Спојување на тековната судска постапка со новиот обвинителен акт против 13 полициски службеници за истиот кривично-правен настан, побара одбраната на денешното судско рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кое што се одржува во судницата во „Идризово“. Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов, адвокатката Ивана Коцевска, истакна предлог за спроведување единствена постапка, посочувајќи дека на 30 јануари 2026 година од страна на ...

Помина нешто повеќе од еден ден откако пламените на војната, што ги разгореа Израел и САД на Блискиот Исток, стигнаа и до Кипар. Пред полноќ во неделата, кога британската воздухопловна база во Акротири беше погодена од дрон, секоја приказна за засолништа за време на војна, евакуација на населби од страв од воени напади и противбалистички штитови изгледаше прилично неумесно и претерано. Сепак, од понеделник наутро, островот живее во атмосфера ...

Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, го коментираше нерешениот резултат 2:2 со Нотингем во 29. коло од англиската Премиер лига. – Разочаран сум од резултатот. Повторно направивме сè како што треба, имавме шанси кон крајот и во текот на целиот натпревар. Секогаш се обидуваме да го дадеме најдоброто од себе. Имаше многу добри шанси, но требаше да постигнеме повеќе. Важно е да се победи дома, но Сити продолжува да расте. Промашениот ...

Помина нешто повеќе од еден ден откако пламените на војната, што ги разгореа Израел и САД на Блискиот Исток, стигнаа и до Кипар. Пред полноќ во неделата, кога британската воздухопловна база во Акротири беше погодена од дрон, секоја приказна за засолништа за време на војна, евакуација на населби од страв од воени напади и противбалистички штитови изгледаше прилично неумесно и претерано. Сепак, од понеделник наутро, островот живее во атмосфера ...

Овен Овни, денот носи можност за решавање на важни прашања поврзани со работата. Ако сте имале дилема за некој проект, ќе добиете јасност. Во љубовта, комуникацијата со партнерот може да биде напната – не дозволувајте ситници да предизвикаат поголеми несогласувања. Бик Финансиските прашања ќе бидат во фокусот. Можно е да размислувате за поголема инвестиција или да добиете понуда што вреди да ја разгледате. Во љубовта, бидете внимателни со ...

Ерусалим е во состојба на зголемена готовност во последните 24 часа, бидејќи Иран изведува напади со ракети и беспилотни летала, пренесува Балканвеб.. Од безбедносни причини, меѓу другите мерки, израелските власти ја затворија Базиликата на Светиот Гроб, најважното христијанско место за поклонение. Одлуката за затворање на Црквата на Воскресението е донесена врз основа на строги упатства од израелските власти, кои забрануваат масовни собири, ...

Дванаесет млади поети на возраст од 16 до 30 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #5“, преднастан на шестиот „Скопски поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа 27 пријави, а интерното жири на фестивалот го направи изборот. Наедно, УО на фестивалот изрази задоволство од бројот на примените пријави, како и од квалитетот на песните и талентот на кандидатите. Имињата на избраните 12-мина (по азбучен ред) се: Марија Алексовска, Вероника ...

Археолошкиот локалитет „Бистерна“ во гевгелиското село Прдејци повторно се истражува од страна на тимови на Завод и музеј Струмица и Музејот од Гевгелија. Истражувањата кои почнале неделава треба да ги дополнат информациите за оваа населба од римско време лоцирана на 500-тини метри северозападно од Прдејци, во близина на магистралниот пат Скопје – Гевгелија. – Моментално истражуваме на трасата на гасоводот меѓу Македонија и Грција. Откривме 6 ...

Првиот претседател на Македонија Киро Глигоров се споменува во декласифицирани документи од архивите на американската разузнавачка служба – ЦИА – го потврдуваат овој епитет, откривајќи ја неговата внимателна дипломатска игра во раните 1990-ти години, пренесува албанската новинска агенција ИНА. Според документ на ЦИА од ноември 1992 година, се изнесуваат детали за тоа во која насока се движела Македонија како новоформирана држава по ...

Општина Струга информира дека на 16 овој месец ќе се одржи аукција за продажба на автомобилот Ауди А6 со почетна цена од 1.344.636 денари или околу 21.800 евра. Аукцијата, како што соопшти општинската прес-служба, ќе почне во 10 часот на интернет страницата e-stvari.mk. Со средствата од продажбата на автомобилот ќе се набави комбе кое ќе служи за потребите на општинската администрација и спортските клубови во градот, стои во информацијата. ...

Иран негира дека лансирал проектил кон Турција. Демантот од Техеран уследи откако Анкара вчера објави дека противвоздушната одбрана на НАТО соборила проектил од иранско производство додека се движел низ турскиот простор. Вооружените сили на Исламската Република Иран го почитуваат суверенитетот на соседната и пријателска земја Турција и негираат какво било лансирање на ракета кон нејзина територија, се наведува во соопштението на Генералштабот ...

Во попладневните часови со владиниот авион се очекува од Израел кон Скопје да полетаа македонските граѓани кои побарале евакуација. Со тоа, како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, целосно ќе заврши евакуацијата на македонските државјани од Израел. Во останатите подрачја погодени од воениот конфликт до денес 505 македонски граѓани се обратиле до Амбасадата во Абу Даби, 31 лице во Кувајт, 14 лица во ...

Со урнебесна комедија и многу позитивна енергија, утре (четврток) на 5 март свечено ќе биде отворена манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“. Настанот започнува во 20:00 часот во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, а публиката ќе има можност да ужива во 75 минути чиста комедија. Претставата „Кец на десетка“, во продукција на „Македонски народен театар“, носи динамична и блиска приказна што гарантира смеа од почеток до крај. Со оваа ...

Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост меѓу жените и мажите, изјави вчера функционер на Обединетите нации во пресрет на Меѓународниот ден на жената. Директорката на Одделот за политика на жените на ОН, Сара Хендрикс, им изјави на новинарите во Њујорк дека напредокот постигнат во области како што се заштитата од насилство, еднаквоста во семејното право и заштитата од дискриминација е под закана во многу земји. Повеќе ...

На 5 март (четврток) во 18:00 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи промоција на книгата „60 Икони на Мајката Божја“ од авторката Аријан де Сен-Марк. „60 Икони на Мајката Божја“ претставува внимателно селектирана и богато анализирана збирка иконографски претстави на Богородица од периодот VII–XV век. Делото ги опфаќа: клучните иконографски типови на Мајката Божја (Одигитрија, Елеуса, Платитера и др.), нивниот ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека кога се работи посветено, со јасно поставени цели и добро проектирани политики, позитивните резултати во економијата се неизбежни, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Измината повеќе од година и половина се води умерена економска политика, со добро проектирани мерки, кои доведоа до последователен раст на економската активност во шест квартали. Така што последниот квартал од 2025 година, ...

Денеска, (05.03.2026 година, четврток) во 12:15 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на проширување на производните капацитети на метални конструкции и делови на конструкции на Друштво за градежништво, инженеринг и трговија „АКТИВА“ ДОО Штип, информира владината прес служба. Денеска, (05.03.2026 година, четврток) во 12:15 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан ...

Утринава во земјава се измерени температури од 0 до 7 степени. Најниска температура од 0 степени е измерена во Берово, 1 степен во Лазарополе и на Попова Шапка, 3 во Струмица, 4 во Крива Паланка, Охрид, Битола, Демир Капија и Маврови Анови, 5 во Тетово, Прилеп, Крушево, Велес, Кавадарци и Гевгелија, 6 во Скопје-Петровец, Штип и Виница, како и 7 степени во Скопје – Зајчев Рид, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. На Попова Шапка е ...

На 5 март 2026 година, со почеток во 19 часот, во студиото Приватен принт во Скопје, е закажано отворањето на видеоинсталацијата „Тела за еднократна употреба“ на словенечката уметница Лара Рајхман. Поставката ќе биде проследена со уметнички разговор меѓу Лара Рајхман и Тиа Чичек, кураторка и истражувачка од Љубљана, кој ќе се одржи следниот ден, на 6 март, со почеток во 19 часот. Изложбата ќе може да се погледне до 26 март. „Тела за ...

Значи прво што помислив кога слушнав дека Иран со ракети го нападна Дубаи е дали се безбедни инвестициите на најпознатите инвеститори од Македонија. Кој знае што ќе биде и со златните визи , за џабе ли ги вадеа. Ајде Зоки и онака нема што да прави, се кара по Фејсбук и поднесува тужби за да му биде интересно, ама Венко ќе треба сега па ептен да ја стави на стенд бај работата во болницата во Дубаи , која му викала дојди бе дојди. Ама тој нееее ...

Тренерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, е разочаран од синоќешниот поразот 1:2 од Њукасл во 29. коло од англиската Премиер лига. Јунајтед цело второто полувреме го играше со фудбалер повеќе, не реализираше ниту една од неколкуте шанси за гол, а во финишот беше казнет и го загуби натпреварот. – Многу сме разочарани. Дојдовме тука за да освоиме бодови. Знаевме дека ќе биде тешко. Го игравме натпреварот за да најдеме можност за гол, но не ...

Сенатот не ја изгласа Резолуцијата за ограничување на воените овластувања на американскиот претседател Доналд Трамп во конфликтот со Иран. Резолуцијата со која се бараше прекин на сите непријателства кон Иран, што не беше одобрена од Конгресот, ја предложи демократскиот сенатор Тим Кејн. „Против“ неговата иницијатива се изјаснија 53 сенатори, а 47 беа „за“. Единствен демократ кој гласаше против е сенаторот од Пенсилванија, Џон Фетермен, а за ...

Македонската женска ракометна репрезентација претрпе минимален пораз на гостувањето кај Белгија со 26:25 во дуелот од 3.коло од квалификациите за Европското првенство. Нашата репрезентација испушти позитивен резултат, иако во најголемиот дел од дуелот имаше водство. Во првото полувреме резултатот беше нерешен само 3:3, а избраничките на Кристијан Грчевски постојано водеа. Во вториот дел резултатот беше изедначен во пет наврати, а домаќинот ...

Не се очекува ескалацијата на конфликтот во Иран да предизвика масовна миграција кон Европа, соопшти Европската комисија. Комесарот за миграција на ЕУ, Магнус Брунер, по разговорите со шефот на турската дипломатија Хакан Фидан, истакна дека Турција „ја затворила граници кон Иран“. Брунер пред три дена изјави дека сè уште не се забележани значајни движења на надворешните граници на Иран, но оти се следи ситуацијата и се контактира со ...

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На претходното рочиште пред Судот сведочеа членови на бендот на ДНК и преживеани гости од дискотеката, кои ги опишаа настаните во ноќта на 16 март минатата година, кога во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство ...

Македонскиот и францускиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер и ПСЖ синоќа во Битола приредија спектакл со подеднаков влог кој резултираше со поделба на бодовите. Во натпревар без калкулации, дуелот заврши нерешено 34:34, иако со повеќе спортска среќа битолчани можеа да слават во последниот настап од лигата на шампионите во оваа сезона. Гостите од Париз беа поснаодливи во првото полувреме кое го завршија со предност од 18:15, но во вториот ...

Тренерот на Астон вила, Унаи Емери, се осврна на поразот од 1:4 синоќа во 29. коло од англиската Премиер лига. – Челзи одигра фантастичен натпревар, а првото полувреме беше клучно. Се браневме и се обидувавме да ја вратиме топката, но „сините“ имаа многу добра структура и комбиниран фудбал, и создадоа шанси. Кога Челзи го постигна вториот гол, играта се промени. По третиот и четвртиот гол, работите станаа потешки. Разликата меѓу нив и нас е ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка доби предлог за брак од своето момче. Атлетичарката е во врска со грчко-бразилскиот бизнисмен Георгиос Франгулис од 2024 година. Светскиот рекет број на своите социјални мрежи соопшти дека ја прифатила понудата за брак. – Ти и јас, засекогаш – напиша Сабаленка. Белорусинката во текот на својата кариера освои четири Гренд слем турнири. Дваесет и седумгодишната Сабаленка има 22 титули во поединечна ...

Во вечерашното извлекување на играта на среќа Лото 7 од 37, кое се емитува на Канал 5 телевизија, беше извлечена главната премија – 7-ка. Среќниот добитник во 18-тото коло освои 78.522.512 денари, односно околу 1.280.000 евра, а добитното ливче е уплатено во Кавадарци. Добитната комбинација е: 10, 1, 8, 4, 5, 2, 11, односно 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11. Со шест погодоци беа регистрирани 15 добитни комбинации, а секоја од нив ќе добие по 31.707 ...

Српските медиуми објавуваат за можни цели на Иран во следниот период, а за Македонија ова е важно што една од нив се наоаѓа на 65 километри од Скопје.Тоа е базата Бондстил на Косово. Иранските ракети веќе ја нападнаа британската база Акротири на Кипар, а нивниот арсенал вклучува ракети со дострел е исто така половина од Балканот со американски бази во Грција, Бугарија, Романија, како и Бондстил на Косово. Извор: Republika.rs Српските медиуми ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
71%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
56%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.91
86%
1017
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
78%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
75%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
57%
1014
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Рутениум

56199.51

Паладиум

44753.84

Платина

61858.04

Цинк

0.00

Злато

144593.23

Сребро

2179.44

Родиум

358480.82

Калај

43.91

Бакар

10.65

Кобалт

3.86

Алуминиум

3.19

Иридиум

258288.78