Со диџеј сет на Илија Талев познат како Ile the Hair синоќа (28 јуни) на Меѓународниот арт фестивал „Битола отворен град“ беа одбележани 30 години од првиот техно албум во земјава на Балканот „И по Тито-Техно“. Албумот излезе во 1994. Илија Талев стана препознатлив рушејќи бариери во средината во која живее во многу области: музика, мода, култура и уметност во Битола и пошироко. Тој е диџеј, музичар, организатор на првата техно журка во ...

На 7 јули, на летната сцена на Домот на младите во Штип, во рамките на Штипското културно концерт ќе одржи Битолскиот камерен оркестар. На истата сцена, на 18 јули концерт ќе настапи светски познатиот француски сопран со потекло од Штип, Елена Голомеова. ШКЛ се отвори сношти (28 јуни) со детската балетска претстава „Волшебната шума“, а ќе продолжи на 1 јули со камерен концерт на Милена Тодороска Мургоска на виолина со пијано придружба на ...

Судијката го негираше последниот обид на актерот Алек Болдвин да го отфрли обвинението за ненамерно убиство против него поради фаталното пукање на Халина Хачинс (42) на сетот на неговиот филм „Рѓа“ (Rust). Овој потег доаѓа две недели пред на актерот да му се суди во Ново Мексико за пукањето во 2021, кое го прекина снимањето на филмот. Судијката на окружниот суд во Ново Мексико, Мери Марлоу Сомер, ја одби понудата на 66-годишниот Болдвин да го ...

Брајан Адамс, Стинг и „Симпли Ред“ се светските ѕвезди кои со свои концерти ќе ја отворат сезоната во австрискиот скијачки центар Шладминг-Дахштајн. Лани, спектакуларен концерт одржа Роби Вилијамс, а организаторите очекуваат полн капацитет и годинава, околу 45.000 гости. Брајан Адамс ќе ја отвори серијата концерти в петок, на 6 декември. Тој ќе ги испее своите стари хитови како и песните од новиот албум, кој го напиша за време на пандемијата. ...

Младата пејачка Ана Петановска, вечерва (29 јуни) ќе настапи на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват, Црна Гора. Со песната „Љубовта секогаш победува“, Петановска ќе настапи заедно 25 пејачи од целиот регион кои се во натпреварувачкиот дел на фестивалот. Музиката е на Григор Копров, текстот на Душан Бачиќ, а аранжманот е на Стефан Петановски. После настапот на на „Бисер на Јадранот“ следува концерт во чест на ...

На Гластонбери имаат свирено некои од најгласните рок бендови, но целиот фестивал денеска на момент замолкна. Тоа беше поентата на перформансот на српската концептуална уметница Марина Абрамовиќ насловен „Седум минути колективна тишина“, во рамките на кој таа побара од илјадници луѓе да молчат седум минути. Известувачот на Би-Би-Си од Гластонбери изјави дека таа успеа во својата намера, опишувајќи го настанот како навистина специјален. ...

Утре (29 јуни) од 12 до 17 часот, во Паркот на франкофонијата во Скопје ќе се одржи мотоциклистичкиот настап „Круз калт“ (Cruise Cult). „Идејата на оваа манифестација е да ја популаризираме мотоциклистичката култура и да се претстави влијанието на мотoциклите врз културниот живот во Македонија и регионот“, велат организаторите. Ќе има изложба на мотоцикли со неколку карактеристични примероци од секоја класа. како и перформанс на кој ќе се ...

Францускиот институт во Скопје и Скопско лето објавија дека изведбата на уличното дефиле-претстава на француската театарска група „Кидам“ (La Compagnie des Quidams) се одложува за утре (29 јуни). Овој настан требаше да се одржи вечерва, но групата не е во можност да пристигне денеска поради големо невреме во моментот на полетувањето од Франција. Маршрутата на дефилето останува иста: од Музејот на Град Скопје, преку улицата Македонија и ...

Славниот актер Кијану Ривс гостуваше во Крагуевац, но на заради снимање филм, туку за концерт на неговиот бенд „Догстар“. Американската рок група, која лани се возобнови по 23 години пауза, настапи на првата вечер на Арсенал фест во Крагуевац. Иако „Догстар“ не спаѓа во најзначајните имиња на гранџ жанрот, самото присуство на Ривс ги направи главна атракција на фестивалот. Српските медиуми објавија дека Ривс со колегите дошол во Крагуевац ...

Д фестивал, најголемиот летен фестивал во Македонија, денеска по 14. пат ги отвора своите врати во Дојран за илјадниците посетители. Седумдесет и двочасовната програма ќе донесе богата и разновидна музичка програма и бројни пропратни содржини на брегот на Дојранското Езеро. Како главни музички ѕвезди на шесте бини се најавени Лил Памп, Фатумата Дијавара, „Нувел ваг“, Џонас Блу и „Елементал“, најголеми атракции на техно подиумот ќе бидат ...

ФИФА оваа година ќе го организира првото светско првенство во популарната видеоигра „Фудбал менаџер“, на која ќе се добие најдобриот виртуелен тренер на светот. Оваа видеоигра се продаде во милиони примероци и некои клубови ја користат за да следат играчи. Играчите ќе се натпреваруваат за 100.000 долари на завршниот настан, што ќе се одржи од 29 август до 1 септември. „Ова натпреварување бара од учесниците да покажат длабоко разбирање на ...

Македонските рок бендови „Ареа“ и „Архангел“ ќе бидат главните музички ѕвезди на 23. издание на Меѓународниот арт фестивал „Битола отворен град“ (БОГ), што се одржува од 26 до 29 јуни. Ова ќе биде прво гостување на „Архангел“ во Битола по 20 години. Музичкиот хепенинг е закажан за 28 јуни од 20 часот на Ракометното игралиште. Вечерта ветува дека ќе биде спектакуларна прослава на македонската урбана музика, па диџеј сет ќе има познатиот Ile ...

Македонски филмови од разни временски периоди ќе можат да се гледаат во Кинотеката следниот месец. Посветувајќи го јули на македонската кинематографија, на летната сцена „Мирно лето“ ќе има проекции на 11 филмови, почнувајќи со „Волчја ноќ“ на Франце Штиглиц на 5 јули. На програмата потоа се „Црно семе“ на Кирил Ценевски на 6 јули, „Жед“ на Димитрие Османли на 9 јули, „Најдолгиот пат“ на Бранко Гапо на 10 јули, „Ругање со Христа“ на Јани ...

Македонската радио-телевизија по одржаната аудиција. Евросонг ќе се одржи на 16 ноември во Мадрид. „Ана и Алексеј имаат извонреден талент и хармонични гласови“, велат од МРТ. Ванчевска има 14 години и веќе има учествувано на музички фестивали. Годинава беше избрана за единствена претставничка на Македонија за фестивалот Сан Ремо јуниор во Италија. „Покрај музичкиот успех, таа е добитничка на повеќе државни награди по математика, физика и ...

Многу е полесно да си непризнаен уметник, ако си признаен, многу е потешко да ја одржиш уметноста, рече Влатко Стефановски сношти на отворањето на изложбата во Мала станица во Скопје, која е дел од славењето на 50 години од почетокот на неговата кариера. Изложбата е поставена во рамките на 10. издание на фестивалот на музички документарни филмови Скопје синема сити. Фотографиите од многу настапи на легендарниот гитарист од времето на „Леб и ...

Триото „Балкан ашк“ вечерва (27 јуни) од 20 часот ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба. Формирано во 2021, триото е во состав Ерхан Шукри на виолина (професор во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и диригент на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ и на Гудачкиот камерен оркестар „АРКО“), Мерсиха Шукри на харфа и Енис Аљи на виолончело. Концертот е организиран од новоформираната НУ Центар за култура на турската заедница во Македонија. На ...

Данска и Германија го започнаа поврзувањето со најдолгиот подводен тунел на светот. Данскиот крал Фредерик ја претстави првата секција од идниот 18 километри долг тунел под Балтичкото Море, кој ќе ги поврзува северна Германија и јужна Данска. Тунелот „Фемарнбелт“, кој треба да биде отворен во 2029, ќе го намали патувањето од сегашните 45 минути со траект на само седум минути со воз. Данскиот град Редби и германски Путгартен ќе бидат директно ...

Били Ајлиш им се придружи на Викенд и Тејлор Свифт како третиот пејач со 100 милиони слушатели на Спотифај месечно. Со 22 години, двократната оскаровка е најмлада во ова друштво и притоа има само три албуми, од кои последниот излезе во април годинава. Викенд ја предводи листата со 107 милиони слушатели месечно, следен од Тејлор Свифт со 102 милиони. Двајцата имаат над двојно повеќе песни од Ајлиш, која има само 82 песни на платформата. ...

„Гугл“ ги советува корисниците да пушат за време на бременоста, да готват со лепак и да јадат камења. Некогаш најдоверливата алатка за пребарување неодамна претрпе значителна промена, ставајќи го „AI Overview“, односно одговорите базирани на вештачка интелигенција, над другите резултати од пребарувањето за многу прашања. Иако ова не е добро за сопствениците на сајтовите кои заработуваат од луѓето кои кликаат на нив, тоа е уште полоша вест за ...

Модниот бренд „Шанел“ одржа ревија во Операта во Париз и доби голем аплауз од главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур, и други познати личности. Малку модни куќи можат да ја наполнат Операта без да имаат главен дизајнер. Тоа е доказ за трајната моќ на „Шанел’“ и неговото светски познато ателје по ненадејното заминување на Виржини Вијар. Вијар, која го замени Карл Лагерфелд во „Шанел“ по неговата смрт во 2019, го напушти францускиот луксузен ...

Најстарото вино во течна форма е откриено во 2.000 години стара римска гробница во Шпанија, кажаа научниците. Сместена во Кармона близу Севиља, гробницата била пронајдена во 2019 и истражувањата покажаа дека римјаните ја изградиле во првата половина на првиот век. Во гробницата била пронајдена урна со чудна смеса: покрај кремираните коски, внатре имало и црвено-кафеава течност. По лабораториските анализи било утврдено дека течноста некогаш ...

Српската кантавторка Констракта ќе биде дел од настанот „Ѕвездена симфонија“, што ќе се одржи на 3 јули од 19 часот на Градскиот стадион во Битола, а ќе настапи во придружба на Битолскиот камерен оркестар. На истиот настан ќе настапат и Каролина Гочева, „Суперхикс“, „Паркети“, „Брас брадрс“ и Лав Итоја од Нигерија. Оркестарот како гости ги најави дуото „Пиг и Дан“ од Шпанија, кое настапува на фестивали на електронска музика низ Европа и ...

Четири филма ќе се прикажат на Деновите на португалската кинематографија, што почнуваат денеска во Кинотеката. Оттаму велат дека на програмата се ремастерирани верзии на општествено ангажирани, неколку децении стари филмски творби. „Овие филмови се речиси непроценлив историски документ, создадени среде турбулентните настани во тогашна Португалија. Тоа се и своевидни манифести за односот помеѓу киното и политиката, за самиот медиум на филмот, ...

Пивските бањи во последно време станаа популарни во Исланд, Шпанија и САД, но тие имаат постара традиција во земја со долга историја на пивото, Чешка. Туристите таму се капат во џиновски кади од даб со 1.000 литри вода, на која ѝ се додава хмељ за кој се смета дека го ублажува стресот и ги отвора порите. „Шато спа бирлед“ е една од најголемите пивски бањи во Чешка, земјата која го создаде овој модерен велнес тренд во 1980-тите. Сместена е во ...

(фото) На програмата се дела од неколку фази од опусот на славниот композитор Антонио Вивалди. Концертот е соработка помеѓу хорот „Св. Злата Мегленска“, професори и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј” и Уметничкиот центар „Полифонија“. Диригент е Летка Полизова. Како солисти настапуваат сопранистките Надежда Рубен и Јасмина Димитровска, виолинистите Милица Андоновска, Божана Гошева, Илија Јовчев, Мила Наумовска и Јана Јовиќ и ...

Националниот џез оркестар ќе одржи три концерти во Хрватска, на кои ќе настапи заедно со црногорскиот музичар Рамбо Амадеус. Турнејата започнува вечерва (25 јуни) во Шибеник, па следува концертот на 28 јуни во рамките на првото издание на фестивалот „Island Vis Music Breeze“, кој ќе се одржи на полуостровот Прирово. Третиот концерт е во Хрватскиот народен театар во Сплит на 1 јули. Антоније Пушиќ, познат во јавноста како Рамбо Амадеус, е ...

Од бруталниот кловн Пенивајс до еден од најпознатите вампири на сите времиња, Бил Скарсгорд се трансформираше во Носферату во новиот филм на Роберт Егерс, римејк на легендарниот експресионистички нем филм од 1922. Сепак, фановите ќе почекаат да видат како изгледа Скарсгорд во улогата на грофот Орлок, зашто првиот трејлер не го открива тоа во целост. Режисер и сценарист на „Носферату“ е Роберт Егерс, кој стана омилен меѓу хорор фановите со ...

Во 2022, по неколку години пауза, на Факултетот за музичка уметност во Скопје повторно се формираше Катедрата за популарни жанрови. Интересно е што на овој отсек можат да се запишат и студенти без завршено средно музичко училиште. „Отсекот се формираше во 2012, па беше ставен во мирување од страна на претходната управа, иако постоеше огромен интерес. Во 2022, со почетокот на мојот мандат како декан, веднаш беше реафирмиран, а една година ...

Најголемото име на главната бина на годинашниот Гластонбери не е „Колдплеј“ или Дуа Липа, туку бенд за кој многумина во Европа не ни слушнале. Станува збор за корејскиот бој бенд „Севнтин“ кој се состои од 13 членови и лани продал повеќе од десет милиони албуми, помалку само од Тејлор Свифт. Иако „БТС“, „Блекпинк“ и „Аеспа“ успеаја да се пробијат на западот, нивните најголеми хитови беа соработки со имиња како Селена Гомес, Леди Гага и ...

Пејачи, супермодели и спортски ѕвезди учествуваа на модниот настан „Вог ворлд“ на плоштадот Вандом во Париз, кој беше претворен во модна писта. Настанот го организираше модното списание „Вог“, како прослава на 100 години француска мода. Статисти прикажуваа различни спортови во позадината на ревијата за секоја деценија на модата од 1920-тите до денес, што се случуваше еден месец пред Париз да биде домаќин на Олимписките игри. На ревијата ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
75%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
94%
994
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
80%
1000
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.89
100%
1001
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
97%
994
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
85%
1004
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
81%
999
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
998
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
95%
996
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
71%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Калај

48.47

Алуминиум

3.07

Паладиум

53434.54

Сребро

2457.28

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Платина

83354.78

Злато

157055.75

Иридиум

221848.72

Цинк

3.33

Бакар

11.66