Целата публика во Филхармонијата сношти (1 јуни) беше на нозе откако Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ го отсвиреа „Пајдушко“, во гитарска верзија. 20 години откако е издаден албумот „Трета мајка“ на македонскиот и на српскиот гитарист кој живее во Лос Анџелес со преработки на македонски народни песни, „Авалон“ се сети да го реиздаде на винил. Оттаму повод за фантастичниот концерт сношти, и оној што следува вечерва (2 јуни) во истата сала, во ...

Ѕвездата на „Марвел“, Џереми Ренер ја доби првата улога во филм, после несреќата при чистење снег во 2023. Ренер ѝ се приклучи на ѕвездената постава за третиот дел од крими-комедијата „Нож во грб“ (Knives out), со Даниел Крег, Глен Клоуз, Ендру Скот, Кери Вашингтон и Џош О’ Конор, Педесет и двегодишниот актер, кој глумеше и во „Одмаздници“, скрши повеќе од 30 коски и имаше повеќе операции, откако ненамерно беше прегазен од неговиот шесттонски ...

„Сони мјузик“ е во преговори за купување на музичкиот каталог на рок групата „Квин“, на кој се хитови како „Боемска рапсодија“. Според „Блумберг“, „Сони“ преговара со купувач кој потенцијално би можел да плати 1 милијарда долари. Ако каталогот се продаде, тој ќе ги опфати песните на „Квин“ и целата интелектуална сопственост, вклучувајќи ги правата на логоа и музичките спотови. Преговорите за продажбата се водат од минатата година. Во преговорите ...

На 4 и на 5 јуни од 19 часот во киното „Фросина“ во МКЦ во Скопје ќе се одржи фестивал за мјузикл за деца и млади, кој го организира Детскиот културен центар „Карпош“. Фестивалот започнува на 4 јуни со „Приказната за генијалната Матилда“ на македонски јазик од Студиото за детски и младински мјзуикли „Бродвеј јуниор“ од Скопје. На 5 јуни фестивалот продолжува со мјузиклот „Кралот Лав“ од Интернационалното училиште QSI од Скопје. „Веруваме дека ...

Најголемо изненадување на новиот албум на Калиопи, „Албум“ е дуетот со Слаткаристика. Овој необичен спој со голем аплауз го подравија присутните на промоцијата на албумот, со кој Калиопи прослави 40 години соработка со продуцентот Ромео Грил. Хип-хоп музичарот вели дека му е голема чест што таа го поканила заедно да ја испеат песната „Казна“. „Комуницирам со Калиопи 15 години, навистина ја ценам. Ова ми е всушност прв дует со наша пејачка во ...

Гитарата на која свирел Џон Ленон стана најскапиот инструмент од „Битлс“ што некогаш бил продаден на аукција. Акустичната гитара „Фрамус“ со 12 жици е пронајдена на поткровје откако се претпоставува дека била загубена повеќе од 50 години, рекоа аукционерите. Продадена е за 2,9 милиони долари преку телефонска понуда во кафулето „Хард Рок“ во Њујорк. Со оваа гитара, Ленон свиреше песна во филмот „Помош“ (Help) од 1965 година. Се користеше и на ...

Од 28 до 30 јуни, на повеќе сцени на отворено во Дојран, ќе се одржи традиционалниот „Д фестивал“, со домашни, балкански и странски музичари, објави на прес конференција „Пасворд продукција“. „Имаме пораснато многу генерации за овие 14 години, имаме донесено над 400 музичари досега. ‘Д фестивал’ стана еден познат туристички бисер, и ја негува културата. Годинава, еднa од нашите главни акции е ‘Не биди дедо’. Со купени 4 влезници, петтата се ...

Винилите се повторно во мода, на мое големо задоволство, и на задоволство на повеќето дискофили, рече Влатко Стефановски на промоцијата на реизданието на заедничкиот албум со српскиот гитарист Мирослав Тадиќ и бугарскито кавалција Теодосиј Спасов, „Трета мајка“. заедничкиот албум „Трета мајка“, кој „Авалон“ неодамна го реобјави на винил по 20 години. На албумот гостува и Теодосиј Спасов кој поради обврски нема да дојде на скопските концерти. ...

Сараевската поо-рок група „Црвена јабука“ ќе одржи концерт во Охрид на 9 август, во Античкиот театар, објави продукцијата „Прагма“. Бендот минатата година одржа два концерта во Скопје во Филхармонијата, и еден во салата „Јане Сандански“ како и во Битола и во Штип. На новиот албум на групата е преработена песната „Ако умрам ил загинам“ од Јонче Христовски. Фронтменот групата „Црвена јабука“, Дражен Жериќ- Жера лани во Скопје рече дека таа песна ...

Денес (30 мај) во 19 часот во Галеријата Матица, ќе се отвори изложба на триесетина досега неизложувани дела од сликарот Владимир Георгиевски, кој почина во 2017. Изложбата на дела „Остуство присуство“ на дела од различни фази од неговото творештво е во чест на 82 години од неговото раѓање, а се организира во соработка со неговото семејство. Ќе трае до 24 јуни. Георгиевски е роден 1942 во Скопје. Во 1963 завршил Училиште за примена уметност во ...

Хор составен од седум деца од основното училиште „Кочо Рацин“ од Скопје го освои првото место на Светскиот Куп во фолклор, „Соправиста“ во местото Лидо ди Јесоло кај Венеција во Италија. Младите македонски хористи победија конкуренти од 12 земји учесници со околу 500 натпреварувачи во различни категории, со две македонски народни песни во нови аранжмани, а ментор им беше наставничката по музичко Наташа Митрова. „Децата му покажаа на светот како ...

Калиопи и Ромео Грил прославија 40 години заедничка соработка со промоција на новиот албум кој е едноставно нарачен „Албум“, денеска (29 мај) во Скопје. „Албумот едноставно го нарековме ‘Албум’, и откако ќе ги преслушате песните сѐ ќе ви стане јасно“, рече Калиопи на промоцијата на која беше дојден и Грил кој живее во Швајцарија. Најголемо изненадување на албумот кој има 10 песни, дел на македонски, дел на српски јазик е соработката на Калиопи ...

Поп-пејачката Тамара Волческа ја промовираше новата песна „Херој“, за која сними и спот. Видеото го режираше нејзината колешка, поп-пејачката Ивона Јо. „Ова е брза и енергична песна која ја враќа надежта во оптимизмот. Херојот е Тамара која се обидува да се спаси самата себеси во периоди кога била незаштитена. Пораката на оваа песна е сите ние да бидеме свои херои и сами да го пронајдеме патот до успехот“, велат од тимот на пејачката. Волческа ...

По повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Македонија, на 4 јуни во Камерната сала на Филхармонијата од 20 часот, пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери-Илкоска, ќе одржат концерт на кој ќе бидат изведени дела што ја отсликуваат македонската и шпанската музичка култура. Заедно со македонските уметници, на концертот ќе настапи и Камерниот оркестар од Битрола „ID Chamber Orchestra“, а ќе бидат изведени дела од: Томислав ...

Холандската пејачка со иранско потекло Севдализа ќе настапи во Скопје на 7 јули, на стадионот на АРМ во рамките на фестивалот „Скопје колинг“, објави „Авалон“. Фестивалот на 6 јули на истиот стадион ќе го отвори Грејс Џонс (75), една од најекстравагантните и најоригинални појави во современата поп-култура. Во духот на овогодинешното издание на ‘Скопје колинг’, на кое главната позиција ја има легендарната Грејс Џонс, сакавме во рамките на ...

Младите макдонски пејачи Ана Петан и Мартинијан Кириловсски ќе пеат на фестивалот „Бисер на Јадранот“ кој ќе се одржи на 29 јуни, во Тиват, Црна Гора. Меѓу авторите се Елена Ристеска и Ненад Тодоровски, за песната на Мартинијан Кириловски „Змеј“ и Григор Копров и Стефан Петановски, за песната на Ана Петан „Љубовта секогаш победува“. Изборната комисија на фестивалот ја сочинуваат: Слободан Бучевац (директор на фестивалот „Сунчане скале“), Григор ...

Филмската програма во јуни во Кинотеката почнува на 1 јуни, со проекцијата на македонскиот филм „Лена и Владимир“, по сценарио на Александар Русјаков, а во режија на Игор Алексов. Проекцијата е закажана во 20:15 часот, а потоа ќе има разговорот. Во јуни филмските проекции ќе бидат во Летното кино „Мис Стон“ во дворот на Кинотеката. Од Кинотеката најавуваат проекции на филмови со музички сензибилитет, Филозофскиот филмски фестивал, ревија на ...

Порано наречен „Линдберг Филд“, меѓународниот аеродром во Сан Диего има само една писта долга 2.8 километри, што го прави најпрометниот аеродром со една писта во САД. Рекордни 25,2 милиони патници го користеа аеродромот во 2019, и додека бројките значително се намалија за време на пандемијата, тие се вратија на 24,06 милиони патници во 2022. Пристапот за слетување овде е познат по тоа колку авоните се приближуваат до облакодерите во центарот на ...

Од денес (27 мај) до 3 јуни на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип ќе се одржи второто издание на Меѓународниот фестивал за современа музика. На фестивалот, концерти ќе одржат музичари од различни држави, а ќе има и мастер-класи за студентите од Музичката академија. “Ова е одлична можност за студентите да се запознаат со врвни уметници од современата музика, а воедно и да договорат идни соработки и проекти заедно со нив. ...

Поп-пејачката, виолинист во Операта и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје Андријана Јаневска, неодамна во Ректоратот на УКИМ беше промовирана во доктор на науки. Јаневска пред дест години почнала да собира народни песни одејќи во повеќе села во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кога била во шестиот месец од бременоста со помалиот син. Постариот син Димитар, кој тогаш имал три години, бил со неа на ова патување, додека од ...

Историјата на „Њу полис стејт“ (New Police State) и суштината на панкот ќе бидат раскажани и доловени во нова книга, што ја подготвува Љупчо Костовски, еден од основачите и тапанар на култниот скопски панк бенд. Со работен наслов „Македонски панк рецепт“, книгата е навраќање на повеќе од 30 години постоење на групата, која стана олицетворение на панкот, го живее(ше) панкот и цело време остана доследна на анархизмот, андерграундот и филозофијата ...

Кинезите кои немаат можност да го посетат Санторини имаат резервна, поевтина опција во својата земја: одморалиштето Дрим Ленд во Дали во југозападната провинција Јунан, кое многу потсетува на познатиот грчки остров. Ресортот е изграден на страната на планинскиот венец Кангшан кој гледа на езеро и се состои од туристички ресторани, мали ексклузивни хотели, сувенирници, апартмани за одмор и мали кривулести улици, на кои се засадени цвеќиња и ...

Утре (27 мај) во Сараево, Драмски театар од Скопје ќе ја изведе претставата „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов во рамките на регионалниот театарски фестивал РУТА. Премиерата на „Хеда Габлер“ беше на 20 април и гостувањето во Сараево ќе биде петта изведба, а прва во странство. „Хеда Габлер“ е работена по текст на Хенрик Ибзен. Адаптацијата е на Викторија Рангелова-Петровска и Христов, кој е и сценограф. Костимите се на Розе ...

Американската пејачка Ники Минаж е приведена на аеродромот во Амстердам поради поседување дрога. Минаж го снимаше разговорот со полицијата и видеото беше објавено на Х, поранешен Твитер. На видеото се слуша како Минаж ги прашува полицајците зошто е уапсена и дека ѝ е потребен адвокат, бидејќи не знае каде ја водат. Полицаецот ѝ одговара дека мора да оди во полициска станица бидејќи во нејзиниот багаж е најдена дрога. Холандската полиција соопшти ...

На 27 мај, во малата сала на Филхармонијата концерт ќе одржи унгарскиот состав „Сегед тромбон ансамбл“, кој брои осуммина тромбонисти. Влезот на концертот е бесплатен. Составот, кој ќе настапи во рамките на Скопскиот брас фестивал, го предводи еден од најуспешните европски тромбонисти Ѓерѓ Гививиксан, кој е професор на Факултетот за музичка уметност во Сегед. „На годинашното издание на фестивалот ќе има настани во текот на целата година, за ...

По успешните концерти „Француски шансони“, „Звуците на Бразил“ и „Хитовите на Френк Синатра“, џез пејачот Џон Илија Апелгрен го најави своето следно музичко патување, овојпат во Куба. На 14 јуни во Филхармонијата, Апелгрен ќе одржи концерт насловен „Кубанска музичка авантура“, на кој ќе изведе дел од богатиот кубански музички репертоар, особено од стилот кубанско болеро на автентичен, шпански јазик. Апелгрен ќе пее во придружба на бенд составен ...

Првпат досега, бројот на Американците кои секојдневно консумираат марихуана го надминал бројот на оние кои пијат алкохол, што следува откако рекреативното користење канабис стана легално во речиси половина американски сојузни држави. Во 2022, околу 17,7 милиони луѓе во САД користеле марихуана секој ден или речиси секој ден, наспроти 14,7 милиони кои пиеле алкохол со тоа темпо, покажуваат официјални национални податоци. Триесет години порано, ...

Во чест на создавателите на македонската азбука, сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, утре (25 мај) во 14 часот во Домот на младите во Штип ќе започне музичко-драмскиот фестивал од „А до Ш(тип)“. „Тоа е фестивал на урбана култура, хип-хоп музика и поезија, на кој ќе настапат домашни и странски музичари, а премиерно ќе се изведе монодрамата според краткиот расказ на Достоевски, ‘Сонот на смешниот човек‘, во изведба на актерот Ане ...

Кинотеката ќе го реставрира филмот „Мис Стон“ на Жика Митровиќ во рамките на проектот „Сезона на филмски класици“, кој е во организација на Европската асоцијација на кинотеки. Ова следува откако Кинотеката во изминатите години дигитално реставрираше уште неколку македонски филмски класици: „Мирно лето“ (1961), „Фросина“ (1952) и „Мементо“ (1967), како и трите етнолошки филма на Вера Кличкова. Дигитално реставрираната копија на „Мис Стон“ ќе биде ...

Рок групата „Културно уметнички работници“ утре (25 мај) ќе одржи концерт во Младински културен центар во Скопје, со кој ќе прослави 25 години постоење. Јубилејот ќе биде одбележан и со објавувањето на плочата „25 мај“, концертен албум снимен во живо на 25 мај 2021 во кино Фросина во МКЦ. Издавачи на албумот се „Корпус деликти рекордс“ и „Кичма рекордс“. Во својата 25-годишна кариера, „К.У.Р.“ има објавено шест студиски албуми и еден анплагд ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
3.43
92%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
95%
1015
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
86%
1008
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1009
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
9.26
91%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
77%
1008
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Калај

40.48

Платина

52952.77

Родиум

255598.44

Паладиум

46425.68

Алуминиум

2.91

Цинк

3.23

Сребро

1878.05

Иридиум

145787.60

Бакар

10.95

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Злато

135056.24