На 24.03.2026 во 15:43 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ферид Мурати” во Скопје, патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишната А.М. од Скопје, удрило во 12-годишник од с.Страхојадица, општина Зелениково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата. На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што и предизвикал сериски фрактури на три ребра. Тој е осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 ...

На 27 март 2026 година (петок), со почеток во 13 часот, ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка. На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Анализа на финансиската ранливост на домаќинствата кредитокорисници кај банките и штедилниците во македонската економија” од авторот Кирил Симеоновски. По презентирањето на трудот e предвидена дискусија. Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко Филипче шест дена кукавички молчат и не ја демантираат соработката со Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ. Молкот на СДС не е ништо друго освен директна потврда дека врските постојат. Наместо да излезат пред јавноста и јасно да одговорат, тие се кријат зад демагогија и евтини манипулации. СДС е заглавена во погрешни и промашени ПР стратегии диктирани од странски советници, Башановиќ и Шчекиќ ги ...

Пишува: Мирослав Трлин дипломиран економист во пензија Во јавноста повторно се отвори прашањето за реформите во високото образование. Се најавуваат законски измени, редукција на студиски програми, нови критериуми за избор во наставно-научни звања и зголемен фокус на научни публикации и рангирања. Формално, сето тоа остава впечаток на сериозна трансформација. Но суштинското прашање останува отворено: дали навистина зборуваме за реформа или ...

Соопштение за јавност на СДСМ: „СДСМ бара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на Трајко Славески во законскиot рок за избор на вицегувернери во Народната банка. Станува збор за сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот Славески. Постои основано сомнение за незаконито непостапување на гувернерот, институцијата ...

Соопштение за јавност на ДУИ: Демократската Унија за интеграција (ДУИ) објавува конкретни факти, имајќи ги предвид изјавите на премиерот Христијан Мицковски во однос на работата на ЕСМ. Овие податоци целосно ги демантираат тврдењата и дезинформациите кои доаѓаат од раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика. Само од почетокот на 2026 година, ЕСМ, со цел да ги покрие потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, била принудена да ...

Гувернер на Народна банка мора да биде фигура на доверба, стабилност и интегритет, а не партиски првоборец во костум на независен регулатор, пишува специјалистот за комуникации Марјан Забрчанец, реагирајќи на последните настапи на гувернерот Трајко Славески. Скандалот со незаконското кочење на изборот на вицегувернери, отворената кавга со новинар и префрлањето вина на сите други, дополнително ја разголуваат неспособноста на Славески да ја ...

На 24.03.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21), удрило во пешакот О.М.(52), двајцата од с.Марино. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за ...

Руски дрон погодил оџак на електрана во Естонија, соопшти во среда наутро службата за внатрешна безбедност на земјата, пренесе Euronews. „Дрон погодил оџак на електраната Овер. Никој не е повреден во инцидентот“, се вели во соопштението на службата, позната како ISS, додавајќи дека „дронот влегол во естонскиот воздушен простор од рускиот воздушен простор“. Електраната Овер се наоѓа во североисточна Естонија, близу до руската граница. ...

„Во време на светски предизвици, одржливите и иновативни институции се најсигурното „сидро” за економијата.” Ова беше главната порака што беше испратена на Конференцијата на Народната банка, во соработка со Европскиот форум за европски пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum), на тема „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост”. На настанот учествуваа ...

Ако нафтата достигне 150 долари за барел, тоа ќе предизвика глобална рецесија, изјави за Би-Би-Си шефот на американскиот финансиски гигант „БлекРок“. Лари Финк, кој ја води најголемата компанија за управување со средства во светот, предупреди дека високите цени на нафтата, поттикнати од Иран кој „сè уште претставува закана“, ќе имаат „длабоки последици“ за глобалната економија. Во опширно интервју, тој исто така го негираше постоењето на ...

Соопштение за јавност на ДУИ: Последната одлука на министерот Стоилковиќ за отпуштање на петмина вработени албанци во Министерството за односи меѓу заедниците отвора сериозни прашања за начинот на управување со институциите и за стандардите на владеење на правото во државата. Фактите укажуваат на јасни елементи на спорен процес, и во процедурна и во материјална смисла. Според презентираните податоци: – Дисциплинската постапка е спроведена ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија истакна дека ние сме една од првите влади во Европа која оди со намалување на даноците за горивата и како и тоа дека ако некогаш се коленичеше за помош, сега ние сме тие кои рефлектираат стабилност и помагаат на соседите, при што посочи дека не треба да се заборави дека оваа влада враќа 2,5 милијарди евра стари долгови на претходните влади. „Се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан пред претстојните парламентарни избори во Унгарија. „Високо почитуваниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, е навистина силен и моќен лидер, со докажана евиденција и исклучителни достигнувања. Тој работи неуморно за својата голема земја и својот народ, кого го сака, исто како што јас го правам тоа за Соединетите Американски Држави.“ „Виктор вредно ...

Соопштение за јавност на СДСМ: СДСМ и претседателот Филипче ја предупредија Владата дека намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема да има ефект, дека без системски мерки – со намалување на акцизите и цените на храната – нема да има намалување на цените и дека граѓаните ќе плаќаат поскапо. Се потврди. Само еден ден по прес-конференцијата на Мицкоски, каде што промовираше една половична мерка, има ново покачување на цената на дизелот, која сега ...

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) утрово објави дека го започнал 80-тиот бран од операцијата „Вистинско ветување 4“, чија цел се стратешки точки и воени центри на север од окупираните територии, како и американските воени бази во регионот, а погодени се и цели во Израел, Кувајт, Бахреин и Јордан. Во соопштението се наведува дека последната фаза од операцијата ја спроведеле воздухопловните сили на ИРГК, како поддршка на ...

Службите на Општина Центар со камиони и механизација исчистија дива депонија во Маџир Маало. Расчистена е површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата „Дрисла”. Акцијата е дел од пошироките активности на општината за расчистување на диви депонии на повеќе локации на територијата на Центар. „Нема да дозволиме ниту еден дел од општината да биде запоставен. Континуирано чистиме ...

Под слоганот „Инспирација за секој дом“ од денеска до 29 март во комплексот „Борис Трајковски“ ќе се одржува „Саем на мебел 2026“ Изложувачите ќе претстават производи и најнови трендови во дизајнот и уредувањето на просторот, иновативни решенија за модерно живеење, а ќе има и нов сегмент, кој оваа година е во фокусот на саемот, посветен на монтажни и модуларни куќи. -Со очекувани над 15 000 посетители и повеќе од 70 застапени брендови, саемот ...

САД донесе одлука за распоредување дополнителни американски сили на Блискиот Исток, објавија американските медиуми. Според информациите, станува збор за припадници на 82. воздушно-десантна дивизија – елитна единица на САД, позната по брзи интервенции и падобрански операции со висок ризик. Според извештаи на медиуми како Sky News и NBC News, одобрението за движење на трупите било дадено во текот на ноќта. Иако првично се шпекулираше за ...

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од јавна ...

Европа би можела да се соочи со недостиг на гориво уште следниот месец поради продлабочувањето на кризата на Блискиот Исток, предупреди извршниот директор на „Шел“, Ваел Саван. Тој рече дека глобалниот недостиг на нафта и гас веќе ги принудил делови од Азија да ја намалат потрошувачката на енергија и дека последиците се закануваат да се прошират на Запад во рок од неколку дена. Затоа, за да се спречи недостиг, европските влади може да бидат ...

Дејан Јанков, сопруг на Злата од Свети Николе која исчезна на 16 јуни 2024 година, веќе деветти ден штрајкува со глад пред полициската станица во градот, барајќи одговори за судбината на неговата сопруга. Тој за ВИКИМЕДИА изјавил дека денес повторно му се слошило, при што имал значително покачен крвен притисок, по што била повикана лекарска екипа. По укажаната медицинска помош во болница, каде примил терапија, по еден час бил пуштен и ...

Агадир во Мароко е прогласен за најевтина дестинација за летен одмор во 2026 година. Според истражувањето на туристичката агенција „Лавхолидејс“ (Loveholidays), еднoнеделeн „сè вклучено“ пакет тука чини околу 270 евра. Овој град е познат по своите долги песочни плажи и топлата клима. Посетителите имаат можност да уживаат во сончање, пливање и разни водни спортови, а истовремено да се чувствуваат како да престојуваат во луксузно одморалиште. ...

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа, заедно со паштунската служба Радио Машал, ќе престане со работа на крајот од месецов, односно на 31 март 2026 година. Одлуката доаѓа како резултат на буџетски ограничувања, кои, како што соопшти раководството на медиумот, наметнале ново приоритизирање на ресурсите. „Затворањето на овие две служби е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека очекува, доколку партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан победи на претстојните избори, да има обиди на меѓународно ниво да се доведе во прашање неговата победа. По состанокот на словачката Влада, Фицо изјави дека е невозможно да се фалсификуваат избори во демократска средина, пренесува Таср. „Со такво ниво на медиумско внимание и застапеност на политичките партии и невладините ...

Германското списание за автомобили, „Ауто билд“ (Auto Bild), по долгорочни, повеќегодишни тестови на возила коишто траат до 100.000 минати километри, собрале богата база на податоци со десетици модели. Некои автомобили минале и низ исклучително тешки услови на возење, па списанието ги издвои оние со најмалку дефекти. Следниве автомобили ја постигнаа највисоката оценка. Најдобар по изминати 100.000 км е „Ауди А-3 спортбек г-трон“ (Audi A3 ...

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова Пановска посочи дека мерката на Владата за намалување на ДДВ-то на горивата и нафтените деривати на 10% е задоцнета и недоволна, а реалниот товар од кризата ќе падне врз граѓаните. „Не може да имаат граѓаните заштеда, особено не во ...

Додека бројот на жители на Србија се намалува, бројот на граѓани што одат во земјите на Европската Унија се зголемува, па за 11 години нивниот процент во населението на Србија речиси е двојно поголем. Повеќето луѓе од Србија заминуваат во земјите од ЕУ на работа, најчесто во Хрватска и Германија, додека Словенија е главна дестинација за оние што одат на школување во изминатите години, според податоците на Евростат што ги пренесе Нова ...

Во заедничка акција на чешката полиција, Вишото јавно обвинителство во Оломоуц, кое ја води истрагата, Европол, Интерпол и единицата на УЕФА против наместени натпревари, утрово во Чешка започна голема операција во која беа приведени повеќе од 50 лица. Во тек е истрага поради сомневање за наместени натпревари за спортски цели на клубовите, како и наместени натпревари на пазарот на Далечниот Исток. Истрагата започната во 2023 година, кога ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1016
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
62%
1016
weather icon

Загреб

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
56%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
49%
1015
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.32
57%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
68%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
2.68
57%
1019
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
45%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1014
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
50%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
52%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0527

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.50

Сребро

2583.47

Калај

54.78

Платина

66101.93

Родиум

319899.93

Цинк

0.00

Злато

151875.00

Паладиум

48065.37

Бакар

12.64