По претставувањето на GPTs пред два месеци, односно можноста корисниците да создаваат изменети верзии од ChatGPT за различни потреби, сега истите се достапни од едно централно место. Од компанијата ја претставија продавницата за GPTs, GPT Store, на која веќе се достапни неколку милиони изменети верзии од ChatGPT, а истите се поделени во повеќе категории. Корисниците добиваат пристап до GPTs за пишување, програмирање, истражување, едукација, за ...

2023 година сигурно беше година на „стримање“, а првиот стриминг-сервис во регионот, Pickbox NOW, донесе извонреден избор на серии кои ги воодушевија гледачите и ги освоија критичарите. Во десетте неверојатни наслови публиката зачекори во различни жанрови, доживеа напнатост, хумор и ги истражи емоционалните длабочини. Откријте зошто овие серии заедно собраа повеќе од 120 светски и европски номинации. Ова се десетте најдобри серии во 2023 година ...

Во рамките на CES 2024, Intel ја претстави својата целосна серија на Intel Core 14th Gen процесори за десктоп и лаптоп компјутерите. Оваа серија е освежување до одреден степен на ланската 13та генерација, а посебно внимание привлекува целосно новата Intel Core серија која беше претставена со своите први U модели за потенките лаптоп компјутери. Во октомври минатата година Intel ги претстави првите три процесори од 14тата генерација за десктоп, а ...

Компанија од Калифорнија во САД, која досега воопшто не беше позната, претстави производ кој веќе привлекува доволно големо внимание на пазарот за да може да се каже дека ќе направи разлика на истиот. Rabbit го презентира нивниот производи наречен R1, кој може да се каже дека е нешто слично на џебна верзија на одамна достапните паметни звучници кои функционираат на основа на паметен асистент. Сепак, R1 е многу „попаметен“ и пофункционален, а за ...

Microsoft во текот на вчерашниот ден на кратко стана највредната компанија во САД, а местото го презеде од Apple. Ова сепак траеше доста кратко, па Apple се врати на позицијата после 1 час и 20 минути. Причината поради која Microsoft успеа да го направи ова се гледа во малиот пад на продажбата на iPhone, како и очекувањата дека iPhone 16 нема да придонесе кон измена на оваа ситуација. Овој телефон во главно ќе биде како ланските модели, па затоа ...

Galaxy Unpacked настанот, на кого ќе биде претставена Galaxy S24 серијата, ќе се одржи на 17 јануари, односно идната среда. Местото на настанот оваа година е Сан Хозе, а за тие кои не се таму, преносот во живо ќе биде достапен преку YouTube како и секоја година, со почеток во 19:00 часот. Повеќе пати досега можевме да прочитаме дека Samsung планира да се врати на претходната практика на поделба на чипот кој го користи според региони, па обично ...

Во рамките на CES 2024, Honda претстави нова серија на автомобили кои ќе бидат целосно електрични, а донесуваат и целосно преработен систем, како и дизајн. Серијата е наречена Honda 0 Series, односно Honda Zero, а со најавата беа претставени и две возила кои сега се само концепт, но во 2026 треба да има автомобили направени на основа на овој концепт. Двата концепт автомобили кои се претставени се Saloon, како седан возило и Space-Hub кое оди ...

Microsoft продолжува со интегрирање на генеративната вештачка интелигенција, односно ChatGPT стилот на алатки, каде и да стигне. Доказ за тоа е интеграција на ВИ во нивната Notepad апликација која не сум сигурен дека воопшто некој ја користи веќе. Оваа година ќе биде годината на вештачката интелигенција, а тоа е јасно од очекувањата за целосна нејзина интеграција во наредната верзија од Windows, а тука се и другите компании кои го прифаќаат овој ...

2023-та година беше прв пат што го отворивме повикот (прашалникот) за прибирање младински барања за одржлив транспорт за 2024 година. Прашалникот беше наменет за лица на возраст од 15 до 29 години (како што е наведено во Законот за млади на РСМ) и во него дадоа конкретни барања/предлози каде сакаат да ја видат промената во нивните општини. Целта на овој прашалник е да собере што е можно повеќе предлози и тие предлози што се соодветни и надлежна ...

Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба на Народната банка на Република Северна Македонија во периодот јануари-септември 2023 година, вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство со домашни и странски картички, изнесува 29,9 милијарди денари (3,3 милијарди денари просечно месечно) што претставува пораст од 18,2% во однос на истиот период минатата ...

Тоа што е AirDrop за корисниците на Apple, за корисниците на Google и другите Android ппроизводители е Nearby Share. Оваа функција беше претставена во 2020 година, а минатата година доби и апликација за Windows со што споделувањето на датотеките помеѓу уредите беше проширено и со компјутерите. Со оглед на големината на Samsung, односно бројот на корисници на нивните уреди, не изненадува што тие имаат посебно решение, а истото беше и потребно ...

Во рамките на CES 2024 Samsung претстави технологија која дефинитивно го привлекува вниманието и покрај се друго што е претставено или ќе биде претставено на познатиот саем во Лас Вегас. Од компанијата го претставија првиот во светот проѕирен MICRO LED екран кој слободно може да се каже дека потсетува како да е од научно фантастичен филм и ни дава претстава што може да очекуваме во блиска иднина. Екранот е презентиран заедно со проѕирни OLED и ...

Скопје, 9 јануари 2024 г. – Samsung Electronics Co., Ltd. денес ја сподели својата визија за тоа како технологијата за вештачка интелигенција (AI) ќе им овозможи на луѓето да уживаат во своите уреди поинтуитивно и поудобно од кога било досега. Презентирајќи ги овие идеи на прес-конференција на саемот CES® 2024, Samsung се здружи со клучните партнери за да ја претстави технологијата зад оваа визија и да објасни како новите производи и услуги ги ...

Apple Vision Pro, првиот уред за проширена реалност од компанијата, ја доби и официјално датата на достапност. Како што беше најавено и се очекуваше, Vision Pro требаше да почне да се продава од почетокот на оваа година, па датата на достапност е 2 февруари. Овој уред, кој од компанијата не го нарекуваат уред за проширена реалност, туку „просторен компјутер“, ќе им биде достапен само на корисниците во САД, а тие ќе можат да почнат со преднарачки ...

При крајот на минатата година судот во Калифорнија го паузира судењето против Google од страна на група на тужители поради постигнат договор помеѓу двете страни. Идниот месец треба да биде презентирано пред судот што е тоа што е договорено, доколку во меѓувреме нешто не се промени, по што ќе се знаат точните услови под кои ќе биде разрешена тужбата. Тужбата е поднесена од група на корисници од Chrome претставувани од страна на компанијата Boies ...

Како што беше планирано, Google од вчерашниот ден започна со вклучување на нивната „Tracking Protection“ функција во Chrome, која сепак има не баш реално име кога ќе се спореди со истата функција кај другите прелистувачи. Google Chrome не добива листа на „тракери“ кои ќе ги блокира, како и заштита од „fingerprinting“, па оваа новина се што прави е да ги исклучи „колачињата од трети страни“. Сепак, ова не е мала работа и истата значително ќе ја ...

Скопје, 5 јануари 2024 г. – Samsung Electronics Co. Ltd., денес ги најави новите гејмнинг монитори Odyssey OLED, кои ќе дебитираат на CES® 2024, најголемиот светски технолошки настан организиран од Consumer Technology Association (CTA)®, a кој ќе се одржи во Лас Вегас следната недела. Новите OLED модели нудат перформанси и визуелна јасност што гејмерите ја бараат од своите монитори, а ги вклучуваат моделите: Odyssey OLED G9 (Име на модел: ...

Решеноста на Microsoft да ја интегрира генеративната вештачка интелигенција во сите нивни производи, а тоа посебно ќе важи за оваа година, сега се гледа и во промена на Windows тастатурата после можеби 30 години. Тастатурите за Windows добиваат ново копче, Copilot, со чие притискање ќе се активира овој „асистент“ од компанијата. Засега ова копче ќе ја има само оваа функција, но ќе видиме во иднина дали ќе може да се комбинира како што е случајот ...

Можеби не толку легендарен како Renault 4, сепак и Renault 5 беше еден од повеќе познатите автомобили пред 50 години, а остана на пазарот до средината на деведесеттите. Во 2021 Renault најави дека планира да го врати овој автомобил на пазарот, но во модерна и целосно електрична форма. Сега автомобилот има и официјално име, а се очекува да биде официјално претставен идниот месец, па да започне со продажба до летото. Renault 5 E-Tech е новото име ...

За првпат по претставувањето на првиот iPad во 2010 година, Apple минатата година не претстави ниту една нова верзија од повеќето достапни модели денеска. Последните iPad компјутери беа претставени во 2022, односно беа претставени десеттата генерација од основниот iPad, петтата генерација од iPad Air, како и два iPad Pro модели. Причините за ова не се ни важни, тоа што е важно е што оваа година очекуваме од компанијата сериозно да надоместат за ...

При презентацијата на Pixel 8 телефоните, Google најави дека планира интеграција на Bard во нивниот Assistant, кој е дел од секој Android уред. Ова беше очекувано и во рамките на трендот минатата година на интеграција на генеративната вештачка интелигенција во сите производи од компаниите. Додека се чека на официјалното пуштање на новата верзија од Assistant, дечките од 9tо5Google имаат повеќе информации за што може да очекуваме. Преку ...

Досега „стравот“ од губење на работните места поради вештачката интелигенција обично беше од страна на тие кои пишуваат текстови, програмерите и слично. Сепак, вештачката интелигенција може да „дојде“ и по други извори на заработка, а едно од тие е на „инфлуенсерите“. Примери за способноста на генеративната вештачка интелигенција да генерира слики ги има многу, а доколку истите се искористат од страна на луѓе што знаат што прават, резултатот ...

Nvidia претстави посебна верзија од нивната најсилна графичка картичка GeForce RTX 4090, наречена RTX 4090D, која е направена да е послаба поради таквите ограничувања од страна на САД за компаниите кои извезуваат во Кина. „GeForce RTX 4090 D е дизајнирана за целосно усогласување со извозните контроли на американската влада“, рече Бераондо, додавајќи дека компанијата „интензивно се ангажирала со американската влада“ при развојот на чипот. – ...

За оваа година се очекуваат две поголеми новини кај Windows. Едната е поврзана со интеграцијата на вештачката интелигенција, а другата со конечно добар ARM чип кој треба да донесе добри перформанси и мала потрошувачка. Според неофицијални извори на Windows Central, два Surface модели, кои не беа надградена минатата година, ќе бидат главните кога се во прашање новините за Windows оваа година. Двата модели се Surface Pro 10 и Surface Laptop 6, ...

Samsung официјално го закажа настанот на кој ќе биде претставена наредната генерација од нивната најдобра серија на смартфони, Galaxy S24 серијата. Настанот со наслов „Galaxy Unpacked 2024: Opening a New Era of Mobile AI“ ќе се одржи на 17 јануари со почеток во 19:00 часот по македонско време. За разлика од претходните неколку години, оваа година настанот се одржува во Сан Хозе, а секако ќе биде пренесуван во живо преку YouTube каналот од ...

Во октомври минатата година, поради верувањето на Елон Маск дека естетски подобро изгледа, X мрежата го промени форматот на споделените линкови. Наместо, како што беше дотогаш слично на Facebook, од споделениот линк да бидат повлечени сликата, а под неа насловот и мал дел од текстот, X започна со прикажување само на сликата и доменот од страната врз неа. Иако корисниците можат да го стават насловот во самата објава, сликата обично не е баш ...

Mac никогаш не успеа да стане познат по изборот на игри, иако од компанијата се обидуваа да го направат тоа. Windows компјутерите отидоа во правецот на погодни за гејмерите, а има и причина зошто е тоа така. Кратко кажано, Mac дури и по префрлувањето на Intel чипови никогаш не доби сериозна поддршка за графички картички, па целната публика на овие компјутери останаа професионалците. Ова очекувано направи да гејминг студијата не ни планираат ...

Valve од почетокот на годината, поточно од вчерашниот ден, официјално ја заврши поддршката за постарите оперативни системи Windows 7, Windows 8 и Windows 8.1. Со тоа нивната Steam апликација за игри веќе нема да добива нови верзии на овие системи, а со тек на време корисниците нема да можат ни да ги играат игрите. Причината за ова е позната, се работи за постари верзии од Windows кои веќе не се поддржани, а поддршката е тргната и од страна на ...

По пуштањето на Microsoft Copilot апликацијата за корисниците на Android при крајот од минатиот месец, сега истата им е достапна и на корисниците на iOS, како и iPadOS, а оваа верзија може да се инсталира и на macOS. Апликацијата е иста како на Android, односно корисничкиот интерфејс на апликациите е ист со веб верзијата. Корисниците досега можеа да пристапат до алатката со вештачка интелигенција од Microsoft преку Bing апликацијата, но со ...

Група од 21 научник за првпат после повеќе децении успешно открива нова класа на антибиотици, нешто што е доста важно како откритие во време кога светот се соочува со резистенција на постојните од страна на бактериите. Очекувано, поради напредокот и популарноста изминатите година дена, откритието е направено со помош на вештачката интелигенција, поточно конкретни модели на таканаречено „длабоко учење“. Откритието, кое е објавено во магазинот ...

weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
73%
1013
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
5.21
90%
1016
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.34
89%
1005
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1006
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
100%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
11.32
85%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1015
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
76%
1010
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1009
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Платина

52952.77

Алуминиум

2.91

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Никел

473339.37

Калај

40.48

Кобалт

58.42

Цинк

3.23

Сребро

1878.05

Паладиум

46425.68

Бакар

10.95