Досегашниот директор Зоран Попов, кој речиси три години ја водеше оваа јавна установа, поднел оставка од функцијата. Според градските власти, сѐ уште се разгледуваат можните решенија и кандидати кои би можеле да ја стабилизираат состојбата во Зоолошката градина и да започнат со подобрување на условите за животните и инфраструктурата. Зоолошката градина во последните месеци беше во фокусот на јавноста поради повеќе забелешки за условите во кои ...

Многумина имаат навика да ги мијат сите намирници со вода, мислејќи дека така ги отстрануваат бактериите. Но, експертите за безбедност на храна предупредуваат дека миењето на одредени намирници може да направи повеќе штета отколку корист. Наместо да ги отстраните бактериите, можете да ги распрскате по мијалникот, работната маса или приборот. Еве кои намирници не треба да се мијат, и зошто: Пилешко месо – миењето само ги шири бактериите како ...

По масовните протести против новиот буџетскиот закон, денеска падна бугарската влада. Премиерот Росен Жељазков соопшти дека коалицијата решила да се повлече по разгледување на состојбите и притисокот од јавноста. „Владата поднесе оставка. Коалицијата се состана и ја анализираше актуелната ситуација, како и одлуките што треба да ги донесеме. Протестот треба да ги изнедри своите лидери и да покаже како ќе се одвива транзицијата во следните ...

Украина официјално го испрати својот одговор на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува независната агенција РБЦ-Украина. Контра-предлогот е доставен до Вашингтон, но неговите детали засега не се јавно објавени. Планот на администрацијата на Трамп предизвика силни реакции во Киев и пошироко, бидејќи многумина го оценија како руска „листа на желби“. Главните критики се насочени кон тоа што документот практично ги ...

Во раните утрински часови на реката Сава, на потегот од Самостан до поранешната фабрика „Бродјанка“ во Славонски Брод, се случила тешка трагедија во која животите ги загубиле повеќе мигранти. Според изјавите за Хина, командантот на Јавната противпожарна единица во Славонски Брод потврдил дека загинале три лица, додека хрватската полиција досега официјално информира дека има најмалку еден загинат. На терен веднаш излегле екипи на ...

Во Општина Илинден, корисниците на улицата „Бунарџик“ ќе останат без струја во периодот од 09:00 до 13:00 часот поради технички зафати во мрежата. Во Општина Ѓорче Петров, пак, прекин е најавен за дел од корисниците на улиците „Мице Козар“ и „Ѓуро Салај“, каде електричната енергија ќе биде исклучена од 09:00 до 15:00 часот. Надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите обврски и да имаат разбирање за изведбата на работите во ...

Претставничкиот дом на САД усвои нов Закон за одбранбена политика во вредност од 900 милијарди долари, документ кој ги дефинира приоритетите на Министерството за одбрана и нивоата на трошоци за национална безбедност во 2026 година. Според CBS, законот е изгласан со широка двопартиска поддршка – 312 гласови „за“ и 112 „против“, што овозможува документот да продолжи кон Сенатот, со цел да биде усвоен пред крајот на годината. Тензии меѓу ...

Руските противвоздушни сили во текот на ноќта уништиле 32 дрона кои, според официјалните информации, летале кон Москва. Веста ја објави градоначалникот Сергеј Собјанин, нагласувајќи дека системите за ПВО „прават сè што е можно“ за заштита на главниот град, пренесе РИА Новости. Аеродромите во прекин По нападот, неколку московски аеродроми привремено го запреле сообраќајот, а дел од летовите биле пренасочени или одложени. Прекинот траел неколку ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се поканети да присуствуваат на состанок во Европа овој викенд, кој ќе биде фокусиран на состојбата во Украина и на кој, според него, се очекува да учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трамп, сепак, остави отворено прашање дали и во кој формат САД ќе присуствуваат на средбата, наведувајќи дека конечната одлука ќе зависи од деталите што европските партнери ќе ги достават ...

Американски сојузен судија во Њујорк одобри Министерството за правосудство да ги објави записите од големата порота поврзани со случајот за трговија со луѓе против Џефри Епштајн од 2019 година, јави „Би-би-си“. Одлуката на судијата Ричард Берман ги поништува неговите претходни насоки материјалот да остане таен и се темели на новиот Закон за транспарентност на документите за Епштајн, кој го обврзува Министерството да ги објави документите до ...

Ова е момент во кој публиката има клучна улога, а наградите се доделуваат врз основа на освоениот број на гласови. „Приказната за Силјан“ се натпреварува со силни конкуренти од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и други земји, но тоа нека биде мотив да бидеме поангажирани и секако со заеднички сили да ги дадеме своите гласови. Audience Choice Prize е награда што го издвојува документарниот филм кој ја освојува светската публика во ...

Припадници на сообраќајната полиција на Министерството за внатрешни работи во Ниш запреле 52-годишен турски државјанин кој, управувајќи камион „Мерцедес“, во претходните 28 дена на автопатот во близина на Ниш направил 92 прекршоци. При контролата, полицијата утврдила дека тој не ги користел пропишаните паузи, дневните и неделните одмори, дека го пречекорил дозволеното дневно време на возење, како и дека не ги внел податоците за состојбата на ...

Прекинот е предизвикан од дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на улица 20 во населбата Сарај. Од претпријатието информираат дека од 07:30 часот па сè до целосно санирање на дефектот, без вода ќе бидат корисниците од населените места Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај. Истовремено, прекин во водоснабдувањето ќе има и во високата зона во Ѓорче Петров, односно на повисоките катови од ...

Изјавата доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно го критикува Киев, обвинувајќи го дека ја користи војната како изговор за избегнување избори. Зеленски ја даде својата изјава во вторникот, по објавата на интервју во кое Трамп сугерира дека украинската влада „избегнува демократски процеси“. Тој тврдеше дека, иако Украина зборува за демократија, ситуацијата покажува „дека тоа веќе не е демократија“. Зеленски остро ...

Телата биле откриени по експлозија на импровизирана направа поставена пред затворот, но засега не е утврдено дали експлозијата е директно поврзана со смртта на затворениците, пренесува CNN. Од SNAI информираа дека надлежните институции вршат обдукции и спроведуваат „рутински процедури“ за утврдување на причината за смртта. „Полицијата веднаш пристигна на местото и спроведе итна интервенција и детална проверка на капацитетот“, соопштија од ...

Ова е второ затворање во текот на денот: преминот беше блокиран и претпладне, од 11 до околу 15 часот, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, блокадите се случуваат во различни интервали и веќе неколку дена сериозно го отежнуваат сообраќајот меѓу двете земји. Утрово преминот функционирал со ограничувања, но попладне повторно бил затворен за целосен влез и излез. АМСМ информира и дека од 17 часот е нормализиран сообраќајот ...

Филмот ја имаше својата светска премиера на 82. издание на Венецискиот филмски фестивал, каде ја отвори и самата Мостра. Таму актерот Тони Сервиљо ја освои престижната награда „Волпи“ за најдобар актер, а филмот беше и номиниран за највисокото признание „Златен Лав“. На истата локација, со почеток во 22:30 часот, ќе биде прикажан филмот „Југо Флорида“ во режија на Владимир Тагиќ, во кој главната улога ја толкува популарниот српски актер ...

Според првичните податоци, потресот бил со јачина од 2 степени по Рихтер, на длабочина од околу 15 километри. Епицентарот, според ЕМСЦ, се наоѓал приближно 15 километри југозападно од Кичево, а земјотресот бил краткотраен и со локален интензитет. Нема пријавено материјални штети, ниту пријави за повредени лица. Потресот го забележал и Институтот за геолошки науки во Тирана, од каде што наведуваат дека епицентарот се наоѓал на територијата на ...

Најмалку 670 лица беа евакуирани утрово откако избувна пожар на Педагошкиот факултет во градот Новосибирск, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Според досегашните информации, нема пријавени жртви, а гаснењето на пожарот е во тек, пренесува Интерфакс. Првичните извештаи укажуваат дека пожарот започнал во канцеларија на третиот кат и потоа се проширил кон покривот на трокатната зграда. Министерството соопшти дека на терен се ...

Руски дронови синоќа го нападнаа северниот украински град Суми, во втор голем напад за само 24 часа, што доведе до прекин на електричната енергија, соопшти регионалниот гувернер. „Во рок од половина час Русите изведоа повеќе од 10 дрон-напади врз градот“, напиша гувернерот Олег Хригоров на Телеграм. „Во Суми нема струја. Дел од критичната инфраструктура функционира на резервни извори на енергија“, додаде тој. Честа мета на руски напади ...

Под влијание на висок воздушен притисок (антициклон) и потопла воздушна маса од југ, во Македонија продолжува периодот на стабилно и суво време. Температурите ќе бидат значително повисоки од просекот за декември – дури за 10 или повеќе степени над нормалата, што ќе создаде впечаток дека е пролет, а не средина на зима. Тивко време, магла и ниска облачност по котлините Во следните денови ветерот ќе ослабне и времето ќе биде претежно тивко. ...

Неколку региони на југот и западот на Русија издадоа предупредувања за можни напади со дронови, додека четири јужни аеродроми го прекинаа своето работење поради безбедносни проблеми. Привремените ограничувања на аеродромите во Владикавказ, Грозни и Магас влијаеја на дојдовните и заминувачките летови, соопшти руската агенција за воздушен сообраќај Росавијација. Уште еден јужен град, Моздок, во кој се наоѓа воен аеродром, исто така го затвори ...

„Украина нема право, ниту според Уставот, ниту според меѓународното право, ниту според моралниот закон да се откаже од своите територии,“ рече Зеленски. Тој најави дека Киев ќе го ревидира сегашниот нацрт-предлог и ќе го врачи својот одговор на САД „веројатно во вторник навечер“. Говорејќи за обновата на Украина, Зеленски истакна дека финансиската поддршка е од клучно значење и дека европската позиција во тој процес има „пресудна улога“. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива без поголеми пречки, при што на одделни делници коловозите се влажни. Намалена видливост поради магла е забележана на планинските превои Ѓавато и Пресека, информира ЈП Македонијапат. Од претпријатието додаваат дека на патните правци низ усеци и клисури е можна појава на помали одрони, кои се отстрануваат редовно. Се апелира до возачите да бидат внимателни, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација ...

Луис Хамилтон едвај чекаше да заврши сезоната во Формула 1, сезона во која ги забележа најлошите резултати во кариерата. Се очекуваше многу од Британецот, за кого ова беше прва сезона во Ферари, но целата сезона беше катастрофална. Хамилтон никогаш не успеа да стигне до подиумот во сезоната, која штотуку заврши, додека единствената победа ја забележа во спринтерската трка во Кина. Од друга страна, ниту Ферари не блескаше, тие имаа една од ...

„Нашиот полицаец Емре Албајрак, кој беше тешко повреден за време на операција против наркотиците во Чекмекој, не можеше да биде спасен,“ соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул. Напаѓачот кој отворил оган врз полицијата бил убиен, а уште две лица се уапсени, соопштија локалните власти. Турција последниве години се соочува со пораст на криминал поврзан со дрога. Според извештај на Националниот оддел за борба против наркотиците, минатата ...

Речиси 40 проценти од студентите на холандските универзитети и универзитети за применети науки заостануваат во своите студии, при што стресот, депресијата и другите проблеми со менталното здравје се главните фактори, покажаа резултатите од новото истражување на најголемата холандска студентска организација Interstedelijk Studentenoverleg (ISO). Анкетата, во која учествувале 7.542 студенти, покажа дека 37 проценти пријавиле доцнење во ...

По серија состаноци што се одржаа во последните два дена, сега е јасно на чија страна застана Управниот одбор на Ливерпул. Во изборот помеѓу тренерот Слот и апсолутната клупска легенда Мохамед Салах, челниците на Ливерпул го избраа Слот. Ова најдобро го покажува фактот дека Салах не е дел од тимот што патува во Италија за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер. „Мохамед Салах не е дел од Ливерпул. Тој не патува на натпреварот од ...

Иако се во тек мировни преговори под покровителство на САД, договор за клучното прашање за територијата во источниот украински регион Донбас сè уште не е на повидок, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува „Блумберг њуз“. Во телефонско интервју, Зеленски појасни дека елементите од американскиот предлог бараат понатамошни дискусии за голем број „чувствителни прашања“, вклучувајќи ги и безбедносните гаранции за регионите ...

Според податоците на камчатскиот огранок на Геофизичката служба при Руската академија на науки, се работи за силен земјотрес поврзан со разорниот земјотрес од 30 јули. Токму тој настан, со магнитуда од 8,8 степени, беше еден од најсилните регистрирани во регионот од 1900 година, а научниците оттогаш секојдневно бележат афтершокови. Најновиот потрес бил регистриран на 8 декември, со епицентар на отворено море во Тихиот океан, на длабочина од ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
33%
1012
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
6.69
51%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
35%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
5.14
54%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.48
79%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
4.63
43%
1014
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.66
68%
1012
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
41%
1011
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
25%
1012
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
8.23
69%
1017
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
34%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
100%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Паладиум

44753.84

Бакар

10.65

Алуминиум

3.19

Родиум

358480.82

Платина

61858.04

Кобалт

3.86

Сребро

2179.44

Цинк

0.00

Злато

144593.23

Рутениум

56199.51

Иридиум

258288.78

Калај

43.91