Брус Вилис беше еден од најпрепознатливите и најсакани актери во Холивуд во последните неколку децении. Неговата кариера опфаќа разновидни жанрови – од напнати трилери и незаборавни акциони класици, до емотивни драми кои оставија длабока трага во филмската историја. Но, додека здравјето на 69-годишниот актер се влошува со брзо темпо, неговите најблиски сè погласно бараат неговото филмско наследство да биде официјално признато – додека уште може ...

Видео, наводно снимено пред Руската православна црква во Софија, неодамна се појави на социјалните мрежи и брзо стана вирално. Во преден план е свештеник кој стои пред Ауди со крената хауба, а сцената заинтригира и насмеа многу гледачи во регионот. На профилот „Икс“, една жена наведува: „Во срцето на Софија стои Руската црква, изградена во 1914 година, со златни куполи и тивок шарм. Денес, тоа е и местото каде што возачите на Ауди доаѓаат да ги ...

Ријана (37) повторно привлече внимание со својот стил на облекување. Музичката ѕвезда, која го чека третото дете со А$АП Роки, во понеделник беше фотографирана на улиците на Лос Анџелес во необична, но скапа комбинација. Таа носеше розово-портокалов фустан од брендот Issey Miyake, кој чини околу 2450 евра. Со фустанот имаше необични зелени патики вредни 237 евра. Стајлингот го дополни со златен накит, големи бели обетки и едноставна фризура, а ...

Сите понекогаш се лутиме, но некои хороскопски знаци се познати по тоа што се разгоруваат во еден миг. Нивните емоции се силни, нивните реакции се ненадејни, а нивниот фитил често е многу краток. Иако нивниот гнев ретко доаѓа од злоба, тој најчесто произлегува од чувствителност, импулсивност или длабока потреба за правда. Подолу, ви ги претставуваме знаците кои најчесто не можат да го контролираат својот гнев. Овен Овенот е познат како ...

Можете да ги направите со состојки што веќе ги имате во вашата кујна! Чувството на мека и хидрирана кожа е незаменливо и сите се стремиме кон мека и негувана кожа, особено сега, кога летото е во полн ек. Пилингот е наш главен сојузник за сјајна и мека кожа. Точно е дека на пазарот има безброј пилинзи, но процесот на нивно правење е многу лесен. Вклучете го клима уредот и вентилаторите и подгответе се да заземете позиција за да создадете ...

Отокога се врати на Инстаграм на 1 јануари оваа година, Меган Маркл објавува повеќе детали од својот приватен живот отколку порано, секогаш посветувајќи барем една објава на важни датуми во животот на нејзиното семејство. Овој пат, таа објави за својот роденден и покажа како го прославила. Таа објави фотографија од себе како ги дува свеќите на торта украсена со жолт хибискус и додаде емотивна благодарност. „Ги гасам свеќите по прекрасни 24 часа ...

Не се сомневаме дека во средината на летната идила, есенските модни трендови сè уште не се во вашиот ум, но факт е дека наскоро повеќе нема да можете да ги избегнувате. Предесенските колекции веќе се појавуваат во бројни продавници, а тука се и првите лесни јакни, палта и чизми. Погледнете ги излозите на вашите омилени брендови и сè ќе ви биде јасно. Еден поглед на нивните новитети во оваа категорија е доволен за да заклучите дека и оваа есен ...

Американската актерка Кели Мек, позната по улогата во постапокалиптичната зомби драма „The Walking Dead“, почина на 33-годишна возраст. Родена како Кели Клебенов, актерката почина мирно во нејзиниот роден град Синсинати во саботата по борба со тумор на мозокот, според соопштението од нејзиното семејство. Мек дипломирала на Филмскиот колеџ Доџ на Универзитетот Чепмен во 2014 година со диплома по филмска режија. Таа е најпозната по своите улоги ...

Актерката Кристина Аплгејт била хоспитализирана поради инфекција на бубрезите која оттогаш се проширила на двата бубрега. Ѕвездата сними епизода од MeSsy, подкаст што го води заедно со Џејми-Лин Сиглер, во вторник, 5 август, од болница во Лос Анџелес, додека се бореше со силни болки. Додека била во Европа во посета на семејството, Аплгејт почнала да се чувствува лошо. На летот кон дома, таа одлучила да оди директно во болница, објаснувајќи дека ...

Во најжешките месеци од годината, потребно е да усвоите некои корисни навики, особено кога станува збор за заштита на вашата коса од негативните ефекти на сонцето. Ултравиолетовите зраци сериозно ја оштетуваат структурата на вашата коса, а степенот на ова негативно влијание зависи од типот и бојата на вашата коса. И колку и да ги сакаме брановите на плажа и пливањето во морето, не сакаме оштетени врвови, избледена боја и сува коса. Но, како ...

Ако страста е апсолутно неопходност во врската за вас, тогаш обрнете внимание – овие три хороскопски знаци ја креваат температурата до максимум и знаат како да ве соборат од нозе… и повеќе од еднаш! Во астрологијата, љубовните искри не доаѓаат сами – тие се управувани од Венера и Марс, планетарното дуо одговорно за привлечност, сензуалност, желба и акција. Кога некој има силно влијание на овие планети во својата натална карта, верувајте ми – ...

Руската инфлуенсерка Маријана Баруткина (32) си го скрши ‘рбетот додека го правеше виралниот предизвик „Stiletto Challenge“ инспириран од Ники Минаж. Во последните денови, низ интернет се прошири тренд во кој корисниците стојат на една нога во високи потпетици на некој предмет и се обидуваат да ја одржат рамнотежата додека во позадина свири песна од Ники Минаж. Маријана се придружи на овој тренд. Иако успеа да ја одржи рамнотежата кратко време, ...

Режисерот Френсис Форд Копола е хоспитализиран во Италија. Според извештаите, режисерот бил примен во болница во Рим утрово за планирана операција на срце, но по пристигнувањето наводно доживеал блага срцева аритмија, поради што бил ставен на набљудување пред операцијата. Режисерот на „Кум“, кој има 86 години, бил во земјата за фестивалот Магна Греција во Калабрија, каде што го претстави својот контроверзен филм „Мегалополис“, во кој глумат ...

Легендарниот рок пејач и фронтмен на групата Блек Сабат, Ози Озборн, почина на 22 јули на 76-годишна возраст, опкружен со своето семејство. Сега вистинската причина за смртта е официјално откриена. Според официјалниот извештај, причина за смртта била акутен миокарден инфаркт и срцев застој, пишува „Дејли Мејл“. Ози, кој во 2019 година откри дека боледува од Паркинсонова болест, беше погребан минатата недела на имотот на неговото семејство, за ...

Нивната емпатија и способност да сакаат без граници ги прави посебни – и затоа, како што велат астролозите, универзумот ги штити особено. Постојат луѓе кои одат низ животот како да се водени од повисока сила. Тие често не се вклопуваат во секојдневните обрасци, изгледаат тивки, нежни, но длабоки – а среќата се чини дека е на нивна страна дури и кога сè се урива околу нив. Риби – знак со посебна задача Рибите се познати по својата исклучителна ...

Министерството за внатрешни работи поднесе пријави против двајца млади скопјани, откако на социјалните мрежи се појави видео од опасна и непромислена „возачка забава“ по скопските булевари. Во видеото се гледа како едно лице стои на хаубата од автомобил во движење, а возачот, покрај тоа што управува без дозвола, вози и без регистарски таблици. Станува збор за 20-годишниот С.З. и 19-годишниот Р.Ѓ., двајцата од Скопје. Против нив се покренати ...

Актерката Денис Ричардс, е видена како разговара со полицијата откако неочекувано влегла во куќата на нејзиниот поранешен сопруг, Арон Фајперс, и покрај тоа што има изречена забрана за приближување. Според медиумски извештаи, Ричардс во неделата попладне упаднала во куќата во Калабасас, Калифорнија, каде што моментално живее Фајперс со неговите родители и брат, наводно за да го земе својот милениче – куче. Извор близок до настанот изјавил за ...

Поранешната членка на поранешната група „Спајс Грлс“, пејачката Мел Би, го кажа судбоносното „да“ по втор пат на Рори Мекфи. Мел Би и нејзиниот партнер Рори Мекфи се венчаа првпат на почетокот на јули во Лондон, а двојката не можеше да одолее на желбата да се венчаат по втор пат во Мароко, во луксузниот хотел „Селман Маракеш“. Поранешната Спајсица објави фотографии од уште една гламурозна прослава на Инстаграм со опис: „Се венчавме! Повторно! ...

Пејачката Лепа Брена (64), која се појави на поп-сцената на Србија пред повеќе од 40 години, официјално се пензионираше ова лето. Според извор близок до пејачката за 24sedam.rs, Брена ги поднела потребните документи за пензионирање пред неколку месеци, а сега добила решение од фондот со кое го остварила правото на надомест. Изворот на гореспоменатиот медиум истакнува дека ова ново поглавје во животот на пејачката предизвикало кај неа да се ...

Шигеко Кагава, 114-годишна пензионирана докторка од префектурата Нара, стана најстарата личност во Јапонија откако почина 114-годишната Мијоко Хиројасу, покажуваат податоците на јапонското Министерство за здравство, труд и социјална грижа, пишува „Асоушиејтед прес“. Кагава, симбол на извонредна долговечност во Јапонија, дипломирала медицина пред Втората светска војна, работела во болница во Осака за време на војната, а подоцна ја водела ...

Изложбата „Цвеќе на мирот“ на Живко Поповски – Цветин ќе биде отворен во галерија „Метаноја“ во среда 6 август 2025 година од 11:55 часот. На настанот ќе учествуваат Лидија Лучко-Јеремиќ со поема по повод атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки. Музичко поетски перформанс ќе имаат музичарот Никола Стојковски и актерката Арна Шијак. За изложбата д-р Коста Милков вели, „Низ долгите години на неговите заложби за мир, Живко Поповски – Цветин ...

По три сезони, HBO-серијата „И едноставно така“, продолжение на култната „Сексот и градот“, официјално е откажана. Веста ја потврди главната актерка и продуцентка Сара Џесика Паркер, која преку трогателна објава се прости од ликот што ѝ ја одбележа кариерата – Кери Бредшо. Паркер на Инстаграм објави емотивно писмо во кое им се заблагодари на сите што ја создаваа серијата заедно со неа, но и на гледачите кои низ децении ја сакаа и навиваа за ...

Вчеравечер во Античкиот театар во Охрид илјадници гласови се споија во еден, додека Сергеј Ќетковиќ – црногорскиот романтичар, човекот со најтоплиот глас на Балканот – стоеше на сцената, опкружен со бескрајна енергија што не попушташе до самиот крај. Сцената беше мала за големината на емоцијата, а Антички буквално беше претесен да ги собере сите што сакаа да бидат дел од оваа магична ноќ – дел од приказната што се пишуваше со срце и душа. Со ...

Младиот и талентиран музичар Андреј Јовановиќ – Дре во соработка со пионерите на македонскиот рап Пука Козметика на втори август, за големиот празник Илинден, промовираа нова песна со наслов – „Бољи Живот”. Музиката и Аранжманот се на Андреј Јовановиќ додека за текстот се погрижија тој и близнаците од Пука Козметика. На песната гостува и Диџеј Славе кој ги остави скречовите, за да ја надополни оваа рап дружба.  Снимана е во студиото Алшар кај ...

Вчера во Куќата на Робевци во Охрид беше отворена самостојната мултимедијална изложба „Нурни во мене“ на охридскиот ликовен уметник Сашо Блажес. Изложбата ги содржи неговите слики, а надвор во Лапидариумот е прикажан 28-минутен видео материјал со инсерти од длабочините на Охридското езеро, кој е инспириран од истоимената изложба. Отворањето беше збогатено со музички настапи на кларинетистот Петар Танески и хармоникашот Наум Џуклески. Куратор на ...

Со концерт на реномираната македонска сопранистка, првенката на Националната опера и балет, Ана Дурловски која ќе настапи со пијано придружба на Анархит Тер-Татшатјан, вечерва ќе биде одбележан 65. роденден на фестивалот „Охридско лето“. Пригодната концертна програма ќе се одвива во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот, таму каде штои започна целата приказна наречена „Охридско лето“. Македонската сопранистка Ана Дурловски студиите ги ...

Маж на возраст од околу 40 години загина откако падна од височина за време на концерт на „Оејсис“ на лондонскиот стадион Вембли, соопшти Метрополитенската полиција, а пренесе Би-Би-Си. Полицајци и медицински лица на стадионот Вембли реагирале на дојава за повреден маж околу 22:19 часот. Мажот бил „пронајден со повреди кои соодветствуваат на пад“ и бил прогласен за мртов на самото место, соопшти портпаролот на полицијата. Во изјава од стадионот ...

Вистински спектакл, синоќа во Битола, на БИТ ФЕСТ. Над 10.000 посетители, уживаа во прекрасниот настап на кралот на електронската и транс музика, Армин Ван Бурен. Со музичкиот спектакл кој се одржа на Стадионот „Петар Милошевски“, Битола за прв пат во својата историја доби настан со А класа светски музички артист и продукција според сите светски фестивалски стандарди. Настанот беше во организација на Авалон продукција (Avalon international ...

Тие вешто ги кријат своите вистински бои и дефинитивно не сакате да влезете во конфликт со нив. Манипулацијата, љубомората и агресијата се само некои од нивните „доблести“. Според астролозите, некои хороскопски знаци се познати по својата топлина и искреност, додека други се повеќе склони кон манипулација, драма и игри на моќ. Скорпија Не е изненадување што Скорпијата е на врвот на оваа листа. Со неа владее Плутон, планетата на моќта и ...

Мик Џегер го прослави својот 82-ри роденден во друштво на повеќето од своите деца и поранешни партнерки, на прослава организирана од неговата сегашна свршеница Мелани Хамрик (38). Џери Хол, со кого беше во врска 22 години, пристигна на прославата со своите три деца – Лизи (41), Џорџија (33) и Габриел (27). Лусијана Морад, бразилската манекенка со која Џегер го доби синот Лукас (26) во 1998 година, исто така беше присутна, иако оваа афера беше ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
6.69
70%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
92%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
71%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.52
92%
1016
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
96%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
65%
1004
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1006
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.26
86%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.03
89%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
52%
1009
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Платина

52952.77

Калај

40.48

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Никел

473339.37

Паладиум

46425.68

Сребро

1878.05

Бакар

10.95

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.91

Злато

135056.24

Иридиум

145787.60