Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Говорејќи синоќа на конгресот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) во Минхен, Мерц изјави дека периодот на таканаречената „Pax Americana“, поредокот воспоставен по Втората светска војна, во кој Соединетите Американски Држави беа главен гарант на европската безбедност, во голема мера е завршен. Тој ги предупреди европските држави да не сметаат дека американската надворешна политика ќе се врати на поранешната предвидливост по заминувањето на ...
Несреќата се случила околу 20:05 часот, по клучката „Камењане“, кога дошло до судир меѓу патничко возило „Мерцедес“ со австриски регистарски таблички и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски таблички. Поради незгодата, сообраќајот на овој патен правец бил отежнат и се одвивал по една коловозна лента, со пренасочување и регулирање од страна на полициски службеници. Осумте повредени лица биле пренесени со возила на Итната медицинска ...
Пријавата за пожарот била примена синоќа во 22:38 часот, по што на местото интервенирале пожарникари од Јавната противпожарна единица „Дубровачки пожарникари“ со три возила. Пожарот бил локализиран околу 23 часот, а целосно изгаснат околу 1 часот по полноќ. Во пожарот целосно изгореле приземјето и покривната конструкција на куќата. За време на интервенцијата, во приземниот дел од објектот било пронајдено изгорено тело на машка личност. ...
Јапонија денес беше погодена од земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на отворено море, источно од островот Хоншу, на длабочина од десет километри и на растојание од 194 километри од градот Хачинохе. Досега нема извештаи за повредени или евентуална материјална штета. Не е издадено предупредување за цунами. Share ...
Македонската режисерка Тамара Котевска присуствуваше на затворен ВИП ручек и специјална дискусија посветена на филмот One Battle After Another, заедно со холивудските актери Леонардо Ди Каприо, Бенисио Дел Торо, Тијана Тејлор и Регина Хал. Како член на Академијата за филмска уметност и наука, Котевска беше единствениот претставник од областа на документарниот филм меѓу поканетите гласачи. Нејзиното присуство доаѓа во година кога нејзиниот ...
Астрологијата укажува дека одредени карактеристики на некои хороскопски знаци полесно доаѓаат во судир со трпението и личните граници на околината. Не станува збор за лоши луѓе, туку за изразени особини кои во погрешен момент можат да делуваат напорно. Некои се премногу енергични, други тврдоглави, а трети емоционално интензивни. Токму поради тоа, следните четири знаци често оставаат впечаток дека „одат на нерви“. Овен Овните се исклучително ...
Од денес, тунелот под Мон Блан е повторно отворен за сообраќај по 102 дена, колку што траеја обемните работи за реконструкција на трезорот и инфраструктурата, објавува ТВ Раи. Отворањето на тунелот следеше по пет задолжителни безбедносни проверки, кои вклучуваа повеќе од 800 тестови за функционалноста на безбедносните системи од крајот на ноември. Повеќе од 150 луѓе учествуваа во работите за реконструкција на тунелот, кои траеја 102 дена, и ...
Надлежните служби апелираат до возачите да управуваат внимателно и да ја прилагодат брзината сè додека не се расчисти одронот и не се воспостави нормален сообраќаен режим. Според информациите, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без пречки, по суви коловози. Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини од македонска страна не се евидентираат подолги задржувања за влез и излез од ...
Украинската морнарица ја обвини Русија за напад со беспилотно летало врз цивилниот турски брод „Viva“, кој превезувал сончогледово масло кон Египет. Како што е наведено, на бродот имало 11 турски членови на екипажот, никој не бил повреден, а пловидбата кон Египет продолжила, јавува Reuters. Од Киев соопштија дека нападот бил извршен на отворено море, во ексклузивната економска зона на Украина, надвор од дострелот на украинскиот систем за ...
Британскиот премиер Кир Стармер разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за мировниот план предводен од САД за прекин на конфликтот во Украина. „Тие се согласија дека ова е клучен момент за иднината на Украина и дека Европа ќе биде со нив сè додека е потребно за да се постигне праведен и траен мир“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на британската влада. Стармер разговараше со претседателот ...
Дејтонскиот договор, потпишан на 14 декември 1995 година, ја заврши војната во Босна и Херцеговина. Триесет години подоцна, Босна и Херцеговина сè уште се бори со длабоки етнички поделби. DW потсетува како изгледал патот до договорот. Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година, беше потпишан на 14 декември 1995 година. На патот до Дејтон се случи распадот на Југославија, геноцидот во ...
Дел од американските медиуми јавуваат за повеќе жртви, но засега не е потврдено дали има загинати. Полицијата соопшти дека во инцидентот биле застрелани повеќе лица и дека истрагата е во тек. „Повеќе лица се застрелани во подрачјето околу Универзитетот Браун. Истрагата е во тек. Ги повикуваме граѓаните да останат на безбедно место или да го избегнуваат ова подрачје до понатамошно известување“, соопшти полицијата. Надлежните служби ...
Бројот на жртвите од катастрофалните поплави, одрони и лизгања на земјиштето во Индонезија достигна 1.003 лица, додека 218 лица сè уште се водат како исчезнати, соопшти денеска Националната служба за справување со катастрофи. Според официјалните податоци, над 5.400 лица се повредени во силните поплави што ги погодија провинциите Северна и Западна Суматра и Ачех пред околу две недели. Поради уништените домови и инфраструктура, околу 1,2 ...
Најмалку пет лица се убиени, а повеќе од 25 се ранети во израелски воздушен напад врз Појасот Газа, соопштија локални здравствени извори. Израелската армија соопшти дека во нападот бил ликвидиран високорангран командант на Хамас, кој работел на обновување на воените капацитети и производството на оружје на палестинската милитантна организација. Израелските медиуми Times of Israel и ynet објавија дека цел на нападот бил Раед Саед, висок ...
Ова се првите регистрирани случаи на ова ретко заболување во Романија по повеќе од четири децении, пренесува Ројтерс. Според Министерството за здравство, уште две лица се тестирани, а заболените, две државјанки на Индонезија на возраст од 21 и 25 години, веќе се наоѓаат на лекување. Министерот за здравство Александру Рогобете изјави дека корисниците на бањата не треба да стравуваат, бидејќи за пренос на лепрата е потребна подолга и интензивна ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави видеопорака снимена во Купјанск, еден од најжешките делови на фронтот, во која им оддаде признание на украинските сили што се борат во овој стратешки важен град. Неговата посета доаѓа во момент кога украинската Национална гарда соопшти дека нејзиниот 2. корпус Hartija извел успешен противнапад северно од Купјанск, директно спротивставувајќи се на неодамнешните тврдења на Москва дека ...
Центарот за управување со кризи информира дека денеска мал спортски авион се урнал во водите на Мавровското езеро. „Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено. Инцидентот бил пријавен на бројот 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција“ велат од ЦУК. Причините за уривањето засега се непознати, ...
Новата алатка, наречена BärGPT, е развиена како решение со отворен код и е тестирана во соработка со вработени во администрацијата, со цел да се прилагоди на конкретните потреби на градските служби во Берлин. Од градските власти наведуваат дека BärGPT ќе им помогне на административните службеници побрзо и поефикасно да извршуваат секојдневни задачи, како обработка на документи, подготвување на текстови и одговори, како и интерна комуникација. ...
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите возила, без оглед на моменталните временски услови. Обврската ќе важи до 15 март 2026 година. На возачите им се препорачува прилагодена брзина на ...
Светот на battle royale игрите наскоро ќе добие уште една глобална ѕвезда. Реалити ѕвездата и претприемачка Kim Kardashian станува најновиот „дополнувач“ на Fortnite универзумот, носејќи свој лик и emote инспириран од нејзината славна фотосесија од 2014 година. Од сабота, 13 декември, во Item Shop ќе бидат достапни две варијанти на Kim Kardashian, иконична варијанта: тесно црно латекс одело со врзана коса и поопуштен изглед: долга бела јакна ...
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, повика сојузниците да ги зајакнат одбранбените напори за да се спречи можен конфликт со Русија, односно „војна каква што искусиле нашите дедовци и прадедовци“. Говорејќи во Берлин, Руте истакна дека многу членки на воениот сојуз не ја сфаќаат сериозноста на руската закана и мора брзо да ги зголемат трошоците за одбрана и производството за да се спречи конфликт со размери кои го обележале минатото. „Ние ...
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Украина треба да одржи избори, тврдејќи дека Киев „го користи војувањето за да ги одложи“. Но ако би се гласало денес – кој би победил? Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да одржи претседателски избори во рок од 90 дена, доколку западните партнери помогнат да се обезбеди безбедност на процесот. Трамп оцени дека „сега е важно време“ изборите да се одржат, ...
Земјотрес со магнитуда 6,7 степени го погоди североисточниот дел на Јапонија, по што Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за можен цунами. Труењето се случило во 11:44 часот по локално време, на длабочина од 20 километри, во крајбрежниот регион на префектурата Аомори, само неколку дена по силниот земјотрес со магнитуда 7,5 кој го погоди истото подрачје. Јапонската метеоролошка агенција предупреди на можни цунами-бранови до 1 ...
Соединетите Американски Држави го зголемуваат притисокот врз Венецуела со воведување нови санкции, кои меѓу другото ги таргетираат и тројцата внуци на претседателот Николас Мадуро. Двајца од нив претходно беа осудени во САД за трговија со дрога, но подоцна беа ослободени во размена на затвореници, пишува CNN. Покрај членовите на семејството Мадуро, Вашингтон го насочува ударот и кон клучниот венецуелски нафтен сектор. Санкциите се воведени ...
Русија и нејзиниот близок сојузник Белорусија разговараа со претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговите претставници, во период кога американскиот претседател Доналд Трамп го засилува притисокот Мадуро да се повлече од власт. Мадуро во телефонски разговор на 21 ноември му порачал на Трамп дека е подготвен да ја напушти Венецуела доколку тој и неговото семејство добијат целосна амнестија, пренесуваат извори за Reuters. Белорускиот ...
Според усвоениот план, воениот буџет следната година ќе достигне 5,38 проценти од БДП, што претставува историски највисоко ниво на издвојувања за вооружените сили од стекнувањето независност од Советскиот Сојуз. Во апсолутни бројки, Литванија ќе потроши 4,79 милијарди евра за одбранбени потреби, што претставува зголемување од 43 проценти во однос на 2025 година, соопшти литванското Министерство за одбрана. Со ова, државата се позиционира меѓу ...
САД ја притискаат Украина да ги повлече своите трупи од Донбас, а делот што сѐ уште го контролираат да биде претворен во слободна економска зона, изјави Володимир Зеленски. „Во првичниот мировен план, Вашингтон предлагаше Украина да го предаде Донбас во целост, а сега предлага компромис во кој украинската војска би се повлекла, а руските сили не би продолжиле со напредувањето. Тие не знаат кој би управувал со таа територија што ја нарекуваат ...
Сообраќајот кон Грција е во целосен прекин, а засега не е познато кога преминот би можел повторно да биде отворен. Од македонска страна, на останатите гранични премини нема подолги задржувања, а сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по претежно суви коловози. Интензитетот на движење надвор од градските средини е оценет како умерен. АМСМ потсетува дека до 15 март 2026 година е активна законската обврска за задолжително ...
„Верувам дека на тоа прашање треба да одговори украинскиот народ. Било преку избори или преку референдум, ставот мора да биде одлука која доаѓа од народот“, изјави Зеленски, одговарајќи на новинарско прашање за можноста од постигнување договор со Москва. Претседателот потврди дека САД предложиле нов модел кој предвидува повлекување на украинските сили од деловите на регионот Донецк што сè уште ги контролира Киев, како и создавање „слободна ...
Столе Димитриевски се жали на ситна повреда, токму затоа тој тренира под посебна програма во Валенсија. Поради тоа македонскиот репрезентативен голман нема да биде на списокот на играчи кои ќе бидат дел од тимот за натпреварот со Атлетико Мадрид, барем такви се најавите од Шпанија. Следуваат дополнителни прегледи со цел да се види од каков вид е повредата на голманот на Валенсија и репрезентациата на Македонија. Да се потсетиме дека еве втора ...