Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Министерот за одбрана Владо Мисајловски, по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената испрати честитка до сите жени, припаднички во составот на македонската Армија и во Министерството за одбрана. Жените се незаменлив дел од системот на одбраната и безбедноста. Со својата професионалност, посветеност и одговорност, тие секојдневно придонесуваат за јакнење на капацитетите на Армијата и за заштита на безбедноста на нашите граѓани. Нивниот ...
Консензус за наследник на убиениот ирански врховен лидер ајатолах Али Хамнеи речиси е постигнат, изјави денеска член на Собранието на експерти ајатолахот Мохамедмехди Мирбакери, пренесе иранската новинска агенција Мехр. Тој наведе дека сè уште треба да се решат „некои пречки“ поврзани со процесот на избор на нов врховен лидер. Иранските медиуми јавија дека телото задолжено за именување на новиот врховен лидер имало одредени несогласувања ...
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче во изминатиот период се обидувале да шират паника во јавноста преку, како што велат, „измислени теми“, со цел да освојат политички поени. Од партијата наведуваат дека една од тие теми била тврдењето за наводно носење мигранти од Велика Британија во земјава. „Оваа лажна конструкција на СДС беше демантирана од сите релевантни институции и беше јасно потврдено дека не постои никаков план ...
ССНМ и Женската медиумска мрежа „Еднаква“ по повод Меѓународниот ден на жената ја истакнуваат улогата на новинарките во одбраната на јавниот интерес и потребата од поголема родова еднаквост во медиумската индустрија. Тие се приклучуваат на меѓународната кампања „Тие сепак известуваат, не можете да ги замолчите“, повикувајќи на поддршка и заштита на жените во медиумите, се вели во соопштението од ССНМ, кое МИА го објавува интегрално. На ...
Тоа утро прв пат после дваесет години, Мајк не стана точно во седум часот. Лежеше оптегнат во својот кревет како македонски пратеник во Собрание, доколку немате ништо против метафори. И додека надвор зимата ги зариваше своите остри заби во вратот на магличавиот Оукланд, Мајк не знаеше како да продолжи со својот живот. Триесет минути доцнење на Балканот се смета за непотребно брзање. Ама тука во Нов Зеланд, тоа е првиот симптом за консултација ...
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ, наместо со политики, се служи со копирани кампањи и политички перформанси, реагирајќи на вчерашната прес-конференција на Каја Шукова. Во соопштението од партијата се наведува дека СДСМ, според нив, „се претвора во шоу за имитација“, тврдејќи дека настапот на Шукова бил преземен од кампањи веќе видени во регионот. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ваквиот пристап, како што велат, нема врска со македонската реалност и ...
Силна експлозија денеска одекна пред зградата на амбасадата на САД во главниот град на Норвешка, Осло, предизвикувајќи помала материјална штета, но без жртви и повредени, соопшти норвешката полиција. Експлозијата се случила во комплексот на американската дипломатска мисија во западниот дел на Осло околу 1:00 часот по локално време. – Можеме да потврдиме дека ударниот бран од експлозијата беше во американската амбасада – изјави портпаролот на ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка до сите жени по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, изразувајќи благодарност и почит за нивната сила, посветеност и придонес во општеството. Во честитката, Гаши истакнува дека 8 Март е потсетник на значајната улога на жените во јавниот и општествениот живот и нагласува дека нивниот придонес е непроценлив во секоја сфера. „Овој посебен ден ни дава можност да ја истакнеме важноста ...
Меѓународниот ден на жената – 8 март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк со барање за поголеми права, одржан на овој датум во 1857 година. Обединетите нации почнаа да го чествуваат овој ден од 1975 година, а две години подоцна Генералното собрание на ОН ги повика земјите членки да го прогласат 8 март за официјален празник на Светската организација посветен на правата на жените и светскиот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Вашингтон официјално ја призна актуелната венецуелска влада за легитимна, јави ДПА. Ова шефот на државата го истакна во своето обраќање пред лидерите на земјите од Латинска Америка и Карибите, собрани на самит во американската сојузна држава Флорида. – Задоволство ми е да објавам дека оваа недела официјално ја признавме венецуелската влада. Всушност, законски ја признавме – рече Трамп ...
Eвакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, ќе започне денеска, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Од Министерството информираа дека склучиле договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да ...
Денес ќе ми подадат ружа. Ќе ми кажат „среќен празник“. Ќе ми зборуваат за силата на жената. А јас мислам на жените што не го дочекаа овој ден. На жена што седум години била кршена – полека, систематски, пред очи на институции што „постапувале“. Седум години. Седум 8-ми Мартови во страв. На жена кон која се пука во сопствениот дом. На ќерка и татко убиени од поранешен партнер, па уште една смрт во истиот круг на насилство. Животи уништени во ...
Koj вели дека големите концерти се резервирани само за пејачите од регионот? Дека македонската публика сака домашни изведувачи доказ е вчерашниот концерт на Влатко Лозановски во „Борис Трајковски“. Полна сала пее македонски хитови. Лозано има глас, песни, а фановите тоа му го возвраќаат пеејќи заедно со него. Не се само песните, туку настапот беше збогатен со танчерки и неколку гости. Мики Јовановски-Џафер, Александра Јанева и Пере Нокаут. ...
Градоначалникот на општина Чаир и еден од лидерите на политичкото движење ВЛЕН, Изет Меџити, информираше дека по посетата на Преказ, престојувал во Приштина каде што остварил средба со премиерот на Косово, Албин Курти. Меџити на социјалните мрежи објави дека средбата се одржала во вилата на Баци Рифат во главниот град на Косово, при што биле разменети мислења за актуелните политички теми и за соработката меѓу Албанците во регионот. „По ...
Со својот оптимизам и енергија, родените во овие знаци лесно го привлекуваат вниманието и симпатиите на околината. Некои хороскопски знаци природно пленат со својата харизма и ведар дух, станувајќи омилени во секое друштво. Тие носат позитивни вибрации каде и да се појават и често се центар на вниманието. Еден од нив е Лавот. Родените во овој знак се социјални, самоуверени и љубезни, а нивниот ентузијазам и топлина ги прави посакувани гости ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во видео порака изјави дека војната против Иран ќе продолжи „без прекин и без компромис“. Тој изјави дека Израел има „организиран план со многу изненадувања“ за следната фаза од конфликтот, со цел, како што рече, дестабилизација на режимот и иницирање промени. Обраќајќи се на членовите на Иранската револуционерна гарда, Нетанјаху рече: „Вие сте исто така на нишан. Кој ќе го положи оружјето, ништо нема да ...
Советот на експерти – тело одговорно за избор на врховниот лидер на Иран – треба да се состане во следните 24 часа за да го одреди наследникот на ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во израелско-американските напади, јави новинската агенција „Фарс“. Со божја помош, оваа седница ќе се одржи во следните 24 часа – изјави Хосеин Мозафари, член на 88-членото Собрание, повикувајќи ја јавноста да се воздржи од шпекулации и ширење гласини. Процесот ...
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ повторно пласира дезинформации, откако британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, ги демантирал тврдењата дека постои договор за мигранти. Од партијата велат дека, според нив, СДСМ во изминатите години изнел низа неточни ветувања и тврдења. „Лажеа дека постои договор за мигранти, го сменија името на брутален начин, потпишаа договор со Бугарија кој е капитулантски и предавнички, лажеа дека буџетот е празен, ...
Министерот за транспорт, Александар Николоски, оцени дека „како меур од сапуница“ се распрснала, како што рече, лагата за „мигранти за пари“, откако британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, изјави дека британската влада ниту преговарала, ниту има намера да наметнува решенија што би биле неприфатливи за македонската влада. Во објава на социјалните мрежи, Николоски посочи дека со Велика Британија Македонија има Договор за стратешко ...
Европската комисија упати остри критики до украинскиот претседател Володимир Зеленски поради неговите неодамнешни закани упатени кон унгарскиот премиер Виктор Орбан, нарекувајќи го таквиот вокабулар „неприфатлив“. Портпаролот на Комисијата, Олоф Гил, изјави дека ЕУ е многу јасна по ова прашање и дека не смее да има закани против земји-членки. Реакцијата на Брисел уследи по изјавата на Зеленски во која тој сугерираше дека доколку Орбан не го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи употреба на ракети во борбата против наркокартелите, за време на неговиот говор пред латиноамериканските лидери собрани на самитот во Дорал, Флорида. – Ќе користиме ракети. Сакате ли да користиме ракети? Тие се исклучително прецизни. Директно во дневната соба – и готово е со тој член на картелот – изјави Трамп на почетокот на средбата. Тој најави и формирање на нова меѓународна воена коалиција ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска порача дека неговата земја мора да победи во борбата со Украина за повторно отворање на нафтоводот „Дружба“ нарекувајќи го тоа „егзистенцијално прашање“ за државата. Орбан истакна дека унгарската стратегија е веќе во сила и изрази уверување дека ќе даде резултати уште пред претстојните избори. Никогаш нема да се согласиме под притисок на уцени. Тие попрво ќе останат без пари отколку што ние ќе останеме ...
Ви го откриваме најдобриот рецепт за посен гулаш на вода Гулашот е омиленото јадење во многу кујни, но ако сакате полесен и посен оброк, верзијата со печурки на вода е совршена. Овој гулаш е богат со вкусови, ароматичен е и заситува, а истовремено е и лесен за варење. Одличен е за деновите кога се пости, но и за сите што сакаат поздрав оброк без месо. Состојки: 500 г свежи печурки (шампињони или мешавина од шампињони и вргањ) 1 поголем кромид ...
Парите им се лепат за рацете на овие 2 хороскопски знака – од пролет живеат без да се грижат за парите. Овие два знака ќе уживаат во период на финансиски просперитет почнувајќи од пролетта. Ѕвездите укажуваат дека им се отвораат неочекувани можности за дополнителна заработка, а инвестициите и бизнисите што ги започнуваат сега можат да донесат значителен профит. Вистина е за нив – парите им се лепат за рацете и можат да планираат за иднината ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не ја исклучува можноста Унгарија да ги прекине испораките на електрична енергија за Украина, по прекинот на дотокот на руска нафта кон земјата преку нафтоводот Дружба. Орбан посочи дека досега избегнувал ваков потег поради загриженоста за етничките Унгарци кои живеат во Украина, но предупреди дека актуелната ситуација ја доведува во прашање енергетската соработка меѓу двете земји. „Наш непријател ...
Силни експлозии се слушнале денеска во Манама, главниот град на Бахреин, во услови на продолжени ирански напади врз соседни арапски земји од Персискиот Залив, како одговор на израелско-американската офанзива. Медиумите известуваат дека во градот се слушнале најмалку пет експлозии. Во меѓувреме, Обединетите Арапски Емирати соопштија дека се соочуваат со нов бран напади со дронови и ракети од страна на Иран. „Противвоздушната одбрана на ...
Денеска во 13:35 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи беше примена пријава за повредено женско лице, државјанка на Италија, на Шар Планина во близина на Доброшките Езера. По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш стапи во контакт со надлежните институции и беше покрената спасувачка акција. Поради комплексноста и непристапноста на теренот, за интервенцијата беше ангажиран хеликоптер од Министерството за ...
Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон ги демантира тврдењата дека постојат и дека постоеле преговори меѓу Лондон и Скопје за прифаќање мигранти. Во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, Лосон истакнува дека британската влада ниту преговарала, ниту има намера да наметнува решенија што би биле неприфатливи за македонската влада. Нагласува дека таков договор не постои и никогаш не постоел. Во разговорот, амбасадорот се осврнува и на ...
Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Јавното обвинителство и му одреди мерка притвор на сопругот осомничен за физичко малтретирање и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана Јовановски. Одлуката ја донел судија на претходна постапка, кој ги прифатил аргументите на обвинителството дека постојат законски основи за изрекување на најстрогата мерка за обезбедување присуство. Според информациите од Судот, притворот е ...
Силни експлозии се слушнале денеска во Манама, главниот град на Бахреин, во услови на продолжени ирански напади врз соседни арапски земји од Персискиот Залив, како одговор на израелско-американската офанзива, пренесе МИА. Медиумите известуваат дека во градот се слушнале најмалку пет експлозии. Во меѓувреме, Обединетите Арапски Емирати соопштија дека се соочуваат со нов бран напади со дронови и ракети од страна на Иран. „Противвоздушната ...