Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Македонската фудбалска репрезентација денеска се врати во Скопје по вчерашното реми на гостувањето кај Белгија во Гент. За нашите фудбалери нема време за одмор, па селекторот Благоја Милевски веќе го закажа вечерниот тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во 19.30 часот. Сите фудбалери уште денеска почнуваат со подготовка за исклучително важниот натпревар со Казахстан. Она на што особено треба да се внимава на дуелот во понеделник со ...
Вечерва (20:45 Ч), сите погледи на фановите на фудбалот од овие простори, ќе бидат свртени кон Лесковац, каде силите ќе ги одмерат во меч од квалификациите за СП 2026, селекциите на Србија и Албанија. И секогаш е „жешко“ кога меѓусебе се среќаваат две репрезентации од Балканот, а посебно кога играат ови две селекции. Така било порано, така ќе биде и сега. Ова е меч до групата – К, каде е и Англија која е неприкосновена и која би требало да биде ...
Екипата на ГРК Тиквеш со голема негатива се враќа од гостувањето кај Бешикташ во рамките на првиот меч од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп. Кавадарчани беа совладани со 31-20, резултат кој не ветува пласман во следното коло иако имаат шанса за поправен пред своите фанови. Турискиот тим не ги искористи сите сили, а својата разлика во квалитет ја покажа кога на ГРК Тиквеш му дозволи да постигне само три гола (Цејовиќ и Мијушковиќ на стартот, ...
Попладнево се одиграа седум меча од 8.коло во ВМФЛ. Интересно беше во Тетово каде на Градскиот стадион под Шара, Шкендија Арачиново со 1:2 го совлада домашниот состав на Тетекс и тоа со двата гола на Ливарека. Екстра значајни три бода со кои арачиновци избија на лидерското место на табелата и таму ќе бидат се до завршувањето на дербито во Штип кое се игра вечерва меѓу Брегалница и Скопје. Сега штиоските “сини“ се под притисок, само победа ги ...
Се чини дека сите во Реал Мадрид, а посебно стратегот Чаби Алонсо можат да здивнат. Имено последните информации говорат дека повредата на Килијан Мбапе и не до толку сериозна. Да потсетиме дека вчера, мега -ѕвездата на Реал Мадрид играјќи за Франција се повреди во финишот на мечот со Азербејџан, па мораше да биде заменет. Тој се пожали на болка во зглобот. Дополнителните лекарски прегледи покажале дека повредата не е нешто за што треба ...
Уште еден доказ дека Струга ТЛ и Башкими се во одлична форма. Користејќи на репрезентативната пауза, денеска и двете екипи од ПМФЛ одиграа пријателски средби и тоа во Албанија и Косово. Струга ТЛ му гостуваше на Скендербег во Корча и тимот на Бледи Шкемби успеа да победи со 1:2. Стрелци на двата гола за нашиот тим беа Воша и Јефтоски. Башкими гостуваше на Косово, каде успеа исто така со 1:2 да слави против домашниот состав на Љапи. Стрелци за ...
Вчера се одиграа два меча во квалификациската група – Ј за пласман на СП 2026. Прво Казахстан дома славеше со Лихтенштајн со 4:0, а потоа Белгија и Македонија одиграа без голови. Веќе во понеделник во Скопје селекцијата на Македонија го пречекува Казахстан, а во Кардиф играат Велс и Белгија. Во пресрет на гостувањето во Скопје, за Спортс.кз, свој коментар имаше аналитичарот од Казахстан, Булат Есмагамбетов кој со респект говореше за Македонија. ...
Дејвид Бекам објави фотографија на Инстаграм на која позира во друштво на двајца пензионирани НБА џинови. Сликата брзо стана вирална поради огромната разлика во висината помеѓу поранешниот англиски фудбалер (висок 183 см), Шекил О’Нил (216 см) и Јао Минг (229 см). Подготовниот натпревар за новата НБА сезона, во кој се сретнаа Феникс Санси и Бруклин Нетс, беше одигран во Макао и заврши со победа на Санси. Бекам, поранешна ѕвезда на англиската ...
По ремито со Унгарија во 1.коло од квалификацискиот турнир за ЕП, кој се игра во Струмица и Турново, нашата У-17 селекција денеска беше поразена од големиот фаворит, селекцијата на Чешка со 0:2. Гостите поведоа со голот на Марек во 31.минута, додека Сивок во самиот финиш на мечот, во таа 87.минута ги постави конечните 0:2 за младата селекцијата на Чешка. На вториот меч во групата, селекцијата на Унгарија со 8:0 го победи Гибралтар. Па така по ...
Попладнево во СРЦ “Кале“ во меч од 2.коло, во скопската пресметка, составот на ТФТ успеа со 83:63 да го победи Работнички. Ова беше втора победа за тимот од Тафталиџе на стартот од новата сезона во нашата елитна кошаркарска лига, и втор пораз за некогашниот гигант во мак-кошарката. Домашните, кои важеа пред мечот за фаворити, и тоа како подобро го отворија овој натпревар, беа подобри и во нападот и во одбраната од својот противник, па така на ...
Вејн Руни призна дека клупските соперништва го попречиле успехот на „златната генерација“ на Англија, но не се согласува со тврдењето на Стивен Џерард дека тие биле „себични губитници“. Порано оваа недела, неговиот поранешен соиграч од „Трите лава“, Џерард, тврдеше дека егото на англиските играчи ги спречило да постигнат сериозен успех. Руни, кој постигна 53 гола на 120 настапи за Англија, „нема проблеми“ со другите играчи и верува дека тимот ...
Она што се најавуваше со денови, од денеска е и официјално. Саша Обрадовиќ е нов шеф на струката во КК Ц. Звезда. Откако сезоната ја почнаа очајно лошо, раководството на српкиот гигант се раздели со досегашниот стратег Јанис Сферопулос. Инаку не треба да се трошат зборови кој е Саша Обрадовиќ. Некогашен прославен кошаркар и репрезентативец, а како тренер имаше големи успеси со Монако. Инаку тој се враќа во својата Ц. Звезда, во минатото веќе ...
Стивен Џерард е на добар пат да се врати на кормилото на Ренџерс оваа недела, откако имаше позитивни разговори со раководството на клубот. Поранешниот капитен на Ливерпул и Англија е во Лондон на разговори во врска со неговото сензационално враќање во Иброкс. Под негово водство тимот ја освои титулата во Шкотската Премиер лига во 2021 година, што останува последна за клубот досега. Шкотските гиганти се подготвени да го назначат Џерард по ...
По она реми без голови синоќа во Гент, на гости кај Белгија, нашата А- репрезентацијата и натаму е лидер на табелата во квалификациската група – Ј за пласман на СП 2026. Јасно е дека сите посакувавме победа, но и бодот е голем како планина откако перфектно одигравме во одбрана а Столе Димитриевски покажа уште еднаш дека е класа голман. Сега по 6 меча ние имаме 12 бодови, Белгија од пет меча има 11, а Велс од пет меча има 10 бода. И сите овие ...
Со три натпревари денеска и официјално стартува новата одбојкарска сезона во женска конкуренција. По долгата летна пауза, одбојкарските клубови ја отвораат Првата и Втората лига. Во најсилното женско друштво натпреварувањето стартува попладнево од 16 часот во СЦ „Форца“ во Скопје, каде ланскиот финалист Работнички Скопје го пречекува составот на Струмица. Од 18 часот, се играат уште две средби. Носителот на куп-пехарот од ланската сезона ...
Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во големото финале на Мастерсот во Шангај. Најдобриот тенисер на сите времиња, во полуфиналето беше елиминиран од тоталниот анонимус, тенисер кој е 204 на АТП листата, а неговото име е Валентин Вашеро од Монако. Крајниот исход е 2:0 во сетови за Вашеро или 6:3 и 6:4. Јасно беше дека Србинот си има големи проблеми со повредите. Во неколку наврати во текот на мечот Новак добиваше и лекарска помош, но на крајот ...
Во понеделник (13.10), Македонија ќе го одигра својот последен меч на свој терен во тековните квалификации за пласман на СП 2026. Играме со Казахстан на Арената во Скопје со почеток од 20:45 часот. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на оваа средба. За главен судија одреден е Хуан Мартинез Мунуера од Шпанија, додека негови помошници се Диего Барберо и Иван Масо Гранадо, додека четврти ќе биде Алехандро Муњиз Руиз. Во ВАР собата ќе ...
Иако Жоан Лапорта гордо тврди дека финансиските проблеми на Барселона се минато, реалноста е поинаква. Според извештајот за економската година заклучена на 30 јуни 2025, каталонскиот клуб сè уште должи огромни 159,1 милион евра за неколку трансфери. Најмногу е оштетен Лидс Јунајтед, кој по продажбата на Рафиња во 2022 година сè уште чека 41,9 милиони евра – повеќе од три години по трансферот. Севиља има побарување од 24,5 милиони евра за Жил ...
ГРК Охрид денеска ја почнува својата европска авантура. Македонскиот тим ќе игра двомеч против Баки на домашен терен во рамките на второто коло во ЕХФ Европскиот Куп. Првиот натпревар се игра денеска со почеток во 18 часот. Тренерот Борис Ројевиќ ги повика фановите да дојдат и да ги поддржат на двата меча. „Би ги повикал сите навивачи кои би дошле да не поддржат во овој двомеч. Овие момци заслужуваат поддршка со она што го покажаа во нивната ...
Страхиња Јокиќ, братот на НБА ѕвездата Никола Јокиќ, е осуден на една година условна казна откако се изјасни за виновен за напад врз навивач за време на плејоф натпреварот на Денвер Нагетс во „Бол Арена 2024“. Канцеларијата на окружниот обвинител на Денвер ја потврди информацијата во објава на социјалните мрежи во петок, објави „Денвер Спортс“. Инцидентот е снимен на вирално видео од социјалните мрежи, на кое се гледа како Страхиња удира ...
Цибона одлучи да не продолжи со натпреварувањето во регионалната АБА 2 лига. Како што објавува „Јутарњи“, по долги консултации, загрепскиот клуб донесе одлука дека сепак ќе се повлече од лигата. Поради оваа одлука, Цибона нема да игра против ТФТ. Натпреварот против клубот беше закажан за понеделник во 18:00 часот. По осум години, Цибона се врати на европските натпреварувања со аплицирање за ФИБА Еврокупот, но во исто време, играше во АБА2 и ...
Попладнево на програмата се сите осум средби од 8.коло во ВМФЛ. Дербито се игра во Штип и тоа под светлоста на рефлекторите со почеток од 18 часот а во него се среќаваат Брегалница и Скопје. Тоа ќе биде дуел меѓу првиот и четвртиот на табелата. Важен меч за двете екипи. Штипските “сини“ само со победа ја задржуваат лидерска позиција, додека “Пиратите“ со три бода од оваа средба ќе се израмнат бодовно со Брегалница и со тоа дефинитивно ќе влезат ...
Македонската фудбалска репрезентација дојде до голем бод против Белгија на гости во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година. Благоја Милевски и неговите момци го живеат мундијалскиот сон, останаа лидери на табелата со 12 бода, имаат три победи и три нерешени. За ремито (0-0) против Белгија во Генк пишува целиот регион. За подвигот на нашите момци на големо се пишува, никој не очекуваше дека Македонија ќе успее да одигра ...
Манчестер Јунајтед размислува да се раздели со својата најголема ѕвезда во последните сезони – Бруно Фернандеш. На „Олд Трафорд“ сфаќаат дека пропуштиле златна можност да го продадат својот капитен за рекордна сума, а сега клупски извори тврдат дека трансферот следната година е веќе сосема можен. За време на летниот преоден рок, „црвените ѓаволи“ можеа да добијат до 100 милиони фунти доколку Португалецот ја прифатеше понудата од Саудиска ...
Македонската фудбалска репрезентација продолжува да сонува за Светското првенство 2026 година. Избраниците на Боби Милевски останаа непоразени и по шестото коло, откако на гости кај Белгија одиграа 0-0 и освоија нов бод за одбрана на врвот. Нашата репрезентација сега има 12 бода, еден повеќе од Белгија, два од Велс. „Ова беше можеби еден од најтешките натпревари за мене и за сите нас во последниве неколку години. Одигравме борбено и со срце, ...
Пеп Гвардиола според многумина е најдобриот тренер во последните дфве децении, некои тврдат дека е и најдобриот на сите времиња. Јасно е дека Пеп, кој сега е во Манчестер Сити а претходно ги предводеше Барселона и Баерн Минхен има и свои противници, но фактите се тие, дека е еден од најдобрите. И кога една таква величина ќе пофали друг тим, тогаш неговите зборови имаат своја тежина. А Пеп е восхитен од тоа како игра Барселона, неговиот ...
Во првиот натпревар од второто коло на МТЕЛ Супер лигата, кошаркарите на Пелистер имаа една одличнаа четвртина, третата, во која минималната негатива од полувремето ја претворија во убедливо водство, и победа над екипата на Чаир 2030 од 104:74. За „зелено-белите“ втора од почетокот на сезоната за уште подобро расположение пред продолжението на европските обврски кои следуваат во текот на наредната недела во ФИБА Евро купот. Двете екипи си ...
Да. Македонија и натаму е лидер на табелата во групата Ј и е лидер, замислете, по гостувањето кај Белгија вечерва во Гент. Македонија одигра вечерва “докторски“ одбрамбено, сакаше бод и дојде до него. Македонија и натаму сонува, го сонува Мундијалот 2026! Опасна Белгија, Македонија паметна, но за да се дојде до вакво реми во “пеколот“ во Гент ти треба фантастичен голма, а ние во Столе и тоа како го имаме. Да, Столе ВЕЛИКИ, но и сите кои вечерва ...
Овие 0:0 во Гент и тоа како силно ќе одекнат во светот на фудбалот. Македонија и во 13 меч во низа е без пораз, Македонија и по шестото коло во групата Ј е без пораз и што е уште поважно Македонија и натаму е лидер на табелата. Во право е Зајков, вечерва нашите фудбалери просто изгинаа на теренот. Одиграа за себе, за Македонија, за сите нас. Македонија знаеше што сака, а по мечот, по тие 0:0 нашите ЈУНАЦИ им се заблагодарија на повеќе од 1.000 ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски нормално задоволен од она што вечерва се случуваше во Гент, Белгија и освоениот бод во ремито 0:0 против огромниот фаворит. Уште по нормално, и во негов стил, Милевски не дозволи никаква еуфорија, и во изјавата покрај пофалбите кон своите избраници, посочи и од што е незадоволен. „Mожам да бидам задоволен од тоа како изгледавме во дефанзива. Не можам и не сум задоволен од ...