Ракометарите на Охрид, во петок повторно ќе играат пред својата публика, овојпат во рамките на 15. коло од Супер лигата, каде што ќе бидат домаќини на младата и многу борбена екипа на Еурофарм Пелистер 2. Тимот од Битола е познат по брзата игра, трчањето и желбата да се докажува против секој противник. Левото крило на Охрид, Никола Ристески, потенцира дека мечот ќе бара максимална концентрација од самиот старт и дека тимот мора да го наметне ...

Заврши есенската полусезона во Трета лига – Запад со одигрување на натпреварите од 11. коло, а есенски шампион е тимот на Камјани, кој со убедливи 3:0 го доби конкурентот Влазерими и така се зацврсти на челната позиција. Резултатот беше отворен уште во 7. минута со голот на Ибраим Јусуфи, а во 24. минута Блеранд Ќамили зголеми на 2:0. Во вторитот дел Сокол Исеини ги постави конечните 3:0. Џепчишти одигра фантастично на мечот со Скендербеу и ...

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, заедно со уште неколку познати имиња од нашата фудбалска историја, на 13 и 14 декември во Рим ќе играат на меѓународниот турнир Ф7. Поканата пристигна од првиот човек на светската организација FIF7 и Calcio 7/8, Фабрицио Лоферда. Ова ќе биде прво историско учество на Македонија Ф7 на еден ваков престижен турнир – Куп на Конфедерации Рим. Нашиот национален тим ќе биде ...

Ракометна Македонија се подготвува за нов европски предизвик, откако селекторот Кирил Лазаров го официјализира проширениот список на ракометари за континенталниот собир во јануари, следната година. На листата се најдоа вкупно 35 имиња, од кои само две доаѓаат од странство, додека остатокот го чинат играчи од домашната лига. На интернационалната сцена сезонава најсилно се наметна голманот Мартин Томовски, кој во германскиот Битигхајм настапува ...

Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на вчерашната седница донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, кој веќе е поранешен селектор, бидејќи на 30 ноември 2025 година истече неговиот договор. Управниот одбор на ФФМ смета дека на македонската А репрезентација ѝ е потребна нова енергија и поинаков мотив за претстојните предизвици што ја ...

Голем број на погодоци беа забележани во рамки на 6. коло во Првата футсал лига. Дебитантот Балкан стигна до третата сезонска победа откако со 12:9 го доби Осогово од Крива Паланка и тоа преку пресврт откако гостинот имаше 4:6 на полувреме. Ибрахим Алији постигна четири гола, двапати погодија Пајтим Реџепи и Џељал Мјаку, а по еднаш Далип, Реџеп и Сулејмани, а пак Давид Ристовски од гостинската екипа си постигна автогол. За гостинот двојни ...

Шестото коло на Втората футсал лига го донесе првиот „кикс“ на лидерот Железарец, откако во Свети Николе одигра 3:3 против Овче Поле. Дуелот на двата поранешни прволигаши го одбележа два автогола. Гостинот стигна до предност по седум минути кога погоди Петре Даиловски за 0:1, а во 15. минута Дејан Кајсторовски си постигна автогол за 1:1 на полувреме. Во вториот дел домашниот тим стигна до 3:1 што значеше комплетен пресврт. Давид Бојковски и ...

12-тото коло на Трета лига – Југ донесе многу погодоци на сите натпревари. Најголема победа забележа тимот на Млекар кој на домашен терен во Мало Коњари со 7:0 го декласираше Дреново. Четири погодоци постигна Филип Трајкоски, а по еден гол Филип Аљакоски и Деан Цветкоски. Превалец ја продолжува победничката низа откако дома со 3:0 го доби Башкими од Јаболчиште. Со голот на Филип Драскачев на полувреме беше 1:0. Во вториот дел Јосиф Манасиев и ...

Вардар утре го игра последниот натпревар од групната фаза на Лига Европа, и тоа на домашен терен ќе го пречека Тулуз. Иако резултатот веќе не одлучува за пласманот, „црвено-црните“ сакаат да ја завршат групната фаза со победа и да им подарат радост на навивачите. Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, очекува победнички завршеток на групната фаза и радост за навивачите. „Добра недела е зад нас, две важни победи против Сесвете за пласман во ТОП 16 и ...

Ракометарите на Вардар, утре го играат последниот натпревар од групната фаза на Лига Европа, против Тулуз во Скопје. Иако мечот нема резултатско значење за пласманот, сепак домашните играчи се мотивирани да покажат одлична игра пред своите навивачи и да го завршат европскиот настап во групната фаза, на импресивен начин. Левото крило на Вардарци, Марио Стојановски, нагласува дека екипата е добро подготвена и дека победата е остварлив резултат. ...

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја обезбеди третата победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) за Европското првенство на УЕФА и со тоа го потврди доминантното прво место и пласманот во следната фаза. Фудбалерките на селекторот Кирил Изов на решавачкиот дуел одиграа 1:1 против Словенија, резултат кој беше доволен да го задржат врвот на табелата и да обезбедат продолжување на квалификациите. Словенија ...

По дополнителните консултации и проценката дека временските услови се стабилизираат, Комисијата за натпревари донесе одлука петте одложени средби од 15. коло во Втората лига, кои првично беа закажани за 14 февруари 2026 година, сепак да се одиграат овој викенд – на 6 декември 2025 година. Иако претходна одлука предвидуваше пренесување на целото коло во февруари, новата проценка покажува дека терените се во доволно добра состојба за регуларно ...

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница одлучи да не го продолжи договорот со селекторот на А репрезентацијата, Благоја Милевски, чиј мандат истече на 30 ноември 2025 година. Милевски беше дел од работата на најважните репрезентативни селекции уште од 2014 година. Милевски ја предводеше македонската А селекција од 1 август 2021 година и во тој период одигра 48 натпревари, во кои запиша 18 победи, 14 ремија ...

Последното есенско коло во Општинската фудбалска лига во Струмица донесе многу погодоци на сите натпревари. Екипата на Спартмани од Балдовци со убедливи 0:5 го декласираше Напредок среде Радово и стана есенски шампион, откако тимот на Интер Кукла на домашен терен во Куклиш одигра 1:1 со Огражден од Ново Село и го препушти врвот. Убедлива победа се славеше во Злеово каде домашната Слога со високи 6:2 го декласираше Единство од Пиперово, а пак ...

Вардар и Струга Трим Лум, запишаа нови високи победи и уште еднаш ја потврдија доминацијата во шампионатот. Вардар на „домашен терен“ ја продолжи импресивната форма и со 6:1 го совлада тимот на Шкупи. Иако последнопласираниот состав од Чаир успеа да одолее до 36. минута, по првиот погодок на Закариќ работите тргнаа во сосема друг правец. Само една минута подоцна, истиот играч зголеми на 2-0 по центаршут на Маневски. Во вториот дел следеше ...

Андреј Јакимовски уште еднаш покажа колку голем потенцијал носи во себе, блескајќи и на гостински терен во Националната Арена во Даблин. Нашиот репрезентативец го заврши дуелот со Ирска со импресивни 26 поени, 5 скока и 4 асистенции, учинок кој силно придонесе за убедливата победа од 88:76. „Ова е многу важна победа за нас. Мечот беше физички и тежок, знаевме дека играме на гости и дека судиите и публиката ќе бидат на страна на домаќинот. Но ...

Екипата на Алкалоид покажа голема борбеност и упорност, извојувајќи реми (26-26) против актуелниот првак- Еурофарм Пелистер, во натпревар исполнет со возбудливи моменти до последната секунда, и тоа во ,,битолскиот пекол” во салата ,,Боро Чурлевски”. Иако домаќините имаа предност од седум гола, во вториот дел, гостите не се предадоа. Клучниот момент беше кога голманот Иван Галевски блесна како вистински јунак- одбрани пенал на Радивојевиќ и ...

Денес се одигра натпреварот од 15. коло меѓу екипите на Беласица и Преспа од Ресен, дуел кој заврши со заслужена победа на струмичани од 3-1. Капитенот Александар Милушев блесна со два погодоци – првиот од игра, вториот од белата точка. Во листата на стрелците за Беласица се запиша и Стефан Сулев, кој ја завери победата. Единствениот гол за Преспа го постигна Пеце Наумовски. Со овој триумф, Беласица ја затвора 2025 година на позитивен начин и ...

Фудбалскиот бренд Победа од Прилеп е пред одново сезона со големи искушенија како да се избори опстанокот во Втората лига. Прилепчани веќе неколку сезони по испаѓањето до Прва лига мака мачат со опстанокот во Втора лига и истиот го обезбедуваат во последните кола, а пред две сезони играат и бараж за опстанок, кој го добија против третолигашот Куманово за опстанок. Во Победа има разни турбуленции, најавувани нови спонзори, нови инвеститори, но ...

Спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода влегува во завршната фаза од целосната реконструкција и постепено го добива својот нов, модерен изглед. Објектот, кој со години беше запоставен и симбол на нефункционална спортска инфраструктура, конечно се обновува и се подготвува да стане значајна точка на спортскиот живот во општината. Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска заедно со министерот за спорт Борко ...

Со победата над Радовиш екипата на Тинекс Пролет се враќа на победничките патеки, но пред тимот е тежок распоред и важни натпревари кои ќе мора да се добијат со цел да се фати приклучок за место во плеј-офот. Тренерот Никола Матлиевски за Спортска Мрежа истакна дека пред нив е тежок распоред, следуваат мечевите со Прилеп, Куманово, Бутел и Еурофарм Пелистер 2, а тој се надева дека против Прилеп неговиот тим ќе влезе во победничка серија. „За ...

Ракометарите на Тинекс Пролет забележаа победа од 23:30 на гостувањето во Радовиш во рамки на 14. коло на Суперлигата. Со овој триумф скопскиот тим се враќа на победничките патеки. Тренерот Никола Матлиевски за Спортска Мрежа истакна дека добро се подготвиле за мечот со Радовиш, дополнува дека заслужено го добиле истиот. „Со оглед на тоа дека добро се спремавме за овој натпревар и мислам дека влеговме максимално фокусирани во натпреварот, ...

Вардар 1961 ја продолжи перфектната сезона со многу важна победа, на едно од најжешките гостувања во Супер лигата, совладувајќи го Охрид со 26-28, во ,,Билјанини Извори”. Во атмосфера со полни трибини и дерби енергија, „црвено-црните“ покажаа зрелост, контрола во клучните моменти и ја впишаа 14. победа во исто толку натпревари. По натпреварот, во изјава за Спортска Мрежа, тренерот на Вардар- Иван Чупиќ истакна дека очекувал тежок дуел, ја ...

Овој викенд во Трета лига – Север ќе биде искористен за одигрување на одложени натпревари, па така тимот на Студеничани со 4:0 славеше над Отља во одложениот меч од 8. коло. Најзаслужен за третото сезонско славје на Студеничани имаше Риад Кадри кој постигна хет-рик во вториот дел, откако претходно во првото полувреме Амар Исени во 40. минута го отвори резултатот, па така домаќинот на полувреме имаше 1:0. Треба да се нагласи дека гостинот од ...

Кичевски Напредок со 1:3 славеше над Ренова во Џепчиште во последното есенско коло на Трета лига – Запад. До победата екипата на Напредок стигна преку пресврт, откако на полувреме популарните „гипсари“ имаат гол предност – во 31. минута прецизен беше Ерзен Ходаи. Во второто полувреме во дербито на некогашните прволигаш, Напредок направи комплетен пресврт. Осман Исмаили во 54. минута погоди за 1:1, а пак Вецко Вренцоски во 77. минута за ...

Тимот на Младост Богданци продолжува да гази низ Првата лига како машина. Во натпревар од 12. коло, екипата на Горан Андоновски ја потврди својата доминација и со победата од 36:31 над Аеродром стигна до неверојатен биланс – 11 победи од 11 натпревари. Младост игра ракомет на ниво што одамна не се видел во нашето прволигашко друштво. Брза транзиција, агресивна одбрана и ефикасен напад – стил кој многумина го опишуваат како вистински ...

Македонската интернационална фудбалска судијка Ивана Пројковска продолжува да го гради својот впечатлив интернационален углед. По настапите оваа година во Јужна Америка – во Колумбија и Еквадор – таа повторно ќе ја претставува нашата земја на едно големо натпреварување, овојпат на африканскиот континент. Пројковска е единствената македонска судијка што има делегирано натпревари на три различни континенти, исклучувајќи ја Европа, што ја прави ...

Во едно од најинтересните кола сезонава, екипите на Тиквеш, Прилеп и Еурофарм Пелистер 2 впишаа значајни победи со кои сериозно ги зацврстија своите амбиции во трката за плеј-оф. Тиквеш пред својата публика одигра зрел и сигурен натпревар и триумфираше над Струга со 32–25, резултат со кој тимот од Кавадарци дојде до својата осма победа оваа сезона. Избраниците на Кристијан Грчевски уште од самиот старт го контролираа ритамот, поведоа со 10–5, ...

Вардар 1961 ја продолжува доминацијата во домашното првенство и вечерва впиша уште една голема победа – триумф од 26-28 на жешкото гостување во Охрид. Во атмосфера каде тешко се освојуваат бодови, црвено-црните го задржаа максималниот ефект и ја впишаа 14. победа во исто толку натпревари. Дуелот во СРЦ „Билјанини Извори“ оправда сè што носи епитет дерби – полни трибини, силен интензитет и две мотивирани екипи. Вардар подобро го отвори мечот, ...

Екипата на Тинекс Пролет повторно се врати на победничките патеки, откако во рамки на 14. коло од Суперлигата славеше на гостувањето кај Радовиш со 23-30. Тренерот Никола Матлиевски можеше да биде задоволен од прикажаната партија на неговите избраници, кои одиграа дисциплинирано и зрело во текот на целиот натпревар. Радовиш го отвори мечот прилично слабо, дозволувајќи Пролет да стекне резултатска предност уште во раната фаза. До паузата ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1017
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
3.13
69%
1015
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1014
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
77%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.41
78%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
73%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
47%
1018
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
67%
1017
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
68%
1015
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
85%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
63%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9004

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Платина

66744.95

Злато

152465.86

Родиум

319899.93

Сребро

2534.46

Калај

52.70

Иридиум

253540.09

Паладиум

49351.40

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Бакар

12.46

Цинк

0.00

Алуминиум

3.53