Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Машката репрезентација на Македонија за кошаркари „под 18“ години влегува во завршната фаза од подготовките за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое ќе се одржи во Опатија и Ријека, Хрватска. По двата контролни натпревари против Бугарија во Ботевград, селекторот Миодраг Тодоровиќ изрази задоволство од она што неговите избраници го прикажале на теренот, и покрај проблемите со кои се соочи тимот во подготвителниот период. ...
Муарем Муарем, досгашниот стратег на Работнички, ќе седне на клупата на ФК Скопје. Како што дознаваме, има договор меѓу двете страни, сега се очекува само промоција. Инаку Скопје по заминувањето на Александар Таневски остана без тренер, па покрај неколкуте опции, “Пиратите“ се решија за својот некогашен играч. Инаку Муарем Муарем изминатата пролетна сезона го водеше Работнички, но не успеа да да обезбеди опстанок. Претходно го водеше тимот ...
Манчестер Јунајтед е во напредни преговори за потпишување на Јури Тилеманс од Астон Вила, според Дејвид Орнштајн и Фабрицио Романо. Тилеманс е под договор до јуни 2028 година, но Јунајтед идентификуваше можност да го потпише 29-годишниот играч од средниот ред и покрај интересот од други клубови, тој сака трансфер на Олд Трафорд. Сите страни во моментов се во контакт за да го финализираат трансферот, што секако е изненадување. Јунајтед ќе ја ...
Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала одлучи да остане во Италија и веќе потпиша нов договор со Рома, тврди авторитетниот спортски новинар Фабрицио Романо. Според извор, новиот договор на Дибала со Рома е потпишан. Официјалното објавување за продолжувањето се очекува наскоро. Рокот на договорот на Аргентинецот сè уште не е откриен. Минатата сезона, напаѓачот одигра 27 натпревари за Рома во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и имајќи ...
Судијата за полуфиналето помеѓу Франција и Шпанија на Светското првенство е избран, и сите ќе бидете изненадени. Тоа ќе биде Иван Бартон, судија од Ел Салвадор кој ја суди лигата на земјата, и човек на кого ФИФА очигледно му верува да ја заврши работата во натпревар кој е историски. Тој судеше три натпревари на Светското првенство оваа година, натпреварот помеѓу Турција и Парагвај, Јапонија и Шведска, и Швајцарија и Колумбија во ...
Светското првенство влегува во својата последна фаза, а полуфиналните натпревари нè очекуваат во наредните денови. Натпреварот Аргентина-Англија е во центарот на вниманието поради интересно барање што Аргентинците го упатија до ФИФА пред овој полуфинален натпревар. Многу луѓе се сеќаваат на нивниот натпревар од Светското првенство во 1986 година во четвртфиналето и на маестралниот натпревар на Диего Марадона кога тој дриблаше покрај речиси ...
Ова СП ќе биде запаметено по неколку скандали, ама најголемиот секако дека е случајот “Балогун“. Долго време се дебатираше дали одлуката за поништување на црвениот картон на Фоларин Балогун беше резултат на политички притисок, а сега конечно е познат главниот виновник зад најголемиот скандал на Светското првенство. Тоа не е ниту Доналд Трамп ниту Џани Инфантино. Според информациите од Би-Би-Си, одлуката за суспендирање на автоматската казна ...
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, заедно со својот татко, поранешниот норвешки репрезентативец Алф-Инге Халанд, на аукција купи печатено издание од 1594 година на „Сагите за кралевите“ од Снори Стурлусон. За книгата платија 1,3 милиони норвешки круни, односно околу 134.000 американски долари, со што беше поставен нов рекорд за најскапо продадена книга во историјата на Норвешка. Самата книга претставува вистинско историско ...
Македонската младинска репрезентација не успеа да дојде до првата победа на Европското првенство. Нашите ракометари го запишаа четвртиот пораз откако беа совладани од Австрија со 28-24 во новоформираната група за разигрување на пласман. „Црвено-жолтите“ одиграа одлично прво полувреме во кое се водеше изедначена битка, а нашите момци имаа и водство од два гола 4-6. Првото полувреме заврши со резултат 15-14 во корист на противникот. Откако на ...
Александар Зверев не е само еден од најдобрите светски тенисери, туку и голема инспирација за илјадници деца ширум светот кои секојдневно се борат со дијабетес. Со своите успеси на тениските терени тој испраќа силна порака дека ниту една дијагноза не смее да биде пречка за остварување на соништата. Германскиот тенисер имал само четири години кога му бил дијагностициран дијабетес тип 1. Оттогаш, секој ден прима инсулин и живее со сите ...
Стартува нова недела а во неа и нови возбудувања од првите квалификациски кола од натпреварувањата на УЕФА. Веќе утре Вардар го игра реваншот во Куопио со КуПС, меч во кој нашиот првак влегува со лоша негатива по пресметката во Скопје. „За одбележување е и првата победа на гостински терен во сите натпреварувања на УЕФА за финскиот првак КуПС кој минатиот вторник славеше со 0:2 кај Вардар во Скопје“, стои во извештајот на УЕФА како најава и ...
Од таборот на ГРК Охрид ја потврдија вест дека Ориол Реј Моралес го напушта тимот. Еден од клучните дефанзивци од минатата сезона одлучи да замине во Висла Плоцк, која пак го откупи неговиот договор. Охриѓани жалат бидејќи нивната желба да остане била огормна. „Иако клубот апсолутно не беше за разделба со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на играчот беше активирана излезната клаузула, а полскиот ...
Екипата на Пролет на својата официјална страница соопшти дека се повлекува од Супер-лигата. Причината за ваквата одлука е финансиската состојба на клубот после повлекувањето на главниот спонзор. „Почитувани пријатели на ракометот, навивачи, партнери и спортска јавност, Ракометниот клуб Пролет 62 ја известува јавноста дека, поради завршувањето на договорот со нашиот долгогодишен и ценет генерален спонзор, донесовме тешка, но одговорна одлука ...
Вториот тим на Пелистер полека го комлетира ростерот за престојната сезона. Најново од таборот на битолчани е Александар Стојков, кој може да покрие две позиции, десното крило и десен бек. Стојков во својата кариера има настапувано за тимовите на КЛ7, Алкалоид, Струга и Куманово. Според најавите од Пелистер 2, во составот кој ќе го предводи Бранислав Ангеловски се очекува уште неколку засилувања за целосно комплетирање на тимот. Вториот ...
Машката младинска репрезентација на Македонија после еден ден пауза продолжува со натпреварите на Европското првенство. После трите порази во низа во групната фаза (Норвешка, Хрватска и Данска), „црвено-жолтите“ ќе разигруваат за пласман и ќе се обидат да дојдат до првиот триумф на ова континентално натпреварување. Нови противници се селекциите на Австрија и Летонија. Првиот меч е денеска во 11:30 часот, а нашите ракометари ќе ги одмерат ...
Претставници на Фудбалската асоцијација (ФА) истакнаа дека нема никаков проблем меѓу менаџерот Томас Тухел и ѕвездата Џуд Белингам откако двајцата дадоа спротивставени проценки за тешката победа на Англија од 2-1 во четвртфиналето на Светското првенство над Норвешка во Мајами. Германскиот стратег го нарече својот тим „среќен“, додека Белингам возврати дека тренерот можеби не ја разбира сериозноста на условите на теренот, пишува Дејли Меил. ...
На интернет се појави петиција со која се бара исклучување на аргентинската репрезентација од Светското првенство во 2026 година. Петицијата се собира на посебна веб-страница создадена за оваа цел, а во моментов над 3 милиони луѓе ја изразија својата желба светските прваци да бидат елиминирани. „Јасно е дека ФИФА и судиите се пристрасни кон Лионел Меси и аргентинската репрезентација. Зошто воопшто би учествувал некој друг, кога победникот ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, и официјално забележа напредок на најновата ВТА ранг-листа, откако направи скок од 14 позиции благодарение на настапот на најпрестижниот тениски турнир – Вимблдон. Ѓорческа претходно се наоѓаше на 222. место, но пласманот во првото коло на грен слем турнирот во Лондон ѝ донесе нови бодови и значително подобрување на пласманот. Од денес македонската тенисерка се наоѓа на 208. позиција на ...
Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино изјави дека по завршувањето на Светското првенство во 2026 година ќе се разгледа можноста за дополнително проширување на бројот на учесници на завршниот турнир. Годинешното Светско првенство во Канада, Мексико и САД за првпат собра 48 репрезентации, одлука која предизвика многу критики пред почетокот на турнирот, но за неа речиси и не се зборуваше по почетокот на ...
Трката од Меѓународниот шампионат во мотоцикли „Алпе Адрија“ (AAIMC) заврши трагично. AAIMC е шампионат од шест трки што се одржува на различни европски патеки. Организаторите потврдија дека двајца мотоциклисти загинале по несреќата на една од саботните трки во Брно, патеката на која се одржа Гран прито на Чешка во јуни во Мото ГП шампионатот. Филип Штајнмаер, 32, почина во инцидентот, а Адриан Рус, 43, почина во болница од здобиените ...
По пет години пензија, легендарниот Конор Мекгрегор синоќа во Лас Вегас, ја реактивираше својара УФЦ кариера. За жал на многумина неуспешно затоа што загуби од Макс Холовеј по само 69 секунди борба. Да, вистината е дека Мекгрегор и се повреди, но тоа и не е така важно кога зтанува збор за заработката од овој меч. Ирецот ќе го напушти Лас Вегас со минимум 15 милиони евра повеќе на сметката, затоа што тоа беше загарантираната сума за него за ...
Норвешкиот напаѓач Александар Сорлот и неговата девојка добиле многу коментари со омраза, па дури и закани со смрт по елиминацијата на Норвешка од Светското првенство Неколку норвешки навивачи го искажаа својот гнев кон Сорлот поради поразот на Светското првенство. Ова го потврди и сопругата на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Лена Селнес. На Инстаграм, таа сподели голем број коментари и пораки што ги добиле таа и Сорлот. „Те молам, изврши ...
Женската јуниорска репрезентација на Македонија загуби и на вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Бугарија, одигран денеска во Ботевград. Домаќинот беше подобар и славеше со 77:56. Ослабена поради неиграњето на неколку важни кошаркарки – Ива Колева, Глорија Груевска, Ана-Марија Димитровски, а на овој натпревар и Вања Милосаљевиќ – македонската репрезентација тешко успеа да му парира на противникот, кој уште во првата ...
Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи на доведување негова замена. Во Вила веќе контактирале со агентот на голманот на јапонската репрезентација Зајон Сузуки. Парма го цени јапонскиот голман на 30 милиони евра, но Астон Вила се обидува да ја намали цената. Сепак, со оглед на тоа што за ...
Младиот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Александар Сотир, следната сезона ќе го носи дресот на екипата на Уникаха Малага. Сотир денеска потпишал договор со тимот од АБЦ лигата и следната сезона ќе се обиде да се избори за минутажа во најсилниот кошаркарски шампионат во Шпанија. Првично тој ќе биде дел од У18 тимот на Малага. Младиот репрезентативец на нашата земја кој минатата сезона играше за У16 репрезентацијата, беше дел од ...
Поранешниот англиски дефанзивец, Рио Фердинанд, верува дека англиската репрезентација е подготвена да го освои тековното Светско првенство. Англија ќе се соочи со Аргентина во полуфиналето, кое ќе се одржи во среда во Атланта. „Мислам дека сме подготвени за светската титула, да, верувам дека е така. Кога работите ќе се отежнат и ќе тргнат наопаку, Англија е добра во наоѓање решенија. Тоа е како составување сложувалка – покажавме дека можеме ...
Македонските атлетичари забележаа одлични настапи на Балканското првенство за младинци под 20 години, кое викендов се одржа во Крајова, Романија. Нашите атлетичари се враќаат со освоен сребрен медал, како и два нови младински национални рекорди и голем број лични рекорди. Женската штафета на 4х100 метри го освои сребрениот медал и постави нов младински национален рекорд со време од 48.95 секунди. Штафетата настапи во состав: Ева Митевска, ...
Реал Мадрид постави нов рекорд во историјата на Светските првенства по бројот на постигнати голови од играчи од еден клуб. Во четвртфиналниот натпревар од Светското првенство во 2026 година, англискиот играч од средниот ред Џуд Белингам постигна два гола против Норвешка (2:1) . Благодарение на ова, играчите кои го носат дресот на „кралевите“ веќе постигнаа 19 гола на тековното Светско првенство. Претходно, рекордот од 18 гола го делеа три ...
Италијанецот Јаник Синер ја одбрани титулата на Вимблдон, откако во денешното финале во четири сета со 3:1 (6:7, 7:6, 6:3 и 6:4) славеше против Александар Зверев. Италијанецот ја продолжи позитивната серија во меѓусебните дуели со Германецот и со 11-тата победа успеа да дојде до уште еден вреден Гренд Слем трофеј. Зверев не успеа да се избори за својата втора Гренд слем титула, откако неодамна заврши со долгиот пост освојувајќи го Ролан ...
Шпанската фудбалска репрезентација, под водство на селекторот Луис Де Ла Фуенте, се квалификуваше за полуфиналето на Светското првенство, каде што ќе се сретне со француската репрезентација. Ова ќе биде реприза на полуфиналето на Европското првенство во 2024 година кога Шпанија победи со 2:1 на крилјата на Ламин Јамал. И верувале или не, ако ги погледнете сите натпревари на Европското и Светското првенство, Шпанците имаат скор од 12-1-0, а ...