Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Албанскиот премиер Еди Рама, изјави дека размислува за целосно забрана на Тик Ток и Снепчет по убиството на 14-годишен ученик од друг ученик во основно училиште во Тирана, пишува „Анадолу“. Во изјавата по состанокот на владата, Рама нагласи дека смртта на 14-годишното момче е трагедија која бара ефективен одговор и од државата и од општеството. Истакнувајќи дека некои земји го ограничуваат пристапот до социјалните мрежи за деца под 16 години, ...
Речиси 1.000 реакции бројат кампањите со кои, меѓудругото се бара унапредување на квалитетот на јавниот превоз во Скопје, зголемена транспарентност на Владата и одговорност на институциите за пожарите во летниот период, а кои моментално се активни на новата онлајн платформа „Реагирај“. На платформата изработена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), заедно со партнерите од програмата „Граѓаните против корупцијата“ ...
Поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад уапсени се 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, јавува Н1. Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека по прибирањето и деталната анализа на целата потребна документација, извршените разговори со поголем број граѓани, а по извршеното вештачење за да се утврдат причините и околностите под кои таа паднала, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, ...
Во Музејот на Македонија оваа сабота (23 ноември) ќе биде отворена самостојната изложба на фотогтрафии од авторката Јелена Белиќ. „Изложбата ‘Постоиш ли Алиса?’ на Јелена Белиќ претставува визуелна наратива на едно исклучително патување на портрети во простор каде фотографиите се движат од лик до лик, формирајќи единствена целина во црно бело. Секоја фотографија суптилно и директно комуницира со гледачот, за на крајот – односно, на почетокот – ...
Само пет дена откако компанијата Мета започна да ги тестира персонализираните фидови на Тредс, веќе ги пушти во употреба за сите корисници. Со персонализираните фидови, можете да следите одредени теми и профили на едно место, што го олеснува следењето на работите кои ви се важни, јавува „Верџ“. За да создадете персонализиран фид, треба да пребарате тема, потоа да кликнете на менито со три точки до лентата за пребарување и да ја изберете опцијата ...
Марко Гутиќ Мижимаков за кусиот уметнички филм „Лов на змејки“ е добитник на нaградата „Денес“, која годинава се доделува по осумнаесетти пат на млад визуелен уметник до 35 години во Македонија. Тој добива двомесечен престој во „Residency Unlimited“ во Њујорк во периодот август-септември 2025 година. За победникот одлучи жирито составено од Ксенија Нурил, историчарка на уметност и кураторка, Сања Анѓелковиќ, аудиовизуелна уметничка со седиште ...
Со перформансот „Сé што е важно“ од Грција и кабарето „Танцот на смртта“ од Украина, вечерва ќе биде затворено 49. издание на фестивалот Млад отворен театар – МОТ. Во Младински културен центар (МКЦ) во салата „25 мај“ од 19 часот е „Сè што е важно“ од Грција. Двајцата интерпретатори, но исто така и пријатели, соработници и уметнички партнери, навлегуваат во заедничката архива на сценските движења, танцови практики и белешки, кои иако црпат од ...
На средината на ноември 1979 година, култниот бенд „Joy Division“ го објави својот деби сингл „Transmission“, една од највлијателните песни на пост-панк ерата. Со овој сингл, бендот ги одреди контурите на звукот и атмосферата што ќе го обликуваат пост-панкот како музички и културен феномен, оставајќи трага што сè уште и тоа како се чувствува. Музиката „Transmission“ веднаш плени со својот минималистички, но емотивно набиен аранжман. Бас линијата ...
Промоцијата на стихозбирката „Едно и пол патување“ од современата албанска поетеса Мањола Наси ќе се одржи утре, петок (22 ноември) од 20:00 часот во галеријата на Младинскиот културен центар ‒ Скопје. Преводот од албански е на Моника Митрева, а изданието е објавено во едицијата „Гравири“ на ПНВ Публикации, со поддршка од Националниот центар за книга и читање, Албанија. Промотор на книгата е Јулијана Величковска. „’Едно и пол патување’ од ...
Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) упати отворено писмо до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие во кое поставува ултиматум за нормализирање на јавниот превоз во Скопје до крајот на денешниот ден (21 ноември). Во спротивно, ќе се приклучат на протестот најавен за петок (22 ноември). „По спроведената анкета на која одговорија над 3150 студенти, 84% ...
„Ако се отвори рудник, ќе немаме вода за пиење. Ние сме на едно трусно подрачје, кое, никој не ни гарантира дали ќе има земјотрес, дали ќе нема. Во планините има подземни води, а со секојдневно минирање, тие подземни води никој не може да гарантира дека нема да бидат загадени. Што ќе пиеме? Како да не се бориме, кога полињата ќе ни останат празни и тоа што ќе го има ќе биде канцерогено, ќе биде токсично. Што ќе јадеме, не само ние, цела ...
По повод Светскиот ден на детето, 20 ноември, младиот уметник Озбек Ајваз во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) и Македонското здружение на млади правници (МЗМП), организираа герила акција под наслов „Моето детство е моја приказна“. Денес во 11 часот кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје беше поставена уметничка инсталација како симболичен потсетник дека секое дете заслужува приватен и безбеден простор за ...
Вчера изутрината вработен во фирма во населбата „Момин поток“ малтретирал бездомно куче со повеќе од 20 удари со дрво по глава, откако влегло во дворот на складиштето. Насилникот е приведен, а Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ бара итно процесирање на кривична постапка и најстрога, тригодишна казна затвор за сторителот. Исто така, оттаму изготвиле Предлог-иницијатива за измена и дополнување на Кривичниот законик која ќе биде ...
Центарот за современи уметности низ неколку локации во Скопје денес постави знакови со „награда“ по повод „Европска престолнина на ѓубрето“ – уметничката герила акција. „По неуспешните обиди за Европска престолнина на младите 2027 и закочениот процес на подготовки за престижната титула Европска престолнина на културата 2028, оваа година на Скопје му се посреќи да биде прогласен за Европска претстолнина на ѓубрето“, велат од екипата на урбана ...
Здружението за едукативен развој „Еквалис“ упатува остра реакција за, како што велат, нетранспарентниот и исклучувачки процес за нивната Предлог-програма за служба во заедницата што ја развиваа и ја предложија во рамки на работните групи на МОН, уште од 2021 година. Сега таа почнува да влегува во системот, но реагираат дека тие ниту се споменати, ниту вклучени во процесот. „Министерката Весна Јаневска на годишната конференција за соработка на ...
Вредноста на минималната синдикална кошничка за ноември изнесува 62.021 денари, а во споредба со вредноста на синдикалната минимална кошница за октомври е зголемена за 772 денари. Истовремено, синдикалната минимална кошница со изнајмен стан од 60 квадрати за ноември изнесува 77.396 денари. Најголем дел од износот отпаѓа на храна и пијалаци – 22.678 денари. Трошоците за образование изнесуваат 7.036 денари, по што следуваат трошоците за станарина, ...
Во четврток (21 ноември), во Културно информативниот центар во Скопје со почеток во 20 часот ќе биде отворна изложбата „Мал формат/Миниартура“ на Друштво на ликовни уметници на Македонија. Како што информираат организаторите, на изложбата ќе бидат претставени дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничката асоцијација. „Малиот формат и ...
Лидија Топузовска Најважно е прво да се расчисти сиот расфрлен отпад по автопатите и градовите, особено во туристичките места и главниот град на државата, бидејќи кога се канат гостите дома најпрво се чисти. Повод за овој текст е иницијативата на Владата да се интегрираат културата и туризмот во едно министерство, што сметам дека е одлична иницијатива која се надевам ќе овозможи подобра интеграција и координираност во двата сектори, кои се многу ...
Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Стефан Дујарик, изјави дека поради опструкциите на Израел повеќе од 40 дена, речиси и да не е доставена помош за Палестинците кои се борат за опстанок на северот на Газа, пишува „Анадолу“. Дужарик одговараше на прашања на новинарите за случувањата на Блискиот Исток. Наведувајќи дека израелските војници го блокирале преминот кон северниот дел на Газа, Дужарик изјави дека жителите на ...
Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Битола распиша јавен повик за членство во Локалното собрание на млади. Локалното собрание на млади претставува тело составено од по еден делегат и еден заменик делегат кои ќе бидат предложени од младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување. Покрај објавата на јавен повик за членови ...
Новата книга на Горан Калоѓера, „Поглед отстрана, Рацин (1908 – 1943)“ ќе биде промовирана на 25 ноември, од 19:00 часот во Салон Империјал 2 во Културно-информативниот центар во Скопје. За книгата ќе зборуваат проф. д-р Славчо Ковилоски и Нове Цветаноски, уредник на изданието. Датумот на промоцијата се совпаѓа со денот на излегувањето од печат на првото издание на книгата на Кочо Рацин „Бели мугри“, односно со 85-годишнината од објавата на оваа ...
Изложбата „Мал формат / Миниатура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе биде отворена утре (четврток, 21 ноември) во Културно-информативниот центар во Скопје (КИЦ). „Малиот формат и минијатурата се чести модели на запишување на фази од процесот на реализација на ликовните дела и со тоа се дел од тековната продукција на ликовните уметници. Во тој процес и продукцијата на финални ликовни дела во помал формат е од особено значење ...
На 15 ноември 1986 година, „Beastie Boys“ го објавија својот револуционерен дебитантски албум, „Licensed to Ill“. Оваа плоча, издание на етикетата „Def Jam Records“, ги катапултираше тројцата „бунтовници“ во музичката историја, мешајќи хип-хоп, рок и панк со енергија која дефинираше цела една нова генерација. Револуција во звукот „Licensed to Ill“ донесе уникатна мешавина од хип-хоп ритмови и рок гитарски рифови, иронични текстови и младешка ...
Низа проблеми го отежнуваат животот во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје. Недостаток на топла вода, нефункционални лифтови, стаорци во тоалетите, протечени ѕидови и намален квалитет на храната, се само дел од предизвиците со кои се соочуваат станарите во овој јавно-приватен студентски дом. Објектот речиси еден месец функционира без директор, откако последниот си дал оставка во октомври, а нов вршител на должноста сè уште не е назначен. ...
До крајот на годината ќе биде дефинирано дали ќе се зголеми дневната сума што студентите ја добиваат за студентски оброк или ќе се прошири опсегот на студенти кои го користат ова право. Ова го изјави денес министерката за образование и наука, Весна Јаневска при денешната посета na штипската Гимназија „Славчо Стојменски“ „Нема дилема дека ние сме планирале да го покачиме субвенционираниот студентски оброк, но сè уште разговараме со студентите ...
Најголем дел од средствата предвидени за заштита на животната средина во Предлог-буџетот на Македонија за 2025 година, кој е во собраниска расправа, „одат“ на комунална инфраструктура, изградба на водовод и фекални канализации. Нема предвидени средства за десетте болници кои во текот на 2025 треба да го променат начинот на греење, ниту за стандардизирање на депонијата „Дрисла“ и развивање на системот за управување со отпад, а нема ниту ...
Младински образовен форум (МОФ) организира отворено предавање за студенти „Сите песни за ‘АИ’: Доверба, љубов и сомнеж кон големите јазични модели“ кое ќе се одржи на 26 ноември (вторник) со почеток во 18 часот во „Нетавил“. „Како корисници, често сме заглавени во сложен ‘љубов/омраза’ однос со вештачката интелигенција – се воодушевуваме на нејзините способности, но секогаш останува сомнежот за точноста на нејзините одговори. Придружете ни се на ...
Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк пред генералниот штрајк на приватниот и јавниот сектор планиран за утре, кој се очекува да го парализира јавниот транспорт и да ги наруши другите услуги, пренесува Н1. Јавните и приватните медиумски куќи од целата земја – весници, ТВ-станици и онлајн платформи денеска престанаа со работа во знак на солидарност со општите барања за повисоки плати. Синдикалните лидери ја критикуваат владата за ...
Вишиот суд на Хонг Конг денеска осуди 45 продемократски активисти на затворски казни во траење до 10 години во историското судење за национална безбедност кое му наштети на некогашното жестоко демократско движење во градот и предизвика меѓународна осуда, јавува Ал Џазира Балканс. Вкупно 47 продемократски активисти беа уапсени и обвинети во 2021 година за заговор за субверзија според законот за национална безбедност наметнат од Пекинг. ...
Буџетот за студентски стандард во 2025 година ќе изнесува 30 милиони евра или за 18% повеќе од годинава, истакна вчера министерката за образование и наука Весна Јаневска на настан по повод Меѓународниот ден на студентите кој го организираа Националното студентско тело (НСТ), Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Младинскиот образовен форум (МОФ). Тоа, како што рече таа подразбира повеќе и поголеми права и можности за ...