Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Јапонската актерка Шоко Ито вечерва (7 јуни) од 19 часот ќе ја изведе нејзината претстава „Баба самурај” во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Ито е театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со богата меѓународна кариера, која во текот на 35 години настапила во 80 земји. Дипломирала јапонско сликарство, а во 1986 го основала театарот Ито-Гуми, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми: ...
Независниот издавач „Шарла рекордс“ вечерва (7 јуни) во скопското кафуле „Ла Кања“ (20 часот) ќе го промовира своето 100. издание – истоимениот албум на бендот „Карла Левински“. Се работи за најновиот музички проект на ветеранот Сеад Хаџиќ-Сецко. Албумот е снимен во домашното студио на Хаџиќ, а миксот и продукцијата се на Горан Трајкоски. Како соработници на овој материјал се јавуваат Огнен Мангаровски (гитара и сајзери), Андреј Коларовски (бас ...
Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ вечерва (7 јуни) ќе настапи на фестивалот Софиски музички недели во Софија,.„Профундис“ првпат настапува на овој фестивал на класична музика кој постои 55 години. „Многу сме возбудени и со задоволство ја прифативме поканата да настапиме на фестивалот. Вечерашниот концерт е посебен за нас, не само поради репертоарот, туку и поради можноста да споделиме музика со нашите пријатели и колеги од Бугарија”, ...
Вечерва (7 јуни) во 20 часот, во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје ќе се отвори изложбата „Линијата што избледнува: Приказни на работ на легалноста“ на Албан Муја од Косово. Куратор на поставката е Владимир Јанчевски. Муја создава видеоинсталации, филмови, цртежи, слики, фотографии и јавни уметнички дела под влијание на тековните процеси на општествената, политичката и економската трансформација во неговото родно Косово и на ...
Популарниот српски актер Никола Ѓуричко се враќа во Македонија, овојпат не со претстава, туку како музичар. Ѕвездата на филмовите „До коска”, „Молњи”, „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур” и „Зона Замфирова” и на хит-серијата на „Нетфликс“, „Чудни нешта”, ќе настапи во „Јавна соба“ во Скопје на 3 јули со неговиот бенд „Џони Миднајт трио“. Основан во Лос Анџелес во 2021, бендот го сочинуваат Никола Ѓуричко – гитара и вокал, Александар Пантиќ – бас ...
Денеска (7 јуни) од 20 часот, во Центарот за култура во Битола ќе се одржи концертот „Летај галебе“ во чест на легендарниот композитор Кире Костов, кој почина на 27 јули 2023. Ќе свири Камерниот оркестар на Битола, а хитовите на Костов ќе ги пеат Димитар Андоновски, Сефедин Бајрамов, Антониа Гиговска, Бојан Стојков, Мина Блажев, Барбара Поповиќ, Кики Мукаетова, Драгана Јовановска и Андреа Томовска. Раде Врчаковски-Врчак, чиј татко д-р Миодраг ...
Втората вечер на 23. издание на Офф-фест се отвора со холандскиот бенд „Бои аки“, чиј настап е закажан од 20 часот во Националната опера и балет. Овој состав повеќе од 25 години го предводат пејачката Моника Акихари и гитаристот и композитор Нилс Броувер и во нивната музика можат да се почувствуваат примеси на музичките традиции од сите страни на светот, како индиската, меланезиската, африканската и европската, но и импровизации. „Овој звук ги ...
Денеска почнуваат првите содржини од книжевниот и творечки фестивал за деца и млади „YES фестивал! Млади европски приказни, млади креативци“ во Скопје, чиј организатор е издавачката куќа „Чудна шума“. Во рамките на фестивалот ќе има креативни работилници со уметници, писатели и илустратори од Македонија, Словенија и Хрватска, промоции на книги за деца и млади, изложба на илустрации, саемски дел и многу музика. Придружната програма ќе трае од 6 ...
Влатко Стефановски ќе одржи концерт во Белград на 16 декември, на кој ќе одбележи 50 години музичка кариера. Како гости на концертот во „Сава центар“ се најавени Џибони, Мирослав Тадиќ и Дамир Имери, а Стефановски ќе свири со своето трио, во кое членуваат неговиот син Јан на тапани и басистот Иван Кукиќ. Роден во Прилеп во 1957 година, Стефановски бил член на неколку групи, пред да ја формира „Леб и сол“ во 1976. Првиот соло албум го објави во ...
Џони Деп ќе го глуми Сатана во новиот филм на Тери Гилијам, додека Џеф Бриџис ќе биде Господ. Гилијам потврди дека го иабрал Деп за својот следен филмски проект насловен „The Carnival at the End of Days“, што првпат го најави на еден фестивал во декември. „Бог сака да го збрише човештвото и единствениот кој сака да го спаси е Сатаната, кого го игра Џони Деп“, изјави Гилијам, додавајќи дека во филмот ќе глумат и Адам Драјвер и Џејсон Момоа. Што ...
Вечерва (6 јуни) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи традиционалниот концерт „Младите доаѓаат“, на кој ќе свират млади музички таленти, а ќе диригира Ангел Спироски (фото). На концертот настапуваат ученици од музичките училишта од Скопје, Струга, Охрид и Битола: Марија Џуклеска, Андреј Наумоски и Виктор Србиноски на виолина, Летиција Кондратенко на контрабас, Ана Матеска на флејта, Ева Малиновска на виолончело, Александар Ристовски на ...
Со африканска вечер се отвора 23. издание на Офф-фест во Скопје, кое ќе се состои од четири вечери и осум концерти. Фестивалот ќе трае до 9 јуни, а учесниците доаѓаат од Нигер, Јужна Африка, Холандија, Етиопија, Франција, Шпанија, Полска, Македонија и Србија. Отворањето е во 20 часот во Националната опера и балет со концертот на Бомбино, гитаристот од Нигер кој е еден од најзначајните претставници на таканаречениот пустински блуз. „Неговата ...
Седумдесет години поминаа откако француската модна куќа „Диор“ последен пат одржа ревија во Шкотска. Брендот сега ја претстави новата летна колекција во градините на шкотскиот замок Драмонд. Многу познати дами седеа во првите редови на ревијата, а шоуто не го пропуштија ниту познатите амбасадорки на брендот, како актерките Џенифер Лоренс, Ања Тејлор-Џој, Розамунд Пајк и Мејзи Вилијамс. Се одржа раскошно шоу за 550 гости. Слики од последното шоу ...
Хрватска до 2027 година ќе добие целосно нова тркачка патека која ќе ги исполнува сите критериуми и стандарди на Формула 1 и ќе може да биде домаќин на најголемите авто-мото трки на светот. Проектот добил одобрение од соодветните државни органи и наскоро треба да почне неговата реализација, објави „Индекс“. Патеката „Croatia Ring“ ќе се гради кај Слуњ, гратче близу Карловац. Проектот целосно ќе бида финансиран од приватни инвеститори од Хрватска ...
Утре (6 jуни) од 19 часот, во Театарот за деца и младинци во Скопје ќе се игра премиерата на претставата „Хајди“, работена според романот на Јохана Шпири. Режијата е на Драгана Гунин, а драматизација на Драгана Лукан-Николоски. Претставата е наменета за децата над шест години. „‘Хајди‘ е приказна за надежта и пријателството, за убавината на природата и чувството на слобода која таа ни ја дава. И покрај тоа што станува збор за приказна која се ...
Каролина Гочева ќе одржи концерт во Гостивар на 15 јуни во објектот „Европа гарден“. Пролетната турнеја низ Македонија таа ја започна во Скопје на 1 март и потоа одржа концерти во Струмица, Битола, Крива Паланка, Охрид, Куманово и Велес. „Последниве години повеќе пораки добивам на 1 март отколку на мојот роденден“, рече Каролина на почетокот на скопскиот концерт, алудирајќи на нејзиниот хит „Први март“. Билетите за концертот во Гостивар ги има ...
Килијан Марфи не завршил со Томи Шелби и откако освои Оскар за „Опенхајмер“ ќе се врати во Бирмингем за да снима филм „Пики Блајндерс“ како продолжение на хит-серијата. „Нетфликс“ и официјално даде зелено светло за долго најавуваниот филм, во кој Марфи ќе биде главен актер и продуцент. Сценариото го напиша креаторот на серијата Стивен Најт, а снимањето треба да почне подоцна оваа година. Деталите за дејството и за актерската екипа засега се ...
Рокерот Мик Џегер опиша како се чувствува откако на 80 години се врати на турнеја, пеејќи, танцувајќи и трчајќи во концертните сали и на стадионите. „Исто е како кога бев на сцената на 78 години“, рече фронтменот на „Ролинг стоунс“ ден откако пееше на преполн концерт во Бостон. „Потребни беа неколку концерти за да влеземе во ритам, но сега сме супер. Се чувствувам добро”, додаде тој Џегер, кој ќе наполни 81 година на 26 јули, сè уште е во добра ...
Панк легендите „Секс пистолс“ ќе се обединат за неколку концерти, но без пејачот Џони Ротен. Стив Џонс, Глен Метлок и Пол Кук, кои беа дел од оригиналната постава, објавија дека ќе одржат два добротворни концерта на 13 и 14 август во Лондон, при што како фронтмен ќе им се придружи англискиот пејач Френк Картер. „Бев пресреќен кога ми се јавија. Многу сум возбуден што ќе бидам дел од ова“, изјави 40-годишниот Картер, кој моментално го предводи ...
Битолчани имаа можност во живо да го слушнат препознатливиот далматински мелос од изворни хрватски изведувачи на музичкиот настан во Офицерскиот дом, каде што на Денот на државноста на Хрватска се одбележаа и 30 години постоење на Хрватскиот културен центар (ХКЦ) и Македонско-хрватското друштво „Марко Марулиќ“ во Битола. Настапија женската клапа „Фреција“ од Јелса на Хвар и вокалната група „Ангелини“ во придружба на тамбурашкиот оркестар на КУД ...
Илон Маск и официјално дозволи да се објавуваат порнографски и насилни содржини на социјалната мрежа Икс, но тие ќе бидат блокирани за корисниците помлади од 18 години и за оние кои ќе изберат дека не сакаат да ги гледаат, Компанијата вчера ги објави новите правила со кои се формализира она што може да се види на платформата. Икс, порано Твитер, и досега не им забрануваше на своите корисници да објавуваат содржини за возрасни. Сепак, оние кои ...
Од возобновувањето на литературниот клуб „Искра“ во Штип помина половина век и членовите го одбележаа големиот јубилеј со литературни читања и доделување признанија на личности кои дале придонес во опстојувањето и развојот на клубот. „Се сеќавам на тоа време пред половина век кога кај повеќе млади ентузијасти се јави желба по третпат да се отвори клубот кој од разни причини пред тоа згаснуваше, откако беше основан веднаш по Втората светска ...
Калиопи ќе одржи концерт во Охрид на 2 август, во Античкиот театар од 21 часот, објави продукцијата „Пргама“. Претходно, таа со својот бенд ќе одржи уште едне концерт на отворено, на Хераклеја во Битола на 20 јули. Голем концерт во Скопје е најавен за 19 октомври во салата „Борис Трајковски“. Минатата недела, Калиопи го промовираше новиот албум кој едноставно е наречен „Албум“, со кој прослави 40 години соработка со продуцентот Ромео Грил. ...
Францускиот филм „Втор чин“ во режија на Кантен Дипје, со Леа Сејду и Луј Гарел во главните улоги, ќе има специјална проекција во Скопје, на 5 јуни во киното Синеплекс. Светската премиера беше во мај на Канскиот фестивал (фото), а оваа проекција е дел од Гала филмската вечер „Кан во Скопје“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје. „Дипје исклучително вешто ги заобиколува клишеата, спротивставувајќи се на ...
„Суперхикс“ ја комплетираше листата гости кои ќе настапат на неговиот голем славенички концерт, што ќе се одржи на 29 јуни во паркот кај салата „Расадник“ во Кисела Вода. Најавен како повеќечасовен бесплатен музички спектакл, на концертот ќе гостуваат „Фолтин“, „21 век“, Дани Димитровска, Мите Димовски, Камерниот оркестар од Битола, Гоце САФ, „Ред 18“ и српската група „Ја, Дека и Зека“. Исто така, ќе се појават и поранешни членови на групата. ...
Македонски пејачи и диџеи ќе настапат на првиот „Урбан ФМ фестивал“, што ќе се одржи на 9 јуни во скопскиот Градски парк на локацијата „Вембли“ од 17 часот. „Фестивалот ќе има за цел да внесе нова авангардна културна содржина во Скопје и да ја запознае широката публика со музичката креативност. На отворено ќе можат да се слушнат бројни жанрови на музика“, велат од „Урбан ФМ“, кое го организира фестивалот по повод својот прв родеден. Од радиото ...
Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана утре, (28 мај) на Мајските оперски вечери (МОВ) ќе ја изведе камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ. Оперската претстава ќе се изведе во 20 часот во Националната опера и балет (НОБ). „Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. Музиката и либретото се напишани од Соколовиќ, српска композиторка ...
Дваесет и третото издание на Офф-фест носи осум концерти и два документарни филма. Фестивалот на музика од светот ќе се одржува од 6 до 9 јуни во Националната опера и балет (НОБ), Младинскиот културен центар (МКЦ) и Кинотека на Македонија. „Фестивалот има еден базичен концепт кој не се менува, а тоа е да биде фестивал на големи ѕвезди на светската музика“, вели Оливер Белопета од Скопскиот џез фестивал (СЏФ). Додаде дека Офф-фест има традиција ...
Од денес (31 мај) до 2 јуни студентите од Факултетот за драмски уметности (ФДУ) го организираат филмскиот викенд „Хај-Фај“. Станува збор за нова меѓународна филмска платформа направена од студенти за студенти. Од ФДУ велат дека платформата ќе служи како отскочна даска за промоција на студенти од филмски катедри при нивното прогресирање кон професионалци. Програмата за овој прв настан е поделена на официјална филмска програма со студентски кратки ...
Денес (1 јуни) во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи фестивалот за јапонска култура, Сакура фестивал, во чест на 30-годишнината од воспоставувањето на македонско-јапонските дипломатски односи. Слоганот на ова издание на фестивалот е „Расцути ја иднината“ , поврзано и со самото име на фестивалот Сакура (црешов цвет) и повикува кон градење на поодржлива иднина за сите. Мотото потекнува од јапонскиот израз „мотаиниа“ кој значи: „немој да ...