Студенти од Универзитетот ЕТХ Цирих летово го посетија Цариброд во рамките на традиционалната наставно-истражувачка практика, која од 2013 година ја организира универзитетскиот предавач Флоријан Кнаус. За време на двонеделниот престој, студентите ги проучуваа природните, општествените и економските особености на регионот. Тие разговараа со локални жители и со претставници на институциите, а истовремено бараа одржливи идеи и решенија за идниот ...

Проф. д-р Светлана Бјалкова беше удостоена со наградата за исклучителен рецензент (Outstanding Reviewer Award) на Шестата меѓународна конференција за системи „човек-машина“ (ICHMS 2026), одржана во Сингапур, јавуваат од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Признанието е доделено за работата на проф. Бјалкова и го зацврстува местото на Софискиот универзитет меѓу водечките меѓународни институти и технолошки компании кои придонесуваат ...

Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар. „Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со вода за пиење во Гостивар, Општина Чаир испрати количина вода за пиење со цел да им помогне на граѓаните погодени од актуелната состојба“, соопштија од Општината. Додаваат дека помошта претставува придонес во справувањето со тековните потреби на жителите. Во соопштението се додава дека Општина Чаир останува во ...

За мене е огромна чест да бидам меѓу луѓе кои прават нешто исклучително – вие создавате чувство на припадност, изјави генералната директорка на Бугарската национална телевизија (БНТ), Милена Милотинова, на Годишната конференција на Асоцијацијата на бугарските училишта во странство (АБУЧ), која се одржува денеска во Ректоратот на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, јавува БТА. „Кога едно дете ќе ја прочита својата прва приказна на ...

Две жени, повредени во силното невреме во Јамбол, се примени во Одделението за итна медицинска помош при болницата „Св. Пантелејмон“. Педесет и осумгодишна жена се повредила додека затворала прозорец и е примена со исеченици и скината тетива на десната рака. Друга жена, на возраст од 66 години, била соборена од ураганскиот ветер. Животот на двете повредени жени не е во опасност. Силниот дожд предизвика проблеми и во Варна. Во попладневните ...

Бугарската влада му предложи на бугарскиот парламент да го ратификува договорот за набавка на миноловци за Военоморските сили, како и меморандумот за разбирање со Белгија и Холандија, со кој се уредуваат условите за пренос на бродовите, обуката на екипажите и обезбедувањето резервни делови и опрема. Проектот предвидува Бугарија да добие вкупно седум миноловци од класата „Трипарти“, кои во моментов се во составот на белгиските и холандските ...

Министерката за надворешни работи Велислава Петрова и министерот за транспорт и врски Георги Пеев денеска во Брисел се сретнаа со европската комесарка за проширување Марта Кос и со членови на кабинетот на претседателката на Европската комисија. Главен акцент на разговорите биле иницијативите за подобрување на поврзаноста меѓу Европската Унија, Југоисточна Европа, Кавказ и Блискиот Исток. Министрите Петрова и Пеев ја претставиле визијата на ...

Невладината организација Новинари за човекови права ги повикува сите граѓани на Гостивар кои во изминатиот период почувствувале здравствени симптоми за кои сметаат дека може да бидат поврзани со состојбата со водата, да достават информации и расположлива документација до нашата организација. Граѓаните може да достават: опис на здравствените симптоми; лекарски извештаи и медицинска документација; лабораториски резултати; сметки и докази за ...

Нето-приливот на странски директни инвестиции во Бугарија надмина две милијарди евра во првите пет месеци од годината, покажуваат најновите официјални податоци, пишува бугарскиот дневен весник Стандард. Тоа претставува четирикратно зголемување во споредба со истиот период минатата година. Промена е забележана и во структурата на инвестициите. За разлика од претходните години, кога значителен дел од странскиот капитал бил насочуван кон ...

Бугарскиот возач Никола Цолов продолжува да привлекува внимание со силните настапи во Формула 2, каде што е лидер во привремениот пласман и досега има забележано шест победи во сезоната. Пилотот на „Кампос Рејсинг“ сè почесто се спомнува како можен иден возач во Формула 1, јавува БГНЕС. Во интервју за специјализираниот портал „Motorsport.com“, Цолов изјави дека се надева на деби во Формула 1 во 2027 година, иако нагласи дека ништо не е ...

Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда Ален Деребан се сретнаа со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, на која беше разговарано за тековните реформски процеси во правосудството и напредокот на државата во евроинтегративниот процес. Министерот Шасивари ја истакна посветеноста на Министерството за правда кон спроведувањето на реформите во согласност ...

Министерството за локална самоуправа во рамки на координираниот институционален одговор на кризата со водоснабдувањето, итно обезбеди донација од 50.000 литри вода за пиење за жителите на Општина Гостивар. Денеска во Гостивар пристигна првиот од двата предвидени камиони со првите количини бесплатна вода. Испораката има за цел директно да ги задоволи основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните служби. ...

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (21.07.2026 година) продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското одделение и 11 прегледи во ...

Порталот „Трибуна“ премиерно го прикажува документарниот филм „Под присмотра“ од најновата продукција на Интернет-порталот ФАР од Цариброд (Димитровград), Република Србија. Станува збор за документарна приказна за ФАР, мултимедиумски двојазичен медиум на бугарски и српски јазик, чиј пат од основањето во 2016 година до денес бил трнлив и исполнет со предизвици, но и со професионализам и витешка медиумска борба, покажувајќи дека слободата на ...

Продолжува да се намалува бројот на пациенти во Гостивар ко бараат лекарска помош. Министерот за здравство Сашо Клековски кажа дека бројката на граѓани кои бараат медицинска помош за еден ден се намалил за 100. „На темата на епидемијата во Гостивар, можам да кажам дека сме во понатамошен смирувачки тренд на епидемијата. Од вчерашната информација дека имавме околу 290 пациенти со прв контакт со доктор, денеска се 190 и соодветно. Значи имаме ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата, рече дека интензивно се работи на решавање на проблемите. „Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. Важно е сега откако полека, но сигурно ...

Во Гостивар се случи масовно труење на граѓаните, институциите, системот, целосно потфрлија во заштита на здравјето на луѓето и за тоа мора да има и кривична и политичка одговорност, истакна на прес-конференција Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ. Граѓаните, вели таа, мора да ја знаат целата вистина, да знаат што се случило, зошто труењето не се спречило, каде затаиле институциите, зошто нивното здравје беше загрозено. „Сите ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне, истакна дека Владата не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат никогаш. „Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати ...

Претседателката на Управниот одбор на Асоцијацијата на бугарските училишта во странство (АБУЧ), Зорница Гоган, ja прогласи за отворена Годишната конференција на Асоцијацијата, која се одржува од 21 до 23 јули во Ректоратот на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, јавува БТА. Таа им посака добредојде на присутните. Според неа, АБУЧ овозможува споделување искуства, разгледување на предизвиците и барање одржливи решенија за бугарските ...

Бугарија и Грција потпишаа договор за формирање нов центар за полициска и царинска соработка на граничниот премин „Кулата – Промахон“, јавува БНТ. Документот го потпишаа министрите за внатрешни работи на двете држави Иван Демерџиев и Тодорис Ливаниос. Беа потпишани и протокол и заедничка декларација меѓу раководителите на бугарската и грчката полиција. Новиот центар ќе ја подобри координацијата меѓу службите во борбата против криминалот и ќе ...

Тимчо Муцунски вчера изјави дека Македонија им нуди на индиските компании „конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар“. Прашањето е: како? Како ќе им понудиме излез на стоки кон европскиот пазар кога сме целосно изолирани? Како од слепо црево на Балканот да се стигне до европскиот пазар – освен преку шверц, како што видовме со петте тони дрога што поминаа низ земјата, прашуваат од СДСМ. Владата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, додаваат од оваа ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на седницата на Националниот совет за европска интеграција, каде ги претстави владините ставови за Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2026 година и спроведувањето на Реформската агенда. Во своето обраќање, Сали истакна дека членството во Европската Унија останува највисок стратешки приоритет на државата и дека реформите во ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции порача дека додека Европската Унија го забрзува процесот на проширување, Македонија останува единствената земја кандидат која не бележи никаков напредок. Филипче посочи дека регионот се движи напред, а Македонија стагнира во момент кога Европската Унија јасно покажува дека проширувањето е еден од нејзините клучни приоритети, што се потврдува и ...

За разлика од кадарот на СДС, ДУИ и Таравари, во името на Валбон Лимани, кои освен што задоцнија со мерките и помошта на граѓаните, не се ни извинија и оградија од нивниот кандидат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа како треба да се справуваме во време на криза, посочуваат од владејачката партија. Над 60 тони вода, каоо што појаснуваат во соопштението, секојдневно гостиварчани добиваат за пиење и технички потреби од страна на ...

Две од училиштата на територијата на општина Симитли беа одобрени за финансирање преку Националната програма „Обезбедување современа, безбедна и достапна образовна средина“, Модул „Современа средина за квалитетна настава по хуманитарни науки, географија и економија и технологии и претприемништво“, јавува Пиринско. Вкупната вредност на одобреното финансирање за двете училишта изнесува близу 15.000 евра, при што секое од нив ќе добие по 7.491 ...

Фрескосликарството на Бугарската православна црква „Св. Јован Рилски“ во Лондон напредува. „Слава Му на Бога за сè. Им благодариме на сите што нè поддржуваат“, соопштија на својата интернет-страница од православниот храм во англиската престолнина, пренесува БТА. Од црквата посочија дека живописувањето започнало кон крајот на јуни. „Во просторот под куполата се изработува композицијата ‘Причестување на светите апостоли’ – сцена поврзана со ...

Анализа на БГНЕС Додека политичарите во Скопје продолжуваат да ја блокираат евроинтеграцијата на Северна Македонија, широко распространетата корупција сè повеќе ги продлабочува реалните проблеми во земјата. Лошата состојба на здравствениот систем одамна не е тајна, а сега во Гостивар сме сведоци на уште еден случај во кој граѓаните се разболуваат како последица на лошо управување. Водата за пиење во градот беше загадена со фекални бактерии, ...

Времето денеска, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Според УХМР, ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер. Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има ...

Екипите на Општина Центар работеа до доцна во ноќта на расчистување на последиците од силното невреме што ја зафати општината, соопштија од општината. Според наведеното во соопштението, веднаш по невремето бил свикан итен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, по што сите расположливи служби биле упатени на терен и започнале со интервенции на најкритичните локации. Во текот на ноќта, додаваат од општината, беа расчистени повеќе ...

Валбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Токму тоа, ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.87
32%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
59%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.36
32%
1012
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
1.04
35%
1013
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
4.78
40%
1012
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
1.34
71%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
2.24
42%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.4
45%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.52
43%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
42%
1012
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 33ᴼ
1.34
28%
1011
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
5.35
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Сребро

1994.05

Злато

136962.18

Родиум

274085.11

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Платина

56135.20

Кобалт

56.29

Калај

56.46

Паладиум

43499.96

Алуминиум

3.25

Бакар

13.51

Рутениум

53852.50