Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
ИКАРУС Еlectric Zrt во заедничка понуда со ЕВН достави најниска понуда на електронската аукција за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, соопшти Министерството за транспорт. На јавниот повик понуди доставиле четири компании – Xiamen Golden Dragon Bus Co., Ltd., YES-EU DENMARK A/S YUTONG, BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi и IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со ЕВН. По евалуацијата, Комисијата за јавни ...
Отворена е сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст за собирање средства за помош на Гостивар. „Црвениот крст е на терен и активно спроведува активности за поддршка на погоденото население, а и во наредниот период ќе продолжи со своите хуманитарни активности со цел да обезбеди помош таму каде што е најпотребна. Секоја донација, без разлика на нејзината висина, претставува значајна поддршка за погодените семејства и ќе помогне во ...
Во организација на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со поддршка од СЗО, денеска, во Владата се одржа работилница посветена на унапредување на управувањето со боледувањата во РС Македонија. Во рамки на работилницата беа презентирани податоци за состојбата во земјава, предизвиците со кои се соочува системот, европските политики и искуства за подобрување на управувањето со боледувањата. -Целта на работилницата е ...
Венко Менгеле е последниот кој има кредибилитет да говори за здравството во РС Македонија. Исто така за кризата во Гостивар, наместо прашања и обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од претседателот Мицкоски, нека се состане со неговите коалициони другари Ахмети и Таравари и нека побараат одговорност за скандалот во Гостивар директно од градоначалникот Валбон Лимани, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде ...
Бугарскиот пасош зазема повисока позиција во меѓународното рангирање за мобилност од пасошите на Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави, покажуваат податоците од глобалниот индекс за моќност на пасошите, објавени од „Гардијан“, пренесува Актуално. Бугарските граѓани можат да патуваат до повеќе дестинации без претходно издадена виза или со олеснети процедури, со што земјата се вбројува меѓу државите со најголема слобода на ...
Министерот за здравство и сите надлежни институции мора да понесат политичка и кривична одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар, бидејќи со своето непостапување го доведоа во ризик здравјето на граѓаните, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Загадувањето на водата започнало уште на крајот на јуни. И никој не реагирал. Никој ништо не кажал. Ги оставиле луѓето во Гостивар да пијат загадена вода. Институциите со недели ...
Четвртиот концерт од серијата „Вечери на бугарската култура“ се одржа во албанскиот град Драч, со што заврши културната програма реализирана во текот на летото, соопшти Амбасадата на Бугарија во Албанија на својата страница на Фејсбук, пренесува БТА. Фестивалот го организира бугарскиот кореограф и долгогодишен фолклорен деец Џејљан Демирев, поранешен главен уметнички раководител и кореограф на Северњашкиот ансамбл за народни песни и танци во ...
Здравствениот систем во државата е доведен до колапс, а власта предводена од Христијан Мицкоски не ја исполнува основната функција на државата, да го заштити здравјето на граѓаните, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Ова што се случи во Гостивар не е само еден изолиран случај, станува збор за системски знаци на неефикасност и нефункционирање. Едноставно, здравствениот систем се распаѓа во држава под ...
Бугарија работи на зацврстување на своето место во реиндустријализацијата на Европа и на развој на иновативна економија со висока додадена вредност. Ова го изјави премиерот Румен Радев на средбата со европската комесарка за стартапи, истражување и иновации, Екатерина Захариева, соопшти владината прес-служба, пренесува БТА. Радев ја истакна амбицијата на Бугарија за индустриска и технолошка конвергенција во Европската Унија и за обезбедување ...
До крајот на оваа недела премиерот Христијан Мицкоски очекува водата во Гостивар да биде дозволена за техничка употреба, а до крајот на следната недела да биде добра и за пиење. Одговарајќи на новинарски прашања денес при посетата на Кавадарци, премиерот рече дека е предвидено целосно чистење на системот за водоснабдување во Гостивар. „Ако биде се како што треба бидејќи се вклучија екипи и од скопскиот Водовод и експерти, јас очекувам до ...
Венко Филипче е последниот што има кредибилитет да зборува за состојбите во здравството. СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувања на лидерот на СДСМ дека здравствениот систем е во колапс. „Граѓаните добро паметат во каква состојба го остави здравствениот систем по неговиот мандат со наталожени проблеми, недостиг на ...
Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје, најави премиерот, Христијан Мицкоски. „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија и Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS на која беа разгледани приоритетите во реформата на правосудството и следните чекори за модернизација и унапредување на системот. Посебно внимание беше посветено на експертската поддршка што Обединетите нации ја обезбедуваат во реформските процеси, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција покажа документи за кои вели дека докажуваат дека водата во болница во Лешок е загадена. Како што кажа Филипче, официјалните документи доставени од укажувачи откриваат дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок била регистрирана здравствено небезбедна вода за пиење, а институциите не презеле ништо. Филипче нагласи дека извештајот на Центарот за јавно здравје, за ...
Украина побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на 27 јули поради руските напади врз слободната пловидба во Црното Море, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. „Русија ја држи глобалната безбедност на храната како заложник. Само во последните неколку дена, Русија нападна најмалку три цивилни товарни бродови. Десетици членови на екипажот се убиени или повредени“, рече Сибиха, пренесува ...
Стејт департментот денес ги предупреди граѓаните на Соединетите Американски Држави ширум светот за зголемените безбедносни ризици поради растечките тензии на Блискиот Исток, оценувајќи дека ситуацијата останува сложена и дека постои можност за непредвидена ескалација. На Американците кои моментално се наоѓаат во регионот им е советувано да бидат претпазливи и подготвени за можни прекини во патувањето, вклучително и откажувања на летови и ...
Наместо јасни одговори и преземање одговорност за скандалот со водата во Гостивар, јавноста е сведок на двојните аршини од страна на СДС, ДУИ и Таравари кога станува збор за нивниот кандидат Валбон Лимани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Воедно, Лимани јавно изјави дека не чувствува никаква одговорност, а оние што секојдневно зборуваат за отчетност, СДС, ДУИ и Таравари остануваат неми. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, избираат да ...
Владата на ВМРО-ОКГ повторно ја примени класичната техника: кога нема одговори и кога треба да се сноси одговорност, се отвора фронт против оние кои зборуваат вистина, реагираат од СДСМ. Наместо, како што велат од оваа партија, Владата да објасни зошто институциите молчеле додека граѓаните на Гостивар пиеле загадена вода, наместо да каже зошто епидемијата беше прогласена со задоцнување и зошто илјадници луѓе се отруени, министерот за ...
ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја извести јавноста дека, согласно добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје, во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен. Поради наведеното, се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да не се користи за пиење сѐ до добивање на нови резултати кои ќе ја потврдат нејзина исправност. „Водата може да се користи ...
По масовното труење во Гостивар, каде илјадници граѓани пиеја загадена вода со недели, сега и во Валандово водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење, велат од СДСМ. „Лабораториските анализи покажаа зголемено ниво на арсен. ЈП „Комунален сервис“ Валандово и Институтот за јавно здравје ги предупредија граѓаните да не ја користат водата за пиење. Ова повеќе не е локален проблем туку е системски проблем на цела држава. Проблем на еден ...
Бугарија повторно се најде меѓу трите земји од Европската Унија со најнизок сооднос на државниот долг кон бруто домашниот производ (БДП) во првиот квартал од 2026 година, откако на крајот од 2025 година беше истисната од оваа група, покажуваат податоците на Евростат, јавува БТА. На крајот од првиот квартал од 2026 година, соодносот на државниот долг кон БДП во Бугарија изнесувал 28,5 отсто. Пониски вредности биле регистрирани само во Естонија ...
Советот на Град Софија во четврток ќе гласа за нов тристран договор меѓу градските власти, Фондацијата „Софија – европска престолнина на спортот“ и „АСТ СЕРВИЗ“, јави БГНЕС. Со проектот, зимскиот парк во Кнежевската градина треба да стане едно од најголемите лизгалишта во Европа, со површина од 9.000 квадратни метри, повеќе од еден километар ледени патеки и над 150 помагала за деца и почетници. Капацитетот за бесплатни организирани посети на ...
Еврокомесарката за стартапи, истражување и иновации, Екатерина Захариева, на 23 јули ќе ја посети Бугарија, јавува БГНЕС. Таа ќе се сретне со бугарскиот премиер Румен Радев и со претседателката Илијана Јотова. Во програмата се предвидени и разговори со заменик-премиерот Атанас Пеканов и со претседателот на Комисијата за иновации и дигитална трансформација во Народното собрание, Томислав Дончев. Посетата е дел од тековниот дијалог на ...
На 2 август 2026 г. по повод 103-та годишнина од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание во Македонија и Одринска Тракија Бугарската национална телевизија ќе го емитува документарниот филм „Бугарите и Македонија-За нея ний се борим, за нея ние мремъ“. Тоа е вториот филм од трилогијата за борбите на Бугарите од Македонија за ослободување од османлиското владеење. Сценариото на филмот е дело на историчарот проф. д-р Димитар ...
Анализа на The European Business Review За цела една генерација претприемачи, основањето компанија се одвива според однапред утврдени правила, при што Делавер е претпочитана дестинација за регистрација на компании во Соединетите Американски Држави. Кога на деловните субјекти им е потребен угледен меѓународен деловен центар во Азија, се чини дека сите патишта водат кон Сингапур. Во Европа, Естонија изгради силен углед како една од дигитално ...
Почина Иван Трајков Стојанов, долгогодишен дипломат, педагог и општественик, кој значителен дел од својот живот ѝ го посветил на бугарската заедница во Молдавија и Украина. Веста ја соопшти Амбасадата на Бугарија во Молдавија на својата страница на Фејсбук, пренесува Радио Бугарија. Иван Стојанов оставил траен белег во развојот на бугарското образование и културниот живот во Молдавија. Во 1994 година пристигнал во Тараклија како наставник во ...
Решавањето на отворените прашања меѓу Подгорица и Загреб е неопходен услов за Црна Гора да може да ги заврши пристапните преговори со Европската Унија, предупреди Хрватска, јавува БГНЕС. Хрватското Министерство за надворешни работи нагласи дека „очекувањата на Хрватска се јасни“. Меѓу нив се обесштетување на поранешните логорски затвореници, продолжување на потрагата по 14 лица исчезнати за време на Татковинската војна и повикување на ...
Евгениј Босилков е една од најзначајните личности во историјата на Католичката црква во Бугарија. Тој бил жртва на комунистичките репресии и првиот бугарски католички епископ кого папата го прогласил за блажен, пишува Актуално. Босилков е роден на 16 ноември 1900 година во Белене, со световното име Викентиј Левиџов Босилков. На 14-годишна возраст стапил во монашката конгрегација на пасионистите во селото Ореш. Образованието го продолжил во ...
Европската комисија го отвори пријавувањето за платената практикантска програма „Blue Book“, соопшти Претставништвото на Европската комисија во Бугарија. Практикантската работа ќе започне во март 2027 година, ќе трае пет месеци и нема ограничување на возраста на кандидатите, јавува бугарскиот дневен весник 24 часа. „Ако сакате да поминете пет возбудливи месеци во Брисел, Луксембург, а зошто да не и во Софија, и да дознаете повеќе за тоа како ...
Бугарските неделни училишта се една од најуспешните политики за работа со бугарската дијаспора, а поддршката за нив ќе продолжи и ќе се бараат сите механизми за нејзино развивање и надградување. Ова го изјави заменик-министерката за образование и наука, проф. Сења Терзиева-Желјазкова, на отворањето на 19. годишна конференција на Асоцијацијата на бугарските училишта во странство (АБУЧ), што се одржа во Софискиот универзитет „Св. Климент ...