Во Музејот на современата уметност – Скопјe на 4 март, со почеток во 19 часот, свое предавање ќе одржи Зденка Бадовинац, кураторка со меѓународен углед и иницијаторка на првата источноевропска уметничка колекција, „Артист 2000+“ во „Модерна галерија“, Љубљана. Предавањето со наслов „Колекција како алатка“ е дел од програмата во рамките на меѓународната групна изложба „Истокот e сè уште можен“, на дела од колекциите на МГ+МСУМ, Љубљана, и ...

– Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска го победи тимот на Њу Орлеанс дома во натпревар од регуларната сезона на НБА со 110:101. Најдобар стрелец на натпреварот беше Лука Дончиќ, кој забележа дабл-дабл со 27 поени и 10 скока. Словенецот имаше и седум асистенции. Лејкерси (37 победи, 24 порази) го добија својот трет натпревар по ред и се шести во Западната конференција на НБА. Њу Орлеанс (19-44) е 13-ти на Запад. – Екипата на Лос Анџелес ...

Музејската едукативна сликовница „Македонките во битка – вистински приказни“, од авторките Ана Вишинова, музејски едукатор, и Даниела Митевска, кустос, ќе биде промовирана во Музејот на македонската борба за самостојност во денеска на 4 март, со почеток во 12 часот. Посветена е на македонските жени – ајдутки, комитки и партизанки, жени кои никогаш не биле пасивни набљудувачи на историјата, туку активни учесници во борбата за човекови права и ...

Вкупно 25 возила одзела полицијата при контроли во сообраќајот на подрачјето на СВР Охрид од почетокот на имплементација на измените во Кривичниот законик, односно од 1 февруари, информира за МИА портпаролот Стефан Димоски. За „Безобѕирно управување моторно возило“, според информацијата, 11 возила се одземани во Струга, седум во Кичево, шест во Охрид и едно во Дебар. За управување моторно возило без возачка дозвола одземани се 12 возила, со ...

Градежништвото повторно со двоцифрен раст – објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил и додаде дека има силна динамика во изградба на капиталните проекти. – Раст од 14,6 отсто бележиме во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатите, железницата, регионалните и локалните патишта и голем број комунални проекти. Двоцифрена стапка на раст од 14,6 отсто во градежниот сектор има во ...

На 4 март го одбележуваме Светскиот ден за подигнување на свеста за хуманиот папилома вирус (ХПВ) – еден од најчестите вируси што се пренесуваат по сексуален пат и главен причинител на карцином на грлото на матката. Овој ден е потсетник дека станува збор за сериозен, но, превентабилен здравствен проблем, соопштија денеска од Македонската асоцијација на гинеколози и опстеричари (МАГО). ХПВ претставува група од повеќе од 200 типови вируси, од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави оти воопшто не е загрижен доколку Иран донесе одлука да го бојкотира настапот на Светското фудбалско првенство кое ова лето ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Иранската фудбалска репрезентација беше меѓу првите кои се квалификуваа за Светското првенство, но по координираните американско – израелските напади врз Иран, прашање е дали земјата ќе настапи на мундијалскиот турнир. Паралелно со ова, ...

Шпанската влада одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја „прекине целата трговија“ со Шпанија, која ја нарече „ужасен“ сојузник поради наводнота несоработка околу воените бази. Во соопштението, извршната власт изјави дека ако Вашингтон сака да ги преиспита трговските односи, „ќе мора да го стори тоа почитувајќи ја автономијата на приватните компании, меѓународното право и билатералните договори меѓу Европската ...

Децата во Македонија на возраст од 6 до 9 години јадат најмалку овошје и зеленчук во Европа за разлика од своите врсници. Вкупно 31,2 отсто од децата во Македонија имаат зголемена телесна тежина, а 13,7 отсто од нив живеат со дебелина, што е над просекот на европскиот регион, 25 проценти и 11 проценти соодветно, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на одбележувањето на Светскиот ден на дебелината, 4 март. ИЈЗ ги објави наодите од ...

Во издание на издавачката куќа „Илика“ излезе книгата „Скриениот човек“ каде се собрани три новели од Андреј Платонов, што воедно е и првата книга во нивната нова едиција „Класици“. Преводот од руски на македонски јазик е направен од Милена Николовска. Во книгата „Скриениот човек“ се собрани три новели од обемниот опус на Андреј Платонов: „Скриениот човек“, „Враќање“ и „Реката Потудањ“. Платонов е современик на Хармс, Шаламов и Булгаков, а ...

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска, на 4 март во 12 часот е закажана промоцијата на новиот роман на македонската писателка Лидија Димковска „Тринаесеттиот“. Овa е прв роман за деца и млади од авторката која важи за една од најпреведуваните домашни писателки и е добитничка на многубројни домашни и меѓународни награди, меѓу кои се и наградата на Европската Унија за литература, германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, ...

Саудискиот фудбалски клуб Ал Наср демантираше вечерва дека Португалецот Кристијано Роналдо ја напуштил Саудиска Арабија со својот приватен авион по иранскиот напад со беспилотни летала на американската Амбасада во Ријад. Паралелно со ова, добро информираниот новинар Фабрицио Романо, исто така, ги нарече неточни информациите дека Роналдо заедно со семејството го напуштил Ријад и се вратил во Мадрид. Романо објави дека станува збор за лажна ...

Цените на нафтата продолжија да растат и денес, при што цената на брент нафтата надмина 84 долари за барел, под влијание на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и стравувањата од нарушување на глобалните енергетски испораки. Според податоците од меѓународните пазари, брент нафтата порасна за околу 3,3% и достигна 84,07 долари за барел, додека американската WTI сурова нафта се зголеми за околу 3% и достигна 76,8 долари за барел. Во ...

По повод Меѓународниот ден на жената, Амбасадата на Италија во Скопје организира специјална вечер посветена на трансформативната моќ на женското лидерство, на која ќе се прикажува документарниот филм „Ni Primera Ni Dama – The Last First Lady“ (2025) на италијанската режисерка Barbara Cupisti. Овој впечатлив и актуелен филм го истражува односот меѓу родот, моќта и демократијата преку искуството на Ирина Караманос, антрополог и политичка ...

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека поранешната влада предводена од СДС, во периодот кога лидер на партијата беше Зоран Заев, му доделила македонско државјанство на рускиот олигарх Александар Онишченко. Од партијата тврдат дека Онишченко е лице осудено на 15 години затвор за перење пари и корупција, како и поранешен пратеник од проруската политичка структура на екс-претседателот на Украина, Виктор Јанукович. Според ...

Дуаби сто посто има лоша карма. Откако најславниот инвеститор од Македонија замина таму глава не можат да кренат. Еве сега ги снајде и војна. Каде сега ќе се организираат славните пијанки со Харис Џиновиќ, мора да бараат нова луксузна дестинација. Еве можеби во Кенија, ќерката и сопругата веќе беа на сафари да го припрепат теренот. 24-тата епизода од новата сезона на „5 минути со Чавез“ ги посветуваме на инвеститорите со златни визи. Дуаби ...

Потребни состојки: – 750 мл млеко (три шолји) – 1 лажица сув квасец – 2 лажици шеќер – 250 мл масло (една шолја) – 1 кг брашно – сол Подготовка Во сад измешајте млако млеко и сув квасец и промешајте. Во друг сад комбинирајте шеќер, сол и масло. Додајте го млекото и повторно промешајте па постепено додавајте брашно. Важно е да не го додадете сето брашно одеднаш. Месете додека не добиете меко и еластично тесто кое многу малку се прилепува за ...

Бевме почестени со покана од кабинетот на претседателката поради нејзиното воодушевување на нашата инцијатива (која таа ја поздравува) да се заштитат и зачуваат во светски размери особеностите на Македонските ритми и нивната уникатна примена, објави на својот фејсбик профил Гаро Тавитјан. За прв пат во македонската и светската историјата во делот на македонската ритмика успеав на светски платформи (Американски и Европски) и во најпрестижните ...

Градежништвото повторно со двоцифрен раст, објави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој додаде дека има силна динамика во изградба на капиталните проекти. -Раст од 14,6% бележиме во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатите, железницата, регионалните и локални патишта и голем број комунални проекти. Двоцифрена стапка на раст од 14,6% во Градежниот сектор има во четвртиот квартал од 2025 година што само ...

Државниот завод за ревизија при ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците за 2024 година констатирал кусоци на материјални средства, вклучувајќи 30 преносни компјутери, исплата на 61 процент на име плата на вработените без да се обезбедат податоци за нивното присуство на работа и точење нафтени деривати во возила за кои не може да се потврди дека се во сопственост на Министерството. ДЗР денеска на својата веб страница објави ...

ФАНТАЗИ Fantasy Кукла Кешеровиќ / Словенија, Македонија / 2025 / 98 мин Михрије, Сина и Јасна се најдобри пријателки во раните дваесетти, кои живеат во Словенија. Машкуданки се и одбиваат да се вклопат во конзервативниот систем во кој живеат. Светот комплетно им се менува кога ја запознаваат Фантази, трансродова жена. Заедно, тргнуваат на патување што ги истражува прашањата на родот, поривите и самооткривањето. Проекции Среда, 4 март20:00 ...

Барселона синоќа го победи Атлетико Мадрид со 3:0 во реваншот од полуфиналето на Купот на кралот. Натпреварот се одигра на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона. Сепак оваа победа не им беше доволна на Каталонците за вкупен триумф, па Атлетико оди во финалето. Фудбалерот од средниот ред Марк Бернал го отвори резултатот во 29. минута. Крилниот напаѓач Рафиња реализираше пенал кон крајот на првото полувреме за да го дуплира водството на домашниот ...

Иранската револуционерна гарда денес соопшти дека го контролира Ормутскиот теснец, клучен превозен пат за нафта и гас, и дека секој брод што се обидува да помине низ водниот пат ризикува штета од ракети или залутани дронови. Моментално, Ормутскиот теснец е под целосна контрола на морнарицата на Исламската Република, изјави Мохамад Акбарзаде, официјален претставник на морнарицата на Револуционерната гарда, во соопштение објавено од новинската ...

Во фоајето на Театар Комедија е поставена изложбата на фотографии од театарските и филмските улоги на великанот Дарко Дамевски – уметник чие творештво остави длабока трага на сцената што денес гордо ја носи ансамблот на Театар Комедија. Изложбата, реализирана во соработка со Мони Дамевски, Сотароски Саша и Виктор Семенпеев, ќе биде достапна за посетителите во текот на март и април, како сведоштво за богатото актерско наследство и трајниот ...

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ попладне ќе се одржи комеморација во чест на поетот, писател, преведувач и издавач Тихомир Јанчовски. Јанчовски (1967-2026) дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во 1991 година, по што специјализирал во Будимпешта, на Катедрата за средновековни студии на Централноевропскиот универзитет. Во 2010 година магистрирал современа историја ...

Книгоиздателството „Макавеј“ со особено задоволство ја најавува објавата на новиот роман на Жан Илиески, насловен „Баба Илка“. Ова дело претставува емотивно патување низ ходниците на сеќавањето, каде што детската љубопитност се среќава со суровата реалност на животот. Низ призмата на три летни распусти на едно 7-годишно момче и неговата сестра кај нивната баба во Прилеп, авторот Жан Илиески ја отсликува атмосферата на едно минато време – ...

Основен проект за изградба на Музеј на отворено во водите на Дојранското Езеро, по примерот на охридската наколна населба, ќе се изработи оваа година. Проектот кој предвидува реконструкција на праисториска наколна населба е дел од годишната програма за работа на надлежниот Завод за заштита на споменици на култура и Музеј од Струмица и за него се издвоени 600 000 денари. Археологот Зоран Рујак од струмичкиот Завод и музеј, кој во изминатите ...

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени. Во Скопје, ...

Уставниот суд денеска ќе ја одржи 3. седница на која предвидено е да се дискутира по девет иницијативи за оценување на уставност и законитост. Седницата, како што е најавено, јавноста првпат ќе може да ја следи во живо, преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот. Уставниот суд претходно соопшти дека со ова започнува историски исчекор кон целосна институционална отвореност, отпочнувајќи ја најголемата реформа во областа на ...

Американска база во Катар е погодена утрово. Според Министерството за одбрана на Катар, Катар бил цел на две ирански балистички ракети. Една од овие ракети била пресретната од катарските системи за воздушна одбрана, а другата ја погодила американската воздухопловна база во Ал Удајд – најголемата американска база во регионот. Американска база во Катар е погодена утрово. Според Министерството за одбрана на Катар, Катар бил цел на две ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
4.63
69%
1014
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.51
90%
1017
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
79%
1015
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
78%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
66%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
70%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 6ᴼ
1.54
57%
1015
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Платина

61858.04

Рутениум

56199.51

Злато

144593.23

Калај

43.91

Родиум

358480.82

Кобалт

3.86

Цинк

0.00

Алуминиум

3.19

Иридиум

258288.78

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84