Од есен наставната програма „Вештачка интелигенција: од концепт до примена“ ќе се спроведува во сите класови на средните училишта во Хрватска, со што Министерството за наука, образование и млади ја проширува програмата што веќе опфаќа 5.455 ученици во основното и средното образование. Според податоците на Министерството, наставата за вештачка интелигенција моментално се реализира во 147 основни и 93 средни училишта. Во основните училишта ...

„Додека владата на Мицкоски нема пари за минимална плата од 600 евра, додека кратат 40 милиони евра субвенции за земјоделците, има за нов авион, лукзус, мебел, возила, и згора на се, дели тендери како колачи. Кога се носат часовници од 65 илјади евра, нема време за работниците и граѓаните има само за приватен бизнис“, велат од СДСМ. „Едни исти фирми, блиски до власта, добиваат огромен број тендери, со милионски милонски суми за краток период. ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поради обилните врнежи од дожд се регистрирани поплави во повеќе региони во земјата, при што најкритична состојба има во Полошкиот регион и во Кичево. Во Полошкиот регион, во Гостивар, екипи на противпожарната служба интервенирале во текот на целата ноќ. Најпогодено е селото Форино. Поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, Турчане, Врапчиште и Беловиште. Во Југозападниот регион, ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Венко Филипче ја составил техничката спецификација за модуларната болница во Тетово без соодветен елаборат за електрична енергија и без целосно почитување на безбедносните стандарди. Од партијата тврдат дека Светска банка одобрила 30 милиони евра за изградба на модуларните болници, додека реалната цена по која биле изградени објектите изнесувала околу 300.000 евра. „Јавноста има право да знае каде завршиле парите и ...

Бугарката Лора Христова е најпрецизната биатлонка во индивидуалните дисциплини на Олимписките игри Милано–Кортина. Дваесет и двегодишната натпреварувачка има само едно промашување во вкупно 50 истрели на стрелиштето, јавува БНР. Христова започна со бронзен медал во индивидуалната трка на 15 километри, каде стрелаше без грешка. Потоа во спринтот погоди 9 од 10 мети и го освои 11. место, а во потерата повторно беше перфектна — 20 од 20 погодени ...

Четиринаесетгодишниот ученик Александар Тихомиров од основното училиште „Иван Вазов“ во Видин е добитник на бројни национални и меѓународни награди по англиски јазик и веќе се наметнува како еден од најуспешните млади лингвисти во својот град, јавува БНР. Неговата мајка Габриела Монова за БНР-Видин изјави дека интересот кон јазиците се појавил уште во раното детство, најпрво преку љубопитност кон зборовите и нивниот изговор на англиски. Потоа ...

Албанците се автохтон народ на Балканот, чии историски простори опфаќале делови од денешна Албанија, Грција, Пелопонез и Италија. По османлиската експанзија во 15 век, дел од населението се преселило во Грција, Италија и Сицилија. Во различни земји се познати под различни имиња – арванити во Грција, арбереши во Италија, арбанаси во Бугарија и арнаути во османлискиот период, пишува БНР. Во Бугарија албанската заедница има долга историја – од ...

Со длабока тага ја примивме веста дека вчера на 69-годишна возраст почина Гоце Чушков, истакнат општественик од Велес и активен учесник во општествено-политичкиот живот во периодот по осамостојувањето на тогаш Република Македонија. Неговиот животен пат беше исполнет со посветеност кон градот Велес и неговите граѓани. а неговата работа и јавен ангажман оставија препознатлива трага во локалната заедница. Се има кандидирано за градоначалник на ...

Во изминатите девет часа, до 16 часот денеска најмногу дожд наврнал во Гевгелија – 23 литри на метар квадратен, потоа Штип – 16, Попова Шапка – 14 и Берово – 12 л/м2, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи – Скопје. По 10 л/м2 наврнале во Крива Паланка и Виница, 8 во Ѓуриште, 6 во Маврови Анови и Лазарополе, 5 во Крушево, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Струмица и Пожаране, 3 во Битола, по 2 во Охрид, Велес, Кавадарци и Демир ...

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион, во Општина Сарај поради поплавите во селата Буковиќ и Семениште, преземени се координирани активности за надминување на состојбата. „Интервенираа екипи на Општина Сарај, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, ЈП Водовод и канализација – Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување. Активностите се ...

Во СВР Скопје на 14 февруари 2026 година во 20:00 часот било пријавено дека неколку часа претходно се случил сериозен инцидент на градилиште на подрачјето на Кисела Вода. Според пријавата од Н.К. од Скопје, околу 14:15 часот, И.Д. од Скопје најпрво им се заканувал на двајца вработени кои работеле на објект во изградба. По вербалните закани, тој го стартувал патничкото возило „форд“ и се обидел да ги удри, но во тоа не успеал. Потоа, со ...

Во тек се активности за санирање на последиците кај поплавени куќи кај селата Буковиќ и Семениште во општина Сарај. – Екипи од Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје и Тетово вршат испумпување на водата од поплавените објекти и расчистување на критичните точки, додека ЈП Водовод и канализација – Скопје стабилизираат и прочистуваат канализациската мрежа за да се спречат дополнителни излевања. Паралелно, Дирекција за заштита и ...

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства беа евакуирани додека водата ја проголта улицата „Прилепска“ и зафати делови од болницата. Во Гостивар, две деца и нивната мајка останаа заробени во домот, опкружени со бучавата на дивата вода, додека спасувачките екипи брзаа да стигнат навреме. Во Тетово и Скопје, поплавените патишта и подруми создадоа ...

МВР поднесе кривична пријава против правно лице од Делчево и неговиот сопственик Н.Д. (35), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно поради пожар, кој избувнал на 1 јануари 2026 година, во момент кога во неговиот објект биле сместени околу 30 гости и довел до сериозна опасност за нивниот живот и здравје, информира полицијата. Според полицијата, неправилностите во изградбата и ...

Голема делегација од Грција ќе престојува во Софија на 16 и 17 февруари. Посетата ја предводи заменик-министерот за внатрешни работи Константинос Ѓулекас, во рамки на регионална балканска турнеја, јавуваат бугарските медиуми. Во делегацијата има повеќе од 60 претставници од бизнисот, администрацијата и академските кругови од областите Македонија и Тракија. Во првиот ден ќе се одржат паралелни тематски средби меѓу грчки и бугарски институции и ...

Пијан скопјанец ја нападнал со нож неговата 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа болница во Струга каде ѝ биле констатирани телесни повреди. ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела телесна повреда и вонбрачен живот со дете. Тој, на 14.02.2026 околу 18 часот во Струга со нож ја нападнал девојката со која живеел во ...

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се регистрирани поплави и свлечишта во повеќе региони во државата. Во кичевскиот регион, во текот на ноќта, обилните врнежи предизвикале излевање на Зајашка Река на улицата „Прилепска“ во Кичево, каде што се зафатени повеќе куќи. Евакуирани се околу 180 лица, кои се згрижени во спортската сала „Христо Узунов“. Регистрирано е и ...

Осум од новите борбени авиони F-16 Block 70 веќе се стационирани во Трета авиобаза Граф Игнатиево во Бугарија и изведуваат учебни летови. Обуката на бугарските пилоти ја води американскиот воен пилот мајор Џејсон Ројко, кој ќе остане во Бугарија околу две години. Ројко, со повеќе од десетгодишно летачко искуство, учествува и во воведувањето на авионот во оперативна употреба. Тој го приземји првиот бугарски F-16 по сложена мисија со ...

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по обилните врнежи во изминатите 24 часа кои предизвикаа нагло полнење на речните корита. Според најавите, состојбата може дополнително да се влоши во текот на денот. Од Секторот за хидрологија информираат дека во Полошкиот регион, особено во горниот дел од сливот на реката Вардар, е ...

Полицијата лишила од слобода двајца возачи поради прикривање регистарски ознаки, при акциска контрола спроведена ноќта меѓу 13 и 14 февруари, од 19:00 часот до 03:00 часот на подрачје на Центар и Бит Пазар во Скопје. МВР денеска соопшти дека при контролата констатирани се седум сообраќајни прекршоци и одземени се две возила по член 378 и член 380 од Кривичниот законик. – Притоа лишени од слобода се двајца возачи, С.С. и М.А. кои управувале ...

На 14 февруари 1892 година излегува првиот број на весникот „Воени известувања“, претходник на денешниот службен весник на бугарското Министерството за одбрана „Българска армия“. Во 2026 година се одбележаа 134 години од неговиот прв број. На 14 септември 1944 година започнува да излегува весникот „Народна војска“ – дневен весник за војската и народот. Неговите први автори, Стоjне Крстев и Милко Григоров, ја следат Првата бугарска армија во ...

Уставниот суд на Македонија, по повод 62-годишнината од првата седница одржана на 15 февруари 1964 година, ги повикува граѓаните на редовни средби со претседателот Дарко Костадиновски, кои ќе се одржуваат секој прв четврток во месецот. Прес-службата на Уставниот денеска соопшти дека целта на средбите е да се приближи работењето на овој суд до граѓаните, да се подигне свеста за уставно загарантираните права и да се објасни начинот на правилно ...

Градот Одрин, на тромеѓето меѓу Бугарија, Турција и Грција, вечерва е домаќин на концертот „Swinging Love & Wine“ со бугарскиот пејач Васил Петров и оркестарот на Државната опера од Стара Загора, јавува БТА. Настанот ќе се одржи во новата концертно-театарска сала на Културниот центар „Ататурк“, отворен во 2022 година, со капацитет од 790 места. Салата е отстапена бесплатно од општина Одрин како дел од културната соработка меѓу двата ...

Со измени на Законот за електронски комуникации, што се поставени за расправа на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) државава ги пренесува во домашното законодавство потребните европски регулативи со што ќе може да се приклучи кон иницијативата „Роаминг како дома“ на Европската Унија. Со тоа ќе им се овозможи на граѓаните и бизнисите да користат мобилни услуги во земјите на ЕУ без дополнителни роаминг трошоци, како да се дома. ...

„Кој во власта дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално? Поминаа 15 дена и сè уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регионот – како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара“, велат од СДСМ. Од партијата посочуваат дека, како што наведуваат, „сите молчат“ и ги прозиваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и ...

Од април започнува поетапното воведување на нови возови за бугарската железница. До крајот на летото се очекува 34 нови возови да сообраќаат на главните линии. Останатите треба да бидат испорачани до јуни 2027 година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија Гроздан Караџов во утринската програма на бугарската Нова телевизија. Според него, обновувањето на возовите е дел од поширока железничка реформа за подобрување на ...

Проф. д-р Кирил Топалов/БГНЕС На 15 февруари 1839 г. во град Велес се раѓа талентираниот бугарски поет и публицист од времето на Преродбата Рајко Жинзифов. Еве што напишал тој за бугарскиот јазик и за својата народносна свест во предговорот кон својот превод на „Слово за полкот Игорев“: „Ние за българский язик бройме той язик, кой ся говорит от цела Македония, Тракия и България, между говорите на кой има малу-много разлика, но ние, както и ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски објавија фотографии од нивните одделни средби во Минхен со американскиот политичар Ричард Гренел. Средбите се случија само неколку дена по објавите на британскиот весник „Дејли мејл“ дека Гренел е изолиран од најтесниот круг на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, пишува БГНЕС. Според „Дејли мејл“, токму Гренел стоел и зад ...

„Наместо спин и манипулација, Филипче и СДС да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата наведуваат дека по, како што велат, обидите на Филипче и СДС да ѝ „сервираат“ информации на јавноста околу темата за канабисот, треба да дадат објаснување за фотографија со Тони Котев, сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“, која, според ВМРО-ДПМНЕ, е поврзана со нелегална ...

УЈП потсетува дека крајниот рок за поднесување електронска пресметка за доход остварен во странство во 2025 година е 31 март 2026. Обврската се однесува на сите физички лица што примиле плата или друг вид доход од странство и важи без разлика дали данокот во странската држава е платен или не, а пресметката се поднесува преку системот е-Даночни услуги. Клучната порака на Управата е практична: со пресметката мора да се достават и докази што ја ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
7.2
64%
1015
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
46%
1014
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
44%
1015
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1015
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.46
45%
1013
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
50%
1015
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.92
50%
1017
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1013
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
45%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
43%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
49%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9669

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Платина

66101.93

Цинк

0.00

Злато

151875.00

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.50

Кобалт

45.39

Калај

54.78

Сребро

2583.47

Родиум

319899.93

Паладиум

48065.37

Бакар

12.64