Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Денеска (10.08.2025) во СВР Тетово било пријавено дека во 12.30 часот на крстосница од улица ,,Илинденска” со улица ,,Благоја Тоска” во Тетово се случила вооружена пресметка помеѓу лица од две возила, при што се случила и сообраќајна незгода по што двете возила го напуштиле местото, од кои едното се упатило кон улица ,,113″, а додека другото во непознат правец. Од добиени сознанија од граѓани и очевидци на местото на настанот, добиена е ...
Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер вечерва ја погоди западна Турција во регионот Баликешир, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на турското Министерство за внатрешни работи. Најмалку десет згради се урнаа во градот Синдири, кој е најблиску до епицентарот, соопштија локалните власти. Четири лица се спасени од една зграда во овој град, додека се трага по уште две, изјави градоначалникот на Синдири, Серкан ...
Соопштение на ДУИ: Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир, на своето последно гостување на телевизија ја потенцираше важноста на безбедноста и праведноста за граѓаните, посебно за оние кои биле измамени од дивоградбите. „Граѓаните кои штеделе цел живот за да купат свој стан и биле измамени со дивоградби, нема да бидат жртви на ниедна одлука што ќе ја донесеме ние во општината. Тие нема да бидат жртви“, нагласи Османи. Првиот приоритет ...
Соопштение на СДСМ: Откако цели два дена им требаше на МВР да ги видат снимките кои целата јавност ги виде, под притисок на СДСМ и граѓаните, МВР конечно постапи, но ова не е доволно. Добро е познато дека на овој начин МВР сака да го забошоти случајот за нивниот началник, кој е унапреден уште првиот ден кога Тошковски ја презема функцијата во МВР. Откако е јасно признаена вината од МВР, сега нема ниеден изговор уште денес да не се поднесе ...
Соопштение на СДСМ: Во државата на ДПМНЕ, ни небото не е безбедно од партизацијата која ја псроведуваат секој ден. Институцијата што ја гарантира безбедноста на секој авион што влегува и излегува од македонското небо, М-НАВ, денес е партиска испостава полна со роднини, пријатели и верни војници на партијата. Прво таму се вработува Атанас Стамнов, човек од Патриотскиот институт на ДПМНЕ, без никакво релевантно искуство во воздушниот сообраќај. ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето е покрената дисциплинска постапка, објави Centar.mk. Со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата. МВР ...
Поранешниот министер за земјоделство и пратеник од СДСМ, Љупчо Николовски, ги осуди погрешните политики на актуелната влада предводена од ДПМНЕ, кои ја загрозуваат иднината на земјоделците и земјоделството во Македонија. Според Николовски, земјоделците се соочуваат со сериозни проблеми, од зголемени субвенции за големите компании до намалување на клучните програми за малите производители. „ДПМНЕ ги зголеми субвенциите за големите фирми од ...
Пензиите ќе се зголемат за 1.000 денари од следниот месец. Од следниот месец сите пензионери во Македонија ќе добијат повисоки пензии за 1.000 денари. Ова зголемување ќе важи за сите категории пензии и ќе биде линеарно, што практично значи за сите пензионери ќе има исто покачување. Економистите оценуваат дека покачувањето од 1.000 денари, иако е позитивно, нема целосно да ги покрие зголемените трошоци за храна, енергенси и лекови, поради ...
На 10.08.2025 ви 02:11 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.П.(35) од Куманово. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „опел“, кое го управувал С.П., и при извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,58 промили алкохол во крвта. На 08.08.2025 во 21:00 часот на автопатот Скопје – Куманово, од слобода бил лишен Б.С.(46) од ...
Во спомен на загинатите припадници од резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила, делегација од Армијата и Министерството за одбрана, положи свежо цвеќе на спомен обележјата на загинатите бранители. По повод 24-годишнината од загинувањето на осумтемина припадници од резервниот состав на Армијата, делегација од Армијата и Министерството за одбрана, предводена од директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев положи ...
На 09/10.08.2025 година во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот како и во насока на одржување на поволна безбедносна состојба на подрачје на град Скопје. При тоа констатирани се 99 сообраќајки прекршоци, од кои 11 возила се подигнати со специјално возило “Пајак”, одземени се две возила поради предизвикување голема бучава, приведени се две малолетни лица ...
На 09.08.2025 во 22:40 часот во с.Долна Бањица, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода лице (43) од с.Долна Бањица. При претрес во неговиот дом и помошни простории и во негов локал во селото, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на ...
Прес-конференција, Трајче Стојчевски, претседател на СДММ: Скандалот со злоупотребата на полицијата за партиски цели во Демир Хисар јасно потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ не бира средства за да ги заплашува граѓаните пред изборите. Но, времето кога некој се плашеше од ваквиот кукавичлук на ДПМНЕ е одамна минато. Граѓаните масовно се спротивставија на ова насилство на полицијата и застанаа на страната на правдата во овој случај на полициска злоупотреба ...
Акциска контрола во угостителски објекти во Тетово и тетовско, приведени 30 странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој. На 09/10.08.2025 во периодот од 23:30 до 02:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе Скопје, спроведоа акциска контрола во угостителски објект во с.Желино, тетовско, сопственост на лице(48) и во угостителски ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ ...
По распишување на Локалните избори, закажани за 19 октомври 2025 година, започнува мониторингот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз радиодифузерите за начинот на известување во периодот пред започнување на изборната кампања и за почитувањето на одредбите од Изборниот законик што се применуваат со распишување на изборите. До почетокот на изборната кампања, АВМУ ќе врши секојдневен мониторинг на девет телевизиски ...
Државната изборна комисија на ден 09.08.2025 година, со почеток во 17:00 часот, ја одржа својата 128. седница во која што беа разгледани и едногласно усвоени вкупно дванаесет точки на дневен ред, поврзани со подготовките за спроведување на Локалните избори 2025 година, и тоа: 1. Роковник за изборни дејствија за претстојните локални избори; 2. Упатство за утврдување на цена за платено политичко рекламирање за медиуми кои не учествувале во ...
Во интервју за Радио Канал 77, во емисијата „Стадион“, поранешниот градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски Циц рече дека кандидатот на СДСМ Мартин Костовски има многу добри шанси за избор на градоначалник на претстојните локални избор. Тој одговори на повеќе прашања за неговите контакти со актуелното раководство на СДСМ и за односите со некои поранешни лидери на партијата. „Со Филипче не се сретнувам често. Еднаш кога се видовме и ми понуди ...
– Каде се сега СДС да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага? – праша Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ. – Со месеци СДС лицемерно глумеа различни страни со главниот обвинител Коцевски, се додека не дојде на ред неговата фотеља, па мораа да запрат со глумата и да го спасат, за тој да продолжи да ги штити нив,рече Петрушевски. Петрушевски обвини дека претходно СДС лажно го напаѓаа главниот обвинител Коцевски, ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Земјоделството останува врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со вреднување на трудот, преземање конкретни мерки и редовна и навремена исплата на субвенции, се враќа достоинството на земјоделците. Земјоделците се едни од најважните чинители на македонското општество, кои со својот неуморен труд и вредни раце, обезбедуваат храна за македонските трпези. Македонските земјоделци ја добиваат заслужената грижа ...
Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираа две интервенции за отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС) останати од Првата светска војна. Првата интервенција беше спроведена во близина на граничниот премин Меџитлија, кон Р. Грција, на терен кој претходно беше зафатен од голем шумски пожар. По пријава од граничната полиција, пиротехничарот на ДЗС подигна две артилериски гранати со калибар од 75 mm, без ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска (9 август 2025 година) ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври . Претседателот Гаши го потпиша Решението за распишување на осмите локални согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена од распишување до одржување на изборите. Со распишувањето на изборите, почнуваат да течат роковите за спроведување на ...
Управата за јавни приходи информира дека за период 01.01 до 31.07.2025 година, преку спроведување на електронски аукции на движни и недвижни предмети успешно се наплатија даночни долгови од физички и правни лица. По тој основ, во државниот буџет се инкасирани вкупно 19.419.411 денари (приближно 314.230 евра). Преку е-аукција за период 01.01.2025 година, а заклучно со е – аукцијата во јули продаден е недвижен имот со вкупна површина од 302 м² и ...
Соопштение на Левица: Левица најостро реагира на срамната одлука на Владата, донесена на 99-та седница на 05.08.2025, со која се дава согласност за основање основно училиште во општина Студеничани што ќе го носи името на балистички водач – Азем Морани. Овој чин е брутален удар врз асномските темели на македонската држава, темели изградени врз крвта на антифашистичката борба, и претставува опасно, свесно отворање на вратите за историски ...
На 09.08.2025 околу 00:20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Велес, 25-годишниот М.Џ. од Велес, управувајќи мопед со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, паркирано од А.М.(30) од Горно Јаболчиште, општина Чашка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна ...
На 08.08.2025 околу 19:50 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип – Радовиш, патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(22) од с.Ињево, радовишко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Т.З.(22) од с.Ињево, радовишко, констатирани во Клиничка болница Штип. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес. На ...
На 09.08.2025 околу 00:20 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Штип, лице(18) од Штип, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „ауди“, паркирано од И.Г.(47) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. По наредба на јавен обвинител извршен бил увид од увидна ...
Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи жестоко реагираат на одлуката на Владата да даде согласност за формирање основно училиште во општина Студеничани кое ќе го носи името на профашистичкиот колаборационист и балист Азем Морани. Во отвореното писмо до Владата, Главниот одбор на Сојузот предупредува дека оваа одлука претставува опасен преседан кој поттикнува историски ревизионизам и директно ги подрива асномските темели ...
Прес-конференција на министерот за здравство, Азир Алиу: Вчера донесов одлука заснована на факти, на закон и на обврската да ја заштитам довербата во здравствениот систем. Стоматолошката комора е чувар на професионалните стандарди – таа одлучува кој стоматолог може да работи, преку издавање, и продолжување на лиценци. Лиценцата не е парче хартија – таа е гаранција дека секој пациент е во сигурни раце, дека стоматологот е стручен, етички и во ...
Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ: 4 Бруталниот упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар е јасен доказ дека режимот се врати. Полицијата, по измените на законите за полиција и за внатрешни работи од Панче Тошковски, е претворена во партиска алатка за незаконски разрешувања и политички притисок пред избори, со цел поставување кадри на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ бара ...