Наместо дуел помеѓу шампионите на Европа, Шпанија и на Јужна Америка, Аргентина, „Фуријата“ ќе игра пријателски дуел со Србија. Ова е епилогот на сега веќе откажаниот дуел „Финалисима“ кој што требаше да се игра во Доха, но поради безбедносната состојба таму е откажан. Имаше обиди истиот да се пресели во Мадрид, па во Мајами, но од сето тоа нема да има ништо. Наместо тоа, Шпанија си закажа пријателски меч со репрезентацијата на Србија. ...

Тимот на Манчестер Јунајтед успеа да одличен и како некогаш него својствен начин да обезбеди нова победа во домашниот Премиер лига шампионат. На Олд Трафорд совладана е екипата на Астон Вила со конечни 3:1. Творци на победата беа Касемиро кој го отвори резултатот, по прекрасно изведениот корнер на Бруно Фернандеш. Рос Баркли го направи мечот интересен со голот за 1:1 во 64. минута. Сепак, на новата асостенција на Бруно Фернандеш Матеус Куња ...

Актуелниот бранител на титулата во домашниот ПМФЛ шампионат, тимот на Шкендија, успеа денеска во рамките од 23. коло да го совлада на свој терен тимот на Арсими. Конечниот резултат гласи 1:0, а клучен момент на овој дуел беше прекрасниот гол на Бесарт Ибраими во првото полувреме. Поточно, во 18. минута кога искусниот капитен на Шкендија успеа да мине во „слалом“ двајца противнички дефанзивци и да „распали“ во негов стил по топката. ...

Екипата на Мајорка во приот денешен дуел од програмата во шпанска Примера на свој терен успеа да го совлада Еспањол со 2:1. И тоа со пресврт откако гостите преку Пикел поведоа со 0:1 во 36. минута. Истиот играч во 54. минута беше исклучен, еден од клучните моменти на овој меч. Следуваше голот на Торе во 65. минута за 1:1, а комплетниот пресврт го направи Саму Коста во 88. минута. По речиси десет минути продолжение главниот судија на овој меч ...

Поради тешко воспаление на плуќата, како и со тегоби во бубрезите односно срцето, итно е хоспитализиран трофејниот српски кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ. Неговата здравстена состојба била доста проблематична и специфична, што тој морало да биде одведен во болница, и таму да биде под 24 часовен лекарски надзор. Од она што во моментов го пренесуваат медиумите во Србија, е дека денеска неговата ситуација е за нијанса подобра во однод на ...

Часови не делат од македонското ракометно Ел Класико помеѓу Пелистер и Вардар, кое стартуваше во 19 часот. Домаќин е актуелниот првак, салата “Боро Чурлевски” се распродаде за кратко време, а фановите едвај чекаат да започне оваа пресметка која е и тоа како важна за Пелистер, бидејќи заостанува четири бода зад Вардар. Битолчани ги фаќа еуфорија. На социјалните мрежи може да се прочитаат најразлични статуси еден од нив доаѓа од Фејсбук ...

Легендарната руска тенисерка Марија Шарапова го гледаше натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Денвер Нагетс во Крипто Арената. Како што се очекуваше, поранешната најдобра тенисерка на светот привлече големо внимание, а по натпреварот го замоли Лука Дончиќ за фотографија. Словенецот одигра спектакуларен натпревар и му донесе победа на својот тим со гол во последната секунда од продолжението. Тоа беше еден од најдобрите натпревари оваа ...

Со головите на Витиња и Остигард во вториот дел од дуелот, тимот на Џенова успеа на гостински терен да ја совлада Верона со конечни 0:2 во првиот дуел од денешната програма во Серија А. Гостите на овој меч ги искористија своите шанси за разлика од домаќинот и заслужено ги носат трите бода дома. Со овој триумф Џенова стигна до 33 бода и 13 место на табелата, а Верона веројатно си стави печат на својата виза кон Серија Б следната сезона. Има ...

Додека се зборува за негативните моменти од дерби дуелот помеѓу ГРК Охрид и Алкалоид во плеј-офот, кој заврши без победник (27-27) и со низа контроверзни одлуки, на штета на двете страни, одлучивме да споделиме и еден убав момент. Салата „Билјанини извори“ синоќа беше исполнета до последното место, овој град почна да гради ракометна култура, барем за дерби натпреварите, а меѓу бројните фанови имаше и мали дечиња. Иако сите тие навиваат за ...

Американката Микаела Шифрин е победник на денешнот женски слалом кој што се возеше во шведскиот ски центар Оре во рамките на Светскиот куп. Таа беше најдобра и по првото возење, за да на пиедесталот се искачи со точно време од 1:43:35. На втората позиција се пласираше Ема Аичер со 94 стотинки заостанување, додека пак на третата позиција застана Венди Холденер. Ова е вкупно 109 победа за американката во Светскиот куп, 72 во слалом, и седма во ...

Натпреварот помеѓу ГРК Охрид и Алкалоид имаше хуманитарен карактер. Во салата имаше кутија за донации за 10 годишната Ева која се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман. „Иако вчерашниот натпревар заврши со нерешен резултат, сепак на крајот имаше победник! Победи нашиот Охрид, победивте Вие, Охриѓани! Победи Вашата хуманост, победи заедништвото и сплотеноста во ...

Утре и официјално новиот селектор Гоце Седлоски ќе го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојниот бараж за пласман на СП 2026, за дуелот со Данска (26 март) а потоа и за мечот со Чешка/Р. Ирска (31 март). Како што иформираат од страна на Фудбалската федерација на Македонија, Седлоски утре во просториите на ФФМ во 12 часот ќе го официјализира списокот а ќе одржи и прес – конференција каде ќе ја запознае јавноста за тоа како ...

Кими Антонели, 19-годишникот зад воланот на Мерцедес, ја освои Големата награда на Кина, втората трка во календарот на Формула 1 година. Италијанскиот тинејџер имаше најдобра стартна позиција и ја искористи за да ја освои својата прва победа во Ф1, откако го помина клупскиот колега Џорџ Расел на целта. Дуото на Ферари се смести зад нив во пласманот, со Луис Хамилтон трет и Шарл Леклер четврти. Антонели вчера стана рекордер во Формула 1 ...

Недела е ден резервиран за големото ракометно дерби. Во салата „Боро Чурлевски“ Пелистер го пречекува Вардар 1961, дуелот е закажан со почеток во 19 часот. „Црвено-црните“ пред оваа пресметка се на лидерската позиција со 44 бода, четири повеќе од актуелниот македонски првак. Ракометарите на Пелистер ќе имаат максимална поддршка од своите фанови, билетите веднаш се распродадоа. За нив победа ќе значи враќање на надежта дека можат да дојдат до ...

По нерешениот резултат против АП Брера на домашен терен, и победата на Вардар во Кратово, Шкендија од еден, заостанува три бода од лидерската позиција која и натаму ја имаат „црвено-црните“ од Скопје. Сега дополнително истата изнесува шест бодови, после триумфот на првопласираниот над АП Брера на домашен терен, па Шкендија нема друг избор освен освојување на три бода на домашен терен против Арсими. Освен Шкупи, Арсими оваа пролет не победи ...

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. Коло од ПМФЛ шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи. Дуелот е закажан со почеток во 12 часот. Дуел кој што како и речиси сите во кои учевствуваат чаирчани пролетва има само еден правец но домаќинот мора да е претпазлив. „Нормално дека на овој дуел се влегува максимално професионално и сконцентрирано. Шкупи има квалитетни млади играчи, не сме да има никакво ...

Лука Дончиќ постигна победнички кош на половина секунда пред крајот на продолжението за победа на ЛА Лејкерс против Денвер од 127:125 . Херој за Лејкерси беше и Риверс, кој со неверојатен потег во последните секунди од регуларниот дел избори продолжение. Лука Дончиќ беше лидер со трипл-дабл од 30 поени, 11 скока и 13 асистенции. Гостите од Денвер водеа со 118:115 нешто повеќе од пет секунди до крајот кога решија да направат фаул врз Ривс за ...

Кошаркарите на Денвер Нагетс доживеаа уште еден болен пораз во НБА лигата, а овој пат Лука Дончиќ им пресуди во неизвесна завршница. Српскиот ас Никола Јокиќ направи сè, постигна поени, играше со своите соиграчи, ја презеде целата одговорност, а во еден момент дури и го замени тренерот Дејвид Аделман. Камерите го снимија Никола како енергично им објаснува на своите соиграчи што треба да прават, а тие внимателно слушаа. Уште еднаш, тој ги ...

Данил Медведев го прекина совршениот почеток на сезоната на првиот тенисер во светот Карлос Алкараз и се пласираше во финалето на Индијан Велс. Алкараз, кој годината ја започна со освојување на Австралијан Опен, беше во серија од 16 победи, но Медведев го запре со триумф од 6:3, 7:6(3). Русинот во финалето ќе се соочи со Јаник Синер. Рускиот тенисер фуриозно го отвори мечот и првиот сет го освои за само 35 минути. Медведев ги искористи двете ...

Фудбалерите на Реал Мадрид приредија вистинско гол-шоу вечерва на „Бернабеу“ победувајќчи го Елче со 4:1 и продолжувајќи ја трката со Барселона во шпанската Ла Лига. Тренерот на Реал, Алваро Арбелоа, има огромни проблеми со повредите, па вечерва не можеше да ротира меѓу два дуела со Манчестер Сити во осминафиналето од Лигата на шампионите. Тој го испрати на теренот речиси истиот тим што го декласираше Сити во средата (3:0) и ја заврши ...

Попладнево се одиграа сите осум средби од 20.коло во ВМФЛ. Според очекувањата, сите водечки екипи победија, па така и натаму неизвесноста е на сцена во поглед на горниот дел на табелата а Охрид и натаму е лидер. Токму Охрид со 0:1 славеше кај Кожув на едно тешко гостување во Гевгелија, големи три бода за лидерот. Шкендија Арачиново како домаќин го “скрши“ Детонит со 1:0 па така и натаму е со -1 бод во однос на лидерот на табелата. Очекувано ...

Во врска со изјавите на некои советници околу финансирањето и работењето на ФК Пелистер, денеска со реакција во јавноста се јави Александар Стефановски, претседател на ФК Пелистер. Тој меѓу другото посочи: „Финансиските средства што клубот ги добива од Општина Битола се одобруваат исклучиво со одлука на Советот на Општината. Тоа значи дека истите советници кои денес јавно поставуваат прашања, директно учествуваат во процесот на гласање и ...

Според многумина Роналдо Луис Назарио да Лима ќе беше еден од најдобрите играчи на сите времиња доколку немаше проблеми со сериозни повреди на коленото, бидејќи она што го правеше на теренот е неверојатно. Иако одамна е во пензија, тој сè уште е многу популарен низ целиот свет, а моментално е во центарот на вниманието бидејќи ги избра најдобрите 11 на сите времиња. Роналдо беше неверојатен како тинејџер со своите игри и беше јасно дека е ...

На денешниот натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК АП Брера, судиската четворка беше предводена од нашиот нов интернационален судија Стојанче Трпчевски, кој веќе неколку години е еден од водечките судии во лигата, со стандардно многу добри судиски перформанси и константност во интерпретацијата на Правилата на фудбалската игра. Таков беше случајот и на денешниот натпревар, кој го менаџираше авторитетно и сигурно, без ниту еден доделен жолт картон. ...

Фудбалерите на Манчестер Сити напоравија уште еден „кикс“ и губат чекор зад Арсенал во борбата за титулата во англиската Премиер лига. Вечерва, во натпреварот од 30-тото коло како гостин, ремизираа со Вест Хем, 1:1, и сега имаат девет бода помалку од лидерот Арсенал, со натпревар малку. За Вест Хем овој бод значи останување на 17-тото место со 29 бода. Менаџерот Пеп Гвардиола, кој го гледаше натпреварот од ложата поради суспензијата, немаше ...

Дербито помеѓу ГРК Охрид и Алкалоид заврши без победник 27-27. Мечот го одбележаа бројни пропусти од страна на делителите на правдата. После завршувањето на овој дуел од страна на актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп, тимот на Алкалоид е поднесена официјална жалба. Клубот ова го објави и официјално на својата страница преку соопштение. „Ракометниот клуб Алкалоид ја информира јавноста дека до надлежните органи на Ракометната федерација ...

Во преполната сала „Билјанини Извори“, екипата на Алкалоид успеа да освои еден бод на тешкото гостување кај Охрид играјќи нерешено 27:27. Момците на Лазаров успеаја да оддолеат на аспирациите на домашниот тим за победа и на крајот да поделат по бод во едно исклучително дерби меѓу два тима кои се борат за највисок пласман. Натпреварот започна израмнето, впрочем, како што беше во сите 60 минути. Алкалоид поведе на стартот, но до десеттатат ...

Со голот на Бога во 39. минута, Јувентус славеше на гостувањето кај Удинезе и остана во ТОП 4 на табелата во италијанската Серија А. Во исклучително важниот натпревар, „Старата Дама“ успеа да дојде до трите бода со голот во првото полувреме. 29-годишниот репрезентативец на Брегот на слоновата коска го постигна својот трет гол оваа сезона, вреден три бода за момците на Спалети кои остануваат во трка за место кое води во Лигата на шампионите ...

Трет пораз во серија за екипата на Тренто во италијанскиот шампионат. Тимот на нашиот Андреј Јакимовски денеска загуби на гостувањето во Трст со 82:76 и ја продолжи лошата серија водомашниот шампионат. Нашиот репрезентативец одигра скоро 20 минути од натпреварот постигнувајќи 7 поени. Зад името на Јакимовски имаше и два скока и една асистенција. Трет пораз во серија за екипата на Тренто во италијанскиот шампионат. Тимот на нашиот Андреј ...

Со голот на Горан Закариќ во последните моменти од мечот од пенал, тимот на Вардар предмалку на Арената Тодор Проески во Скопје успеа да слави над Брера и на тој начин да дојде до минимален триумф од 1:0. Клучниот момент се случи во судиското продолжение од мечот кога Спахиу шутираше, Велков блокираше со рака, па бешпе досуден пенал. Првото полувреме од мечот, како што всушност мина и целиот тек на дуелот, мина во теренска иницијатива на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1017
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
72%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
94%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
82%
1018
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
0.96
81%
1016
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
73%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
3.13
47%
1018
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1017
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
70%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
0.89
87%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
67%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.8755

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Калај

52.70

Рутениум

51376.89

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Паладиум

49351.40

Сребро

2534.46

Платина

66744.95

Бакар

12.46

Алуминиум

3.53

Злато

152465.86