија околу 100 чадори и лежалки кои биле трајно поставени на плажата, дел од нив вкопани во песокот, а други дури и заклучени со синџири. Акцијата беше спроведена на 18 август од Општина Полигирос, откако претходното предупредување до граѓаните и туристите да ја отстранат ...
Москва му се закани на Лондон дека британската воена поддршка за Украина ќе има последици, откако британски медиуми објавија дека Украина користела дронови од Велика Британија за напади врз цели длабоко на руска територија. Руската амбасада во Лондон порача дека британските власти ќе мора да одговараат за своите постапки, додека руското раководство сè поотворено ја претставува британската помош како директно учество во војната. Новото ...
Македонскиот филм „17“ на режисерката Косара Митиќ ја имаше регионалната премиера на Сараевскиот филмски фестивал, каде што публиката ја награди екипата со силен аплауз и стоечки овации. Но зад фестивалскиот успех стои многу потешка приказна – за осаменоста на младите, траумата, сексуалното насилство и молкот на возрасните во моменти кога тинејџерите најмногу имаат потреба некој да ги забележи. Филмот е дебитантско долгометражно остварување ...
Научници открија дека начинот на кој организмот го завршува воспалителниот процес може да има важна улога во развојот на високиот крвен притисок и во оштетувањето на органите што го придружува. Истражувањето отвора нов правец во разбирањето на хипертензијата, но засега резултатите се добиени само во експерименти врз животни. Како што пренесува RTCG, досегашниот пристап кон високиот крвен притисок главно е насочен кон симпатичкиот нервен ...
Додека здравствениот систем постојано зборува за превенција и рано откривање на болестите, патронажната служба која треба да стигне до граѓаните пред тие да станат пациенти работи со сè помалку луѓе и со огромни разлики од еден до друг регион. Во Македонија во 2024 година имало само 235 патронажни сестри, а во тетовскиот здравствен регион една сестра во просек покривала повеќе од 33.000 жители. Податоците од Здравствената карта на Институтот ...
Бугарија подготвува крупна промена во начинот на кој ќе се определува минималната плата. Од 2027 година најниското законско примање повеќе не треба автоматски да произлегува од една формула, туку за него ќе преговараат синдикатите и работодавачите во однапред утврден опсег. Според најновата пресметка на работодавачите, за 2027 година тој опсег би бил од сегашните 620,20 до најмногу 667 евра бруто месечно. Но, бројката од 667 евра сè уште не е ...
Мртви птици и западнонилска треска во последните денови го кренаа алармот кај скопјани, откако Агенцијата за храна и ветеринарство добила околу стотина повици и пријави за угинати птици. Загриженоста на граѓаните има научна основа, бидејќи птиците се важен дел од природниот циклус на вирусот и нивното необично угинување може да биде ран сигнал дека Западен Нил циркулира на одредено подрачје. Сепак, АХВ смирува дека една пронајдена мртва птица ...
Трамп нервозно кон новинарка на CNN реагираше во Овалната соба, откако дописничката на телевизијата од Белата куќа, Кристен Холмс, се обиде да му постави прашање за односите со Северна Кореја и намалувањето на американските воени вежби со Јужна Кореја. Американскиот претседател Доналд Трамп не ѝ дозволи да го доврши прашањето, неколкупати ѝ порача да биде тивка, ја нарече непочитувачка и повторно го употреби неговиот вообичаен напад кон CNN, ...
Со приближувањето на крајот на летото, во домовите може да се забележи зголемена активност на пајаците. Причините не се секогаш поврзани со заладувањето, туку и со сезоната на парење, поголемата активност на други инсекти и лесниот пристап до домовите. Особено во август и почетокот на есента, машките пајаци кај повеќе видови стануваат поактивни и почесто се движат надвор од своите скривалишта во потрага по партнер. Затоа луѓето може одеднаш ...
Американските царини врз Бразил и пошироката трговска политика на администрацијата на Доналд Трамп го забрзуваат размислувањето во Јужна Америка за поблиски економски врски со Кина. Бразил и Кина веќе се согласија да ги забрзаат разговорите за можен договор за слободна трговија меѓу Кина и Меркосур, но патот до договорот е долг и политички чувствителен. Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва и кинескиот претседател Си Џинпинг ...
Во последните недели од владеењето на Виктор Орбан, унгарската влада донела одлука за забрзување на исплатите на веќе преземените финансиски обврски, покажува документ до кој дошол унгарскиот портал „ХВГ“. Одлуката била донесена непосредно пред промената на власта, иако тогашната влада јавно тврдеше дека Фидес сигурно ќе победи на парламентарните избори. Според документот, целта била до крајот на мандатот да се реализираат што е можно повеќе ...
Американските царини врз Бразил и пошироката трговска политика на администрацијата на Доналд Трамп го забрзуваат размислувањето во Јужна Америка за поблиски економски врски со Кина. Бразил и Кина веќе се согласија да ги забрзаат разговорите за можен договор за слободна трговија меѓу Кина и Меркосур, но патот до договорот е долг и политички чувствителен. Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва и кинескиот претседател Си Џинпинг ...
Пентагон спроведува анализа на своето воено распоредување на Блискиот Исток, а ова е рана индикација дека војната со Иран би можела фундаментално да го промени американското присуство во регионот. Информацијата беше потврдена од осум извори, вклучувајќи високи функционери и луѓе запознаени со процесот, пишува „ Вашингтон пост“ . Одлука за бази во Персискиот Залив Едно од клучните прашања за Министерството за одбрана е дали да се повлечат ...
Жителите на Обединетите Арапски Емирати добија официјално предупредување за можна ракетна закана и беа повикани да останат на безбедно место. Предупредувањето доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Иран и земјите од Заливот, а властите велат дека системите за воздушна одбрана ја следат заканата. Националната управа за управување со кризи и катастрофи на Емиратите соопшти дека системот за воздушна одбрана регистрирал можна ракетна закана ...
Доналд Трамп денес на социјалната мрежа Truth Social објави дека го прогласува Ормутскиот теснец за нова територија на Соединетите Американски Држави. Соопштението дојде еден ден по истекот на Меморандумот за разбирање, а Трамп подоцна истиот ден изјави дека „не се водат ниту се планираат никакви разговори“ со Исламската Република Иран. Во објава на Truth Social, Трамп напиша: „Поморската блокада останува во полн ефект. Ормутскиот теснец е ...