Бројката од над 900 учесници на втората детска трка „Мини трчај бе“ што денес се одржа во Битола, ги надмина и најоптимистичките очекувања на организаторите. Стотици деца на возраст од 4 до 12 години трчаа на Градското шеталиште на една од најмасовните детски трки во Регионот и пошироко. Ако лани, на првата трка имаше 380 деца, сега тој број беше скоро три пати поголем. Децата трчаа распоредени во девет категории на патеки со должина од 150 ...

Групата „Нокаут“ ќе одржи концерт на Хераклеја во Битола, на 5 јули. Гостин ќе биде Дарко Гелев – Брејк. Минатата година, бендот одржа пет акустични концерти во Филхармонијата со Брејк како гостин. „Кога бев многу млад, поминував покрај Дом на градежници, тогаш уште ги имаше оние стари вентилатори. Слушнав бенд како свири, ѕирнав зад вентилаторот од надвор, и внимание ми привлече пејачот, не ми беше познат. Години подоцна, патиштата ни се ...

Независен експерт ќе ги истражува настаните околу овогодинешната Евровизија во Малме, по низа контроверзии, како што се дисквалификацијата на холандскиот натпреварувач и пропалестинските протести. Меѓународниот музички натпревар го дисквалификуваше холандскиот натпреварувач Јост Клајн поради „инцидент“ во кој тој наводно вербално се заканувал на вработен во продукцијата, а израелскиот натпреварувач Еден Голан настапи за време на влошената ...

Жените кои се подолг период на медитеранска исхрана живееле многу подолго од оние кои не ја применувале, покажа новото истражување кое следело повеќе од 25.000 жени во текот на 25 години. „Нашата студија покажува дека следењето на медитеранската шема на исхрана може да резултира со околу една четвртина намалување на ризикот од смрт. Исто така, таа е природен борец против ракот и за кардиоваскуларните болести смртност“, вели кардилогот д-р ...

Четиринаесетотто издание на Филозофскиот филмски фестивал во Скопје ќе се одржува од 7 до 14 јуни, а пет долгометражни и 16 кратки филмови се во официјалните селекции за наградата „Златен був“. Мотото на фестивалот е „Неред меѓу редови“, а го организира Филозофското друштво на Македонија, во соработка со Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Фестивалот се отвора на 7 јуни во 21 часот во летното кино на Кинотеката со ...

Второто издание на проектот „УГД – Чекор кон светот“ од 6 до 9 јуни продолжува во Братислава, каде што студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ќе настапат во рамки на Интернационалниот фестивалот на танцови универзитети под наслов „Шер“ (Share). Како што велат од УГД, проектот се одвива под менторство на професорката Рисима Рисимкин, деканка на Филмската академија и доцент Адријана Данчевска, во ...

На 11 јуни од 20 часот во Македонскиот народен театар, „Танец“ ќе го одржи концертот „Седенка се збира“. Концертот е посветен на 100-годишнината од раѓањето на Ѓорѓи Димчевски, еден од легендарните македонски музичари од сферата на народната музика. Во „Танец“ се вработил во 1954 и тука останал до крајот на својот работен век во 1978, кога се пензионирал. 25 години бил раководител на оркестарот, солист на виолина и тамбура, аранжер на песни и ...

Бендови од Полска, Македонија и Србија ќе настапат на четвртата и последна вечер на 23. издание на Офф-фест. Целата програма ќе се одвива во Младински културен центар. Од 20 часот настапува полскиот гудачки квинтет „Волоси“, чиј звук е под силно влијание на етно, рок, џез, амбиент и филмска музика. Македонскиот неофолк бенд „Калата“ (фото) ќе ја преземе сцената во 21:15 часот. Основана во 2018, групата ја сочинуваат Минела Богдановиќ (вокал), ...

Третата вечер на 23. Офф-фест невообичаено ќе донесе само еден концерт. Таа ќе му биде посветена на шпанскиот гитарист Висенте Амиго, кој ќе настапи во Националната опера и балет од 20 часот. Роден во 1967 година, Амиго почнал да свири гитара уште во детството, првиот албум го објавил во 1991 и денес е еден од најплодните и најиновативни современи музички творци. Тој ужива висок рејтинг во светот на фламенкото и многумина во него гледаат ...

Со познатите стихови од евергринот „И кога те нема најприсутен си тогаш“ на концертот што синоќа се одржа во Битола, беше опишана бесмртноста на музичките хитови што зад себе ги остави легендарниот македонски композитор, инструменталист и диригент Кире Костов (1949-2023). Во преполната сала на Центарот за култура, во неговата родна Битола, млади интерпретатори во придружба на маестралниот Камерен оркестар повторно ги оживеаја безвременските ...

ЦБД маслата ги има веќе некое време, но никогаш не станаа популарни во однос на трендовите на „жешките треви“. Веројатно затоа што маслените екстракти од канабис не звучат баш секси – дури и кога се наменети да го направат вашиот сексуален живот пожежок. Но, некои луѓе тврдат дека ТХЦ и ЦБД вагиналните масла се многу поеротски отколку што звучат. Идејата е дека овие масла (кои можат да се вметнат во вагината) можат да го подобрат сексуалното ...

Јапонската актерка Шоко Ито вечерва (7 јуни) од 19 часот ќе ја изведе нејзината претстава „Баба самурај” во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Ито е театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со богата меѓународна кариера, која во текот на 35 години настапила во 80 земји. Дипломирала јапонско сликарство, а во 1986 го основала театарот Ито-Гуми, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми: ...

Независниот издавач „Шарла рекордс“ вечерва (7 јуни) во скопското кафуле „Ла Кања“ (20 часот) ќе го промовира своето 100. издание – истоимениот албум на бендот „Карла Левински“. Се работи за најновиот музички проект на ветеранот Сеад Хаџиќ-Сецко. Албумот е снимен во домашното студио на Хаџиќ, а миксот и продукцијата се на Горан Трајкоски. Како соработници на овој материјал се јавуваат Огнен Мангаровски (гитара и сајзери), Андреј Коларовски ...

Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ вечерва (7 јуни) ќе настапи на фестивалот Софиски музички недели во Софија,.„Профундис“ првпат настапува на овој фестивал на класична музика кој постои 55 години. „Многу сме возбудени и со задоволство ја прифативме поканата да настапиме на фестивалот. Вечерашниот концерт е посебен за нас, не само поради репертоарот, туку и поради можноста да споделиме музика со нашите пријатели и колеги од Бугарија”, ...

Вечерва (7 јуни) во 20 часот, во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје ќе се отвори изложбата „Линијата што избледнува: Приказни на работ на легалноста“ на Албан Муја од Косово. Куратор на поставката е Владимир Јанчевски. Муја создава видеоинсталации, филмови, цртежи, слики, фотографии и јавни уметнички дела под влијание на тековните процеси на општествената, политичката и економската трансформација во неговото родно Косово и на ...

Популарниот српски актер Никола Ѓуричко се враќа во Македонија, овојпат не со претстава, туку како музичар. Ѕвездата на филмовите „До коска”, „Молњи”, „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур” и „Зона Замфирова” и на хит-серијата на „Нетфликс“, „Чудни нешта”, ќе настапи во „Јавна соба“ во Скопје на 3 јули со неговиот бенд „Џони Миднајт трио“. Основан во Лос Анџелес во 2021, бендот го сочинуваат Никола Ѓуричко – гитара и вокал, Александар Пантиќ – ...

Денеска (7 јуни) од 20 часот, во Центарот за култура во Битола ќе се одржи концертот „Летај галебе“ во чест на легендарниот композитор Кире Костов, кој почина на 27 јули 2023. Ќе свири Камерниот оркестар на Битола, а хитовите на Костов ќе ги пеат Димитар Андоновски, Сефедин Бајрамов, Антониа Гиговска, Бојан Стојков, Мина Блажев, Барбара Поповиќ, Кики Мукаетова, Драгана Јовановска и Андреа Томовска. Раде Врчаковски-Врчак, чиј татко д-р ...

Втората вечер на 23. издание на Офф-фест се отвора со холандскиот бенд „Бои аки“, чиј настап е закажан од 20 часот во Националната опера и балет. Овој состав повеќе од 25 години го предводат пејачката Моника Акихари и гитаристот и композитор Нилс Броувер и во нивната музика можат да се почувствуваат примеси на музичките традиции од сите страни на светот, како индиската, меланезиската, африканската и европската, но и импровизации. „Овој звук ...

Денеска почнуваат првите содржини од книжевниот и творечки фестивал за деца и млади „YES фестивал! Млади европски приказни, млади креативци“ во Скопје, чиј организатор е издавачката куќа „Чудна шума“. Во рамките на фестивалот ќе има креативни работилници со уметници, писатели и илустратори од Македонија, Словенија и Хрватска, промоции на книги за деца и млади, изложба на илустрации, саемски дел и многу музика. Придружната програма ќе трае од ...

Влатко Стефановски ќе одржи концерт во Белград на 16 декември, на кој ќе одбележи 50 години музичка кариера. Како гости на концертот во „Сава центар“ се најавени Џибони, Мирослав Тадиќ и Дамир Имери, а Стефановски ќе свири со своето трио, во кое членуваат неговиот син Јан на тапани и басистот Иван Кукиќ. Роден во Прилеп во 1957 година, Стефановски бил член на неколку групи, пред да ја формира „Леб и сол“ во 1976. Првиот соло албум го објави ...

Џони Деп ќе го глуми Сатана во новиот филм на Тери Гилијам, додека Џеф Бриџис ќе биде Господ. Гилијам потврди дека го иабрал Деп за својот следен филмски проект насловен „The Carnival at the End of Days“, што првпат го најави на еден фестивал во декември. „Бог сака да го збрише човештвото и единствениот кој сака да го спаси е Сатаната, кого го игра Џони Деп“, изјави Гилијам, додавајќи дека во филмот ќе глумат и Адам Драјвер и Џејсон Момоа. ...

Вечерва (6 јуни) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи традиционалниот концерт „Младите доаѓаат“, на кој ќе свират млади музички таленти, а ќе диригира Ангел Спироски (фото). На концертот настапуваат ученици од музичките училишта од Скопје, Струга, Охрид и Битола: Марија Џуклеска, Андреј Наумоски и Виктор Србиноски на виолина, Летиција Кондратенко на контрабас, Ана Матеска на флејта, Ева Малиновска на виолончело, Александар Ристовски на ...

Со африканска вечер се отвора 23. издание на Офф-фест во Скопје, кое ќе се состои од четири вечери и осум концерти. Фестивалот ќе трае до 9 јуни, а учесниците доаѓаат од Нигер, Јужна Африка, Холандија, Етиопија, Франција, Шпанија, Полска, Македонија и Србија. Отворањето е во 20 часот во Националната опера и балет со концертот на Бомбино, гитаристот од Нигер кој е еден од најзначајните претставници на таканаречениот пустински блуз. „Неговата ...

Седумдесет години поминаа откако француската модна куќа „Диор“ последен пат одржа ревија во Шкотска. Брендот сега ја претстави новата летна колекција во градините на шкотскиот замок Драмонд. Многу познати дами седеа во првите редови на ревијата, а шоуто не го пропуштија ниту познатите амбасадорки на брендот, како актерките Џенифер Лоренс, Ања Тејлор-Џој, Розамунд Пајк и Мејзи Вилијамс. Се одржа раскошно шоу за 550 гости. Слики од последното ...

Хрватска до 2027 година ќе добие целосно нова тркачка патека која ќе ги исполнува сите критериуми и стандарди на Формула 1 и ќе може да биде домаќин на најголемите авто-мото трки на светот. Проектот добил одобрение од соодветните државни органи и наскоро треба да почне неговата реализација, објави „Индекс“. Патеката „Croatia Ring“ ќе се гради кај Слуњ, гратче близу Карловац. Проектот целосно ќе бида финансиран од приватни инвеститори од ...

Утре (6 jуни) од 19 часот, во Театарот за деца и младинци во Скопје ќе се игра премиерата на претставата „Хајди“, работена според романот на Јохана Шпири. Режијата е на Драгана Гунин, а драматизација на Драгана Лукан-Николоски. Претставата е наменета за децата над шест години. „‘Хајди‘ е приказна за надежта и пријателството, за убавината на природата и чувството на слобода која таа ни ја дава. И покрај тоа што станува збор за приказна која се ...

Каролина Гочева ќе одржи концерт во Гостивар на 15 јуни во објектот „Европа гарден“. Пролетната турнеја низ Македонија таа ја започна во Скопје на 1 март и потоа одржа концерти во Струмица, Битола, Крива Паланка, Охрид, Куманово и Велес. „Последниве години повеќе пораки добивам на 1 март отколку на мојот роденден“, рече Каролина на почетокот на скопскиот концерт, алудирајќи на нејзиниот хит „Први март“. Билетите за концертот во Гостивар ги ...

Килијан Марфи не завршил со Томи Шелби и откако освои Оскар за „Опенхајмер“ ќе се врати во Бирмингем за да снима филм „Пики Блајндерс“ како продолжение на хит-серијата. „Нетфликс“ и официјално даде зелено светло за долго најавуваниот филм, во кој Марфи ќе биде главен актер и продуцент. Сценариото го напиша креаторот на серијата Стивен Најт, а снимањето треба да почне подоцна оваа година. Деталите за дејството и за актерската екипа засега се ...

Рокерот Мик Џегер опиша како се чувствува откако на 80 години се врати на турнеја, пеејќи, танцувајќи и трчајќи во концертните сали и на стадионите. „Исто е како кога бев на сцената на 78 години“, рече фронтменот на „Ролинг стоунс“ ден откако пееше на преполн концерт во Бостон. „Потребни беа неколку концерти за да влеземе во ритам, но сега сме супер. Се чувствувам добро”, додаде тој Џегер, кој ќе наполни 81 година на 26 јули, сè уште е во ...

Панк легендите „Секс пистолс“ ќе се обединат за неколку концерти, но без пејачот Џони Ротен. Стив Џонс, Глен Метлок и Пол Кук, кои беа дел од оригиналната постава, објавија дека ќе одржат два добротворни концерта на 13 и 14 август во Лондон, при што како фронтмен ќе им се придружи англискиот пејач Френк Картер. „Бев пресреќен кога ми се јавија. Многу сум возбуден што ќе бидам дел од ова“, изјави 40-годишниот Картер, кој моментално го предводи ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
62%
995
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
994
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
998
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.57
97%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
91%
994
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
63%
1002
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
76%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
996
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
89%
1000
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
995
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
67%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.07

Кобалт

64.04

Паладиум

53434.54

Бакар

11.66

Злато

157055.75

Платина

83354.78

Калај

48.47

Цинк

3.33

Иридиум

221848.72

Сребро

2457.28

Рутениум

45750.51

Родиум

336779.07