Во согласност со планот за капитални вложувања за 2019 и за 2020 година, АЛКАЛОИД АД Скопје реализираше инвестициска активност за приспособување и за воведување природен гас на локалитетот Ѓорче Петров. Инвестициската активност е со вредност од 1 милион евра и опфаќа изведба на нов подземен гасовод на локалитетот, пуштање во употреба на два нови парни котли и санација на постојните инсталации. Водејќи се од светските трендови за зголемување на ...

Бизнис иновејшен центарот (БИЦ) и партнерите го добија грантот од ЕУ за Проектот COSME: CEnTOUR, кој има за цел зајакнување на одржлив развој на туризмот и градење на капацитетите на малите и средните претпријатија, преку транснационална соработка и трансфер на знаење. Проектот CEnTOUR (циркуларна економија во туризмот) спроведува шема на градење капацитети и поддршка за малите и средни претпријатија од туристичкиот сектор во 5 европски и COSME ...

Со нова тема: „Влијанието на новите предизвици од пандемијата врз економијата“ продолжи серијалот Корона дијалози во организација на УКЛО. Овојпата истите беа организирани во соработка со Економскиот факултет од Прилеп. За оваа актуелна тематика и за глобалната криза со која во услови на пандемија се соочени светските, а во тие рамки и македонската економија, свои осврти изнесоа: министерката за финансии Нина Ангеловска, професорите: Глигор ...

Три типа на парична поддршка за младите во Северна Македонија со цел нивно полесно прилагодување на новата реалност, преку одржување на нивото на ученичкиот и студентскиот стандард, како и на куповната моќ, предвидува третиот сет мерки на Владата за поддршка на стопанството и граѓаните во услови на вонредна состојба предизвикана од ширењето на вирусот КОВИД-19. Новите мерки наменети за младите денес ги презентираше министерот за образование и ...

Научниците од Единбург создадоа нов математички модел за кој веруваат дека ќе го подобри начинот на кој се предвидуваат земјотреси. Геолозите од центарот Лајл што беше создаден во соработка со универзитетот Хериот-Ват и Британскиот геолошки преглед, користеа математика наместо лабораториски експерименти. Д-р. Сабине ден Хартог во соработка со научници од универзитите во Ливерпул и Утрехт работеше на истражувањето. Цел е да се предвиди јачината ...

Главната инспирација за истражувањето на мојата докторска теза беше желбата да продолжам да учам и да се надоградувам себеси, мотив да се соочам со нешто недостижно и непознато Роден сте во во Прилеп, своето основното образование го завршувате во ОУ. „Св. Климент Охридски“ во Битола, а матуриравте при Битолската гимназија Јосип Броз Тито, во билингвалната паралелка, на природно- математичкиот смер. Што ве потсетува прво на родниот крај и ...

Христијан Андовски, ученик во средното училиште „Коле Неделковски“ од Велес, освои второ место во финалето на Европскиот квиз на парите – најголемо европско натпреварување во сферата на финансиската едукација. Победниците ги објави Европската банкарска федерација (ЕБФ) – првото место го освои претставник на Шпанија, а третопласирани се претставници на Чешка. Второто место во Европа Андовски го освои во конкуренција на голем број натпреварувачи ...

Поларните мечки ќе бидат истребени до крајот на овој, 21. век, ако не се направи нешто повеќе за борба против климатските промени, посочуваат новите научни истражувања. Стручните лица тврдат дека некои групи веќе ги достигнале границите на опстанокот затоа што морскиот мраз на Арктикот се намалува. Испитувањата и досега покажаа дека опаѓањето на ледот, веројатно, ќе го намали бројот на поларни мечки, но новиот труд објавен во списанието „Нејчр ...

Ограничената употреба на мобилните телефони до два часа дневно, би можело да го намали ризикот од смрт, покажуваат резултатите од истражувањето на Универзитетот во Глазгов. Во студијата се наведува дека здравствените ризици како ракот и кардииоваскуларните болести биле на најниско ниво кај луѓето кои дневно поминувале два часа или помалку пред екраните на мобилните телефони. Според експертите потенцијално би можело да се спречат 5,62 отсто од ...

Македонските млади информатичари освоија бронзен медал на јуниорските меѓународни натпревари по информатика за ученици до 15,5 години. На 4-тата по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2020), која од 2 до 6 септември се одржа како онлајн натпревар во Грузија македонскиот тим составен од натпреварувачите Сара Стефановска од Крива Паланка, Атина Рувинова од Охрид, Јан Стојановски од Скопје, Иван Јованоски од Прилеп и како ...

На 25 јуни 2020 година, од 11:00 до 13:00 часот, на вебех платформата се одржа „Националниот консултативен состанок за врсничкото насилство помеѓу младите во основните и средните училишта во Скопје“ организиран од страна на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) во соработка со УНИЦЕФ во РСМ, на кој присуствуваа 45 претставници на Министерство за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, наставници и стручни соработници од ...

Професорите и студентите од студиската програма Дентална медицина на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ по деветти пат ќе дадат свој придонес за континуираната стоматолошка организација. По деветти пат се организира Симпозиум со меѓународно учество „Ургентни состојби во денталната медицина“, годинава, како и сите други настани во целиот свет, онлајн. Наместо во редовниот термин напролет, на 10 октомври во салата на ...

Витаминот Д игра важна улога во нашето тело – се согласуваат научниците. Тежок недостаток на овој витамин, особено под вредноста од 12 нанограми на милилитар крв, предизвикува болен деформитет на коските, што кај малите деца се нарекува рахитис, а кај возрасните остеомалија, пренесува „Б92“. Проблемот е што тука завршува консензусот за витамин Д кај научниците. Не е ни сигурно точно колкава количина на тој витамин му е потребен на организмот или ...

„Програма за унапредување на улогата на науката“ е проект на Британскиот совет и е наменет за студенти, постдипломци, докторанти и истражувачи од образовни институции во шест земји од регионот на Западен Балкан. Целта на оваа програмата е да се придонесе кон градење отпорност и издржливост на зедниците и граѓаните низ регионот на Западен Балкан кон пандемијата со Ковид-19 и нејзините неповолни влијанија, преку промовирање на науката и ...

Република Северна Македонија активно соработува со европската мрежа на научници преку Организацијата за Европска соработка во науката и технологијата (COST). Организацијата COST го финансира создавањето на истражувачки мрежи, COST Action, а во моментот се реализираат над 200 СОЅТ акции (проекти), во кои учествуваат над 500 професори од нашата држава. Ваквиот начин на вмрежување овозможува отворен простор за соработка меѓу научниците ширум Европа ...

Гете-институт Скопје во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, ве предизвикува на 40-часовен онлајн еко-хакатон за програмирање на веб портал за одржливост. Доколку имате свежи и одржливи идеи, знаење и искуство и сте подготвени да го прифатите овој предизвик, ве очекуваме на 30, 31 Октомври и 1 Ноември 2020 да учествувате и да го развиете својот сопствен концепт. Постојано се говори за големи проекти и ...

Од 10 до 13 ноември 2020 година, во организација на E4 групацијата (ENQA, EUA, EURASHE и ESU) се одржа виртуелен Европски форум за обезбедување на квалитет во високото образование (European Quality Assurance Forum, EQAF). По покана на Европската асоцијација на универзитети (ЕUA), како претставник на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип учествуваше проф. д-р Ленче Милошева од Факултетот за медицинска науки. Главна тема на форумот беше ...

Гимназијалецот Димитар Џорлев, ученик во средното училиште „Јане Сандански“ од Струмица ја освои наградата „Златна почест“ на Меѓународниот натпревар за астрономија и астрофизика. Во конкуренција на ученици од 80 земји, Џорлев го доби признанието што го добија само 2 отсто од учесниците, а тој ја освои и Националната награда за најдобар учесник од Македонија. Џорлев ја заврши втората година во струмичката гимназија. Тој веќе бележи големи успеси ...

Циметот ја подобрува контролата на шеќерот во крвта кај лица во преддијабетна состојба и може да го забави неговиот развој кон дијабетес, велат новите научни сознанија објавени во американскиот „Журнал“ за ендокринологија. Група научници од САД, Германија и Јужна Кореја спроведоа клинички испитувања за влијанието на циметот врз контролата на шеќерот во крвта кај луѓе со состојба на преддијабет. На вкупно 51 доброволец му биле дадени 500 ...

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино викендов по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, висок 2.474 метри, во услови на невреме. Ова денеска го соопшти тимот на Бошев, кој планинари од неполни три години и досега има освоено бројни врвови во земјава и странство, а своевремено беше прогласен и за надежен планинар од страна на Федерацијата на планинарски спортови. Сега тој има неполни 13 години. -Се работи за врв на истоимената ...

Eкономскиот факултет – Прилеп одбележа голем јубилеј, 60 години од основањето. По повод пригодата, ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски со ректорскиот колегиум се приклучи кон чествувањето на значајниот настан, истакнувајќи дека како „најстара“ единица на УКЛО, Економскиот факултет е вброен во пионерите во високообразовната едукација во областа на економските науки и бележи завидна репутација во академските и стручни кругови во земјата, но и ...

Новооткриена комета се движи кон Земјата, а набљудувачите ќе може да уживаат во прекрасно ноќно шоу, што се случува еднаш во 7.000 години, соопшти НАСА. Кометата Неовајс, најсветлата комета видлива од северната хемисфера последниве 25 години, влезе во орбитата на Меркур пред околу една недела. Близината на Сонцето и топлината направија нејзината опашка да биде уште подолга и уште посветла. Кометата со дијаметар од околу пет километри, ќе мине ...

Утринава Кина ја започна првата мисија со ровер на Црвената планета, со цел да ја истражи геологијата на Марс. Од вселенскиот центар Венчанг беше лансиран робот на шест тркала кој во орбитата би требало да пристигне во февруари идната година. Станува збор за роботот Tianwen-1, кој како дел од мисијата уште два до три месеци нема да слета на површината на Марс откако ќе пристигне на дадената позиција. Оваа стратегија ќе им овозможи на инженерите ...

Универзитетот„ Гоце Делчев“ во периодот од 2020-2022 година ќе го спроведува проектот насловен како ЕУ Е-здравствено право и Северна Македонија: Од тековнa практикa до имплементација. Проектот има мултидисциплинарен пристап кој се однесува на промовирање академски дискусии, размена на знаење и соработка помеѓу наставно-научни соработници, експерти и практичари од областа на Европското електронско здравствено право, право на здравствени услуги, ...

Тимот од професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, кој е дел од Жан Моне проект од програмата на Еразмус плус во кој УГД е единствен носител, организира информативна кампања со која сите заинтересирани подетално ќе се запознаат со содржината и целите на проектот. За потсетување, УГД првпат е единствен носител на Жан Моне проект од програмата Еразмус плус „ЕУ – e-здравствено право и Северна Македонија: од практика до имплементација“. ...

Четиринаесет години откако добија зелено светло за проектот, група научници со седиште во Франција вчера почнаа да работат на уред што треба да покаже дали нуклеарната фузија, која е извор на енергија на Сонцето, може да биде безбеден и одржлив извор на енергија на Земјата. „Уредот ИТЕР ќе биде составен од речиси еден милион компоненти, а првите експерименти треба да почнат во декември 2025 година. Фузијата обезбедува чиста и сигурна енергија ...

Ако не сте сигурни дали носењето маска навистина е корисно, погледнете го ова видео. Скорешен експеримент со маски покажа дека хируршките маски најефективно ги блокираат капките и аеросолите од зборување, кашлање и кивање. Но, ако не можете да носите таква маска, ефективна е и платнената маска, по можност да ја носите во повеќе слоеви. Во ова интересно видео момците од AsapSCIENCE тестираат колку добро функционираат маските. Извор: kurir.mk ...

Факултетот за медицински науки и Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип се стекнаа со стручњак во областа на психопатологијата и психотерапијата, лиценциран психотерапевт од рационално емотивна и когнитивно бихејвиорална психотерапија и придружен член на Алберт Елис Институтот во Њујорк. По 5 годишно специјалистичко усовршување на РЕБТ Центарот во Белград и Алберт Елис Институтот во Њујорк, проф. д-р Ленче Милошева, редовен професор на Факултетот за ...

Мастер #наАмерикан Неколку причини зошто да го изберете УАКС Проф. Димитринка Јорданова Пешевска 1. Кои се најважните причини да се запише некој на УАКС? 78% од студентите на УАКС се вработени по завршувањето на студиите. Создаваме професионалци кои се способни да се справат со современите предизвици во различните области на психологијата, особено оние поврзани со здравството, образованието и бизнисот. Овозможуваме образование кое им нуди ...

Универзитетот „Гоце Делчев“ преку Факултетот за природни и технички науки ќе биде дел од серија на меѓународни вебинари на различни теми од областа на природните и техничките науки. Првиот вебинар (5.11.2020 год.) е од областа на рударството и металургијата, вториот (12.11.2020 год.) е од хидрометалургијата, третиот (19.11.2020 год.) од областа на пирометалургијата и четвртиот вебинар (26.11.2020 год.) за иновативни продукти за конструкција. На ...

Бесмртност

8 минути - Frontline
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.57
82%
1034
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
5.14
58%
1037
weather icon

Софија

2ᴼ / -1ᴼ
1.54
67%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.13
54%
1032
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
66%
1036
weather icon

Атина

9ᴼ / 7ᴼ
5.81
90%
1020
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
43%
1018
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
11.32
39%
1022
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 1ᴼ
2.24
66%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.79
75%
1037
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 2ᴼ
9.26
87%
1026
Currency

61.53

Currency

60.208

Currency

73.1828

Currency

36.8536

Currency

41.58

Currency

65.4491

Currency

8.18023

Currency

0.59015

Currency

0.38035

Currency

0.52544

Currency

1.69383

Currency

0.69617

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

450 $

Никел

494565 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

977 $

Злато

86474 $

Бакар

8 $

Паладиум

29935 $

Платина

31460 $

Цинк

91845 $