Не може да се негира дека Stories функцијата е една од најпопуларните кај друштвените мрежи, а има и зошто е тоа така. Можноста да се објави слика или видео, со додатен текст и ефекти, во посебен дел од апликацијата, објава која има рок на траење од 24 часа, е одличен начин да се покаже нешто интересно. Signal, иако не е апликација од која баш би се очекувало, почна со тестирање на Stories функцијата во нивната апликација. Тестот е достапен ...

Првпат најавена пред две години, новата EA апликација за PC излегува од бета тестирање и официјално им станува достапна на корисниците како замена за Origin апликацијата. Од компанијата истакнуваат дека корисниците на Origin ќе можат лесно да ја направат миграцијата на новата апликација, задржувајќи ги сите игри и содржина во новата апликација. EA апликацијата на корисниците ќе им ги овозможи во основа истите функции како Origin апликацијата, ...

Meta објавија дека имаат откриено повеќе од 400 апликации во Play Store на Android и App Store на iOS кои ги крадат информациите за најава на корисниците на Facebook. Овие апликации се специјално развиени за оваа намена и во основа ги крадат корисничкото име и лозинката за Facebook на корисниците, по што добиваат целосен пристап до нивните сметки, приватните информации, а може да испраќаат и пораки до нивните пријатели. Начинот на којшто тие ...

Huawei објави дека сега е возможно да се префрлаат и синхронизираат податоците од HUAWEI Health на апликацијата Strava. Ова значи дека секој корисник на уред за носење на Huawei може да ги префрли своите податоци на профилот на Strava, и да ги користи многуте функции и поволности за следење на активностите за корисниците на оваа апликација. Од денес, сите тековни податоци и резултати од различните спортови што се практикуваат, следени преку ...

Twitter се приклучува на трендот на прикажување на видеата на целиот екран и нивно „бесконечно“ разгледување со повлекување нагоре, нешто што стана популарно преку TikTok, а подоцна целосно беше прифатено со воведувањето на Reels на Instagram и Facebook. Видеата кои веќе беа не така мал дел од Twitter, кога ќе се притисне на нив ќе бидат прикажувани на целиот екран за повеќе „внесено“ искуство, истакнуваат од мрежата, а корисниците ќе може ...

Целосно електричниот камион влекач, од компанијата која ги направи електричните автомобили популарни, конечно ќе биде произведен и доставен на компанија која ќе го користи во својата работа. Tesla Semi Truck беше најавен пред 5 години, односно при крајот на 2017 година. Уште тогаш Pepsi најави дека планира да купи 100 камиони, па сега конечно тие ќе почнат да ја добиваат оваа нарачка. Почетокот на производството го најави лично Елон Маск ...

По објавата на основните принципи за правење на „виџети“ за програмерите, Microsoft официјално и им овозможи на програмерите да почнат да ги тестираат нивните виџети. Оваа можност на програмерите им е достапна во најновата тест верзија од Windows Insider програмата во Dev каналот, поточно во верзијата 25217 која е достапна од оваа недела. Ова значи дека програмерите ќе можат да почнат да ја користат WinAppSDK 1.2 preview 2 алатката за да ...

Делот за „виџети“ во Windows 11, односно „Widgets Board“, е една од поголемите нови функции во овој оперативен систем. Од пуштањето на Windows 11 сепак единствените достапни виџети се тие од апликациите на Microsoft, па веруваме дека популарноста на овој дел не е на нивото кое би можело да биде. Microsoft во мај оваа година најави дека на програмерите ќе им биде овозможен пристап до Widgets Board и со тоа тие ќе можат да направат свои виџети ...

Преку својот YouTube канал Hardcore Software, поранешниот главен за развојот на Windows, Стивен Синовски, објави видео во кое меѓу другото може да се видат слики од развојот на Windows 8. Windows 8 не се покажа баш најдобро кај корисниците, па после доста критики Microsoft се обиде прво да ги исправи некои од „грешките“ со Windows 8.1, но на крајот го пушти Windows 10. Главниот проблем на Windows 8 беше тргањето на Старт менито и негова ...

После години чекање, посебно по купувањето на Fitbit, Google официјално на пазарот има свој паметен часовник. Pixel Watch веќе беше делумно прикажан од страна на Google, па сега ги имаме сите функции со кои доаѓа овој часовник. Како што можеше да се види и претходно, Pixel Watch е кружен часовник според дизајнот, а од Google истакнуваат дека тој е инспириран од класичните часовници. Од десната страна се забележува само „круната“ за контрола, ...

На својот настан кој беше закажан за денес, Google ја претстави наредната генерација од нивните Pixel смартфони. Како и секоја година, неофицијалните извори, но и самите Google, објавуваат доволно да настанот е само тука да ни потврди и официјално ни ги покаже уредите. Pixel 7 и Pixel 7 Pro не се огромни надградби во споредба со ланските модели, а како што знаеме, иако производителите пуштаат нови модели секоја година, исто како порано, ...

На објавите кои се прикажуваат на Facebook, без разлика дали се од пријателите, страните кои се следат или од препораките кои ги пушта мрежата, повремено ќе почнат да се прикажуваат две нови копчиња преку кои корисниците ќе можат подобро да ја прилагодат својата листа со новости. Двете нови копчиња се „прикажувај повеќе“ и „прикажувај помалку“ (show more, show less). Како што може лесно да се заклучи од нивните имиња, со притискањето на овие ...

Ако не беа доволни рекламите кои се прикажуваат во листата со нови објави и во Stories, сега Instagram ќе почне да прикажува реклами на неколку нови места. За почеток, реклами може да се очекуваат во Explore делот од апликацијата каде што се открива нова содржина од различни профили. Помеѓу овие објави сега ќе бидат вметнати и реклами, па се надеваме дека тие нема да бидат премногу и дека нема да го нарушат форматот на овој дел. Од Meta ...

Deutsche Telekom, односно во нашата земја Македонски Телеком, во својата понуда на смартфони за корисниците додадоа и два модели направени под нивниот бренд, односно T Phone и T Phone Pro. Како што беше истакнато на официјалната презентација на телефоните, целта на Телеком е да на корисниците им понуди смартфон со 5G можности, карактеристики во средната класа, а по цена која е и повеќе од конкурентна. Со достапноста на два различни модели ...

Преку писмо до адвокатите на Twitter, Елон Маск информира дека планира да продолжи со договорот за купување на компанијата. Како што знаеме, тој сакаше да се откаже од договорот, односно од намерата за купување на мрежата, поради тврдењето дека лажните и спам сметки сочинуваат многу поголем процент од тоа што официјално се кажува. Поминаа месеци во обвинувања кои резултираа со тужба од страна на Twitter за што судењето требаше да почне за две ...

Минхен, ГЕРМАНИЈА, 4 октомври 2022 година – Глобалната технолошка компанија Xiaomi денеска ја претстави својата најнова водечка серија на паметни телефони – долгоочекуваната серија Xiaomi 12T. Со најнапредните технолошки иновации, Xiaomi 12T Pro и Xiaomi 12T имаат систем на камера за сите оние на кои им треба нов начин да ја изразат својата креативност со врвни перформанси Врвна камера за фотографии богата со детали И двата модели од серијата ...

Минхен, ГЕРМАНИЈА, 4 октомври 2022 година – Xiaomi денеска ги претстави новите уреди од широк спектар на AIoT уреди кои значително го подобруваат модерниот живот – Xiaomi Robot Vacuum X10+, Xiaomi Truclean W10, Xiaomi TV Q2 серија, Xiaomi Smart Band 7 Pro, Redmi Pad. Темелно и автоматизирано чистење: Robot Vacuum X10+. Xiaomi Robot Vacuum X10+, најновиот во линијата Xiaomi роботски правосмукалки, целосно го олеснува чистењето на просторот. ...

На само неколку денови пред претставувањето на Google Pixel Watch, како и Pixel 7 смартфоните, неофицијално објавена реклама целосно го прикажува овој прв паметен часовник од компанијата. Google веќе го прикажа неколку пати изгледот на часовникот, но преку ова видео многу подобро може да се види и да се добие претстава што точно да се очекува. Преку рекламата може да се видат и некои од функциите на часовникот, нешто што од Google сепак уште ...

Измените во законските решенија врз основа на кои производителите ќе мора да го прифатат USB-C приклучокот во ЕУ, без изгласани со големи мнозинство во Европскиот Парламент. Останува уште одлуката која следи после Парламентот од страна на Советот на Европа, по што измените стануваат официјални. Според новите правила, до крајот на 2024 година сите мобилни телефони, таблет компјутери, дигитални камери, слушалки, рачни видео конзоли, преносни ...

Скопје, 4 октомври – Со креативни билборди поставени на неколку места низ Скопје, Халкбанк ја најавува новата кампања „Да ги слушнеме и гушнеме“. Топлата и емотивна порака е испратена преку силни илустрирани сцени од секојдневието на повозрасните луѓе. „Да ги слушнеме и гушнеме“ тргнува од прашањето: Што им е потребно на постарите за да почувствуваат задоволство или радост? Најважно е да се чувствуваат корисно. Да почувствуваат дека ни се ...

Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба за период од 6 месеци заклучно до 30.06.2022 година од страна на Народната банка на Република Северна Македонија трендот на пораст како на вредноста така и на бројот на трансакциите и понатаму е значителен. Македонците потрошиле речиси 195 милиони евра во првите 6 месеци од оваа година кон домашни онлајн продавници што претставува 70% од ...

По објавата на првиот „твит“ кој е изменет по објавата, Twitter покажа дека пуштањето на оваа функција за корисниците е блиску. Од компанијата оваа можност денеска ја пуштија за првата група на корисници, како што беше најавено, кои плаќаат за Twitter Blue претплатата. Покрај потребата од Twitter Blue претплата, во оваа фаза исто така ќе биде потребно да се биде корисник од една од трите земји кои ја добија новата можност, односно Канада, ...

Конкретни младински иницијативи и заложба за нивно финансирање, амандмански предлози и други законодавни иницијативи, како и симулации на собраниски активности како практична настава за учениците се само дел од идните активности кои Локалниот младински совет ќе ги достави до Општина Валандово од каде ќе бидат упатени за реализација до законодавниот дом – овие заклучоци беа во фокусот на иницијативата „Младите во фокусот“, во организација на ...

Веб апликациите кои може да се инсталираат на компјутерите или на мобилните, односно таканаречените PWA – progressive web apps, се одлична алтернатива за сервисите кои немаат апликација. Овие апликации, со мала измена на веб страната или веб апликацијата, можат да бидат инсталирани на било кој уред и да се однесуваат како обичните, односно стандардните апликации на тој оперативен систем. Со тек на годините, можностите на овие апликации се ...

Неколку корисници изминатиот период излегоа на друштвените мрежи со слики од нивната YouTube апликација како го има означено 4K квалитетот за гледање на видеата како Premium функција. Ова значи дека од компанијата планираат највисоката резолуција на YouTube да ја направат достапна само за нивните YouTube Premium корисници и веќе да не е бесплатна, односно достапна за сите. Со оглед на тоа дека засега информацијата доаѓа само од корисниците на ...

Со пуштањето на Windows 11 Insider Preview Build 25211, која е дел од Dev каналот, Microsoft се реши да врати една мала, но доста барана функција назад кај нивниот оперативен систем. Се работи за можноста за вклучување на Task Manager апликацијата директно преку менито до кое се доаѓа со десен клик на „таскбарот“. Ова мени е доста намалено во споредба со претходните верзии од Windows, па сега со десен клик на таскбарот се добива само една ...

На почетокот од минатиот месец Twitter најави дека внатре во компанијата веќе се тестира „edit“ функцијата, а исто така најавија дека наскоро ќе им биде пуштена на корисниците на Twitter Blue, претплата за мрежата која на корисниците им овозможува одредени дополнителни функции. Од компанијата минатата недела го објавија и првиот „твит“ кој е изменет по неговата објава, а ова е првиот ваков јавно објавен „твит“. Од компанијата во објавата ...

OnePlus влезе на пазарот на паметни часовници во март минатата година претставувајќи го нивниот прв паметен часовник OnePlus Watch. Една од главните карактеристики на часовникот, покрај добрата цена, беше најавата дека батеријата може да издржи и до две недели на користење. Од компанијата сега го претставија и нивниот прв паметен часовник од Nord брендот, кој го користат кај смартфоните од средната класа, односно од тие со нешто пониска цена. ...

ФИНТЕК МК ве поканува на промотивен настан за првата финтек академија во Македонија. На 4ти октомври со почеток во 19:00 часот ќе се одржи првиот Satellite настан во Netaville. Финтек МК ги поканува сите студенти на додипломски студии да ни се придружат и да дознаат повеќе за академијата, модулите, влијанието на финтек индустријата и да ја запознаат македонската финтек заедница. Низ неформална средба ќе ги споделиме нашите активности како ...

Младите не се застапени во општините и се уште во поголемиот дел не се оформени локалните младински совети – тела кои треба да се залагаат за интересите на младите. Преку овој процес го пренесуваме гласот и потребите на младите во нивната општина. Тие да бидат слушнати! Климатската криза со која се соочуваме бара итни мерки и се што е направено доцна само може да не чини повеќе. Затоа е важно овие промени да дојдат од вашите заедници, и ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
75%
997
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
98%
1000
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
95%
998
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
81%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.25

Алуминиум

3.03

Иридиум

221848.72

Паладиум

546.56

Злато

159231.39

Родиум

336779.07

Платина

67162.91

Кобалт

64.04

Сребро

2460.50

Рутениум

45750.51

Бакар

11.69

Калај

46.91