Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Разликата во цените на горивото во Унгарија меѓу домашните граѓани и странците добива конкретна потврда преку сметка од бензинска пумпа на ОМВ, која покажува значително повисока цена за странски возачи. Според податоците, цената за странци изнесува 909,9 форинти по литар, што е приближно околу 2,39 евра, додека унгарските граѓани плаќаат 615 форинти, односно околу 1,62 евра за литар. На приложената сметка се гледа дека за точени 20,12 литри ...
Соопштение на Левица: Денес во Софија, Република Бугарија, претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев и пратеникот Амар Мециновиќ, ја посетија кубанската амбасада и остварија состанок со Н.Е. Мариета Гарсија, на кој ја изразија нашата цврста и недвосмислена солидарност со народот на Куба, кој со децении се соочува со неправедна, незаконска, нехумана и злосторничка економска блокада. Блокадата е систем на колективно казнување што го ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и генералниот секретар на ТУРКСОЈ, Султан Раев, денеска на свечена церемонија во Анкара потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за култура и туризам и Меѓународната организација за турска култура ТУРКСОЈ. Во своето обраќање, министерот Љутков нагласи дека културата на една држава во многу нешта зависи од почитувањето и афирмацијата на културните различности кои опстојуваат на ...
Првиот брод од флотилата што носи медицински материјали, храна и соларни панели пристигна денеска во Куба, земја погодена од енергетска криза влошена од блокадата на нафтата од страна на САД. Бродот учествува во операција организирана од меѓународна коалиција на синдикалисти, пратеници, хуманитарни организации, движења и јавни личности. Рибарскиот брод Магуро влезе во пристаништето во Хавана три дена подоцна, откако се бореше со силни ...
Соопштение на СДСМ: СДСМ бара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на Трајко Славески во законски императивниот рок за избор на вицегувернери во Народната банка. Станува збор за сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот Славески. Според Законот за Народната банка, вицегувернерите ги именува Собранието исклучиво на предлог ...
Новата систематизација во МВР драматично ја редуцира раководната структура и ја заснова на професионални, а не етнички критериуми – истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на почетокот на кампањата на ОБСЕ за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотребата на мало и лесно оружје, при што одговараше на новинарски прашања поврзани, меѓу другото, и со најавената нова систематизација во Министерството за внатрешни ...
СВР Битола поднела кривична пријава против четворица битолчани поради предизвикување на омраза врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа, соопшти Министерството за внатрешни работи. -СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и ...
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ изјави дека има резерви кон начинот на кој се води процесот на проширување на Европската Унија, оценувајќи дека предложените механизми не се праведни и не се транспарентни. Милановиќ одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во Загреб, нагласи дека ставовите на Хрватска кон Македонија се јасни, отворени и пријателски, ...
По повод 17 март – Денот на формирањето на Црвен крст и Денот на крводарителството, денеска во Скопје се организира настан посветен на промоцијата на првата помош под мотото „Култура на безбедност – здрава заедница“. На плоштадот „Македонија“ на поставените едукативни пунктови заинтересираните граѓани можеа да присуствуваат на симулации на прва помош со ПП различни сценарија, кои беа демонстрирани од обучени волонтери и животоспасители, како ...
Претседателот на СДС, Јанез Јанша, денеска оцени дека неделните парламентарни избори во Словенија имале најмногу неправилности досега, најмногу при гласањето по пошта, и поради некредибилноста на тој процес на предвремено гласање најави оспорување на нивните резултати. Според Јанша, резултатот од предвременото гласање не е веродостоен и не би требало да се земе предвид во конечните резултати. Затоа, тој рече дека ќе ги искористи сите правни ...
Соопштение на Партијата на пензионери: Партијата на пензионери, ја поздравува и поддржува одлуката на Владата за поевтинување на 300 лекови кои се достапни на нашите граѓани од 1 Мај. Истовремено напоменуваме дека Партијата на пензионери во повеќе наврати во изминатите години, преку својот претставник во Собранието, пратеникот, Илија Николовски, кој е Претседател на Партијата на пензионери, бараше но и нудеше конкретни решенија за овој ...
По анонимна пријава, периферијата Атика спровела контроли во објекти на компанија во атинското предградие Пиреја, каде што биле откриени и запленети околу 3,5 тони небезбедни производи од животинско потекло, а компанијата имала договори за снабдување со јавни установи, меѓу кои и болници, јави дописничката на МИА од Атина. Од периферијата соопштија дека по пријавата и откако сопственикот одбил да соработува со надлежните органи за отворање на ...
Владата не размислува за отворање на Уставот, политичките услови за тоа не се исполнети – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса „Воведување уставна жалба?“, Мицкоски рече дека Уставниот суд, најверојатно, веќе размислува како приближно би изгледала архитектурата на специјалниот закон и изрази очекување дека набргу можеби ќе има готов документ кој, како што напомена, кога ќе има ...
СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства да добијат нова шанса за сигурна иднина и 6 090 променети животи, бројка зад која стојат вистински луѓе и вистински приказни. По повод нашиот јубилеј, споделуваме пет сведоштва кои ја отсликуваат нашата работа со деца, ...
Општина Карпош во соработка со лиценциран психолог/гешталт психотерапевт, м-р Тиана Ивановска, од следниот месец организира бесплатни анонимни групи за поддршка на жени жртви на семејно насилство (физичко, вербално, психолошко, емоционално, социјално и економско насилство). Проектот ќе ги опфати сите засегнати жени жртви на семејно насилство кои се жителки на Карпош. Заинтересираните ќе може да се јават на 071/771-420 и на 075/431-572 да го ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, оствари средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер. Во разговорите стана збор за соработката и реформите во областа на земјоделството и руралниот развој, спроведувањето на ИПАРД III програмата, како и за зајакнувањето ...
Од идната среда (1 април) во општина Карпош стартува реализацијата на проектот „Фитнес и самоодбрана за жени и мажи“. Овој проект е дел од програмските активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за 2026 година, а реализатор на активноста е полицискиот боречки клуб „Базбедност“ од Скопје. Тренинзите ќе ги води искусен тим од стручни кадри, предводен од д-р Страшо Глигоров, доктор на науки од областа на кинезиологија и ...
Повеќе од 50 уметници вечер и утревечер ќе настапат на сцената на Македонскиот народен театар во новото издание на „Глумците пеат“. Оваа година програмата е посветена на македонската музика – песни што публиката добро ги знае, но ќе ги слушне поинаку. Форматот го става актерот во поинаква улога, каде што музиката станува личен израз, а препознатливите композиции добиваат нов живот преку соло изведби, дуети и групни точки. Годинава првпат дел ...
Во насока на зачувување на достоинството на јавниот дискурс, унапредување на демократските вредности и заштита на интегритетот на институционалната комуникација, Владата чувствува обврска јавно да реагира на неодамнешниот настан кој отвори сериозни дилеми за почитувањето на основните принципи на професионално и етичко однесување во медиумскиот простор. Заштитата и унапредувањето на слободата на медиумите и правото на новинарите да поставуваат ...
Расправата на денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ во Кривичниот суд, беше прекината откако адвокатката Анита Бегова, бранителка на обвинетиот Нехад Нухи, ја напушти судницата, незадоволна од начинот на презентирање на материјалните докази на Обвинителството, по што судот и изрече парична казна од 500 евра. На денешното рочиште Обвинителството започна со изведување на материјални докази – околу 180 страници документи поврзани со ...
Даваме силна подршка за реализација на БРТ за Град Скопје, објави вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и во објавата додаде: “Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз – БРТ. На денешната седница на Владата, ја потврдивме подготвеноста за изградба и воспоставување на еден нов современ градски сообраќаен систем ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за очни болести по повод успешно реализирани трансплантации на рожница, во соработка со тим експерти од Америка. „Во рамки на посетата на експертите од САД, успешно се реализирани вкупно 16 трансплантации на рожница. Оваа посета претставува значајно продлабочување на соработката што ја воспоставивме со нив при првата посета, кога беа поставени темелите на ова ...
Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, призна дека редовно контактира со својот руски колега Сергеј Лавров за време на состаноците зад затворени врати на министрите за надворешни работи на ЕУ. Признание дојде откако „Вашингтон пост“ за време на викендот објави дека тој рутински комуницира со Лавров за време на паузите на состаноците во Брисел, што унгарската Влада претходно вчера го отфрли како лажна вест, пишува „Еуроњуз“. ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во СУГС „Владо Тасевски” во Скопје се обрати на официјалното започнување на кампањата за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотреба на мало и лесно оружје, наменета пред сè за младата популација. Кампањата е дел од проектот „Поддршка на националните власти на Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје”, кој се реализира со ...
На 23.03.2026 во 16:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.П.(54) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 76-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет. На 23.03.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со А.Т.(29) од Битола, со престој во охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу ...
На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација во чиј фокус беа традиционално пријателските билатерални ...
На 23.03.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода С.Р.(34) , А.М.(31), А.М.(27), Ј.К.(38), сите од тетовско, С.А.(40) од с.Черкезе, кумановско и Н.М.(62) од Гостивар затоа што на подрачјето на Куманово организирале борба на кучиња. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави. На 23.03.2026 во 23:00 часот, полициски ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се размислува на владина седница за ослободување на резервите на мазут за потребите за производство на струја, изјави: „Во овој момент размислуваме, но исто така добивме информација и дека оние количини коишто требало да се повлечат на крајот од минатата година кога беше прогласена кризната состојба, ...
Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, ОКТА го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6 април, годинава, велат од компанијата. Дополнително, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар и истиот ќе стапи во сила од денес, 24ти март 2026 година. Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има за цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа” и „поттикнување”. На 03.02.2026 на пат во близина на Битола и во Битола, пријавените организирале ненајавен собир, каде со поголема група на граѓани го блокирале сообраќајот и ...