Денеска во Битола учествував на првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот регион. Со присуството на сите 18 градоначалници, официјално започна оперативната фаза на регионалниот систем за управување со отпад. Ова е резултат на долгорочна, посветена работа и силна соработка меѓу општините, институциите и меѓународните партнери, со заедничка цел, а тоа е модерен, ефикасен и одржлив ...

Крај на една ера: Музичка телевизија што обликуваше генерации – MTV (music television) се гаси вечерва…. Во ноќта кога последните музички канали на MTV се гасат, се чини како да се прекинува сигналот што со децении го поврзуваше светот преку ритам, видеа и глас на уметници. MTV, првиот 24-часовен музички канал во светот, започна да се емитува во 1981 година со легендарната порака „Добредојдовте на MTV!“, симболично најавувајќи дека ...

Интензивно се работи на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Се користат современи техники за да се стабилизираат косините а што се однесува до свлечиштата најкритично е кај селото Ботун каде целата планина буквално се спушта. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Николоски истакна дека динамиката на градежните работи е одлична и очекува автопатот да биде пуштен во рамките на договорениот рок. На автопатот Кичево–Охрид се изведува ...

Зазиданите 350.000 евра се од продадена нива за фотоволтаици- тврди Адвокатот Давидовиќ Одбраната на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра најдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино немаат врска со него. Адвокатот Звонко Давидовиќ истакнува дека парите се од продаден имот за фотоволтаици вреден 400.000 евра, нотарски заверен договор, и уплатата е направена на сметка на мајката на судијата. Давидовиќ додава дека ...

Менка Пајкова – Колевска во своето сведоштво раскажува за тешкото детство што го минала како дете бегалец за време на Граѓанската војна во Грција. Таа со длабоки емоции се присетува на принудното напуштање на родниот дом, разделбата од семејството и неизвесноста што ја следела илјадници македонски деца во тој трагичен период од историјата. Нејзината приказна е сведоштво за страдањата, но и за силата и издржливоста на децата бегалци, кои и ...

Парите пронајдени во домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов, сума од 350.000 евра во банкноти од по 500 и 200 евра, според неговите родители, не биле негови, туку изјавиле дека лично тие ги заработиле од лозарство. Ова денес пред медиумите го кажа обвинителката Искра Хаџи Василева која го води предметот за противправно стекнување имот и перење пари против Ристов. Тоа го изјавиле родителите на Ристов дури откако биле пронајдени парите ...

На 20.01.2026 во 14:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за с.Русјаци, општина Македонски Брод, патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.С.С.(41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починала 41-годишната К.С.С. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на почината е дадено на обдукција. Со телесни повреди се ...

Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој доби мерка куќен притвор, изјави дека истрагата за противправно стекнување и прикривање имот е правно проблематична и не може да се примени врз судија. Во изјава за ТВ24, Давидовиќ посочи дека законската одредба на која се повикува Обвинителството се однесува на одговорни или службени лица во јавни установи, јавни претпријатија или органи што управуваат со државен ...

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, даде целосна поддршка на одлуката второто полугодие од учебната година да започне на 20 јануари. Таа истакна дека оваа одлука е неопходна бидејќи македонските ученици до 15-годишна возраст веќе имаат 900 наставни часови помалку во споредба со меѓународните стандарди. Според Јаневска, сите релевантни истражувања потврдуваат дека поголемата редовност во наставата е директно поврзана со ...

Распределбата на новите службени возила повторно предизвикува реакции во МВР Денес беше доставена писмена реакција до Министерот за внатрешни работи во врска со распределбата на новите службени возила. Според реакцијата, голем дел од возилата завршиле кај командирите и началниците, наместо кај полициските службеници на терен, каде што се најпотребни. Доколку не се прекине ваквиот начин на распределба, кој со години е практика во МВР, и да се ...

МВР го пронајде и санкционираше возачот кој управувал возило со 293 км/ч и видеото го објавил на социјалните мрежи Министерството за внатрешни работи, Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај веднаш презеде соодветни оперативни мерки и активности по објавено видео на социјалните мрежи на кое се гледа лице кое управува патничко моторно возило со брзина од 293 километри на час на автопатот ...

Во понеделник, на 24 ноември 2025 година, Високопреподобниот Архимандрит Серафим, придружен од дел од сестринството на Слепченскиот манастир „Свети Јован Претеча“ од Македонија, остварија топла и духовно возвишена средба со учениците од училиштето „Филип Втори“ – Пикрст. Уште при пристигнувањето, Архимандритот беше свечено пречекан со традиционално лепче од најмладите ученици – гест кој внесе радост и свечена атмосфера во училиштето. ...

Системот „Безбеден град“ ќе може да старува од 1 февруари, како што беше зацртано, бидејќи пратеничката група на Европскиот фронт предводена од ДУИ ќе го поддржи и со тоа власта ќе обезбеди двотретинско мнозинство за измените на Законот за прекршоци да помине во Собранието. Координаторката на пратеничката група на Европскиот фронт Рина Ајдари рече дека ќе гласаат за законот на седницата која се очекува да биде свикана за в петок, а доколку не ...

Две млади момчиња, на возраст од 20 и 26 години, завршија во болницата „8 Септември“ поради премрзнување, откако учествуваа во традиционалното фрлање на светиот крст во реката Вардар по повод празникот Водици. Иако биле пренесени во болница, нивната здравствена состојба е стабилна. Оваа година условите во реката беа особено предизвикувачки. Студената вода и високата воденост на Вардар го отежнаа пливањето и безбедното излегување на учесниците ...

На 19.01.2026 во 17:31 часот во СВР Охрид е пријавено дека на базен во хотел во Охрид се почувствувал продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот, по што четири лица добиле силна кашлица. Тие биле пренесени и задржани во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност. Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем во системот за циркулација на водата, по што овластена фирма извршила замена на системот. Се ...

Универзитет Скопје и пратеничката м-р Емилија Ангелова, потпретседателка на Комисијата за образование, наука и спорт во Собранието на Република Македонија, упатуваат искрени честитки до Мартин Гоџо од Варош кој годинава по трет пат го извади светиот крст од водите на Охридското Езеро, по повод големиот христијански празник Богојавление Водици. Како знак на поддршка и признание за неговата храброст, посветеност и почит кон традицијата, ...

Денеска, на големиот христијански празник Богојавление – Водици, на Плетварското езеро кај Прилеп се случи емотивен и незаборавен момент. Борис Трајков ја побара за своја животна сопатничка Ангела Јосифоска, токму на денот кој симболизира вера, надеж и нов почеток. „Мислам дека ова е многу свет ден и многу убав повод, па затоа сакав токму денес да ја запросам мојата девојка“, изјави Трајков. Тој додаде дека во осветените води на Плетварското ...

Струмица, 19 јануари 2026 – Во село Сушица, верниците денеска со лопати го бараа Чесниот крст, кој најверојатно пропаднал во земјата по традиционалното фрлање во реката. Настанот предизвика возбудување и голема возбуда меѓу присутните, кои веднаш почнаа да копаат на местото каде што мислеа дека крстот се наоѓа. Некои активно помагаа, други внимавале да не се повредат, соочени со студената вода и тежок терен. Свештеникот и присутните постојано ...

‎Во духот на христијанството, Богојавление – Водици во Охрид и оваа година ни овозможи да почувствуваме дека верата го обединува нашиот народ. ‎ ‎Илјадници верници и гости беа дел од овој свет и значаен ден, сведочејќи ја вековната традиција. Манифестацијата помина во прекрасна атмосфера, исполнета со молитва и искрена радост, покажувајќи дека Водици не е само празник, туку живо духовно наследство на нашиот Охрид ‎ ‎Честитки до најсреќниот ...

Денеска бев дел од свеченото одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид каде што Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро, положувајќи го светиот крст во нив. Водени од силната вера во благодатта на осветената вода и од вековниот обичај што го симболизира крштевањето на Исус Христос, голем број верници учествуваа во овој свет чин, со молитва и надеж за духовно ...

Македонците не сакаат странските работници на домашниот пазар на труд. Откако Владата ја утврди квотата за работни дозволи за странски државјани за 2026 година, со вкупно 10.000 ангажмани, бурни реакции од страна на граѓаните. Стравуваат за безбедноста со оглед дека овие работници ќе живеат и функционираат тука, што велат граѓаните во соседството. Многумина негодуваат дека на странските работници им се даваат и повисоки плати. Инаку работници ...

Две финансиски друштва во Скопје биле мета на крадци во текот на ноќта, информираа од Министерство за внатрешни работи. Кражбите се случиле во краток временски интервал, на две различни локации во главниот град. Првиот случај бил пријавен во 05:20 часот во СВР Скопје, кога било констатирано дека на подрачјето на Центар, во објект на финансиско друштво, сторителите насилно влегле и одзеле сеф со пари. Неполни 40 минути претходно, во 04:44 ...

Попладнево претреси во домот на судијата Ѓоко Ристов. Од Обвинителството соопштија дека во домот на судијата пронајдени се 350.000 евра кои биле соѕидани во ѕид. Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември беше осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, во континуитет интензивно се преземаат ...

Вчеравечер во пабот „Даблин“ во Охрид се одржа емотивен музички настап посветен на младиот фотограф и снимател Кристијан Љушев, кој трагично го загуби својот живот по пад во лифт-дупка во зграда што, според информациите, не била соодветно обезбедена — трагедија за која семејството и јавноста бараат правда. Настапот беше реализиран од охридскиот музичар Александар Јосифовски, познат на македонската јавност по учеството во „Ѕвездите на Гранд“, ...

Струмица има нова причина за гордост. Младата и талентирана Тина Русева го освои првото место на престижното музичко натпреварување „The Voice of Europe 2025“, оставајќи силен впечаток со својот вокал, сценски настап и емоционална интерпретација. Во силна конкуренција од учесници од повеќе европски земји, Русева успеа да се истакне и да стигне до самиот врв на натпреварувањето, добивајќи пофалби и од жирито и од публиката. Овој резултат ...

Македонската заедница во Австралија и годинава ќе го одбележи големиот христијански празник Водици, продолжувајќи ја традицијата далеку од татковината. Една од централните церемонии ќе биде организирана од Македонската православна црква „Света Петка“ во Рокдејл. Според најавите од црквата, чинот на фрлање на светиот крст ќе се одржи во морските води кај Kyeemagh Baths, каде што верниците ќе имаат можност да присуствуваат на осветувањето на ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната вонредна прес-конференција упати серија остри обвинувања до владејачката коалиција, посочувајќи на низа скандали, дупка во буџетот и злоупотреба на државните институции за партиски цели. Како еден од клучните примери за недомаќинско работење и корупција, Филипче ја посочи Државната лотарија. Тој јавно праша како и зошто оваа институција се користи за исплаќање на лица кои се активни на ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против маж и жена кои се товарат за помагање на сторител по извршено кривично дело, казниво според член 365 став 2 од Кривичниот законик. Според обвинението, на 9 јануари обвинетите со умисла му помогнале на тинејџерот, осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на повредена, да побегне од земјата. Тие пристигнале до домот на ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска (26 јануари 2026) упати јавен повик до сите инфлуенсери, јутјубери и влогери веднаш да го регулираат својот статус. Со законските измени, тие веќе не се само хобисти, туку официјални „даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање“ и мора да се впишат во Регистарот на Агенцијата. Оваа обврска произлегува од измените на медиумската легислатива донесени уште во јули 2023 ...

Учебната година во сите основни и средни училишта почнува на 20 јануари, потврди министерката за образование и наука Весна Јаневска при посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потврдија дека нема пречки за почетокот на наставата. Апелирам до родителите и учениците за редовно присуство, бидејќи студиите покажуваат дека редовните ученици постигнуваат подобри резултати – истакна ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.37
22%
1010
weather icon

Белград

35ᴼ / 35ᴼ
2.39
32%
1011
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
3.5
40%
1015
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
3.32
42%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
1.62
27%
1011
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
3.27
70%
1016
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
3.13
41%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
6.51
20%
1010
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.7
28%
1010
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
2.24
43%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
3.58
37%
1013
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 27ᴼ
5.13
46%
1009
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Кобалт

56.29

Сребро

2005.37

Калај

56.77

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Злато

137126.15

Бакар

13.54

Иридиум

252383.36

Паладиум

43435.66

Родиум

278103.96

Платина

55652.94

Алуминиум

3.27