Руските спортисти на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Милано-Кортина нема да можат да ја претставуваат својата земја дури и ако се постигне мировен договор со Украина, најави денеска претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти Ковентри, во изјава за италијанските медиуми. „Во оваа фаза, ништо нема да ја промени одлуката на Комитетот да им дозволи на руските спортисти да учествуваат на Игрите во февруари само како ...

На двајца други членови на екипажот им е забрането патување. Каблите што ги поврзуваат главните градови Хелсинки и Талин беа прекинати претходно оваа недела, а штетата беше откриена вчера во естонската ексклузивна економска зона. Каблите се во сопственост на финската телекомуникациска компанија Елиса и се сметаат за витална подводна инфраструктура. Хелсиншката полиција соопшти дека отворила истрага за случајот, но не објави детали за ...

Играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фратези, е подготвен да замине во Јувентус. Претходно беше објавено дека Фенербахче сака да го земе 26-годишниот фудбалер на позајмица со задолжителен откуп и е подготвен да потроши околу 40 милиони евра. Јувентус, Рома и Наполи исто така покажуваат интерес за играчот од средниот ред, но „нероаѕурите“ не сакаат да го дадат играчот кај некој од своите директни конкуренти. Сепак, според „Тутоспорт“, ...

Повеќе од 8.000 изведувачи учествуваа во манифестацијата долж рутата од Пикадили до Вајтхол во Вест Енд, која вклучуваше марширачки бендови, акробати и свечени платформи, пренесе ДПА. Толпите луѓе им пркосеа на ниските температури за да ги видат танчерите облечени како нарциси и поворката од „Mokes“ – мали возила со отворен покрив. Ова се случува откако 100.000 луѓе го гледаа новогодишниот огномет од бреговите на реката Темза. Градоначалникот ...

„Од денеска Олег Ивашченко ќе продолжи да ѝ служи на нашата земја и да ги извршува задачите за ограничување на рускиот воен потенцијал на позициите на украинската воена разузнавачка служба“, напиша Зеленски на својот Телеграм канал, пренесе Униан. Зеленски истакна дека имал состанок со Ивашенко за време на која новиот шеф на разузнавањето го известил за општата состојба во Украина и актуелните закани. „Ќе продолжиме да се фокусираме на ...

Раководството на Рома знае дека без две засилувања во нападот не ќе може да ја продолжи битката за највисок пласман во Серија А. Тому затоа “Волчицата“ има намера и тоа како да се засили и тоа со Џошуа Зиркзе (Манчестер Јунајтед) и Џакомо Распадори (Атлетико Мадрид) и за нив двајцата подготвени се 50 милиони евра. Инаку и двајцата се под договор со своите клубови. Преговорите за Зиркзе започнаа одамна и играчот даде зелено светло за преселба ...

Германскиот фудбалер за врска, Паскал Грос (34) повторно се врати во Англија. Откако помина година и пол во Борусија Дортмунд, Грос реши да се врати на местото каде што имаше многу успех, во Брајтон, со кого потпиша договор до јуни 2027 година. Грос помина седум сезони во Брајтон во првиот мандат, и учествуваше во сезоната во која „галебите“ дојдоа до 6. место. Борусија го купи од Брајтон за 8 милиони фунти, а во овој период тој одигра 66 ...

Семејството официјално го пронајде својот рај во Франција, каде што живеат веќе некое време, пишува E! Online. Оваа промена нема да биде голема транзиција за Џорџ и Амал, кои се венчаа во 2014 година во Венеција, бидејќи со години живеат во рурална Франција. „Живееме на фарма во Франција“, изјави актерот за Esquire во октомври. „Добар дел од моето детство го поминав на фарма, а како дете ја мразев таа идеја.“ Тие не сакаат да одгледуваат деца ...

Според „Билд“, полскиот голгетер и неговиот агент Пини Захави наводно одржале таен состанок со претставници на клубот од МЛС, Чикаго Фајер, во Барселона, непосредно пред празниците. Овој состанок не беше објавен во медиумите, но „Билд“ тврди дека бил одржан со намера да се разгледаат опциите на Левандовски во американската лига, која во последно време привлекува сè повеќе европски ѕвезди. Според истите извори, меѓу присутните имало луѓе од ...

Засега нема информации за жртви. Ријад се обидува да ја преземе контролата врз упориштата на СТЦ на територијата на Јемен, што граничи со Саудиска Арабија. СТЦ, кој има поддршка од Обединети Арапски Емирати, претходно се бореше заедно јеменските владини сили против Хутите, но последните години ја презедоа контролата врз Аден и големи делови од јужниот дел на земјата и сега се бори за независност на јужен Јемен. Тензиите помеѓу Саудиска ...

Попладнево е веќе официјално. Бренан Џонсон позираше со дресот на Кристал Палас и сега веќе може да се каже дека тимот од Лондон и тоа како осетно се засили. Стратегот Оливер Гласнер доби квалитетен напаѓач кој досега играше за Тотенхем и играше против Македонија како напаѓач на Велс во квалификациите за СП. Кристал Палас го комплетираше трансферот на велшкиот репрезентативец Бренан Џонсон од Тотенхем во договор вреден 35.000.000 фунти, ...

Во недела во меч од Премиерлигата се среќаваат Манчестер Сити и Челзи. Сепак јасно е дека на денешната прес – конференција, едно од прашањата за Пеп беше отказот кој Енцо Мареска го доби во Челзи во првиот ден од новата година. „Се што можам да кажам од моја гледна точка е дека Челзи изгуби неверојатен менаџер и одлична личност. Тоа беше одлука во рамките на Челзи и нивните водечки луѓе и не можам да кажам ништо повеќе. Колку сум среќен што ...

- Сè укажува на тоа дека пожарот почнал од запалени прскалки на шишиња шампањ кои биле премногу блиску до таванот. Брзо се запалил, а потоа пламенот се проширил многу брзо низ целиот објект, рече Пилу. Според обвинителката, истражителите се повеќе склони да веруваат дека причина за пожарот биле свеќи-прскалки од типот што се ставаат на роденденските торти и се продаваат во секоја продавница, но засега ништо не може да се каже со сигурност. Сè ...

Поглаварот на Римокатоличката црква изрази сочувство и загриженост за семејствата на жртвите, соопшти државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин. - Папата сака да изрази сочувство и загриженост за роднините на жртвите. Тој го моли Господ да ги прими починатите во своето царство на мир и светлина и да им даде храброст на оние што страдаат во телото и духот, се вели во пораката испратена од кардиналот Паролин до епископот на Сион, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи напиша дека прелиминарните информации сугерираат дека две ракети погодиле станбена област во градот. Точниот број на жртви сè уште не е познат. - За жал, вака Русите се однесуваат кон животот и луѓето, напиша Зеленски на социјалните мрежи. „Тие продолжуваат со убиствата, и покрај сите напори на светот, а особено на Соединетите Американски Држави, во дипломатскиот процес. ...

Викендов, на програмата во рамките од новото коло во шпанската Примера се игра градското дерби помеѓу екипите на Барселона и Еспањол. На официјалната прес конференција пред дуелот кој што патем е закажан за утре со почеток од 21:00 часот, тренерот на Барселона, Ханси Флик објави дека може да смета на двете свои големи звезди Ламин Јамал и Дани Олмо, кои се враќаат од повреди. „Нè очекува многу интересен натпревар. Еспањол одлично ја врши ...

Вкупно се повредени 119 лица, а шестмина од нив сè уште не се идентификувани. Меѓу идентификуваните 113 повредени 71 се швајцарски државјани, 14 се француски државјани, а 11 се италијански државјани, четворица се Срби, едно повредено лице е од Босна, едно од Белгија, едно од Луксембург и по едно од Полска и Португалија, соопшти полицијата. Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, кој се наоѓа во Кран-Монтана, изрази надеж ...

Неговата изјава уследи откако американскиот претседателот Доналд Трамп наведе дека ако Иран продолжи да „пука“ и „убива“ демонстранти, САД „ќе одат да ги спасат“. Тој на .сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави „Подготвени сме да дејствуваме“. - Трамп треба да знае дека мешањето на САД во внатрешно прашање ќе доведе до хаос низ целиот регион и уништување на американските интереси. Американците треба да знаат дека Трамп ...

Зеленски денеска на социјалните мрежи објави за состанокот со Буданов, за време на кој му ја понудил оваа функција. Буданов претходно раководеше со воената разузнавачка служба ХУР. Зеленски истакна дека Украина мора повеќе да се фокусира на безбедносните прашања, развојот на своите одбранбени и безбедносни сили и дипломатските преговори. Претседателскиот кабинет ќе им даде приоритет на овие задачи, напиша Зеленски, додавајќи дека Буданов „има ...

Инвестицијата ќе чини 100 милијарди турски лири (приближно две милијарди евра). Авиокомпанијата соопшти дека изградбата на карго терминал и угостителски објект ќе создаде 26.000 нови работни места. Но, „Туркиш ерлајнс“ не наведе на која локација ќе биде изграден карго терминалот и ресторанот. Седиштето на „Туркиш ерлајнс“, која е една од најголемите авиокомпании во светот, е во Истанбул. Турскиот авиопревозник поседува 514 авиони и превезува ...

Еден пациент со хеликоптер е префрлен во „Мариенхоспитал“ во Штутгарт, каде што лицето прима „интензивна медицинска нега“, пренесе ДПА. Две „тешко повредени“ лица се донесени во клиниката „БГ“ во Тибинген, лоцирана на околу 30 километри јужно од Штутгарт. Портпаролката на болницата додаде дека установата е подготвена да прими и дополнителни пациенти. „Мариенхоспитал“ во Штутгарт е центар за жртви со тешки изгореници уште од 1983 година, ...

Дали на повидок е трансфер „бомба“? Имено ѕвездата на Баерн Минхен, Леон Горецка, е во трансфер плановите на Арсенал. „Топџиите“, кои се борат за титулата во Премиер лигата оваа сезона и имаат големи амбиции во Лигата на шампионите, се соочуваат со сериозен проблем со повредени играчи. Проблемите со повредите можат сериозно да ги попречат амбициите на Арсенал, поради што Микел Артета не ја крие својата намера да бара нови засилувања. Сепак, ...

Судијата на судот за борба против тероризмот, Тахир Абас Сипра, ја објави пресудата во Исламабад, а ниту еден од обвинетите не беше присутен, бидејќи сите осудени сега живеат надвор од Пакистан. За време на насилните немири во мај 2023 година, по апсењето на поранешниот премиер Имран Кан, кој беше сменет од власт со изгласување недоверба во Парламентот во април 2022 година, илјадници негови приврзаници нападнаа воени објекти, палеа државни ...

Според медиумите во Шпанија, Реал Мадрид и дефинитивно се вклучи во трката за потписот на еден од најдобрите стопери во светот. Станува збор за Нико Шлотербек, дефанзивецот на Дортмунд и репрезентацијата на Германија. Интересно е тоа што наместо класичен трансфер за големи пари, Реал би можел да понуди пакет од пет играчи во замена, со цел да се намали трансферната цена и да се привлече Борусија Дортмунд во договорот. Овој необичен предлог ...

Според соопштението, дроновите лансирани од Руската Федерација биле насочени кон украинските пристаништа на реката Дунав, кои се наоѓаат во близина на границата со Романија. Населението во северниот дел на романскиот округ Тулча било предупредено преку порака испратена од системот РО-Алерт (RO-Alert) дека е можно да паднат објекти од воздушниот простор. Предупредувањето било испратено околу 12 часот по романско време, а тревогата во меѓувреме ...

На врвот на шишињата имаат прскалки а спред очевидци една од келнерките качена на рамењата на својот колега држејки вакви шишиња со прскалки го предизвикала пожарот од кои се пали дел од сунѓерот на таванот кој е поставен за звучна излоција. Од снимките на социјалните мрежи се гледа дека на почетокот изгледа како мал пожар кој се обидуваат неколумина да го изгаснат но набргу се шири пламен и густ токсичен чад. Во паниката да се избега младите ...

Бразилската фудбалска легенда, Роберто Карлос излезе од болница, каде што се наоѓаше поради извршување на итен оперативен зафат на неговото срце. Лекарскиот конзилиум констатираше дека некогашниот фудбалер нема потреба повеќе да биде хоспитализиран и рехабилитацијата може да ја продолжи од дома. Светот остава во шок пред неколку дена откако рутинскиот лекараски преглед на Роберто Карлос се претвори во итна хоспитализација и операција на ...

- Ако сакаат сериозно да разговараат за договорот за борба против трговијата со дрога, ние сме подготвени … Каде сакаат и кога сакаат, истакна Мадуро, во интервју за венецуелската државна телевизија, за идејата за дијалог со САД Владата на Мадуро ниту го потврди ниту го демантираше американскиот напад врз пристаниште, за кое американскиот претседател Доналд Трамп наведе дека служело за венецуелските бродови за шверц на наркотици. Трамп на 29 ...

„Подготвени сме да дејствуваме“, рече шефот на државата во објава на неговата платформа за социјални медиуми, Truth Social. Претходно денеска, растечките протести, предизвикани од влошената економска состојба на Иран, се прошириле во руралните области на Исламската Република, а бројот на жртви во судирите достигна најмалку седум. Во понеделникот, за време на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на неговиот имот во Флорида, ...

На вториот ден од новата година, тимот на Милан официјално се пофали со своето прво засилување зинава во името на Никлас Фулкруг. Германецот, кој е под договор со Вест Хем доаѓа како зимско засилување за тимот од Милано, во насока на што посилен ростер за напролет. Напаѓачот е искусен, има 32. години и досега беше дел од екипите на Вердер, Хановер, Дортмунд. За Германија има вкупно 24 настапи. sportmedia.mk На вториот ден од новата година, ...

ЕДС инфо поинт

43 минути - А1он - +2
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
66%
995
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
995
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
997
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.03
99%
999
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
92%
995
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
66%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
100%
997
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.68
90%
1000
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
996
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
67%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.07

Бакар

11.66

Цинк

3.33

Платина

83354.78

Злато

157055.75

Паладиум

53434.54

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Калај

48.47

Иридиум

221848.72

Сребро

2457.28