Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Партнерството со Словенија преку проектот „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија“ продолжува и во периодот 2026–2028. „Во Словенија секогаш гледаме силна поддршка за нашата интеграцијата во ЕУ, а преку конкретната соработка во образованието и во здравството, како и преку пренесување на добри практики, овој сложен процес можеме многу полесно да го реализираме“, рече министерката ...
Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија ја информира јавноста дека, по спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, за директор на МРТ е избран Зоран Ристоски. Во постапката беа разгледани вкупно шест пристигнати кандидатури. Изборот беше направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа, при што гласањето се одвиваше по принцип на анонимност – ...
Белата куќа составила список на „непослушни“ земји членки на НАТО, пишува „Политико“. Според изданието, на списокот се вклучени земји кои одбија да ги поддржат САД во војната со Иран. Во исто време, самите службеници на американската администарција не знаат точно како ќе ги казнат „лошите“ земји. Се чини дека немаат јасни идеи кога станува збор за начините за казнување на лошите сојузници. Преместувањето на трупите од Еропа е една опција, но ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска го очекува извештајот за нерегуларностите утврдени на Филозофскиот факултет на УКИМ, на кој на студенти со тригодишни стручни студии во измиантите седум години, спротивно на законот, им било овозможено да запишуваат магистерски и докторски студии. По извршениот вонреден надзор иснепкторите донеле решение, по кое Филозофскиот факултет постапи, да им се прекинат студиите односно да им ...
Факултет за медицински сестри ќе биде отворен во склоп на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, за кој законот е подготвен од пратеници и од Министерството за образование и наука. Министерката за образование Весна Јаневска очекува тој да биде многу бргу усвоен, со што за медицинските сестри, акушерки и физиотерапевти ќе има и академски студии и тие потоа ќе може да продолжат на академски студии од втор и од трет циклус. Отворањето ...
На денешната интернационална конференција посветена на одржливи системи и бизнис трансформации, заменик-министерката за европски прашања истакна дека зелената и циркуларната економија повеќе не се концепт на иднината, туку реалност која веќе активно се применува. Преку усогласувањето со европските политики, ние не само што ги прифаќаме стандардите, туку создаваме услови за долгорочен економски раст базиран на одржливост,“ беше нагласено во ...
Новиот Закон за безбедност во сообраќајот во Грција воведува построги санкции за прекршоци поврзани со безбедноста на патиштата, проширувајќи ја одговорноста не само на возачот, туку и на патниците во возилото, пишува „Плусинфо“. Изменетиот закон, кој е на сила веќе неколку месеци, во комбинација со зголемени полициски и сообраќајни контроли, ја покажува јасната намера на властите да го подобрат однесувањето на учесниците во сообраќајот и да ...
Од полноќ, малопродажната цена на течниот нафтен гас (ТНГ) е намалена за околу 5 денари по литар, како резултат на координирана мерка насочена кон заштита на животниот стандард и стабилизирање на пазарот на енергенси. Како што информираше владината портпаролка Марија Митева, компанијата Макпетрол ја намали цената на плинот од 59 на 54 денари по литар. Паралелно, во трговијата на големо е регистрирано намалување од 10 денари по килограм, што ...
Денеска во Министерството за одбрана ги отворивме билатералните македонско-американски одбранбени консултации со делегацијата од САД, предводена од заменикот-помошник секретар во Пентагон, Дејвид Бејкер и вршителот на должност амбасадор, Никол Варнс. Го потврдивме долгогодишното пријателство и стратешко партнерство меѓу двете земји, со заедничка посветеност кон зајакнување на безбедноста и стабилноста, како и кон унапредување на одбранбената ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, во изјава за медиумите остро ја критикуваше политиката на СДСМ, обвинувајќи ја за, како што рече, „синхронизирано делување со структури од Бугарија“ во врска со прашањето за државјанствата. Од авион се гледа синхронизираноста на темата за државјанствата меѓу структури од Бугарија… за разлика од патриотизмот и непопустливоста на ВМРО – изјави Лефков, додавајќи дека СДСМ, според него, води „поданичка ...
Драмски театар Скопје со претставата „Болва в уво“ во режија на Синиша Евтимов гостува во Тиват, Црна Гора. Изведбата ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура во Тиват, како дел од програмата на црногорскиот регионален театарски фестивал РУТА. Фестивалот го отвори директорот на Центарот за култура во Тиват, Горан Божовиќ, истакнувајќи дека учеството на реномирани професионални театри од Белград, Загреб, Љубљана, ...
ЕУ ЦЕЛОСНО НЕ ПОДДРЖУВА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГОЛЕМИТЕ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ, ЗАЕДНО ГРАДИМЕ АВТОПАТИШТА И ЖЕЛЕЗНИЦА, пишува на Фејсбук, министерот за транспорт, Александар Николоски. Зборуваме за сериозна реализација на проекти, зборуваме за развојот на Коридор 8, витален коридор, коридор кој НАТО го прогласи за втор најзначаен безбедносен коридор. 🛣 Проектите се реализираат со добра динамика, во делот на автопатското поврзување го ...
По повод Светскиот ден на книгата, на 23 април (четврток), со почеток во 18 часот во Кино Манаки во Битола, ќе биде промовирана книгата за деца „Низ детските очи“ од авторката Маја Богоевска. Станува збор за нејзино прво дело наменето за најмладите читатели – збирка од 26 раскази за деца на возраст од 5 до 8 години. Преку внимателно избрани теми и топол наратив, расказите го отсликуваат детското секојдневие, нивната љубопитност и чиста ...
Пржинската влада мора да остане, во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за Изборниот законик, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче на прес-конференција во Собранието нагласи дека со целосно автократскиот манир на владеење на актуелната власт, пржинската влада е единствен контролен механизам што гарантира фер и слободни избори. Овој целосно автократски манир на владеење на оваа власт што го гледаме е ...
Ова е момент кога еден град се гледа себеси со нови очи и кога ја гради својата иднина преку културата. Ова е можност да создадеме нова приказна за Скопје — приказна на отвореност, соработка и заедништво. Ова не е проект на институциите. Ова е проект на луѓето. На сите нас“, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков во своето воведно обраќање на конференцијата „Скопје — Европска престолнина на културата 2028“, што денеска се ...
Изградбата на патниот и железничкиот дел од Коридорот 8 ќе чини околу 5 милијарди евра, проектите за железничкото и за автопатското повзрување кај нас се одвиваат добро и се надевам дека со иста одговорност ќе работат и нашите соседи Албанија и Бугарија, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со претставници ...
За време на викендот и почетокот на следната недела ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер. Како што информира УХМР, од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви ...
На 22 април во периодот од 17 до 19 часот во рамки на програмата на Танц Фест 2026 во Битола, која се одржува со поддршка на Општина Битола, посетителите имаа ретка можност да ја видат програмата Moving Balkans Турнеа во Виртуелна Реалност и да се запознаат со ВР техника на презентации на современи танцови претстави. Програмата за виртуелна реалност се реализира во рамки на платформата Moving Balkans, составена од 11 партнери од регионот, ...
Во организација на НУ ЦК „Ацо Шопов” во Спомен собата на установата се одржa манифестацијата „Во чест на поетот”, посветена на Ацо Шопов, по повод 44 години од неговата смрт. Настанот е посветен на животот и творештвото на еден од најзначајните македонски поети и има за цел да придонесе кон негување и афирмација на неговото литературно наследство. Во рамки на манифестацијата беа доделени признанија за посебен придонес во афирмацијата и ...
Во Куќата на Робевци во Охрид вечер од 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Мила Добревска, со наслов „Наследена носија“, која, како што најави НУ Завод и музеј – Охрид, го пресликува духот на македонската жена, преточувајќи ги традиционалните вредности во нови обележја на современото однесување. -Наследените носии не се само облеката што ја носиме, туку и начинот на кој се претставуваме и како другите нè перципираат. Изложбата и ...
Без разлика дали сте ранобудник или го одложувате алармот наутро неколку пати, вашата утринска рутина може да направи голема разлика во вашите напори за слабеење. Она што го правите (или не го правите) пред да започне денот може или да ви помогне да се држите до вашиот план или да го отежни. „Создавањето здрава утринска рутина ви дава добар почеток за одржување на здрави навики во текот на денот“, вели регистрираната диететичарка Мелиса ...
Словачка од изутринава повторно почна да добива сирова нафта преку нафтоводот „Дружба“, соопшти Министерството за економија во Братислава. „Министерството за економија информира дека во 2:00 часот утрово повторно е воспоставен дотокот нафта во Словачка преку нафтоводот ‘Дружба’“, се наведува во соопштението. Нафтоводот „Дружба“ стана една од инфраструктурните постројки во Европа со силно политичко значење, откако во јануари беа запрени ...
Културата мора да стане двигател на урбаната трансформација и трајна основа за развојот на градот – порача градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на свечениот настан „Скопје – Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје – Култура, урбани политики и одржливи европски градови“ во рамките на Скопје – Европска престолнина на културата 2028. Во својот говор, тој ја нагласи историската можност што ја носи ...
Жена од Гостивар била жртва на агресивно однесување во сообраќајот од страна на маж кој подоцна и ја следел со возилото. На 22.04.2026 во 15:30 часот, во полициската станица во Гостивар, 51-годишна жена од Гостивар пријавила дека околу 12:00 часот на булеварот „Гоце Делчев“ била вознемирувана од Р.Б. од Гостивар, соопштија од МВР. Според пријавата, додека таа управувала патничко возило „фолксваген тигуан“, пријавениот со возило „форд“ се ...
Цените на нафтата денеска повторно бележат раст, трет ден последователно, во услови на кревко примирје на војната против Иран. Северноморската „Брент“ нафта за испорака во јуни поскапе за повеќе од еден процент во однос на вчера и достигна 103,23 долари за барел (159 литри). Американскиот претседател, Доналд Трамп, го засили притисокот врз Иран и, според медиумски извештаи, му дава на Техеран уште неколку дена да достави прифатлив предлог за ...
Во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје денеска во 11 часот организира настан со што ќе го одбележи овој ден. Ќе се обрати Јован Никчевски, директор на НУБ, како и амбасадорот на Шпанија, по што ќе се читаат песни од шпански автори. Ќе следува читање на македонската порака на авторот Иван Шопов. Во 13 часот, ученици од ОУ „Круме Кепески“ од Кисела Вода ...
Со денови пред изборите во Унгарија се ширеа шпекулации – од двете страни – дека на денот на изборите се можни инциденти. Од кабинетот на Орбан дури обвинија дека планираното место за собирот на партијата Тиса на Петар Маѓар – на релативно малиот плоштад Батањи на десниот брег на реката, е избрано намерно со цел собраните граѓани вечерта да ја запоседнат премиерската резиденција во замокот Буда. Од друга страна, од редовите на Тиса, се ширеа ...
Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за 10-ина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач, со што во текот на летото ќе почнат работите на терен – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската унија во Скопје. ...
На 23 април 2026 /четврток/ од 19.00ч. на камерната сцена во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се реализира концертот „Stefanijazz Project“, што е дел од годишната програма на НУЦК „Марко Цепенков“, со поддршка од Министерството за култура и туризам. Податоци за концертот: Концерт носи љубов кон музиката, искреност и стил кој спојува повеќе жанрови. Изведба на најистакнатите авторски композиции на Стефанија, преработени во современа џез фузија, џез-рок ...
МЕДЕНА ЗЕМЈА Honeyland Тамара Kотевска, Љубомир Стефанов / Македонија / 2019 / 90 мин Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, се соочува со предизвици кога многучлено семејство се обидува да ја преземе нејзината трговија со мед. Документарецот нуди визуелно маестрална нарација и ја истакнува одговорноста на човечките постапки кон природата. Проекции Четврток, 23 април20:00 Оригинален јазик 153 ден Улоги Атиџе Муратова, Назифе ...