СКОПЈЕ, 22 ноември 2022 година – Додека светот го чека почетокот на Светското првенство во Катар 2022, компанијата Visa, Официјалниот партнер за технологија на плаќање на ФИФА, подготви мрежа за плаќања што ќе овозможи бесконтактни купувања низ сите официјални места, вклучително и осумте стадиони како и ФИФА Фан Фестивалот. Со повеќе од еден милион фанови кои се очекува да патуваат во Катар на турнирот, Visa инсталираше 5.300 бесконтактни ...

Неколку корисници на форумот од порталот MacRumors пријавиле дека имаат проблем со iCloud for Windows синхронизирањето на видеата и сликите. Според нивните кажувања, одредени видеа, кои без проблем се прикажуваат на било кој уред од Apple, не може да се гледаат на Windows. Истите се оштетени, односно датотеката е корумпирана, па од видеото се гледа само црна слика со линии. Ова се случува со видеа снимени со најновите модели од iPhone со ...

Програмерите и истражувачите од Mysk, тврдат дека Apple не се до крај искрени кога кажуваат дека го почитуваат изборот на корисниците да не бидат следени, а кога тоа се прави информациите не може да се поврзат со конкретниот корисник. Според нив, Apple точно ја следи активноста на корисниците во App Store и во апликациите од компанијата, а сето тоа што го собира како аналитика може точно да се поврзе со конкретниот корисник. Тие тврдат дека ...

Новата Twitter Blue претплата беше пуштена, па за кратко време тргната поради појавата на проблеми со во главно имитација на профилите. Повторното пуштање требаше да се случи на 29-ти овој месец, но Елон Маск објави дека тоа се одложува. Одложувањето ќе биде додека не бидат сигурни дека имаат начин како да ги спречат имитациите на профилите, а еден начин кој Маск го наведе е можноста да се користи различна боја кај беџот за организациите и ...

Не се очекуваше нешто посебно многу од компјутерите со ARM чипови, кои се користат кај мобилните телефони, се додека Apple не реши да развие сопствен ARM чип и да го користи кај компјутерите наместо да продолжи со Intel. М серијата на чипови од Apple, која е стигната до втората M2 генерација, се покажа одлично и компјутерите кои ги користат овие чипови се едни од најпопуларните на пазарот. Microsoft никако да го среди Windows да биде ...

Иако до претставувањето на iPhone 15 има уште десетина месеци, сепак шпекулациите и информациите за наредната генерација од iPhone ги има многу уште сега. Веќе имавме една „тура“ на информации, а сега веќе има доволно нови информации за да се дополни листата со очекувања. Според најновите информации, треба да се очекува уште поголема разлика помеѓу основните iPhone 15 модели и Pro моделите. Оваа година веќе видовме поголема разлика, а идната ...

Празниците се период од годината кога се поврзуваме со оние кои најмногу ни значат. На крајот на уште една година на неизвесност, никогаш не било поважно да провериме како се нашите сакани. Оваа кампања укажува на потребата од социјална поврзаност и важноста на грижата и вниманието кон најблиските преку едно едноставно прашање: „Како си?“. Многумина од нас имаа тешка година. Повеќе од кога било, луѓето се загрижени за иднината. Особено сега е ...

После цела година во која Microsoft не ја ажурираше својата позната апликација SwiftKey на iOS, очекувано најави дека се откажува од развојот на истата. Развојот си продолжува на Android, но корисниците на iOS остануваат со еден добар избор помалку. Сега од компанијата се премислија, па апликацијата повторно е достапна на App Store, по нејзиното тргање на 5 октомври. Верзијата на SwiftKey уште е таа старата, односно не ажурирана повеќе од ...

Samsung оваа година најбрзо до сега ја пушти својата верзија од оперативниот систем за мобилните, базирана на најновата верзија од Android. One UI 5.0, направен на основа на Android 13 корисниците почнаа да го добиваат околу два месеци по пуштањето на Android 13 од страна на Google. Од компанијата го истакнаа ова, односно се пофалија, а го најавија пуштањето на One UI 5.0 за повеќе уреди, како на пример Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4, а тука ...

Како дел од верзијата 25247 од dev каналот на Windows Insider програмата, може да се видат неколку новости кои во иднина би станале дел од Windows 11. Една така новина е прикажување на предлози за веб страни директно во Старт менито. Овие предлози би се прикажувале во делот кој веќе е наменет за вакви работи, односно во „Recommended“ делот од менито. Веб страните кои ќе се прикажуваат ќе бидат прикажани врз основа на тоа колку се популарни во ...

Преку низа работилници учесниците во Академијата за јавни политики ќе се запознаат со клучните составни делови на политичкиот систем во државата, улогата на политичките партии, идеологии и како истите се претвораат во политичка понуда, важноста на учеството на жените и младите во политиката и политичките партии, комуникации и застапување. Проектот има за цел да ја засили довербата во изборите преку поддршка на институциите и актерите поврзани ...

Нешто што се очекуваше да се случи можеби и порано, почна на крајот од минатата недела. Елон Маск започна со тргање на суспензиите од неколку Twitter сметки и тие се повторно достапни на мрежата слободно да објавуваат. Ова оди во правец на најавите дека ќе дојде до промени на начинот на којшто се модерира содржината на мрежата, а најголемите очекувања се дека ќе престане насочувањето на јавноста како треба да размислува на одредени теми. На ...

После скоро 100% потврда од страна на Qualcomm дека Galaxy S23 серијата ќе дојде со Snapdragon чип во целиот свет, сега корисниците можат да очекуваат уште една добра вест на тој план. Според познатиот Ice universe, Galaxy S23 ќе дојде со посебна верзија од Snapdragon 8 Gen 2, која нема да им биде достапна на другите производители, односно со други зборови ќе биде ексклузивно достапна само на телефоните од Samsung. Главното јадро кај ...

За време на Snapdragon Summit 2022, на кого беше претставен Snapdragon 8 Gen 2, Qualcomm претстави нов бренд за нивните чипови. Новиот бренд е наречен Qualcomm Oryon и се работи за нов процесор којшто ќе се користи кај Snapdragon платформата. Новиот процесор треба да биде достапен од идната година, а голема разлика ќе треба да направи на пазарот на Windows компјутери кои работат на ARM чипови. Microsoft никако да го средат Windows доволно за ...

Скопје, 18. ноември 2022 – Компанијата Samsung Electronics, глобален технолошки лидер, денеска објави дека 46 од неговите нови производи освоиле награди за иновации на CES® 2023, вклучувајќи и три награди за најдобри иновации од Здружението за потрошувачки технологии (CTA)®. Оваа годишна програма го наградува исклучителниот дизајн и инженеринг во различни категории на производи со технологија за широка потрошувачка. Samsung доби признанија во ...

Snapdragon 8 Gen 2 беше претставен оваа недела и со тоа дојдоа и доста очекувања за подобри перформанси кај уредите оваа и идната година. Карактеристиките кои ги објавија од компанијата сигурно ги поставуваат очекувањата високо, а посебно кај Galaxy S23 серијата која идната година треба да користи само еден чип во целиот свет. Сепак, пред популарната Galaxy S серија од Samsung, на пазарот ќе видиме неколку модели кои ќе бидат претставени до ...

YouTube апликацијата на телевизорите добива нова анимација која се прикажува при вклучување на апликацијата, како и звук кој ќе ја направи препознатлива. Вакво нешто е карактеристично за Netflix апликацијата, а нема кој не го знае „тудум“ звукот. Од Google истакнуваат дека првичната идеја зад развојот на новиот звук била да се пушти нешто живописно, привлечно и лесно препознатливо, дури и ако корисникот не гледа кон телевизорот. За развојот ...

Официјалното пуштање на новата Twitter Blue претплата, која вклучува повисока цена од 8 долари и добивање на син беџ кој порано значеше дека профилот е верификуван, не помина баш најдобро. Исто како што беше случајот при првата промена, корисниците веднаш почнаа да ги менуваат своите имиња и да прават забуна поради достапноста на синиот беџ до нивното име. Од компанијата ги променија правилата со цел да се обидат до некаде да се справат со ...

Пандемијата со Ковид-19 изврши притисок врз пазарот на труд во Северна Македонија. Невработеноста не забележа значајно зголемување, бидејќи реакцијата на работодавачите беше главно во насока на платени отсуства од работа и намалување на обемот на работните часови, а работата од дома беше искористена како опција во дејностите со таква можност Со големите промени кои се случија на пазарот на труд – од начинот на работа, се до пристапот на ...

Qualcomm го претстави Snapdragon 8 Gen 2 оваа недела и најави дека првите уреди кои ќе работат на овој чип може да се очекуваат до крајот на годината. OnePlus веќе најавија дека тие ќе бидат првиот производител кој ќе претстави смартфон со новиот Snapdragon 8, а тоа ќе биде OnePlus 11. Ова значи дека уште немаме телефони на пазарот кој може да ги тестираме, барем преку достапните „бенчмарк“ апликации, но веќе излегуваат неофицијални тестови. ...

Во верзијата 25264 од Windows Insider програмата, „се крие“ една функција која непотребно беше тргната од Windows 11, а беше достапна од Windows 7, па наваму. Се работи за можноста корисниците да изберат дали сакаат прозорите од истата апликација да им бидат групирани во една икона на „таскбарот“ или тие да се прикажуваат во посебни икони, како што беше случајот пред промената на овој дел со Windows 7. Со претставувањето на Windows 11 оваа ...

OnePlus преку Weibo најавија дека нивниот OnePlus 11 ќе биде првиот смартфон кој ќе работи на ново претставениот Snapdragon 8 Gen 2. Тие во објавата исто така истакнуваат дека телефонот ќе биде првата отворена платформа која ќе има „ray tracing“ на мобилните. Qualcomm ја претстави втората генерација од Snapdragon 8 серијата на чипови во текот на вчерашниот ден. Од тоа што можеше да се види од најавата и карактеристиките, Snapdragon 8 Gen 2 ќе ...

Netflix пушти уште една функција која се поврзува со наплатата на корисниците кои не се дел од истото домаќинство, нешто што треба да започне идната година. По пуштањето на Profile Transfer функцијата, која овозможува корисник да го префрли својот профил на нова сметка, сега корисниците ја добиваат функцијата Manage Access and Devices. Иако од компанијата не ја претставија оваа функција како нешто поврзано со различните профили кои не се дел ...

Тирана, 11 ноември 2022 – Во изминатите два дена, 120 млади од Западен Балкан присуствуваа на конференцијата организирана како дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2), предвидена како можност младите да бидат дел од дискусијата заедно со своите врсници од целиот регион, како и да имаат директна интеракција со креаторите на политиките и претставниците на инситуциите. ReLOaD2 е регионална иницијатива ...

Скопје, 17.11.2022 – А1 Македонија најавува нова атрактивна промоција со која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2023 година со неограничена комуникација, многу содржини и многу ТВ уреди, мобилни уреди и паметни часовници по најповолни цени. Како и секогаш, и овој пат, A1 Македонија е насочена кон потребите на корисниците и ги нуди најдобрите мобилни, интернет и телевизиски услуги по пристапна цена. Овие празници, со ...

Samsung оваа година повторно претстави два нови модели од Galaxy Watch, но овој пат наместо Classic верзија се решија за Pro верзија. Со тоа, Galaxy Watch5 серијата го претставува за корисниците Galaxy Watch5 Pro моделот кој е пред се наменет за спортистите, а посебно за корисниците кои планинарат и прават слични активности. Може да се каже дека Galaxy Watch5 Pro го продолжува претходниот стил на Watch4 Classic во големината на уредот, а оваа ...

Оваа недела, од 14-ти до 20-ти ноември, Стартап Македонија заедно со 60 партнери организира повеќе од 45 настани за поттикнување на претприемачко образование, инклузија, креирање јавни политики во екосистемот како и градење и унапредување партнерства. Со овие настани, домашниот екосистем се вклучува во Глобалната недела на претприемништвото која оваа година го прославува својот 15-годишен јубилеј. Партнерите на Глобалната недела се ...

За корисниците на Android да не останат без заштита од следењето кое го прават апликациите на мобилните, по пуштањето на App Tracking Transparency од Apple, се погрижија од компанијата DuckDuckGo, кои се познати по својата работа поврзана со приватноста на комуникацијата. DuckDuckGo ја претстави својата App Tracking Protection функција пред една година, а корисниците тогаш можеа да ја користат само преку добиена покана. Од оваа недела App ...

Коментарите дека Always On екранот, кој Apple конечно го воведе со iPhone 14 Pro, е многу подобро имплементиран во споредба со Android, брзо беа покриени од критиките на корисниците. Разликата во имплементацијата е што Apple направи да се што се прикажува на „заклучениот екран“, вклучувајќи ја и позадината, се прикажуваат како Always On екран, само со намалување на светлината на екранот. За разлика од ова решение, Android корисниците добиваат ...

После неколку одложувања, што од технички проблеми, што од неповолни временски услови, NASA денес во 7:47 утрото успешно ја лансира SLS – Space Launch System ракетата и Orion леталото. Во овој случај, мисијата Artemis I е без астронаути и има за цел да лета околу 65.000 километри подалеку од Месечината и да се врати назад на Земјата. Пред враќањето на Земјата, Orion леталото ќе орбитира неколку дена околу Месечината, по што враќањето на ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
53%
1017
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
2.68
56%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
56%
1015
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
2.06
49%
1017
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.16
75%
1015
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
67%
1014
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
3.09
60%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
64%
1017
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
64%
1017
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
73%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
48%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
68%
1015
Currency

61.6238

Currency

52.2435

Currency

71.2603

Currency

37.8969

Currency

38.2207

Currency

67.3076

Currency

7.68404

Currency

0.7039

Currency

0.33356

Currency

0.52523

Currency

1.15237

Currency

0.55342

Алуминиум

3.50

Иридиум

253540.09

Платина

66134.09

Калај

54.16

Сребро

2583.23

Злато

151601.72

Цинк

0.00

Родиум

319899.93

Кобалт

45.39

Паладиум

47486.65

Бакар

12.62

Рутениум

51376.89