Довчерашните соиграчи од Мајами Хит, Бам Адебајо и Тајлер Хиро, се степале во Лас Вегас, известуваат извори од НБА. До пред само неколку недели, двајцата беа дел од франшизата на Флорида, но Тајлер Хиро стана дел од размената за Јанис Адетокумбо. Престојувајќи во истиот хотел и тренирајќи во истата теретана во комплексот, двајцата играчи се пресметале физички речиси веднаш по средбата. „Според многумина, Адебајо влегол на теренот, а Хиро му ...

Манчестер Јунајтед нема да го купи фудбалерот на Аталанта, Едерсон, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Англискиот клуб веќе ја извести Аталанта за оваа одлука. Пред еден месец, страните се согласија за трансфер на играчот од средниот ред за 45 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Бразилецот требаше да потпише договор на 4, плус една година. Сепак, плановите на Манчестер Јунајтед за трансфер се променија откако играчот од средниот ред ...

ПСЖ постигна прелиминарен договор со напаѓачот на Барселона, Феран Торес . Францускиот клуб има намера да го комплетира трансферот на 26-годишниот напаѓач по завршувањето на Светското првенство. Актуелниот договор на шпанскиот фудбалер со Барселона е со важност до 30 јуни 2027 година. Минатата сезона, Торес постигна 21 гол и имаше три асистенции во 49 натпревари во сите натпреварувања. ПСЖ постигна прелиминарен договор со напаѓачот на ...

Играчот од средниот ред на шпанската репрезентациа, Микел Мерино го постигна победничкиот гол во четвртфиналниот натпревар против Белгија (2:1) синоќа. 30-годишниот играч од средниот ред влезе како резерва во 86-тата минута и постигна гол во 88-мата. Во претходниот натпревар против Португалија (1:0), фудбалерот влезе како замена во 85-тата минута и постигна гол во првата минута од дополнителното време во второто полувреме. Мерино стана ...

Факт е дека Хоан Лапорта успеа да ја стабилизира Барселона, дури и до одреден степен да ја извлече од финансиската криза во која западна, но меѓу многу експерти и навивачи постои страв дека станува збор за популистички потези, кои само привремено ги решаваат проблемите. Да се потсетиме дека пред три години, Лапорта однапред продаде 25 проценти од ТВ правата на американска инвестициска компанија за период од 25 години, а беа склучени и разни ...

Ги немаше долги години на светските првенства, дури 28 години, а на овој Мундијал блескаат, сега се во 1/4 финалето каде утре ќе бијат битка со Англија за пласман во полуфиналето. Јасно е дека тука се мисли на Норважните. Во групната фаза на Светското првенство, Норвешка ги победи Ирак (4:1) и Сенегал (3:2) и загуби од Франција (4:1), при што одморија голем дел од првиот тим. Во осминафиналето го елиминираа Брегот на Слоновата Коска (2:1), а ...

Актуелната француска репрезентација официјално влезе во Олимпот на фудбалските богови. Со квалификацијата за третото последователно полуфинале на еден Мундијал, „петлите“ се израмнија со големиот Бразил и застанаа само еден чекор зад рекордот на Германија. Ова е достигнување што малкумина го постигнале, а кое означува златна ера за францускиот фудбал, искована од тренерот Дидие Дешан и осветлена од талентот на Килијан Мбапе. За да се цени ...

Шпанија – Белгија 2:1. Победа на “Фуријата“ во спектакуларен меч од 1/4 финалето на СП. Па така во полуфиналето ќе гледаме епски дуел меѓу Шпанија и Франција. Се играше 88.минута при 1:1, Кубарси шутираше, Ламенс кој влезе во игра место повредениот Куртоа, ја одби таа топка, натрча Мерино и стрелаше за 2:1, за победа и за полуфинале. Спектакуларен меч во 1/4 финалето во Лос Анџелес. Руиз погоди за 1:0 за Шпанија, а израмни Де Кетеларе исто ...

Веројатно најдобриот кошаркар во светот, Никола Јокиќ, конечно може да се одмори. По исцрпувачката сезона со Денвер во НБА лигата, тој се приклучи на српската репрезентација во квалификациите за Светското првенство, а потоа традиционално се упати кон рафтинг на Тара. Трократниот МВП на НБА не ја пропушта оваа авантура година по година, а овој пат е во друштво на својот брат Немања. Локацијата на српскиот ас ја открија Денвер Нагетс кои ја ...

Откако вчера Македонецот Матеј Гаштаров (19) потпиша нов договор со балканскиот гигант Ц.Звезда, клубот од Беград знаеше како да изреагира и промоцијата да ја направи спектакуларна. Не телефон беа повикани легендите на клубот, Дарко Панчев и Илија Најдоски, секако и наши легенди, да му испратат пораки на младиот фудбалер. Покрај другото тие не ги криеја своето задоволство од тоа дека и натаму во некогашниот европски првак ќе настапува ...

Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во 30.минута. Белгија се разигра во последните минути и израмни со голот на Де Кетеларе во 41.минута. Ова е прв гол што го прима Унаи Симом по цели 649 минути. Да споменеме дека во 13.минута Нгој играше со рака, но Мајкл Оливер не виде, а ни ВАР, дека има ситуација за ...

Бразил уште на едно СП разочара. „Селесао“ не успеа да го мине ни 1/8 финалето, јасно е дека фрустрациите во земјата на фудбалот е голема. Пет дена откако Бразил беше елиминиран од Светското првенство од Норвешка во осминафиналето, Винисиус го прекина молчењето. Бразилскиот напаѓач, кој беше целосно скршен од поразот, се огласи на социјалните мрежи за да ја изрази својата тага. Винисиус беше столб на бразилската репрезентација за време на ...

Португалија официјално го објави назначувањето на искусниот Жорге Жесус за нов селектор на репрезентацијата. 71-годишникот го наследува Роберто Мартинез откако „морнарите“ стигнаа само до 1/8 финалето на Светското првенство во 2026 година, каде што беа елиминирани од Шпанија. Жесус, кој е од лисабонското предградие Амадора, потпиша договор што ќе го држи на чело на португалската репрезентација до 2030 година. Ова значи дека ако сè оди според ...

Леброн Џејмс, еден од најголемите кошаркари во историјата, донесе одлука каде ќе ја продолжи својата кариера. Барем така тврди познатиот НБА инсајдер Бил Симонс, кој тврди дека Кралот се враќа во Кливленд Кавалирс. Симонс откри во својот подкаст дека, според неговите сознанија, Леброн постигнал договор со Кливленд Кавалирс и дека наводно веќе го парафирал договорот со франшизата каде што ја започнал својата професионална кариера. “Работата ...

У-20 репрезентација на Македонија имаше успешен настап на стартот на ЕП Б дивизија попладнево. Избраниците на селекторот Никола Велев славеа против домаќинот Словачка со 71:63 и со тоа освоија многу важни бодови во групата А. Македонските кошаркари покажаа квалитет, ги диктираа настаните во текот на речиси целиот меч, освен во првата четвртина и на крајот заслужено победија. Првата четвртина ја добија домашните со 15:17, но затоа во втората ...

И дефинитивно и овој Вимблдон, и овој гренд – слем турнир нема да биде историски за Новак Ѓоковиќ на кој тој ќе го подигне трофејот бр.25. Јаник Синер попладнево во 1/2 финалето на Вимблдон успеа со 3:0 во сетови да го победи најдобриот на сите времиња и со тоа да покаже дека во моменто сепак е пресилен за Новак Ѓоковиќ. Со оваа победа Италијанецот си закажа финале на најпрестижниот турнир во светот на тенисот против Александар Зверев од ...

Златко Далиќ ја напушти функцијата селектор на хрватската фудбалска репрезентација. По девет години, во кои беше втор и трет со Хрватска на светските првенства и трет во Лигата на нации, Далиќ е без работа. Според неколку извори, тој наскоро би можел да има нов ангажман. Кон крајот на мај, во пресрет на Светското првенство, медиум од Обединетите Арапски Емирати напиша дека тој ќе ја преземе нивната репрезентација. Фудбалскиот инсајдер ...

Жозе Мурињо го започна својот нов период во Реал Мадрид почнувајќи со работа уште пред официјалниот почеток на подготивките. Португалскиот тренер, кој пристигна во шпанската престолнина во четврток, не губеше време да се прилагоди на својата нова улога. Иако стартот на подготовките на Реал Мадрид се закажана да започнат в понеделник, 13 јули, Мурињо веќе работи напорно во својата канцеларија. Овој потег ја покажува неговата целосна ...

Белоруската јавност е шокирана а навивачите на Динамо Минск паднаа во очај по поразот на нивниот клуб од Силекс (0:1), во првиот меч од првото квалификациско коло од новата сезона во Конференциската лига. Иаако екипата беше како гостин во бугарскиот град Стара Загора, а средбата се играше пред празни трибини, сепак очекувањата од настапите во натпреварувањето на УЕФА беа големи за клуб кој е најголем во својата земја и клуб кој е лидер на ...

Шпанија која на овој турнир влезе како најголем фаворит вечерва против Белгија, селекција која ги “збриша“ Американците во меч кој ќе го противникот на Франција во полуфиналето. „Фуријата“ сеуште нема примено гол, а Белгија покажа дека сепак мора да се смета и на неа. Токму затоа вечерва од 21 часот во Лос Анџелес се очекува спектакл, Шпанија против Белгија. Екипата на Луис де ла Фуенте го освои првото место во групата, потоа ги победи ...

Парагвајските навивачи запалија кукла од Килијан Мбапе на фестивал, неколку дена откако нивниот тим беше елиминиран од Светското првенство. Овој „настап“ е само продолжение на кампањата на омраза во оваа јужноамериканска земја против ѕвездата на француската репрезентација, стрелецот на единствениот гол во претходно споменатиот осминафинален натпревар. Тој натпревар, покрај тесната победа на Французите, беше запаметен по уличното однесување и ...

Сега веќе е и официјално. Од денеска Работнички има нов тренер, а тоа е Баже Јанакиевски, како што „СпортСпорт“ најави пред неколку дена. Ова значи дека некогашниот гигант во мак – фудбалот со младиот стратег ќе се обиде следната сезона да има успешни настапи во ВМФЛ со цел експресно да се врати во елитата. Инаку Јанакиевски е најпознат по тоа што во два мандата го водеше успешно Башкими. Од денеска Работнички и ги стартуваше подготовки за ...

Анлиската репрезентација претрпе голем шок во нивната база за Светското првенство во Канзас Сити, откако непознат маж вооружен со клуч провали во просториите на тимот. Инцидентот се случи претходно оваа недела во медиумскиот центар, недалеку од тренинг-кампот на англискиот тип, пишува Дејли Меил. Полицијата беше повикана во медиумскиот центар KC Parks, кој се наоѓа во близина на тренинг-центарот Swope Soccer Village во Англија, откако маж ...

Нови државни прваци за 2026 година се Сара Митевски и Стефан Мицов, кои во денешните финални мечеви ги совладаа Теона Андова односно Амар Хусеиновиќ. Во машко финале кое траеше 2 часа и 45 минути Мицов успеа да стигне до својата трета титула државен првак (2011 и 2013) откако со 2-1 во сетови (61 67(2) 64) во меч со пресврти го совлада колегата од Дејвис куп репрезентацијата Хусеиновиќ (го играше првото финале на ДП). По првиот сет кој ...

Франција е првиот полуфиналист на СП откако синоќа со 2:0 славеше против Мароко во првиот четвртфинален меч. Мбапе и другарите едноставно си ја покажаа силата, иако во првото полувреме промашија неколку зицери, капитенот не реализира и пенал, но сепак во второто полувреме работите си дојдоа на своето место. Свој коментар за нашите читатели во рубриката “Коментар на денот“ има Артим Шаќири. -Франција ја оправда улогата на фаворит и се пласира ...

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го започнува настапот на Европското првенство за кошаркари „Под 20“ години од Дивизијата „Б“, кое од 10 до 19 јули се одржува во Братислава. Македонската селекција ќе се натпреварува во групата „А“, заедно со репрезентациите на Ирска, Шведска, Азербејџан и домаќинот Словачка. Избраниците на селекторот Никола Велев првиот испит ќе го имаат вечерва од 18:00 часот, кога ќе се соочат токму ...

Неверојатно е што најдобриот играч на Светското првенство е оној кој најмалку трча, најмногу оди и има потреба од најмалку физичка подготвеност, брзина и издржливост, атрибути кои толку многу се издвојуваат денес. Неговиот талент му овозможува да се издигне над сето тоа. Лионел Меси е утопијата на нашето време, играчот со најдобар статистички рејтинг на првенството (8,7), а воедно и оној кој вложува најмалку физички напор, пишува шпанскиот ...

Александар Зверев се пласираше во финалето на Вимблдон, откако го совлада Британецот Артур Фери со 3-0, по сетови (6-7 (0-7), 2-6, 4-6). Третиот тенисер во светот за првпат ќе игра финале на Вимблдон во својата кариера. Германскиот тенисер не дозволи нова сензација на домашниот тенисер, кој 114-то место на АТП листата. Првиот сет беше возбудлив, Зверев поведе со 1-3, но Бритнецот се врати, па победникот се решаваше после тај-брејк, кој ...

ЕХФ и официјално ги објави сите учесници на Светското клупско првенство за мажи. Една светска титула и 10 клупски тимови кои се борат за неа, во периодот од 24 септември до 1 октомври во Египет. Конкуренцијата е доста интересна, а домаќин е Ал Ахли. Од Европа се тимовите на Барселона, која е актуелен шампион во ова натпреварување и во Лигата на шампиони, тука се уште Фуксе Берлин и вајлд-карта доби уште и Веспрем. Домаќин: Ал Ахли Актуелни ...

Македонскиот младински репрезентативец, Горазд Ристовски го потпиша својот прв професионален договор со тимот на Црвена Звезда, кој има важност до 2029 година. Ристовски е член на тимот од Белград веќе неколку сезони и има голема минутажа за сите млади категории на „црвено-белиот“ тим. Новиот договор е награда за сето она што македонскиот фудбалер го има одиграно во изминатиот период. „Секако дека сум пресреќен за ова што ми се случува. ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
94%
1006
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
7.2
59%
996
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
93%
991
weather icon

Софија

19ᴼ / 13ᴼ
10.29
62%
1006
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.92
76%
1003
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
98%
990
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
5.81
88%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
40%
1006
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
7.72
72%
1005
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
86%
1004
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
98%
995
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
7.2
95%
1013
Currency

61.676

Currency

55.489

Currency

73.852

Currency

38.005

Currency

39.028

Currency

66.834

Currency

8.3272

Currency

0.66995

Currency

0.34797

Currency

0.52464

Currency

1.1042

Currency

0.59194

Паладиум

31700.64

Сребро

1620.38

Алуминиум

3.01

Кобалт

33.53

Платина

48836.98

Злато

124908.87

Цинк

3.79

Иридиум

324722.54

Калај

47.40

Рутениум

61086.42

Бакар

12.41

Родиум

294983.10