Каталогот на Филтер Лабел од денеска е збогатен со уште едно саундтрек издание. Станува збор за музиката што Кирил Џајковски ја напиша за новиот филм на Ник Јансен (Nick Janssen), „Уште една игра“ (One More Game). „Особено сме горди што објавувањето на саундтрекот е своевидна најава за филмот, кој својата премиера ќе ја има во среда, на 11 март. За ова филмско остварување, нашиот најплоден автор на филмска музика применува сосема поинаков ...

Градоначалникот на Град копје Орце Ѓорѓиевски, на покана на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, присуствуваше на промотивното прикажување на едукативниот анимиран филм „Кликни безбедно“, реализиран во рамките на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет. Станува збор за едукативна содржина наменета за најмладите, која на едноставен, разбирлив и близок начин ја доближува важноста на дигиталната писменост, како и ...

Повторно започнува функционирањето на продуктоводот „Вардакс“. Стартот на операциите се случува по завршувањето и соодветната верификација на сите потребни технички, оперативни и регулаторни барања, информираат од ВАРДАКС АД. Оттаму ги повикуваат квалификуваните трговски компании кои сакаат да соработуваат и да го користат продуктоводот, да се информираат за важечките процедури достапни на веб-страницата на компанијата. Продуктоводот од Солун ...

Министерството за дигитална трансформација ги финализира активностите за усогласување со европската регулатива за воведување на моделот „Роаминг како дома“ со Европската Унија, а паралелно се отвора и прашањето за прецизирање на законската рамка за инфлуенсерите и креаторите на содржина, изјави денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тој потврди дека Европската комисија пред две недели официјално го отвори процесот ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оствари телефонски разговор со премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани. Во фокусот на разговорите беа актуелните безбедносни предизвици и продлабочувањето на билатералните односи меѓу двете земји. Мицкоски упати порака на поддршка до Катар со оглед на ескалацијата на воениот конфликт во регионот. Изразив поддршка за државата и ...

На 18 и 19 април во Национлната опера и балет по 23. пат ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Омилените Поточиња, заедно со незаменливиот водител Поки (актерот Мартин Јорданоски) подготвија нова фестивалска приказна и со нови 17 детски песни ќе се погрижат децата да се забавуваат, да танцуваат и да пеат. По успешното издание на „Поточиња 2025“ и голем број гостувања на детски манифестации во Скопје, низ Македонија и гостување на ...

Унгарија ќе ги употреби „сите мерки и средства“ што и се на располагање за да ја принуди Украина да продолжи да испорачува руска нафта, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Го запревме … извозот на дизел во Украина, сè уште го одржуваме извозот на електрична енергија. Ќе ги запреме транзитните пратки што минуваат низ Унгарија, кои се важни за Украина … сè додека не добиеме одобрение од Украина за испорака на нафта – наведе Орбан. ...

На средбата беше потврдена силната заложба на двете држави за продлабочување на соработката во областа на владеењето на правото, независноста на судството и спроведувањето на реформите во правосудниот систем, во контекст на процесот на европска интеграција. Посебно внимание беше посветено на унапредувањето на билатералната соработка меѓу Црна Гора и Република Македонија, при што беше оценето дека односите меѓу двете држави ги карактеризираат ...

Иранската државна телевизија ја нарече денеска националната женската фудбалска репрезентација „воени предавници“ откако фудбалерките не ја испеаја химната пред натпреварот од Азискиот куп против Јужна Кореја во Австралија претходно оваа недела. Иран настапува на континенталниот турнир во време кога воениот конфликт ескалира во земјата, откако САД и Израел почнаа воздушни напади за време на викендот во кои беше убиен врховниот лидер на ...

Основното јавно обвнителство отвори предмет по допрен глас за можни пропусти при постапувањата на службите за случајот на починатите мајка и ќерка од Тафталиџе. Оттаму велат дека врз основа на информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи, Јавното обвинителство на РСМ оформи предмет по допрен глас и го проследи на надлежно постапување на Основното јавно ...

Универзитетите низ Иран се затворени до понатамошно известување поради војната, објавија денеска иранските медиуми, пренесе ДПА. Сите академски активности се суспендирани, објави реформистички ориентираниот онлајн портал „Еслахат њуз“, повикувајќи се на Министерството за наука. Според извештајот, и часовите со физичко присуство и онлајн наставата се запрени, пренесува ДПА. Универзитетите низ Иран се затворени до понатамошно известување ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека Иран се обидува да постигне договор со САД, но „малку е доцна за тоа“. – Тие се јавуваат, прашуваат: Како можеме да постигнеме договор? Јас реков: Малку доцните, посочи Трамп, додавајќи дека САД во моментов повеќе од Иран сакаат да продолжат да се борат, истакна Трамп. Тој најави дека американската армија, заедно со Израел, ги продолжува своите операции против Иран. – Војската на САД, ...

Претседателската на Косово, Вјоса Османи денеска потпиша указ за распуштање на парламентот и најави дека ќе бидат распишани вонредни избори. Османи изјави дека откако синоќа пратениците не успеаја да изберат претседател на државата, го турна Косово во нови избори. Оваа ситуација целосно можеше да се избегне. Голема несреќа е што пратениците не го избраа интересот на народот, наведе Османи. Таа најави дека во текот на денот ќе одржи ...

На 06.03.2026 во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(55) од Скопје поради сомнение дека од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја нашаднал 24-годишната ќерка. Според пријавеното, на 01.03.2026, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по ...

Со танцовиот спектакл „F_AI_LLE“ на француската танцова група K.Danse на 10 март во 20 чаот во Македонскиот народен театар (МНТ) Францускиот институт во Скопје и Танц-Фест го отвораат Масецот на фрнкофонијата. Танцовата претстава „F_AI_LLE“ е истовремено и интерактивна инсталација што го истражува дијалогот помеѓу човечкото тело и вештачката интелигенција. На крстосницата помеѓу современиот танц и дигиталните истражувања, ова дело ја ...

Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис изјави дека секое таргетирање на Кипар претставува закана за целата Европа, додавајќи дека поморската база Суда не се наоѓа во непосредна опасност од ирански напади, објави „Либерал“. Поморската база Суда не е загрозена и постои целосна заштита, нагласи Герапетритис. Тој истакна дека одбранбената поставеност на земјата не била предмет ниту на дискусија ниту на информирање. — Мерките за ...

ЦУК утрово соопшти дека вчера во тешка сообраќајна несреќа на 52-годишна возраст загинал нивен колега. „На 05.03.2026 година, во тешка сообраќајна несреќа, на 52-годишна возраст, прерано нè напушти нашиот драг колега, Љупчо Бучукоски, оперативен работник во Регионалниот центар за управување со кризи во Битола. Колективот на Центарот за управување со кризи изразува длабоко жалење за загубата и упатува искрено сочувство до семејството ...

Сандра Силаѓев, балканска актерка, комичарка и писателка на 20 мај на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) гостува со монодрамата „Сеанса“, која е нејзина трета авторска монодрама. Во претставата го следиме ликот Јасна, жена во петтата деценија од животот, на психотерапевтска сеанса. Јасна нè води низ гротеската на современиот живот, каде што болката се мери со аплауз, а понижувањето со лајкови. Се отвораат прашања: дали ...

Овен Овни, можно е да добиете нова идеја или предлог што би можел да го промени текот на вашите планови. Не брзајте со одлуките, прво внимателно анализирајте ги сите опции. Денес ќе имате потреба да кажете сè што ви е на срце. Ако сте во врска, разговорот што долго време го одложувавте може да донесе големо олеснување и уште поголема блискост. Слободните овни би можеле да сретнат личност што ќе ги интригира со својата самодоверба. Зголемениот ...

Македонскиот автор Иван Шопов со романот Зентрифуга е меѓу номинираните автори за Наградата на Европската Унија за литература 2026. Во потесниот круг за оваа престижна книжевна награда, која претставува една од водечките иницијативи во рамките на програмата „Креативна Европа“ се избрани перспективни автори од вкупно 14 земји. Сите автори кои се најдоа во потесниот избор ќе бидат промовирани на европско ниво со цел да допрат до поширока ...

Воените дејства на Блискиот исток се во полн ек, што директно влијае на економиите на сите земји. Негативното влијание на воениот конфликт прво се рефлектираше преку раст на цените на горивата, чии цени се закануваат да екплодираат, но глобално последиците ќе се почувствуваат на сите полиња, од берзи, инвестициски текови, до одвртување на инфлациската спирала кај храната, набавката на суровини за работа, превозот. Значи негативни движења ќе ...

Во рамки на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од 10 години се чувале 10 тони опасен хемиски отпад, што можел да предизвика хаварија и претставувал голем ризик за здравјето на луѓето и безбедноста. Како што информираше вчера директорката на Институтот, Марија Андоновска, отпадот е моментно безбедно отстранет и нема да остане во државата, туку ќе биде согорен надвор. Се работи за исцедоци од лабораториски анализи, хемикалии од различен ...

Од почетокот на американско-израелските напади врз Иран во саботата, животот го загубија најмалку 192 деца ширум регионот, соопшти денеска УНИЦЕФ. Најголем дел од жртвите се регистрирани во Иран, каде воените дејствија оставија пустош во густо населените места. Според податоците на организацијата, 181 дете е убиено во Иран, седум во Либан, три во Израел и едно дете во Кувајт. Од УНИЦЕФ испратија остра порака до завојуваните страни: „Децата не ...

Ако Kиро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името на државата како што стои во документите на ЦИА, тогаш се поставува прашањето колку пари земале Зоран Заев и неговиот ученик и другар Венко Филипче за промената на името, поточно за завршување на таа работа, прашува ВМРО-ДПМНЕ. Прашањето следи логично по последните објави на документи на ЦИА.Дополнително, има ситуација кога говори дека Зоран Заев и Венко Филипче по седумте години ...

Кинотека на Македонија го најавува шпанскиот филм „ЈАС СУМ НЕВЕНКА“, победник на фестивалот San Sebastián International Film Festival во категорија: Euskadi Basque Country 2030 Agenda Award – won 2024 Настанот е во организација на Амбасада на Кралството Шпанија во Македонија и Кинотека на Македонија. „ЈАС СУМ НЕВЕНКА“ е филм на режисерката Исијар Бољаин од 2024 година, инспириран од вистинска приказна чие дејство се одвива на крајот на ...

Развој на заеднички туристички производи во Охридско-преспанскиот Регион како и креирање заеднички туристички рути и културно-историски тури што ги поврзуваат манастирите, традицијата и гастрономијата во Македонија и во Албанија биле тема на разговорот што го имале министрите за култура и туризам на Македонија и на Албанија Зоран Љутков и Бленди Гонџја на маргините на светската туристичка берза „ИТБ Берлин”, соопшти Министерството за култура ...

Промоција на монографијата „Ехото на дамарите на пијанчани- Копачката / 10 години од впишувањето на орото Копачката во УНЕСКО“ од Перса Стојановска и Етно изложба 06 март 2026, Галерија МЕТАНОЈА, Скопје, 19:00 часот Почитувани, Здружението фолклорна група КОПАЧКА село Драмче, Делчево, во соработка со Балканскиот институт за вера и култура, и со галеријата МЕТАНОЈА, Ве поканува на промоцијата на книгата „Ехото на дамарите на пијанчани – ...

Во Македонија се случува градежен бум. Градежна офанзива има на секој агол од државата, се градат улици, патишта, автопатишта, градинки, училишта, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Интензивната работа и засиленото темпо за реализација на капиталните инвестиции, како на локално, така и на централно ниво, ги дава своите резултати. Тоа, првично го запре слободниот пад на економија, која по периодот на стабилизација, сега веќе почна периодот ...

По повод 8 Mарт, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“, ќе се одржи свечен осмомартовски концерт со настап на гитаристот Дејан Милевски. Концертот, кој ќе се одржи на 7 март во црквата „Света Софија“ во Охрид, со почеток од 20 часот, ќе понуди богата стилска палета, од барокна елеганција, преку романтична лирика, до шпански и латиноамерикански музички колорит, создавајќи свечена атмосфера достојна за одбележување на празникот ...

Секоја година на 6 март Европа го слави Денот на логопедијата, посветен на подигнување на свеста за значењето на логопедите и нивната незаменлива улога во поддршката на лицата со комуникациски тешкотии и проблеми со голтањето. Тема за 2026: „Вештачка интелигенција во логопедијата – обликување на иднината“ Оваа година вниманието е насочено кон интеграцијата на современите технологии во логопедската практика. Вештачката интелигенција отвора ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
68%
1015
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
72%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
55%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.98
87%
1018
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
4.63
83%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
73%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
54%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
74%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
47%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
90%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Паладиум

44753.84

Рутениум

56199.51

Иридиум

258288.78

Платина

61858.04

Бакар

10.65

Алуминиум

3.19

Калај

43.91

Цинк

0.00

Сребро

2179.44

Родиум

358480.82

Кобалт

3.86

Злато

144593.23