Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека градот е подготвен за најавеното силно невреме, со интензивно расчистување на шахтите и сливниците за да се намали ризикот од поплави и да се обезбеди безбедност на граѓаните. Град Скопје е подготвен за најавеното силно невреме, објави на „Фејсбук“ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со фотографии од чистење шахти и сливници низ градот. Тој доби силни забелешки и од ...

Срцевите заболувања се меѓу најчестите причини за смрт во светот, а еден од најважните ризик-фактори е исхраната. Добрата вест е дека за поздраво срце не се потребни екстремни промени, како повеќечасовно вежбање секој ден или целосно рестриктивни диети. Дури и малите промени во исхраната можат да направат разлика, а еден од првите чекори може да биде намалување на внесот на намирници што дополнително го оптоваруваат кардиоваскуларниот систем, ...

На градилиште во Рансхофен, една од населбите во градот Браунау на Ин, девојче додека си играло случајно пронашло човечка коска. Тоа довело до понатамошни археолошки ископувања, а по само неколку недели археолозите откриле вкупно девет масовни гробници со посмртни останки на дури 120 млади мажи, пишува „Heute“. „Ова е несекојдневно откритие. Единствено е во цела Австрија, па дури и во цела Централна Европа. Ниту ние самите не го очекувавме. ...

Додека целиот свет со големо внимание ги следеше случувањата во Њујорк, каде што на финалето на Светското првенство во фудбал присуствуваа некои од најмоќните жени на планетата, како Меланија Трамп, кралицата Летиција или Мадона, во малото кнежевство на Азурниот Брег погледите и воздишките ги привлекуваше уште една, според многумина најтивката, икона на стилот – принцезата Шарлин. Веќе 77 години во Монако се организира Балот на Црвениот крст, ...

„YouTube“ објасни кои видови AI-генерирани видеа повеќе нема да можат да им носат заработка на креаторите. Платформата нема да ја забрани содржината создадена со помош на вештачка интелигенција, но ќе ја ограничи монетизацијата на каналите што ја користат AI технологијата за масовно производство на неквалитетни и повторувачки видеа. Во новата епизода од емисијата „Inside YouTube“, потпретседателот за безбедност и доверба на корисниците во ...

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Општина Гостивар поради сериозните проблеми со водоснабдувањето и епидемијата што настана. Целта е побрза координација на институциите и обезбедување на безбедна вода за пиење, додека од Јавното обвинителство најавуваат истрага за одговорните. Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и ...

Додека на европскиот пазар и натаму доминираат SUV моделите, во Кина апсолутен хит е еден компактен електричен хечбек. „Geely E2“, кој на одредени пазари се продава и под имињата „Geely EX2“, „Geely Galaxy Xingyuan“ или „Geome Xingyuan“, беше најпродаваниот автомобил во Кина во текот на 2025 година, а според досегашните податоци ја задржува водечката позиција и оваа година. Според проценките, кои сè уште не се официјално потврдени, во првите ...

Колагенот е еден од најважните протеини во човечкиот организам бидејќи придонесува за еластичноста на кожата, здравјето на зглобовите и цврстината на косата, ноктите и сврзното ткиво. Бидејќи неговото природно производство се намалува со годините, многумина настојуваат да го надоместат неговиот внес преку секојдневната исхрана. Најголеми количини колаген се наоѓаат во намирниците од животинско потекло, а правилната подготовка може ...

Љубителите на омилениот црн напиток конечно можат да здивнат, бидејќи научниците во најновото истражување тврдат дека секојдневното консумирање кафе навистина е значително помалку штетно за здравјето отколку што досега се веруваше. Најновите докази од една од најголемите светски организации за кардиоваскуларно здравје го доведуваат во прашање широко распространетото мислење дека пиењето кафе е штетно за здравјето. По анализа на обемни научни ...

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова ја пречека претседателката на Република Индија Друпади Мурму во историска официјална посета која ја зацврстува и проширува соработката меѓу двете држави во области како економија, образование и дигитална трансформација. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија во ...

Шпанскиот фудбалер издвои дури 14 милиони евра за луксузен имот со една вила и две помали куќи што колумбиската суперѕвезда и неговиот постар колега го делеа во деновите на нивната најголема љубов. Фудбалерот кој наполни 19 години за време на Мундијалот е една од најголемите ѕвезди на шпанската репрезентација, а тоа е придружено со договор кој му овозможи да живее на „високи нозе“. Познато е дека Јамал пораснал во скромни услови, бидејќи ...

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов информира за продолжување на инспекциските активности во Гостивар поради загадена вода за пиење. Граѓаните сѐ уште не смеат да ја користат водата додека се чекаат конечните лабораториски резултати. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, на прес – конференција информира дека и денеска продолжуваат активностите во Гостивар по скандалот со загадената ...

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно е изведена првата операција со роботскиот систем MedBot Toumai®, со што официјално започнува нова ера на напредна, прецизна и минимално инвазивна хирургија во болницата, во земјава и во регионот. Кај 57-годишен пациент беше изведена радикална роботски асистирана простатектомија со роботски асистирана лапароскопска лимфаденектомија. Станува збор за комплексна операција за лекување карцином на ...

Празничната сезона донесе големи толпи на граничниот премин Евзони, најпрометниот премин меѓу Македонија и Грција. Сепак, искусните возачи кои патуваат по оваа рута секоја година имаат еден совет што може да ви заштеди многу време - штом се приближите до граничниот премин, држете се до крајната десна лента. На прв поглед, може да изгледа дека сите колони се исти и дека не е важно во која се наоѓате. Сепак, непосредно пред граничната контрола, ...

Кина разви необичен систем за борба против летните горештини, кој би можел целосно да го промени начинот на кој се разладуваат градовите. На одредени станбени згради во градот Јунченг се поставени млазници што создаваат фина водена магла, намалувајќи ја температурата на околината за 5 до 8 Целзиусови степени, а притоа минувачите остануваат целосно суви. Ова решение во последните денови привлече внимание ширум светот, откако портпаролката на ...

Пушењето е јавноздравствен проблем за кој, на прв поглед, се чини дека сè е веќе кажано. Ризиците се познати, предупредувањата се на секоја кутија, кампањите против пушењето траат со децении, а препораката на медицината е јасна: најдобро е никогаш да не се започне со пушење или целосно да се прекине употребата на тутун и никотин. Но и покрај тоа, бројките покажуваат дека пушењето останува длабоко присутна навика, а не проблем што може да се ...

Многумина од нас количината на сол во храната ја проценуваат исклучиво според вкусот. Една шака чипс или помфрит предизвикува жед, па претпоставуваме дека содржи многу сол, додека мафин или парче леб со банана ни изгледаат сосема безопасно. Сепак, оваа перцепција често е погрешна. Ема Бекет, виш предавач по нутриционизам и наука за храна на Австралискиот католички универзитет, објаснува зошто храната со изразено солен вкус не мора да содржи ...

Новата листа на најбајковитите европски дестинации за 2026 година носи спој од прочуени знаменитости и помалку познати места што изгледаат како сцени од бајка – но во кои луѓето и денес живеат и работат, опкружени со вековни улици и природни пејзажи. Туристичката платформа „European Best Destinations“ ја објави листата на најбајковитите европски дестинации за 2026 година, составена врз основа на проценките на експерти и гласовите на патници ...

Кина разви необичен систем за борба против летните горештини, кој би можел целосно да го промени начинот на кој се разладуваат градовите. На одредени станбени згради во градот Јунченг се поставени млазници што создаваат фина водена магла, намалувајќи ја температурата на околината за 5 до 8 Целзиусови степени, а притоа минувачите остануваат целосно суви. Ова решение во последните денови привлече внимание ширум светот, откако портпаролката на ...

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истражна постапка против три лица од ЈП „Комуналец“ – Гостивар, поради сомнение дека со свои дејствија предизвикале загадување на системот за водоснабдување, со што водата станала небезбедна за употреба. Според Обвинителството, истрагата се води против вршителката на должност директорка на претпријатието, техничкиот раководител на Секторот за технички работи и раководителот на Одделението за ...

Индиската претседателка Друпади Мурму пристигна во официјална посета на Македонија, каде што ќе се одржат повеќе средби и настани насочени кон унапредување на политичката и економската соработка помеѓу двете земји. Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, синоќа на скопскиот аеродром ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која пристигна во официјална посета на земјава. Во рамките на посетата се предвидени ...

Летните одмори на хрватскиот брег стануваат сè потешки за многу семејства, бидејќи цените на сместувањето, храната и угостителските услуги се зголемуваат од година во година, иако цените на одморите се зголемуваат на многу јадрански дестинации, едно место сè уште е една од најприфатливите опции за летен одмор. Сепак, само неколку километри од хрватската граница се наоѓа Неум, единствениот крајбрежен град во Босна и Херцеговина, кој останува ...

Европската Унија ги реформира правата на патниците во воздушниот сообраќај. Придобивки треба да имаат семејствата и лицата со попреченост, но во други области патниците ги очекуваат и одредени влошувања. Ви ги пренесуваме одговорите на клучните прашања. Преговорите за новите европски правила за правата на патниците во воздушниот сообраќај повеќепати беа блокирани. По повеќе од 13 години, реформата на почетокот на оваа седмица ја помина и ...

Ирската авиокомпанија „Ryanair“ ги уверува патниците дека нивната флота авиони е безбедна, откако Србинот Љубиша Каровиќ за малку ќе испаднел низ прозорецот за време на летот од Солун до Меминген. Компанијата потврди дека е во контакт со неговото семејство. Каровиќ (61) почнал со главата напред да излегува од кабината откако акрилниот прозорец пукнал поради дефект на моторот. Неговата сопруга Светлана Грковиќ успеала да го фати за нозете, а ...

Многумина барем еднаш донеле дома наизглед совршена диња, но по првиот залак останале разочарани. Наместо сочен и сладок плод, ги дочекала тврда и безвкусна диња. Сепак, постојат неколку едноставни трикови што можат да го подобрат нејзиниот вкус. Најчеста причина зошто дињата понекогаш не е слатка е тоа што е набрана прерано. Дињата која е набрана пред целосно да созрее често ја задржува цврстата текстура, но не ја развива својата ...

Вулканските карпи на грчкиот остров Лимнос се наоѓаат во геопаркот Фаракло, на северниот брег на островот, во близина на селото Пропули. Овие необични формации од лава имаат чудни, често речиси совршено сферични форми. Благодарение на жолтите и портокаловите нијанси на карпите, целата област потсетува на „вонземски“ пејзаж. Геопаркот Фаракло е едно од најнеобичните природни места во Грција. Настанал пред повеќе милиони години како резултат на ...

Кевин Киген, легендарниот англиски фудбалер и тренер, почина на 75-годишна возраст по битката со ракот на желудникот во четврта фаза. Болеста му била дијагностицирана по упорни тегоби со желудникот. Светскиот фудбал е потресен од веста за смртта на поранешниот капитен и селектор на англиската репрезентација и еден од најголемите фудбалери во историјата на Ливерпул и Њукасл. Киген почина по битка со ракот на желудникот, кој кај него бил ...

„SK Hynix“ на почетокот на 2000-тите години беше компанија на работ на пропаст, со преполовени приходи и пазарна вредност од само околу 500 милиони долари. Денес е еден од најголемите победници на бумот на вештачката интелигенција, лидер во производството на HBM меморија и единствената компанија која прва ги испорача најнапредните мемориски чипови за „Nvidia“, чии AI акцелератори придвижуваат голем дел од денешната револуција во областа на ...

Додека температурите во Јапонија се приближуваат до 38°C, а властите издаваат предупредувања за опасност од топлотен удар, две јапонски компании претставиле решение за екстремните горештини – фрижидер за луѓе. Уредот, наречен „Do Hiemon“, односно „лична кутија за разладување“, е заеднички развиен од производител на автомати и компанија за производство на челични кутии за алат, а неговата цена изнесува околу 8.000 евра, пишува „The Telegraph“. ...

Револтот поради надоместоците што ЗАМП ги побарува од сопствениците на приватно сместување се шири и во Струга. По објавувањето на првите реакции од Охрид, до редакцијата пристигнуваат нови сведоштва од издавачи кои ја оспоруваат не само висината и начинот на наплата, туку и самата основа врз која се задолжуваат. Во некои случаи покани за плаќање биле доставени до повеќе членови на едно семејство, иако станува збор за ист апартман. Тоа ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
83%
1024
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
86%
1025
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.45
89%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.79
95%
1028
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.6
96%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
74%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
100%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
91%
1029
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
2.24
84%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
1.55
100%
1030
Currency

61.548

Currency

54.966

Currency

73.744

Currency

37.992

Currency

39.15

Currency

67.22

Currency

8.2483

Currency

0.67176

Currency

0.34733

Currency

0.52331

Currency

1.0968

Currency

0.58441

Иридиум

321507.47

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Сребро

1666.05

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Калај

46.54