Полскиот композитор на филмска музика Збигњев Прајснер (фото) ќе ја добие наградата за животно дело на претстојното десетто издание на фестивалот на музички документарци Скопје синема сити, што официјално ќе трае од 1 до 4 јули. Шеесет и осумгодишниот Прајснер е најпознат по соработката со славниот полски режисер Кшиштоф Кјешловски. Полска ќе биде земја во фокус на годинашниот фестивал, во рамките на што ќе се прикаже дел од опусот на ...

Австриските ѕвезди на блек-дет металот „Белфегор“ (Belphegor) првпат доаѓаат во Македонија во септември во рамките на својата источноевропска турнеја. Концертот ќе се одржи на 15 септември во Младински културен центар во Скопје во организација на „Терорвоид“, а „Белфегор“ ќе го придружува уште три групи, вклучувајќи ги легендарните „Малеволент криејшн“ (Malevolent Creation). Предводен од пејачот и гитарист Хелмут Ленер, „Белфегор“ е основан ...

Групата „Нокаут“ ќе одржи концерт во Антички театар во Охрид на 27 јули од 20 часот. Претходно, бендот ќе настапи и на Хераклеја во Битола на 5 јули. Гостин ќе биде Дарко Гелев-Брејк. Минатата година, бендот одржа пет акустични концерти во Филхармонијата со Брејк како гостин. Во октомври минатата година, „Нокаут“ во Скопје го промовираше својот четврти албум „Што бараш ти во мојата песна?“. Билетите за концертот во Охрид се продаваат преку ...

Кинотеката на Северна Македонија распиша конкурс во чест на 30-годишниот јубилеј на македонскиот и светски филмски класик „Пред дождот“. Оттаму велат дека конкурсот „После дождот“ е наменет за сите млади филмаџии, музичари, графичари, ликовни уметници… „Сними оригинален краток филм (меѓу 30 секунди и 30 минути) во кој било видеоформат кој ќе користиш барем една реплика од филмот ‘Пред дождот‘. Креирај оригинален плакат за филмот, оригинален ...

„Авантурите на една турбофолк принцеза“ ја освои главната награда на најголемиот пазар за ТВ-серии во Европа, Конекта во Толедо, Шпанија, објави продукцијата „Охо“. Наградата вклучува 50.000 евра за развојот на ТВ-серијата, чии автори се Андреј Волкашин и Петар Вулчев од Бугарија. Проектот е во продукција на „Охо“ од Македонија и „Иквал тим“ од Бугарија, со поддршка на МРТВ, Глеј ТВ и Ејч-Би-О. Веста ја објави и престижниот „Вараети“, каде ...

Појавата на исклучително редок бел бизон, кој беше снимен во националниот парк Јелоустоун, предизвика возбуда кај домородните племиња во САД, кои го сфаќаат ова како религиозно пророштво кое носи големи промени. Според современи извештаи, ова е првиот бел бизон роден во последното диво стадо во САД. Другите бели бизони во изминатите децении биле родени во заробеништво, од родители кои содржеле ДНК од домашни крави. Раѓањето на бел бизон е ...

Вечерва (22 јуни) на Скопско лето, во 20:30 часот, во Музејот на македонската борба, концерт ќе одржат Јана Каевска (флејта) и Ивона Базгалоска (пијано), а гостин е Ана Трсунова (флејта). На програмата се дела од Г. Коларовски, Ф. Мартен, С. Прокофјев, А. Грнин, П.И. Чајковски и Т. Прокопиев. Влезот е слободен. Каевска дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје во 2021 година како дел од класата по флејта на проф. м-р Страшо ...

Композиторот Григор Копров вели дека не ги памети сите песни што ги компонирал и сосема заборавил дека „Прости ми“, која Маја Оџаклиевска ја испеа на Скопскиот фестивал во 1996, е негова песна. „Прости ми“ е една од песните кои ќе се пеат на концертот „Најдоброто од Копров“, што ќе се одржи на 4 јули од 20:30 часот во Операта во рамките на Скопско лето. Како главен солист настапува Ана Петановска со камерен оркестар и со бенд, а гости се Наде ...

Виолинистот, професор и диригент Ерхан Шукри вчера (20 јуни) на Школка во градскиот парк во Скопје, на децата болни од дијабетес им ја даде донацијата која ја вети минатата година во октомври, откако во Националната опера и балет (НОБ) одржа јубилеен хуманитарен концерт. „Конечно успеавме да ја дадеме донацијата која ја ветивме за децата со дијабетес. На 2 октомври лани се одржа мојот јубилеен концерт ‘Првите мои 20 во 30’ кој беше со ...

Здружението на слепи лица во Штип е домаќин на првиот меѓународен турнир во шах за слепи лица, со учество на шахисти од Србија, Бугарија и Македонија. Учество пријавиле 12 шаховски мајстори од трите држави, кои ќе играат на специјални табли за вакви турнири. „Шаховскиот турнир ќе трае четири дена по системот секој со секого и за најдобрите се предвидуваат награди. Турнирот ќе се игра во Државниот студентски дом во Штип“, вели претседателот на ...

Охрид фест-Охридски трубадури по 31. пат ќе се одржи на 30 и 31 август на сцената „Долни Сарај“ во Охрид. Поделен е во две вечери: фолк на 30 и интернационална на 31 август. „Годинава влезот е слободен. Очекуваме одличен фестивал, со многу добри песни, со настапи на наши докажани пејачи и гости од странство, ѕвезди од поранешна Југославија, но и многу млади пејачи“, вели Григор Копров, директорот на фестивалот. Благоја Грујовски, Катерина ...

Адвокатот на Џастин Тимберлејк вели дека со нетрпение чека „енергично да го брани“ поп-пејачот откако тој беше обвинет за возење во алкохолизирана состојба. Тимберлејк (43) беше уапсен нешто по полноќ во понеделникот бидејќи видел знак за стоп и не застанал. Инцидентот се случил во Саг Харбор на њујоршки Лонг Ајленд, популарна дестинација за одмор на познати личности. Тој беше ослободен без кауција откако беше официјално обвинет и треба да се ...

Владимир Путин и Ким Џонг Ун разменија подароци при вчерашната прва посета на рускиот претседател на Северна Кореја по пауза од 24 години. Путин го поднови Ким со руска лимузина „аурус“, додека тој од севернокорејскиот лидер доби уметнички дела и две кучиња од локалната раса пунгсан. Оваа ретка раса на големи ловечки кучиња се одгледува во северниот дел на Северна Кореја и практички е непозната во остатокот од светот. Расата, која има потекло ...

Вечерва (20 јуни) од 20 часот, на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ќе се одржи традиционалната модна ревија на студентите од Институтот за текстилно инженерство под менторство на професорката Лидија Георгиева. Ревијата е на тема „Време“ и се одржува по повод прославата на 65-годишнината од основањето на факултетот. „Дизајните ги одразуваат моментите на транзиција, каде што старото се среќава со новото, отелотворувајќи го ...

Една од најубавите скопски летни традиции е концертот на отворено на Филхармонијата, кој секоја година во јуни се одржува во Градски парк. Музичките теми секогаш се различни и главно популарни, а на концертот кој се одржа сношти (19 јуни), се свиреше музиката од филмовите на легендарниот режисер Стенли Кјубрик, кој важи за визионер со големо влијание врз светската филмска уметност. Паркот и годинава беше полн со публика од различни генерации ...

Изложба на фустани и лични предмети на супермоделот Наоми Кембел е поставена во Музејот на Викторија и Алберт во Лондон. Таа ги следи примерите на Дејвид Боуви, Фрида Кало и Кајли Миног, кои исто така имаа самостојни изложби во престижниот лондонски музеј. „Чував толку многу работи во складиште затоа што патувам многу. Тоа не е само облека, чувам и фотографии и бекстејџ пропусници од модни ревии од пред 20 години. Едвај чекам да го покажам ...

„Колдплеј“ објавија дека нивниот нов албум „Moon Music“ ќе биде најеколошкиот досега. Секоја плоча ќе биде направена од девет пластични шишиња собрани од отпад, а специјалното издание од околу 70% пластика извадена од реката Лас Вакас во Гватемала. Бендот соопшти дека ќе ги намали јаглеродните емисии за 85% и ќе спречи производство на повеќе од 25 метрички тони „девствена пластика“, материјал што се користи во производството на фолии и ...

Сè уште неименуваниот филм за Формула 1 на Бред Пит ќе биде глобално објавен на 25 јуни следната година, со американска премиера два дена подоцна. Филмот се снима во соработка на тимови и возачи и е во режија на Џозеф Косински, чиј филм „Топ ган: Маверик“ заработи 1,49 милијарди долари ширум светот. Продуцент е Џери Брукхајмер. Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Луис Хамилтон е копродуцент, а снимањето започна минатата година и ...

Утре (19 јуни) од 19 часот, во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одржи хуманитарен концерт за Симона Темелкова-Кабранова, која поради мозочно крвавење не може да седи и да се движи самостојно. На Симона ѝ е потребно лекување во Турција, кое нејзиното семејство не може да го плати. (фото) Во организацијата се вклучија многу луѓе од Кавадарци, како и здружението „Донирај компјутер“, кое по повод 3.000 донирани компјутери ќе поставии ...

Утре (19 јуни) од 16 часот, во Амфитеатар 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје ќе се одржи „Натпревар во раскажување“, во организација на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“. Овој натпревар настојува да помогне децата да го развиваат јавното говорење и е дел од иницијативата за поттикнување на љубовта кон книгата и читањето. Бројни научни студии покажаа дека изобилството информации достапни преку интернет, компјутери, мобилни ...

Од денеска (18 јуни) до четврток (20 јуни), во „Котур кафе и филм“ во Скопје ќе има проекции на документарни филмови за правата на ЛГБТИ заедницата, во организација на Холандската амбасада во Македонија. Од 20 часот ќе бидат прикажани три наградувани документарни филма: „Нели и Надин“ (Шведска, Норвешка, Белгија), „Лесвиа“ (Грција) и „Мама беарс“ (САД). Првите два филма беа дел од минатогодишната селекција на фестивалот Македокс. Влезот е ...

Пијанистката Дуња Иванова на 24 јуни ќе одржи солистички концерт во Виена. На програмата се дела од јапонскиот композитор Рјуичи Сакамото и Ханија Рани од Полска. Дуња Иванова е магистерка по пијано и докторка на науки по филозофија. Има настапувано во САД, Франција, Босна и Херцеговина, Италија, Косово, Црна Гора и Албанија и на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на македонска музика, филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ и други. ...

Музичарот и продуцент Драги Иванов го објави новиот сингл „Крута“. Иванов е автор на песната и сценарист на спотот кој е снимен во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје. Мирослав Илиќ направи колор и графички дизајн на спотот, Филип Методиев свири гитара на песната, а Мартина Баракоска синтисајзери и дел од оргулите. Драги Иванов има студирано музичка и електронска продукција на Беркли во Бостон. На домашната музичка сцена е ...

По 30 години музичка кариера, поп-пејачот Ѓоко Танески ќе одржи концерт во родниот Охрид, во Антички театар на 20 јули од 21 часот. Ќе го придружува Битолскиот камерен оркестар, а гости ќе му бидат Драган Мијалковски и продуцентот Никола Мицевски. Танески вели дека е среќен што конечно ќе му се оствари желбата да одржи свој концерт во родниот град. „Триесет години го чекав ова и конечно го дочекав. Не можам да поверувам дека толку поминаа ...

Германскиот електро бенд „Шилер“ ќе настапи со битолскиот камерен оркестар „IWConnect“ на настанот „Ѕвездена симфонија“, што ќе се одржи на 3 јули од 19 часот на Градскиот стадион во Битола. Со германскиот бенд ќе настапат и македонските поп-пејачки Агни Авшар и Наде Талевска. „Шилер“ е формиран во 1998, името го добил по германскиот поет и драматург Фридрих Шилер и има издадено 15 албуми. На истиот настан ќе настапат и Каролина Гочева, ...

„Парамаунт“ ќе снима римејк на големиот хит од 1980-тите „Офицер и џентлмен“, во кој Мајлс Телер ќе го замени Ричард Гир. Оригиналниот филм од 1982 беше номиниран за седум оскари и освои два, за најдобра машка споредна улога (Луис Госет Џуниор) и за најдобра песна. Телер ќе биде во фокусот на модерното раскажување на оваа приказна, која следеше питомец на американската авијација кој се пробива низ академијата и притоа се вљубува во локална ...

Вториот дел на „Опаку наопаку“ (Inside Out 2) постави рекорд на киноблагајните откако во првиот викенд од прикажувањето заработи 295 милиони долари на светско ниво. Компанијата „Пиксар“, која е дел од „Дизни“, објави дека тоа е најдоброто отворање на анимиран филм на сите времиња, што е опишано како голема победа за кината. Во Северна Америка, филмот оствари заработка од 155 милиони долари во првиот викенд. Продолжението го надмина и ...

Шведската кралица Силвија го пофали настапот на македонската оперска пејачка Миланка Новеска-Густавсон, која е добитник на кралската стипендија „Johanneslogen Erik“ и веќе три години живее во Шведска. „Настапив на церемонија во театарот на палатата Дротнингхолм, која беше организирана како прослава за нашите кралски стипендии. Луѓе кои работеле на проект во овој театар и покажале голем успех, професионалност и потенцијал за уште поголемо ...

„Лебдечки скали“ се нова атракција во туристичката понуда на Норвешка, на кои изгледа како луѓето да лебдат во воздухот. Скалата наречена „Стигул“ е долга 40 метри и виси 790 метри над фјордот во малото село Лоен на северозападот на земјата. „Можеби на повеќето луѓе малку ќе им треперат нозете. Гледано од блискиот висечки мост во Лоен, изгледа како луѓето да лебдат во воздухот“, рече Пер Хелге Бо, извршниот директор на компанијата „Лоен ...

Педесет години кариера на Влатко Стефановски ќе бидат претставени на изложба во Скопје, во рамките на 10. издание на фестивалот на музички документарни филмови Скопје синема сити. Изложбата ќе биде поставена во Мала станица, а отворањето е на 26 јуни. На изложбата ќе можат да се видат фотографии од Стефан Рајхл, Ангел Ситновски-Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
75%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
94%
994
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
80%
1000
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.89
100%
1001
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
97%
994
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
85%
1004
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
81%
999
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
998
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
95%
996
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
71%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

53434.54

Бакар

11.66

Калај

48.47

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Злато

157055.75

Цинк

3.33

Иридиум

221848.72

Сребро

2457.28

Платина

83354.78

Кобалт

64.04