Белград
7ᴼ /
6ᴼ
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерс турнирот во Шангај. Србинот во четвртфиналето беше подобар од Зизу Бергс од Белгија со 6:3 и 7:5. Иако го игра во моментов тенисот на кариерата, и е 44. на АТП листата сепал, белгиецот не можеше ништо против најдобриот на сите времиња. Ова инаку за Ѓоковиќ е 10 полуфинале на овој турнир во кариерата, а 80. пат меѓу најдобрите четири на еден турнир кој ...
Македонската младинска репрезентација до 21. година утре со почеток во 17:00 часот во Битола, на стадионот Петар Милошевски, ќе го одигра третиот квалификациски дуел од актуелната кампања. Нашиот национален тим засега има два порази од два меча против Полска, односно Италија, а сега доаѓаат мечевите против селекциите со кои реално сме релатини фаворити и против кои можеме да го „скршиме“ мразот кога станува збор за позитивните резултати. ...
Министерството за Спорт, на чело со министерот Борко Ристовски како и заменичката Сафије Садики Шаини денеска беше во посета на Куманово, каде што е извршен увид на состојбата на игралиштето кое што е во склоп на стадионот на фудбалскиот клуб Башкими и донесена е одлука истото да биде реконструирано во следниот период. Ќе се вложат средства се со цел истото да биде доведено во максимална состојба и ќе биде ставено на располагање не само на ...
Еден од најдобрите ракометари на Вардар 1961, Дмитри Хориха доби македонски пасош. Ова значи дека во иднина ќе се смета како домашен играч, па црвено-црните можат да ангажираат нов странец и да бидат во предност пред останатите тимови. Вардар на мечевите ќе можат да ги користат сите осум играчи. Што се однесува до настап во македонската репрезентација тоа не може да се случи, не барем после 36 месеци престој во Македонија и на после исто толку ...
Македонската фудбалска репрезентација утре во Гент со почеток од 20:45 минути го игра шестиот квалификациски дуел од тековната кампања против домаќинот Белгија. Истиот веројатно е еден од најважните мечеви за нашиот навионален тим кој што сме го одиграле, или ќе го одиграме во последните десетина годино. Пред се затоа што сме лидери на табелата по пет одиграни кола и единаесет освоени бодови, што ни дава за право да се надеваме на нешто големо ...
Кошаркарите на Партизан ја победија Олимпија со 80:78 на 2-ри октомври на „Белградска арена“. Во соопштението се наведува дека белградскиот клуб е казнет со 13.000 евра за фрлање предмети. Кошаркарите на Партизан ќе го пречекаат Ефес во третото коло од Евролигата денеска во 20:30 часот на „Белградска арена“. Пред натпреварот, тренерот на црно-белите, Жељко Обрадовиќ, истакна дека на последниот натпревар се случиле одредени работи со кои не се ...
Македонслата репрезентација до 19. години на чело со селекторот Еркан Селими денеска од 15:30 часот ќе го одигра првиот пријателски дуел на гостински терен против Црна Гора. Нашите млади фудбалери од вчера се сместени во својата база во Црна Гора, а денеска ќе го одиграа првиот дуел во Даниловград. „Секако дека секогаш кога сме дел од националниот тим тоа е посебно чувство. да се носи дресот на Македонија е чест и одговорност, и тоа така треба ...
Сопствениците на Манчестер Јунајтед се во напредни преговори за продажба на клубот на друг инвеститор. Оваа бомбастична вест ја објави Турки Ал-Шеик, кој е претседател на Генералниот орган за забава (GEA), оддел на саудиската влада и советник на Кралскиот двор со ранг на министер. Претставникот на кралското семејство преговара со Манчестер Јунајтед за „црвените ѓаволи“ да го посетат Ријад за пријателски натпревар, кој ќе биде дел од ...
КК Црвена звезда соопшти дека Гркот Јанис Сферопулос повеќе не е тренер на клубот. „По заеднички состанок на претседателот на клубот Жељко Дрчелиќ, генералниот менаџер за спортски сектор Милан Томиќ, менаџментот на клубот и досегашниот тренер Јанис Сферопулос, донесена е одлука господинот Сферопулос да не ја извршува функцијата тренер на првиот тим. Одлуката е донесена со само една цел – затоа што и двете страни сметаат дека тоа е во најдобар ...
Зелено’ртските Острови ја пропуштија својата прва шанса за квалификација на Светското првенство со реми од 3:3 на гости против Либија, натпревар обележан со комичен втор гол и катастрофална грешка на помошникот судија што можеше да ја чини оваа репрезентација место на Светското првенство. Целиот цирукус почна во 76-та минута. Што точно се случуваше можете да видите во продолжение. This was Cape Verde’s 2nd goal in their 3-3 comeback game ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел, одговори на прашањето за отсуството на играчите од средниот ред Џуд Белингам, Филип Фоден и Џек Грилиш од составот на „Трите лава“ за претстојниот квалификациски натпревар против Велс. „Ќе пристигнеме како аутсајдери бидејќи не сме победиле со децении и ќе се соочиме со тимови кои победиле многу пати. Затоа мора да дојдеме како обединет тим, во спротивно нема да имаме шанса“, рече Тухел. Германскиот ...
Во петок во Гент, со почеток од 20:45 часот нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе и гостува на силната Белгија во квалификациски меч за СП 2026. Ова за нас ќе биде еден од најважните мечеви во нашата фудбалска историја. Имено познато е дека на 4 кола до крајот Македонија е лидер на табелата во групата со 11 бодови пред Белгија и Велс кои имаа по 10 бода, ама Белгија има и меч помалку. Познато е исто така дека само првиот во групата ...
Милан Стојановски е нов шеф на струката на Пелистер. Откако битолчани се разделија со Димитар Капиновски, по очајниот старт на сезоната, тој беше најсериозен кандидат за нов тренер на Пелистер, и тој денеска е промовиран како нов стратег. Милан Стојановски е поранешен македонски репрезентацтивец со 26 настапи, досега како тренер работел во Телеоптик и ИМТ. После промоцијата ги искажа своите очекувања…Стојановски ќе дебитира против Силекс на ...
Во Шангај се одржува еден од најтешките турнири од серијата АТП Мастерс 1000 во последните неколку години. Голем број познати тенисери го откажаа настапот, а и оние што останаа имаат сериозни потешкотии. Првиот и вториот тенисер на светот веќе се повлекоа – Карлос Алкарас го прескокна турнирот по триумфот во Токио, додека Јаник Синер се откажа поради повреда. Главниот проблем се временските услови. Според шпанскиот AS, температурата се искачува ...
Главниот тренер на Бока Јуниорс, Мигел Анхел Русо, почина во среда на 69-годишна возраст по долга борба со ракот, објави аргентинскиот клуб. Русо, кој беше на домашно лекување по неколку болнички престои во последните месеци, беше принуден да се повлече од своите секојдневни тренерски должности поради неговата болест. Сепак, тој остана активно вклучен во тимот и покрај влошената здравствена состојба, одржувајќи близок контакт со своите соиграчи ...
Пелистер го запиша третиот пораз во Лигата на шампиони. Во меч од четвртото коло беше совладан со убедливи 36-25 на гостувањето кај Висла Плоцк. Битолчани добро му парираа на противникот во првите 20. минути од мечот, а потоа на сцена настапи полскиот тим, кој на крајот славеше со двоцифрена разлика. Тренерот на актуелниот македонски првак, Рубен Гарабаја после мечот даде краток коментар потенцирајќи дека неговиот тим не заслужил да биде ...
Македонската фудбалска репрезентација е во Гент каде денеска ќе го има тренингот на стадионот „Планет Груп“, каде утре националниот тим влегува во пресметката со фаворизираната Белгија за продолжување на мундијалскиот сон. Ова е градот кој буди спомени од минатото, град чиј што клуб е еден од најдобрите во оваа земја. Гент сега има нов и модерен стадион кој е пуштен во употреба во 2013 година, а во самиот комплекс е и стариот стадион каде ...
Вирџинија Фонсека вчера објави дека повеќе не е во врска со ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. Причината е неверството бидејќи го нашла како разговара со други жени. Потоа решила да ја заврши приказната со Бразилецот, но крајот бил краткотраен. Винисиус се извини во текот на ноќта и тврди дека идејата е да се започне одново. „Сите поминуваме низ моменти што нè тераат да размислуваме и да растеме. Неодамна доживеав ситуација што ме натера ...
Ламине Јамал е најголемата фудбалска ѕвезда во моментов. Иако има само 18 години, тој со своите настапи во изминатите две години, а и со оние непотребни активности надвор теренот во последно време, и тоа како го привлече вниманите на јавноста и не само во Шпанија. Пред мега – ѕвездата на Барса и светскиот фудбал секако дека е блескава кариера, токму тој е легитимниот наследник на Лео Меси. Летово на неговиот 18-ти роденден Барса го “врза“ со ...
На повидок е голема сензација во рамките на квалификациите за пласман на СП 2026 во Африка.Имено селекцијата на Зелнортските острови е на чекор до Мундијалот. Селекцијата на оваа земја денеска на гостувањето кај Либија одигра 3:3, па така и натаму остана на чело на табелата со +2 бода пред Камерун и тоа на коло до крајот. Репрезентацијата на оваа егзотична земја, или неколку острови кои се наоѓаат во средиштето на Атлантикот блиску Западна ...
И покрај силните порази, и покрај тоа што Манчестер Јунајтед под негово водство не личи на ништо, сепак Рубен Аморим нема да добие отказ. Напротив, тој вечерва ја доби најголемата поддршка од првиот човек на гигантот од “Олд Трафорд“, Сер Џим Ретклиф кој говорејќи во еден поткаст кажа дека на памет не му паѓа сега да му даде отказ на Португалецот. “Не, нема да добие отказ. Сметам дека три години е доволно долг период Рубен да ги искаже сите ...
Според шпанскиот весник „Мондо Депортиво“, Барселона и Реал Мадрид сакаат да ја задржат својата слобода да одлучуваат за евентуално преселување во нова европска лига, која НБА планира да ја лансира во 2027 година, поради што сè уште се спротивставуваат на потпишувањето на продолжување на нивниот договор со Евролигата. За време на состанокот на 13-те сопственици на Евролигата што се одржа во Барселона во понеделник и вторник, двата најголеми ...
Вечерва се одиграа четири меча од 4.коло во ракометната Лига на Шампионите. Освен нашиот Пелистгер кој беше поразен кај Висла со 36:25, на сите останати натпревари гостите славеа победи. Прво Магдебург кај ГОГ и успеа да дојде до триумф од 30:39. Ова беше четврта победа на актуелниот европски првак во исто толку одиграни натпревари. Кога се однесува до стрелците, кај победничкиот состав се истакна Магнусон со 11 голови. Нант исто како гостин ...
Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски и неговиот Тренто успеаја да го преживеат тешкото гостување кај Будуќност и да дојдат до првата победа во Еврокупот. Италијанскиот тим славеше со 96-107 во меч од второто коло. Нашиот репрезентативец беше еден од најдобрите кошаркари во составот на Тренто, тој беше втор стрелец. Зад своето име запиша 15 поени, два скока и две асистенции за нецели 16 минути во игра. Јакимовски имаше 3/5 за три ...
Емил Рајковиќ со својот Тофаш успешно стартуваше во годинашната ФИБА Лига на Шампионите. Турскиот тим предводен од нашит стратег со 90:86 успеа да слави против тимот од Израел, Бнеи Херзлија. На пауза се замина со резултатски егал од 49:49, во третата четвртина гостите дојдоа до убава предност од 63:75, но кога беше најпотребно четата на Рајковиќ, диригирана од нашиот стратег, успеа да дојде до победата. Се гледа уште на стартот од сезоната ...
Готово е, веќе нема дилеми. Селекцијата на Египет и официјално се пласира на СП 2026 кое ќе се одржи следното лето во САД, Канада и Мексико. “Фараоните“ денеска на гостувањето кај Џибути славеа со 0:3, и со тоа и официјално го обезбедија првото место во квалификациската група А и тоа на коло до крајот. За овој успех секако дека најголеми заслуги има мега – ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах кој на денешниот меч во два наврати се запиша во ...
Фудбалерот на Струга ТЛ, Ард Касами денеска беше успешно опериран во Скопјe. Откако се здоби со тешка повреда на предните вкрстени лигаменти на десната нога, и тоа на тренинг минатата недела, мораше да оди на операција. Операцијата ја изврши д-р Зоран Несторовски, во болницата „8 Септемвр“ во Скопјe, додека покрај неговото семејство, присутен беше и спортскиот директор Бесарт Исаку. По препорака на тимот лекари кои ја извршија оваа ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Куманово го означи стартот на Државното првенство во пливање за основни и средни училишта, кое се одржува во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија со поддршка од Министерството за спорт. Преку овој масовен училишен спортски настан, на кој учествуваат ученици од целата држава, се промовираат вредностите на фер-плеј, тимската работа и љубовта кон спортот. Министерот Ристовски ...
Во пресрет на дерби мечот во групата Ј во квалификациите за пласман на СП 2026, меѓу Белгија и Македонија, селекторот на Белгија, Руди Гарсија си има проблеми. И не само поради фактот дека клучниот играч му го нема поради повреда, Ромелу Лукаку, туку и тие што треба да бидат негови замени, како “деветка“ во составот, не се во форма или досега беа повредени. Како што пренесуваат медиумите во Белгија, свои ставови или коментари на аналитичарите, ...
Деновиве во Струмица и Турново се одржува квалификацискиот турнир за ЕП за селекции до 17 години. Македонија одигра 2:2 со Унгарија, ама во Турново на вториот меч од 1.коло селекцијата на Чешка славеше против Гибралтар со неверојатни 13:0. На полувреме беше 10:0, токму затоа веројатно на младите фудбалери на Гибралтар не им се излегуваше на терен во второто полувреме. Сепак Чесите малку како да дигнаа рачна, па се задоволија само со уште три ...