Групата „Парусион“ ќе одржи концерт вечерва (30 јули) од 20:30 часот во Куршумли ан,на Скопско лето. Членови на групата се: Михаил Парушев – тапани, Петар Христов – кларинет и саксофон, Ѓоко Грујовски – гитара, Јован Цветковиќ – пијано и Дионис Стратов – бас гитара. „Парусион“ е оформен во 2003 од Михаил Мишко Парушев, кој е композитор и свири на ударни инструменти. Парушев е автор и на солистичкиот албум „Агол“ од 2022 и моментално ...

Под мотото „Кинореалност ’24“, од 1 до 5 август ќе се одржува 19. издание на интернационалниот филмски фестивал Астерфест во Струмица. Отворањето е во 20:30 часот во Амфитеатарот со проекција на годинашниот кански лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ на хрватскиот режисер Небојша Слијепчевиќ, кој освои Златна палма за најдобар краток филм. Годинашниот добитник на наградата „Астер“ е македонскиот режисер и сценарист Антонио Митриќески, ...

На Охридско лето вечерва (29 јули) концерт ќе одржи квинтетот „Адриатико“, од 21 часот во црквата „Св. Софија“. Ансамблот „Квинтето Адриатико“ е нов проект на италијанскиот пијанист Федерико Ловато, хрватската виолончелистка Латица Аниќ и хрватско-македонскиот контрабасист Илин Диме Димовски. Квинтетот е плод на повеќе од 20-годишната соработка на Ловато и Димовски. „Во постојана потрага по нови предизвици и квалитетно заедничко музицирање, ...

Сопранистката Марија Наумовска и пијанистот Андреја Наунов вечерва (29 јули) од 20:30 часот ќе одржат концерт на Скопско лето во Даут пашин амам. На концертот ќе се изведат дела од Штраус. Наунов беше вработен во Националната опера и балет (НОБ) ĸаĸо хорсĸи пејач (2002-2005), а од 2005 работи ĸаĸо пијанист-ĸорепетитор, соработувајќи со голем број диригенти, солисти и режисери. Од 2009 работи и ĸаĸо надворешен соработниĸ на Фаĸултетот за ...

Мајкл Си Хол потврди дека ќе се врати во улогата на Декстер Морган откако беше најавено снимањето на нова серија за омилениот сериски убиец. Како што беше објавено на фестивалот Комик-Кон во Сан Диего, „Декстер: Воскреснување“ ќе биде продолжение на „Декстер: Нова крв“, на чиј крај главниот лик умира, поради што се веруваше дека тоа е дефинитивен крај. Креаторот на серијата Клајд Филипс не откри многу детали од дејството, освен дека Декстер ...

Дубаи планира да претвори 64 километри долга сообраќајница во „најзелениот автопат на светот“, што ќе биде негов одговор на њујоршки Хај лејн. „Зелениот рбет“ ќе го замени патот „Шеик Мохаман бин Заед“, на кој ќе бидат посадени над милион дрвја и ќе бидат изградени пешачки патеки и трамвајски систем на соларна енергија. Целта е да се подобрат урбаниот пејзаж на Дубаи и квалитетот на воздухот, што, пак, би помогнало за разладувањето на градот. ...

Охридско ѓомлезе, комат, питулици, макало, домашна ракија, вино, сирење и кашкавал пробуваа гостите на манифестацијата „Вкусете го Охрид – локално“, која се одржа во центарот на Охрид. За настанот имаше голем интерес од охриѓани, домашните и странските туристи, кои се распрашуваа за потеклото на производите. „Сите специјалитети се приготвени на традиционален начин. И годинава, нашата порака е: ‘Ние сме она што го јадеме‘“, рекоа од ‘Слоу фуд ...

Оскаровецот Роберт Дауни Џуниор се враќа во филмскиот серијал „Одмаздници“, но овојпат како негативецот Виктор вон Дум, попознат како Доктор Дум. Педесет и деветгодишниот Дауни, кој се прослави како Ајрон Мен, ги изненади фановите на фестивалот Комик-Кон во Сан Диего, при што објави дека отсега ќе игра нов лик и ќе носи друга маска. Дауни дебитираше како Ајрон Мен во 2008 и потоа ја повтори оваа улога во уште осум филма на „Марвел“. ...

По петте концерти лани во Филхармонијата и концертот на Хераклеја во Битола на 5 јули, „Нокаут“ сношти одржа концерт во Античкиот театар во Охрид. Специјален гостин беше Дарко Гелев-Брејк. За него, фронтменот на бендот Никола Перевски-Пере претходно рече дека им требале пет години да го убедат пак да запее. Публиката го пречека Брејк со голем аплауз, а тој настапот го почна свирејќи пијано. „Кога ја пишував песната ‘Болиш’ дома, ѝ ја пуштив ...

Откако воведе месечен билет од 49 евра за целиот јавен превоз, Германија сега планира да овозможи неограничено гледање филмови во кино по поволна цена. Проектот наречен Cinfinity треба да почне во октомври низ целата земја, при што за 12,5 евра месечно ќе може да се оди во кино во кое било време. Повеќе од 100 киносали досега се пријавиле за оваа иницијатива. За билетот ќе можат да аплицираат само постари од 18 години. Просечната цена на ...

Кенза Лејли од Мароко е избрана за првата Мис вештачка интелигенција на светот. „Иако јас не чувствувам емоции како луѓето, искрено сум возбудена поради тоа“, изјави Лејли за „Њујорк пост“. Титулата доаѓа со голема награда од 20.000 долари за нејзиниот креатор од Мароко, кој ја оживеа Лејли за Fanvue World AI Creator Awards. Конкурсот беше објавен во април и беа поканети визионери за вештачка интелигенција од целиот свет да ја покажат својата ...

Во изборот на дестинација за патување, на туристите им се битни културно-историските знаменитости, на некои ноќниот живот, фестивал, но за повеќето патници, најинтересен дел од секое патување е храната. „Тајм аут“ (Time Out) направи нова ранг-листа на градови во светот со најдобра храна. „Храната е сѐ кога патувате. Добар или лош оброк може да го подобри или расипе патувањето. Тоа најчесто е една од работите по кои го паметиме патувањето“, ...

„Дојди на трпезата“ беше насовот на вториот гастрономски конгрес на „Слоу фуд Македонија“ кој се одржа во Битола, со 70 делегати од целата држава. „Нашата мисија е добра, чиста и здрава храна, здрава животната средина, да се грижиме за здравјето на луѓето и животните и да си сочуваме природните ресурси каде што се произведува нашата храна. Млади започнаа да размислуваат за свое парче земја и за храна која самите ќе ја произведуваат“, кажа ...

Дебитантскиот игран филм на Гоце Цветaновски, „Бизнисот на задоволството“, ќе има домашна кинопремиера на 19 септември, од кога ќе биде на репертоарот во Синеплекс. Филмот имаше македонска премиера на затворањето на минатогодишното издание на Синедејс во Скопје и во меѓувреме беше прикажан на повеќе од 20 фестивали низ светот и освои десет награди, последната во Уругвај. Во овој политички трилер улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана ...

Тапанарот во триото на Влатко Стефановски, неговиот син Јан, сношти (26 јули) за првпат запеа пред публика, на концертот во Антички театар во Охрид во рамките на Охридско лето, со кој Стефановски славеше 50 години кариера. „Сега следи една премиера. Првпат пред вас ќе ја свириме песната ‘Го чекам дождот’ од албумот ‘Као какао’. Таа му е омилена на Јан и тој ќе ја испее“, рече Влатко Стефановски. Младиот музичар одлично ја испеа песната, која ...

Францускиот метал бенд „Гоџира“ е изненадувачкиот додаток на вечерашната церемонија на отворањето на Олимписките игри во Париз, што првпат нема да се одржи на стадион, туку на реката Сена. По неколкудневните шпекулации, француските медиуми потврдија дека на отворањето ќе пеат Селин Дион, Леди Гага и Аја Накамура, додека „Гоџира“ ќе ја придружува швајцарската оперска пејачка Марина Виоти. „Гоџира“ со тоа ќе стане првиот метал бенд кој настапил ...

Македонскиот диџеј и продуцент Галоски објави нов сингл насловен „Hypnotized”, што го сними во соработка со јапонскиот музичар Јакса. Издаден од „Хистерија рекордс“, синглот беше премиерно емитуван во радиоемисиите на глобалните музички ѕвезди Тиесто и Армин ван Бурен и ја достигна првата позиција на „1001Tracklists“. Галоски летово ќе има настапи ширум земјава, но и низ Балканот. Тој ќе биде дел и од претстојното издание на фестивалот Охрид ...

„Опаку наопаку 2“ (Inside Out 2) стана анимиран филм со најголема заработувачка на сите времиња, само шест недели откако излезе во кината. Продолжението на големиот хит од 2015 досега заработи 1,46 милијарди долари на светско ниво и со тоа го надмина досегашниот рекордер „Ледено кралство 2“, кој стигна до 1,45 милијарди во 2019. „Опаку наопаку 2“ ќе ги зголемува своите бројки во следните недели, бидејќи само што почна да игра во кината во ...

Тенорот Акилес Мачадо во пијано придружба на Андреја Наунов ќе настапи вечерва (25 јули) на традиционалната Шпанска вечер на Охридско лето. Концертот ќе се одржи во црквата „Св. Софија“ од 21 часот. Мачадо е роден во Венецуела и студирал на конзерваториумот „Симон Боливар“ во Каракас. Откако се преселил во Шпанија, студирал на Високата школа за музика „Кралица Софија“. Во 1996 дебитирал на оперската сцена во Каракас со „Љубовен напиток“, а ...

Црногорскиот пијанист Симо Шешевиќ вечерва (25 јули) ќе одржи концерт на Скопско лето, во Музејот на македонската борба. Шешевиќ е класичен концертен пијанист од Црна Гора. Почнал да свири пијано на шест години, а неодамна дипломирал на Кралскиот колеџ за музика во Лондон .Има победено на многу национални и меѓународни натпревари. Тој исто така е композитор и студира диригирање. Репертоарот на Шешевиќ се движи од ран барок до современа ...

Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес доби донација од 50 наслови од руски автори преведени на македонски јазик, како и оригинални дела на руски јазик. Донацијата е од Амбасадата на Руската Федерација во Скопје. „Благодарение на оваа донација, фондот на библиотеката се збогати со наслови од познати руски автори“, кажа директорката Снежана Бошевска. На средбата се разговарало и за воспоставување културна соработка помеѓу секторот за ...

Тимоти Шаламе може да се види и чуе како го пее Боб Дилан во првиот трејлер за нов биографски филм, во кој го глуми легендарниот американски музичар. Насловен „A Complete Unknown“, филмот кој ги следи почетоците на кариерата на Дилан треба да излезе во САД во декември, токму во предоскаровската сезона. Филмот почнува со доаѓањето на Дилан во Гринич Вилиџ во Њујорк во 1961 само со акустична гитара и 12 долари во џебот, за четири години подоцна ...

Венеција заработи над два милиона евра од наплатата за влез во градот, соопштија властите. Според градоначалникот Луиџи Бруњаро, експериментот со резервација од пет евра дневно, кој започна на 25 април и траеше во одредени денови до 14 јули, донесе приход 2.425.310 евра. Градот првично очекуваше да собере околу 700.000 евра. Резервации направиле 3.618.114 луѓе, од кои 1.398.084 биле ослободени од плаќање бидејќи престојувале во хотели. Меѓу ...

Во рамките на Интернационалниот фестивал на народни игри „Илинденски денови“, културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Битола на платото пред Офицерскиот дом одржа целовечерен концерт на кој го презентираше музичко-сценскиот проект „На панаѓур: ора и песни од јужномакедонската етнографска целина – Јужно играорно подрачје”. Во автентична облека и со традиционални инструменти, играорците ја оживеаја традицијата од југот на Македонија. Настапот ...

Младата американска пејачка Девон Рос ќе го отвори концертот на Лени Кравиц во Охрид на 4 август, објави организаторот „Авалон“. Дваесет и тригодишната Рос е ново име на инди рок сцената и по неколку синглови, оваа година го објави својот дебитантски миниалбум. Таа е ќерка на Крег Рос, кој свири гитара во бендот на Кравиц уште од 1990-тите. Ова ќе биде трето гостување на Кравиц во Македонија и второ во Охрид. Тој ќе настапи на стадионот ...

Актерот и музичар Кијану Ривс го објави својот прв роман, но призна дека ништо не напишал од него. Тој се здружи со познатиот британски автор на научна фантастика Чајна Миевил, кој ги пренесол идеите на Ривс во книга насловена „The Book of Elsewhere“, која излезе денеска (23 јули). „Не сакав да пишувам книга. Сакав друг креатор да го преземе тоа патување. На крајот, Чајна го напиша романот. Јас ништо не напишав самиот“, вели Ривс, кој е на ...

Музеите се на листата на секој турист при посета на Париз, а од неодамна, покрај Лувр и Версај, може да се ужива и во музеј посветен на сирењето. Непосредно пред Олимпијадата во Париз, која почнува на 26 јули, Музејот на сирењето (Musée du Fromage) веќе е отворен за љубителите на згусната урда. Посетителите ќе можат да се запознаат со регионалните сорти на сирење, како се прават различни видови сирења и секако, да се препуштат на дегустации. ...

На Охридско лето вечерва (23 јули) концерт ќе одржи пијано дуото Марија Ѓошевска и Славица Мицовска-Смилевска, во црквата „Света Софија“ од 21 часот. Ќе свират дела од Григ, Моцарт и Равел. Ѓошевска е една од најистакнатите пијанистки во нашата земја. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Борис Романов. Добитник е на повеќе награди и признанија на државни и меѓународни ...

Шест децении откако првпат се појави во продавниците, „Мател“ ја претстави првата слепа кукла Барби. Американската компанија кажа дека куклата била креирана со цел слепите и слабовидните деца да бидат позастапени во општеството. „Барби е многу повеќе од кукла, таа претставува самоизразување и може да создаде чувство на припадност“, изјави Криста Бергер, шефицата на глобалниот оддел за кукли на „Мател“. Компанијата работела со Американската ...

Илон Маск изјави дека „Тесла“ од следната година ќе произведува и користи хуманоидни роботи. Маск кажа дека роботите прво ќе се користат во погоните на компанијата, која ќе почне да ги произведува за продажба во 2026 година. Шефот на „Тесла“ претходно кажа дека очекува роботот наречен „Оптимус“ да биде спремен за употреба во фабриките на фирмата до крајот на оваа година. Други компании како „Хонда“ и „Бостон роботикс’ исто така развиваат свои ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
2.06
86%
996
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.57
98%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
993
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.24
90%
1002
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1000
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 1ᴼ
3.13
93%
999
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
95%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Сребро

2457.28

Паладиум

53434.54

Калај

48.47

Злато

157055.75

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Цинк

3.33

Кобалт

64.04

Бакар

11.66