Земјите членки на Европската Унија се согласија да одобрат 90 милиони евра кредит за Украина и да воведат нови санкции кон Русија откога Унгарија го прекина своето повеќемесечно противење – изјавија неименувани дипломати од ЕУ за Германската новинска агенција (ДПА). Финансирањето е наменето за покривање на најитните економски и воени потреби на Украина. Земјите членки се согласија и за 20-тиот пакет-санкции за Русија, со цел да се изврши ...

Популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен, најнаградуваната македонска писателка Оливера Ќорвезироска, регионалната ѕвезда Неле Карајлиќ и бестселер-авторот Зоран Спасов Ѕоф се само дел од значајните авторски имиња кои ќе бидат дел од програмата на „Арс Ламина“ на годинашниот Саем на книгата, што ќе се одржи од 23 до 29 април, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Под слоганот „Од збор до збор“, „Арс Ламина“ ќе го ...

СДСМ преку соопштение му се обрати на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој доаѓа од нивните редови, да распише референдум на кој граѓаните ќе одлучат дали сакаат отворање рудник за антимон во нивниот регион. Порачуваат дека градоначалникот не може да одлучува сам или да се договара со Мицкоски. „СДСМ не е против инвестиции, туку против рудник што загрозува здравје и тивко убива. Копањето антимон е една од најтоксичните ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска истакна дека со предлог-измените на Законот за здравствената заштита се вреднуваат знаењето, искуството и придонесот на здравствените работници со долгогодишно искуство. Со предлог-измените на Законот е предвидено пензионерите на возраст од 64 до 67 години да продолжат да работат доколку постои потреба, а специјалистите над 67 години да продолжат со работа до 70-годишна возраст. Со ова се вреднуваат ...

Популарната американска писателка на психолошки трилери, Сара Пеканен, како ексклузивна гостинка на издавачката куќа „Арс Ламина“ за претстојниот Саем на книгата кој почнува утре, на 23 април од денеска е во Скопје. На денешната средба со новинарите таа одговараше на прашањата за новинарството и авторството, за првите впечатоци од Скопје, не заборавајќи да ја спомене вкусната храна и убавото кафе. Пеканен, која е родена во Њујорк, во раните ...

Владата ќе продолжи со спроведување политики што создаваат создаваат стабилна, предвидлива и транспарентна деловна средина, во која инвеститорите ќе можат долгорочно да планираат и да се развиваат. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска пред Британската бизнис асоцијација која денеска одбележуваше три години остоење и делување во земјава. Таа потенцира дека Обединетото Кралство е еден од најзначајните економски ...

Најмалку три бродови се нападнати во Ормутската Теснина, објавија британските медиуми повикувајќи се на неименувани извори од британската армија. Бродот, што пловел под знаме на Либерија, е нападнат на околу осум наутички милји западно од Иран додека минувал низ Ормуска Теснина. Бродот не е оштетен, а неговиот екипаж е безбеден. Британската служба за поморски трговски операции претходно соопшти за два нападнати брода. Иранскиот Корпус на ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, денеска изјави дека иранската армија е подготвена да ја брани нација, а Техеран и понатаму е отворен за преговори со САД. Неговата изјава следува како одговор на пакистанското барање за прекин на огнот. Иран, внимателно следејќи ги случувањата на терен и на политичката сцена, ќе преземе неопходни и соодветни мерки за заштита на иранските интереси и на националната ...

Светскиот ден на книгата и авторското право 23 април, НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид утре и задутре ќе го одбележи со неколку настани. Утре – четврток во 12 часот во Прличевата одаја ќе се одржи свеченост на која на најмладите и највозрасните читатели и најчитатели од детскиот одделот за возрасни ќе им бидат врачени благодарници. Библиотеката ќе им се заблагодари и на околу 40 донатори на книги, а ќе бидат прочитани и светската и ...

Проекцијата на документарниот филм ,,Велигден” , која ќе се одржи на 23.04.2026г. (четврток) со почеток во 20.00 часот во кино салата на НУ Музеј на РС Македонија. Во рамките на НУ Музеј на РС Македонија работи Центарот за музејска едукација кој преку својата работа со различни целни групи, како децата од предшколска возраст, основно и средно училиште, студентите, лицата со попречености и лицата од трето доба реализира едукативни проекти. Во ...

Македонскиот долгометражен филм „СКЕЈТБОРДИНГОТ НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА“ во режија на Дина Дума, поддржан од Агенцијата за филм, ќе ја има својата светска премиера на престижниот Tribeca Festival во New York City, како дел од International Narrative Competition, една од главните и најреномирани натпреварувачки селекции на фестивалот. Влезот во оваа селекција значи дека филмот е меѓу внимателно одбраните авторски остварувања од целиот свет, кои се ...

Осуденик во затворот во Прилеп бил измамен дека за 890.000 денари ќе му ја намалат затворската казна. Според информациите од МВР, вчера во полиција, осуденик од Kазнено-поправната установа Затвор Прилеп пријавил дека бил измамен од К.К. за сума од 890.000 денари. Според пријавеното, пред околу два месеци, K.K. го довел во заблуда дека ќе му помогне да му се намали затворската казна, a за возврат од него ги побарал и добил парите во неколку ...

Од Егејска Македонија кон Турција се одвиваше миграција којашто принуди илјадници македонски и турски семејства да ги напуштат своите огништа. Синоќа, оваа историска и културолошка тема беше во фокусот на вечерта, во Македонскиот културен центар во Истанбул, каде што се одржа промоцијата на книгата „Тажната приказна на миграциите (размена на население)“ од авторката Суреја Ајташ, информираа од Македонскиот КИЦ во Истанбул. Настанот отвори ...

Судскиот совет на Република Македонија на денешната 541. седница го усвои годишниот извештај за својата работа за 2025 година, во кој се нотира зголемена транспарентност, кадровски промени и постапување по претставки и дисциплински постапки. Според извештајот, во 2025 година Судскиот совет одржал вкупно 24 седници и почнал со работа со нов електронски систем за тонско снимање, електронско гласање и директен пренос во живо, со што се ...

Националниот џез оркестар, во партнерство со Општина Кисела Вода, на 29 април го започнува големиот десетгодишен јубилеј на фестивалот „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“. Првиот фестивалски ден е посветен на најмладите и ќе се реализира во паркот „Фредерик Шопен“, во Кисела Вода, со почеток во 12:00 часот. Настанот насловен „JAZZ FOR KIDS“ претставува едукативна и интерактивна работилница преку која учениците од локалните основни училишта и сите ...

Управа за јавни приходи ги потсетува сите даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат даночна пријава за данок на додадена вредност – образец „ДДВ-04“, дека законскиот рок за поднесување на пријавите за даночните периоди 01.01.2026 – 31.03.2026 година и 01.03.2026 – 31.03.2026 година е 25 април 2026 година. Со оглед на тоа што 25 април 2026 година е неработен ден, крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите се поместува на 27 април ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека многу е комплицирана ситуацијата со Филозофскиот факултет во Скопје и дека таа не е надлежна да каже дали некој од кадарот ќе сноси одговорност. За тоа постојат други институции во земјата. Се надевам дека таа процедура ќе си тече така како што треба. Би сакала да верувам дека ова е изолиран случај и дека не е тенденциозно направен, но токму поради тоа другите институции ...

На македонскиот пазар нема небезбедна храна за бебиња од брендот „Хип“ – соопштија денеска од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Оттаму велат дека АХВ до овој момент нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската Унија дека во земјава е пласирана спорната кашичка од морков и компир на брендот „Хип“, која пред неколку дена од безбедносни причини беше повлечена од познат синџир ...

Најмалку три бродови се нападнати во Ормуска Теснина, објавија британските медиуми повикувајќи се на неименувани извори од британската армија. Бродот, што пловел под знаме на Либерија, е нападнат на околу осум наутички милји западно од Иран додека минувал низ Ормуска Теснина. Бродот не е оштетен, а неговиот екипаж е безбеден. Британската служба за поморски трговски операции претходно соопшти за два нападнати брода. Иранскиот Корпус на ...

Во изминатиот период посетив поголем број општини и извршив увид во тековни градежни активности за подобрување на образовната инфраструктура. Јавноста има прилика да види дека секаде на територијата на Македонија се инвестира во подобри услови за настава. Без селективност и било какви поделби на рурални и урбани средини, етнички средини и така натаму, вложуваме секаде каде што има нотирана потреба, бидејќи сите ученици заслужуваат еднакви ...

Со праизведба на претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски, Драмски театар Скопје синоќа, на 21 април прослави 80 години од постоењето. Ова е, како што кажа директорот на Драмски театар, Роберт Вељановски, е 213-та премиера во Драмски од осамостојувањето до денес, или 461-ва премиера во 80-годишното постоење на скопскиот театар. На 21 април во 1946 година, е изведена првата детска претстава „Силјан ...

Издавачки центар ТРИ ќе учествува на овогодишниот Саем на книгата, кој ќе се одржи од 23 до 29 април во Спортската сала „Борис Трајковски“. Во рамките на своето претставување, ТРИ најавува повеќе од 16 нови изданија, средби со над 20 домашни автори, како и гостување на авторот Хајс Вилбринк од Холандија. Програмата опфаќа изданија од различни жанрови, меѓу кои се „Во светот на гладниот дух“ од Габор Мате, „Анксиозната генерација“ од Џонатан ...

Со 67 гласови „за”, 13 „против“ и ниту еден воздржан, Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со што законското решение ја помина првата фаза од собраниската процедура. Со ова законско решение се создаваат услови за елиминирање на објективните причини поради кои беше воспоставен моделот на преодна, односно техничка ...

Европската комисија денеска предложи мерки против зголемувањето на цените на фосилните горива и за забрзано воведување на обновлива енергија. Координацијата на активностите е од клучно значење, се наведува во соопштението на ЕК по овој повод. Мерките ќе бидат дискутирани на проширениот состанок на Европскиот совет во Кипар во следните два дена. Комисијата е подготвена да биде координатор во дискусијата за прашањата за полнење на складиштата ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека во моментов нема добиено официјална нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF) дека на македонскиот пазар е дистрибуиран небезбеден производ од брендот HiPP. Станува збор за храна за бебиња во стаклена тегличка од 190 грама, со вкус на морков и компир, која е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји. ...

Пиротехничките средства во дискотеката „Пулс“ беа поставени вечерта откога јас бев таму – истакна денеска во сведочењето студентката Теа од Штип, која во критичната ноќ во дискотеката во Кочани пристигнала околу 1 часот по полноќ заедно со пријатели. На влезот, како што наведе, имало двајца обезбедувачи, а нивната маса била поставена пред бендот, во непосредна близина на сцената. Во исказот пред судот таа рече дека во текот на вечерта биле ...

Странски турист во Скопје бил непријатно изненаден од возење со такси, кога за кратка релација му била наплатена значително повисока сума од очекуваната. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 20 04.2026 година во 20:40 часот во СВР Скопје од страна на швајцарскиот државјанин Б.Ф.П.Х. (43). Тој пријавил дека користел такси превоз од центарот на Скопје до Средно Водно, при што возачот му побарал и ...

Туристка (28) ја оштети фонтаната на Нептун во Фиренца на Пјаца дела Сињорија, откако се качила на споменикот како дел од, како што е наведено, предизвик пред венчавка, и со тоа предизвика штета од 5.000 евра. Инцидентот се случил кога жената ја поминала заштитната ограда и се качила на фонтаната, по што веднаш била отстранета од местото на настанот, пренесе Анса. Според локалните власти, нејзиното однесување предизвикало „мала, но значајна ...

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, денеска изјави дека Иран знае како да се соочи со „ограничувањата и малтретирањето“ и да ги брани своите интереси, откако САД запленија ирански комерцијален брод во Оманското Море. Во објава на X, Арагчи оцени дека блокадата на иранските пристаништа е „воен чин“ и кршење на примирјето, додека заплената на бродот и притворањето на екипажот го нарече „потежок прекршок“. Според него, Иран е ...

Во ОН денеска продолжуваат сослушувањата на кандидатите за функцијата нов генерален секретар на организацијата. Кандидати се Мишел Башеле од Чиле, Рафаел Гроси од Аргентина, Ребека Гринспан од Костарика и Маки Сал од Сенегал, а доколку некоја од кандидатките ја добие довербата на членките на ОН, би било првпат во историјата на ОН на чело да се најде жена. Новиот лидер на ОН ќе има огромна задача да ја оживее организацијата чиј, како што се ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
64%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
94%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 16ᴼ
1.54
43%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.92
60%
1015
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
80%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 20ᴼ
3.09
56%
1017
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
82%
1019
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
4.12
45%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
4.12
67%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
59%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0513

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Сребро

2534.46

Платина

66744.95

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.53

Родиум

319899.93

Злато

152465.86

Бакар

12.46

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Калај

52.70

Паладиум

49351.40

Рутениум

51376.89