Принцот Хари и Меган Маркл планираат со децата да се вратат да живеат во Обединетото Кралство, шест години откако ги напуштија кралските должности и се преселија во САД. Нивните деца Арчи и Лилибет од септември треба да посетуваат училиште во Британија. Според британските и американските медиуми, семејството се очекува да се пресели до крајот на август и да живее во приватен дом надвор од кралските резиденции. Точната локација не е објавена ...

Цената на биткоинот силно порасна во последните 24 часа и повторно ја надмина границата од 70.000 долари, во рамки на поширок раст на пазарот на криптовалути. Најголемата криптовалута во средата накратко достигна 70.000 долари за првпат од почетокот на јуни, а во четврток продолжи нагоре. Според податоците на CoinDesk, биткоинот во текот на денот се тргуваше и над 70.900 долари, со дневен раст од околу 10 проценти. Растот следуваше по ...

Премиерот Христијан Мицкоски повторно ја отвори можноста за предвремени парламентарни избори, овојпат со порака дека владејачката коалиција позитивно ќе одговори доколку такво барање дојде од опозицијата. Изјавата е уште еден сигнал во низата настапи во последните месеци во кои Мицкоски, иако формално останува на ставот за редовни избори во 2028 година, сè почесто зборува за подготвеност за порано гласање. „Доколку опозицијата мисли дека се ...

СВР Битола поднесе кривични пријави против тројца прилепчани и една фирма поради сомнение дека преку незаконска продажба на отпадно железо го оштетиле Тутунски комбинат Прилеп за повеќе од 3,3 милиони денари. Пријавени се Љ.Б. (59), осомничен за „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, К.С. (60) за „несовесно работење во службата“ и Ј.Д. (41) за „прикривање“ и ...

Српската „Алта група“ на Давор Мацура ја продолжува брзата експанзија во Македонија и отвора нов бизнис со недвижности. Во Скопје е регистрирана компанијата „Алта Реал Естате“, но влегувањето на групацијата во уште еден сектор повторно го отвора и прашањето за бизнис-подемот на Мацура, кого истражувачките и економските медиуми во Србија со години го поврзуваат со луѓе блиски до владејачката Српска напредна странка. Сопственик на новата ...

Селото Лозово, кое според Пописот од 2021 година има само 756 жители, доби парк со површина од околу 14.000 квадратни метри, финансиран со средства на Општината и со поддршка од Владата преку таканаречениот унгарски кредит. Паркот „Македонија“ треба официјално да биде пуштен во употреба на 8 Септември. На социјалните мрежи граѓаните реагираат дека во услови во кои поголемите градови во 4-5 згради имаат волку жители нема функционала хигиена ...

Опозицискиот СДСМ реагира на економските показатели што премиерот Христијан Мицкоски ги презентираше во јавноста, обвинувајќи го дека со избор на различни временски периоди создава искривена слика за економските резултати на Владата. Од СДСМ велат дека Мицкоски споредувал 23 месеци со 84 месеци и врз основа на таквата споредба тврдел дека платите растеле 70 отсто побрзо, пензиите 325 отсто побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, а ...

Американските имиграциски власти го уапсија Блерим Скоро, 55-годишен маж роден во Косово, кој тврди дека со години работел тајно за ЦИА и ФБИ и се инфилтрирал во мрежи поврзани со Ал Каеда. Администрацијата на Доналд Трамп сега се обидува да го депортира, иако суд во 2022 година забрани негово враќање во Косово поради опасност да биде измачуван или убиен. Скоро бил уапсен на 3 август пред канцеларија на американската имиграциска служба во Њу ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави силно засилување на економскиот притисок врз Иран и предупреди дека сериозни последици ќе има и за земјите кои финансиски, трговски или логистички му помагаат на Техеран. Трамп порача дека САД ќе започнат „економска војна и изолација од невидени размери“ против Иран, во момент кога конфликтот трае речиси шест месеци, а обидите за прекин на огнот досега не дадоа траен резултат. Според ...

„Преминувањето на границата може да ве чини и 300 евра“, „тотален колапс“ и „ригорозен систем во Македонија“ – со вакви наслови дел од српските медиуми утрово известуваат за примената на системот „Безбеден град“ и за гужвите на граничниот премин Табановце – Прешево. Српски „Блиц“ објави дека возачите на излез од Македонија се соочуваат со проверки за сообраќајни прекршоци регистрирани од камерите, а во текстот се тврди дека дел од нив мора да ...

FACT-CHECK: Премиерот користи официјални податоци за платите, но од нив прави споредба што не претставува стапка на раст. „70 отсто побрз раст“ е резултат на делење на вкупниот пораст со бројот на месеци во два различно долги периода. Кај пензиите, споредбата е уште посложена бидејќи нивното зголемување е врзано за законска формула. Премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ Сител направи споредба на растот на просечната плата и ...

На 4 октомври истекува шестмесечниот период во кој, според Уставот, вршителот на должноста претседател на Косово може да ја извршува таа функција. Албуљена Хаџиу, како претседател на десеттото свикување на Собранието на Косово, почна да ги извршува должностите претседател на 4 април, кога заврши петгодишниот мандат на Вјоса Османи на чело на државата. Бидејќи парламентарните партии не успеаја да постигнат консензус за следниот претседател на ...

Српското Министерство за труд, вработување, ветерани и социјални работи исплатило речиси 1 милион евра на организации на ветерани од почетокот на 2025 година, од кои некои се поврзани со проруски структури. Ова е според истражувањето на Радио Слободна Европа/Радио Либерти. Анализата на одлуките за финансирање објавени од министерството покажува дека околу 70 здруженија добиле средства во рамките на последните три конкурсни постапки, со кои се ...

Во спогодбите за признавање вина на двајцата осудени во истрагата за шверц на марихуана од Северна Македонија во Србија, беше наведено дека осум тони дрога биле транспортирани во пет транспортни патувања, објави Телевизија Телма. Според она што беше наведено во договорите и во признанијата за вина на двајцата, објавени од Кривичниот суд во Скопјe, станува збор за транспорт на количина поголема од осум тони, но не е прецизирано дали вкупната ...

Здружението на градежни инспектори на Северна Македонија, тврди дека вештачењето во случајот „Пулс“ ја проширува надлежноста на градежниот инспектор надвор од она што го предвидува Законот за градење и предупредува дека професионалната одговорност не може да се темели само на академски титули, туку на познавање на конкретната инспекциска практика. Од Здружението бараат од вештаците и Обвинителството да одговорат на низа конкретни прашања за ...

Уште 16 подрачни училишта треба да престанат да работат годинава. Во руралните средини ова веќе не е исклучок, туку годишна статистика: по десетина училишта исчезнуваат од образовната карта, заедно со генерациите деца што некогаш ги полнеа нивните училници. Една мала училишна зграда во македонско село може да изгледа како сосема обична градба. Неколку училници, двор, знаме, табла со името на училиштето. Но зад тие ѕидови често стои многу ...

Антологиската едиција „Бајки од Македонија“ продолжува да создава нови креативни форми за бајките од македонското народното творештво. Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е достапна во нова посебна илустрирана сликовница. Сликовницата е во издание на „Арс Ламина – публикации“, во соработка со Здружението за поддршка на креативноста „Иво ...

Врз основа на европскиот налог за апсење од Германија, хрватските власти го уапсија украинскиот државјанин Владимир З. во Пула, кој беше обвинет за учество во саботажата на гасоводот Северен тек. Се очекува негова брза екстрадиција. Според германското федерално обвинителство во Карлсруе, апсењето го извршило Полициското одделение на Пула во координација со Дирекцијата на полицијата во Загреб. Осомничениот е под сериозно сомнение дека, заедно ...

Учениците кои не се задоволни од резултатите од августовскиот рок на Државната матура имаат уште еден ден за реакција. Државниот испитен центар на 19 август ги објави прелиминарните резултати, а приговор може да се поднесе најдоцна до 20 август во 16:00 часот. На официјалната страница за матура е објавен и посебен пакет „Приговори август 2026“. Право на приговор има кандидат кој смета дека е направена грешка при оценувањето на задачите, ...

Здружението за заштита на правата на увозниците на месо „Алиментариа“ е формирано во ноември 2025 година како организација која ги обединува увозниците на месо и месни производи и ги застапува нивните економски и професионални интереси. Здружението за заштита на правата на увозниците на месо „Алиментариа“ Скопје својата работа ја дефинира како заедничко застапување на компаниите од секторот на увоз на месо и месни производи, со фокус на ...

Министерството за внатрешни работи предупредува дека до граѓаните се испраќаат лажни СМС-пораки со известувања за наводни сообраќајни прекршоци и казни поврзани со системот „Безбеден град“. Според МВР, пораките содржат линкови преку кои од граѓаните се бара да внесат лични или банкарски податоци и да извршат плаќање на наводна казна. Станува збор за обид за измама и прибирање чувствителни податоци. Од Министерството посочуваат дека ...

Одбележувањето на државноста е легитимна обврска, но претворањето на незаокружената 35-годишнина во едномесечен естраден караван со светски диџеи во 11 градови е драстично непропорционален потег. Ваквиот модел на трошење јавни пари зад превез на системска нетранспарентност – и тоа во услови на тешка буџетска и економска криза – претставува најочигледна реприза на популистичката матрица од ерата на „Скопје 2014“ и масовните медиумски кампањи ...

Македонија влегува во 20 август со неколку тешки пожарни фронтови, по ден во кој биле регистрирани околу 30 пожари на отворено, а најголемата битка повторно се водеше во Мариово. Огнот кај Крушевица во еден момент го преминал асфалтираниот пат и се приближил кон селото, поради што за првпат ова лето превентивно биле ангажирани и околу 30 припадници на Армијата. Истовремено, пожарот се движи и кон битолскиот дел на Мариово, во правец на селото ...

Украински нуркач осомничен дека директно учествувал во поставувањето експлозив на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ е уапсен денеска, 19 август, во Пула, Хрватска. Германското Сојузно јавно обвинителство го сомничи Владимир З. дека бил дел од групата која во септември 2022 година со јахта стигнала до Балтичкото Море, нуркала до гасоводите кај островот Борнхолм и поставила експлозивни направи. Апсењето повторно го отвора големото ...

Да го спакувате лаптопот и да ја замените канцеларијата со Сеул, Токио, Барселона или Ханој повеќе не е необична идеја. Ново рангирање на 104 големи светски градови открива каде дигиталните номади во 2026 година добиваат најдобар спој од брз интернет, места за работа, прифатливи трошоци, култура, забава и поволно време. А резултатот е прилично убедлив, Азија речиси целосно го презема врвот, додека Европа има само два града меѓу првите десет. ...

Жешките ноќи не значат само непријатно превртување во креветот и уште едно утро со недоволно сон. Новите климатски и здравствени истражувања покажуваат дека високите температури во текот на ноќта му го одземаат на организмот периодот во кој треба да се олади и да закрепне од дневната жештина. Последиците можат да бидат пократок и понеквалитетен сон, дехидрација и дополнително оптоварување на срцето и крвните садови. На проблемот денеска ...

Авганистан се обидува да го оживее туризмот под власта на талибанците, нудејќи им на странските посетители планини, историски локалитети и древни градови. Сепак, зад обидот земјата да се претстави како туристичка дестинација стојат строги правила, ограничувања и безбедносни ризици.По враќањето на талибанците на власт во 2021 година, Авганистан остана изолиран од голем дел од меѓународната заедница. И покрај тоа, властите во Кабул се обидуваат ...

„Охридско лето“ утре, 20 август, го затвора своето 66. издание по фестивалска програма која траеше 40 дена и донесе околу педесет културни настани со повеќе од 700 уметници од 24 земји. Последната вечер нема да заврши со класичен концерт, туку со современиот македонски мјузикл „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, кој ќе биде изведен од 21 часот во Долни Сарај. Датумот на затворањето е двојно потврден и во официјалната ...

Македонија има висок процент домаќинства приклучени на јавен водовод, но кога водата ќе помине низ домовите, сликата станува многу понеповолна. Само 75,5 отсто од становите се поврзани со јавна канализација, 13 отсто сè уште користат септички јами, 4,3 отсто имаат слободен истек на отпадните води, а 7,3 отсто воопшто немаат инсталација за одвод. Уште позагрижувачки е податокот дека во 2025 година дури 72,6 отсто од испуштените отпадни води не ...

Европската централна банка започна процес на редизајнирање на евро банкнотите, а новата серија би требало да донесе поинаков визуелен изглед на европската валута. Промените, сепак, не значат укинување на готовината, туку обид банкнотите да се модернизираат и да добијат посовремени заштитни елементи. Новата серија ќе биде избрана врз основа на теми кои ја претставуваат европската култура и заедничкото европско наследство. Според Европската ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
76%
1030
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
76%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
2.57
71%
1026
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
72%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.42
90%
1029
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
85%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.58
69%
1029
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
75%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
74%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 5ᴼ
2.57
95%
1031
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Родиум

295786.87

Иридиум

321507.47

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Сребро

1666.05

Калај

46.54

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35