Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Согласно законските измени во делот на управната постапка која се однесува на возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „Забрана за управување со моторно возило“, определена со правосилни судски пресуди, извршувањето на забраната повеќе не се врши со физичко впишување во возачката дозвола. Со ова се укинува потребата граѓаните дополнително да плаќаат за издавање нова возачка дозвола со впишана забрана, со ист рок на ...
Словенката Ника Превц доминираше денеска на скокалницата во Лахти, обезбедувајќи ја својата 16 победа сезонава со што постави нов рекорд во Светскиот куп во скијачки скокови во женска конкуренција. Дваесетгодишната Превц ја повтори доминацијата од вчерашниот ден и дојде до вториот триумф во Лахти со убедлива предност пред двократната олимписка шампионка Ана Одине Стром од Норвешка и Јапонката Нозоми Марујама. Со својата 16. сезонска победа, ...
СВР Скопје-Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против Т.Т.(56) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Во различен период во повеќе наврати, тој извршил полови дејствија врз 14-годишен малолетник. Извршен бил претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени ...
Дваесет и петгодишниот Е.А. од Скопје е лишен од слобода откако полицијата открила дека со денови држел во заробеништво, физички малтретирал и силувал 22-годишна жена. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, жртвата неодамна пристигнала од Германија за да се сретне со осомничениот, со кого претходно се познавала. Пеколот за младата девојка започнал на 23 февруари оваа година, кога во неговиот дом во скопската населба Гази ...
Вооружените сили на Иран соопштија дека нападнале нафтен танкер во близина на брегот на Кувајт. Пловилото, опишано како „во сопственост на САД“, било погодено и се запалило, јави државното радио, повикувајќи се на централната команда. Според истиот извор, повторно биле извршени напади со напредни ракети врз цели во Израел и врз позиции на САД во државите од Персискиот Залив. Меѓу употребеното оружје била и ракетата Khorramshahr-4, која носи ...
Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани технички зафати во електросистемот, утре (сабота, 07.03.2026 година), дел од корисниците во општина Центар ќе останат без напојување со електрична енергија. Прекинот ќе опфати дел од бул. „Партизански одреди“, поточно корисниците во зграда број 47. Време на прекин: од 08:00 часот. Очекувано времетраење: до 12:00 часот. Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани технички зафати во ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 06 Март 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информираше дека денеска присуствувал на промотивното прикажување на едукативниот цртан филм „Кликни безбедно“, реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет. „Ова е последната активност со која го завршуваме Месецот на побезбеден интернет и нашиот европски проект MKSafeNet. Филмот е наменет за најмладите и има за цел на едноставен и разбирлив начин да ја ...
Со промената на власта се подобри и економијата – во првите два квартала од 2024 просечниот раст на БДП беше 2,3 отсто, а во следните два кваратала 3,6 проценти. Не случајно го кажувам ова. Ние во последниот квартал имавме раст од 3,8 отсто, односно два квартала по ред 3,8 отсто, што покажува дека со промената на власта економијата очекува позитивни сигнали од Владата. Тоа се потврдува во овие повеќе од година и половина со фактот дека ...
Апслотуно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните дека нема да има нафта, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Одговорајќи на новинарски прашања по панелот за растот на економијата во Владата, Димитриеска-Кочоска информира дека вчера во Министерството се одржал состанок со нафтените компании и ниту една од нив не кажала, како што рече, дека има ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека и покрај состојбите со цената на нафтата, цените на услугите на нашиот транспортен сектор остануваат стабилни поради конкурентноста на компаниите. Очекува до примената на новиот систем за влез во Шенген зоната да се решат проблемите за престојот на превозниците, а тоа, потенцира, државава го решава индивидуално. Апелира јавноста и превозниците во Македонија, како што рече, ...
Речиси 70 отсто од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да заспијат, а повеќе од 40 отсто се соочиле со проблеми во спиењето во последниве три месеци. Повеќе од 63 отсто од испитаниците се изјасниле дека спијат од 5-7 часа во текот на ноќта, 11,6 отсто спијат помалку од 5 часа, додека 22,8 отсто спијат од 7 до 9 часа. Ова се дел од резултатите од анонимната онлајн анкета спроведена од ЈЗУ Универзитетска клиника за ...
Министерството за спорт реализира уште еден инфраструктурен проект во интерес на граѓаните и на спортот. Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го пушти во употреба реконструираното мултифункционално игралиште на кејот на реката Вардар кај скопскиот Луна Парк. Ова е уште еден од проектите на Министерството за спорт од програмата за изградба и реконструкција на спортската ...
Ова е еден проблем кој ја тишти македонската држава, кој Македонија како проблем го има долги години и за кој ќе мора да се зборува гласно и ќе мора да се даде внимание од секој македонски граѓанин и особено од страна на институциите, се со цел да можеме да имаме подобар одговор, да ги искористиме капацитетите и да не ни се случуваат вакви несакани настани. Ова го истакна денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на ...
По одземањето на лиценците за одгледување марихуана на шест компании, во наредниот период ќе им бидат одземени на дополнително уште три фирми, а четвртата се анализира, откри денеска Министерот за здравството, Азир Алиу кој одговараше на прашање до каде се анализите и инспекциите во ваквите компании. Досега 23 компании се процесуирани, досега три се сигурни дека ќе се одземат лиценците. Четвртата се анализира, изјави Алиу. Претходно на 24 ...
Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа (СЕЛЕК), е еден од најзначајните стратешки партнери на нашата држава во борбата со транснационалниот организиран криминал. Нашата соработка е фокусирана на сузбивање на недозволена трговија со дрога, царински измами и криумчарење мигранти, при што преку понатамошно интензивирање и продлабочување на партнерството се стремиме кон зајакнување на безбедноста во Југоисточна Европа. Ова беше ...
Вториот добитник на книжевната награда за најдобар необјавен роман за деца и млади, „Оливера Николова“, ќе биде прогласен на прес-конференција на 11 март (среда), во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На настанот ќе се обратат членовите на жири-комисијата во состав: Оливера Ќорвезироска (уредничка и писателка), Ермис Лафазановски (прв добитник на наградата во 2025 година) и Јованка Денкова (професорка по книжевност за деца). На ...
Водечкиот светски производител на злато со 10 проценти од глобалното производство е во голема мера зависен од овој метал, користејќи три пати повеќе злато отколку што ископува годишно. Толку високата стапка бара од Кина да купува толку многу злато од други земји што е и водечки светски увозник на овој вреден метал пишува CNN. Кина води во глобалното производство, водено од силни инвестиции во рударска и рафинирачка инфраструктура. Русија ја ...
Податоците за раст на градежништвото од 14,6 проценти во последниот квартал лани се многу охрабрувачки, даваат силен сигнал за стопанството, сигурност, но и поттик за идни инвестиции, што ќе придонесе за уште поголем раст на БДП во идниот период, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел дискусијата „Раст на економијата – економска сигурност на граѓаните“, што се одржува денеска во Владата. Според него, ...
Медицинската документација, упатите, рецептите, извештаите и регистрите ќе се водат дигитално, а хартиената документација ќе се користи само во исклучителни ситуации, како привремено решение при прекин на системот. Ова се предвидува со измените и дополнувањата на Законот за евиденциите од областа на здравството, кои денеска на прес-конференција ги соопшти министерот за здравство Азир Алиу, а со кои се прави значаен чекор кон целосна ...
Утрово избувна пожар во станбен објект во елитната скопска населба Водно. Според првичните информации, станува збор за куќа, а на местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје. Засега нема информации за повредени лица. Причината за настанување на пожарот, како и висината на материјалната штета, допрва ќе се утврдуваат по завршување на интервенцијата и извршениот увид. Утрово избувна пожар во станбен ...
Еден од најголемите проблеми во случаите на семејно насилство е кога жртвата ја повлекува изјавата дадена пред полицијата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред почетокот на тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“. Можам да претпоставам дека најголемиот дел се под притисок на насилникот и не можеме во никој случај да ја ...
Министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ е префрлен од интензивната нега во Петтото одделение на Клиниката за пулмологија на Универзитетскиот клинички центар на Србија, јавува „Блиц“. Медиумот објавува дека вчера Дачиќ е префрлен на одделението каде што лекарите продолжуваат да се грижат за неговото здравје. Дачиќ е во болница од 25 февруари, кога беше хоспитализиран поради ...
ДУШАН повторно на Таковска 17 во Белград!, информира Македонскиот КИЦ во Белград/ 15. и 16. март Театарската претстава „Душан“, според драмата „Мистерија Душан Васиљев“ од авторката Дуња Матиќ, во режија на Ана Пинтер, како проект претставува продолжување на заедничките напори и придонес на независните чинители кон одржување на вонинституционалната уметничка сцена и соработка помеѓу Македонија и Србија. Претставата доближува нелинеарно ...
По успешното прво издание кое минатата година собра огромна поддршка и силна енергија од публиката, Стефан Лазаров го најави второто издание на Lazarov Awards. Настанот, кој за кратко време се наметна како симбол на благодарност кон публиката и поврзаност со заедницата, годинава се враќа со уште поамбициозна концепција. Најавата доаѓа преку два видео тизери објавени од Лазаров. Првиот потсетува на атмосферата и емоциите од премиерното ...
Ништо од брзиот прием на Украина во ЕУ а со тоа и на земјите од Западниот Балкан. Како што пишува „Киев Пост“ ,ЕУ нема во план на брза лента да ја прими Украина како дел од мировниот договор со Русија. Како причини се наведува фактот што нема изгледи за скорашен крај на војната во Украина а уште помалку дека тоа ќе се случи во 2027 година која е за помалку од една година. Со ова пропаѓаат и на надежите на Македонија, но и на Црна Гора и ...
Денеска во Министерството за одбрана е остварена средба со Карл Форд, директор за одбранбено планирање во Алијансата и лидер на тимот од НАТО кој е дел од редовните годишни билатерални одбранбени разговори помеѓу НАТО и Македонија. Продолжуваме да инвестираме во Армијата, да ја јакнеме нејзината борбена готовност и да ги исполнуваме НАТО-Целите на способности. Со силна Армија, придонесуваме и кон зацврстувањето на колективната безбедност на ...
Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, изјави дека земјата во моментов не се соочува со непосредна закана од тековниот конфликт на Блискиот Исток. Во оваа фаза, нагласи таа, нема потреба да се свикува Советот за национална безбедност, додавајќи дека сите ризици внимателно се следат, објави „Новините“. Јотова ја пофали работата на државните институции во обезбедувањето на евакуацијата на бугарските државјани од конфликтните зони. Таа ...
Полицијата информира дека вчера околу 12:20 часот на патот Демир Хисар – Кичево, на место викано „Крбла“ , атар на с.Сопотница, демирхисарско, патничко возило „фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.(52) од с.Жван, демирхисарско, излетало од патот. Во несреќата на местото починал возачот Љ.Б., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Додека, неговиот сопатник Д.Г.(59) од с.Жван се здобил со тешки телесни ...
Политиките на СДС со Заев и Филипче ја оддалечија Македонија од демократските стандарди, а ја приближија кон руската политика.Политиките на СДС со Заев и Филипче ја направија Македонија да биде хибриден режим, со слични карактеристики на владеење како на Путин и Лукашенко., велат од ВМРО-ДПМНЕ. Онишченко и Борче Марковски, кои се блиски соработници до Путин и Лукашенко, се лица кои власта на СДС, Заев и Филипче им ја отвори вратата да дојдат, ...