Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Соопштение на СДСМ – интегрален текст: Ниедна манипулација на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиумски мегафони на една недела пред изборите нема да го покрие фактот дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во сите институции се виновни за случајот Пулс. Ова е очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ за последна злоупотреба на трагедијата во Кочани за политички цели пред изборите. Откако јавноста дозна дека финкционери на ВМРО-ДПМНЕ од сите ешалони биле инволвирани во ...
На новинарско прашање како го коментира најновиот скандал со директорот на Неврхирургија Кузмановски, за кој излезе видео како конзумира дрога, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче одговори: „Сметам дека треба да реагира лекарската комора во однос на тоа да се направи проценка дали и колку време наназад се случувало тоа, односно дали во една таква состојба доктор воопшто може да лекува пациенти. Така да, тоа е многу сериозно прашање, ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска оддаде почит на загинатите борци од Народноослободителната борба и положи свежо цвеќе во Меморијалниот комплекс Партизански гробишта во Бутел. „Денешниот 11 Октомври не потсетува на храброста, солидарноста и непокорот на нашиот народ.Тој ден ја симболизира решеноста за слобода, праведност и достоинство – вредности што и денес ...
Честитка од претседателката Сиљановска – Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание: Почитувани сограѓани, Ви упатувам срдечни честитки по повод 11 Октомври – Денот на народното востание! На денешниов голем празник, уште еднаш им оддаваме почит на оние кои пред 84 години тргнаа во тежок и храбар востанички марш, жртвувајќи се за ослободувањето на татковината и создавањето македонска држава на рамноправни граѓани. Да потсетам: ...
„Гази Баба отсекогаш знаела да препознае вистински луѓе, вистински вредности и вистинска борба. И денес сум дојден тука да побарам поддршка за овие прекрасни луѓе со мене, нашите кандидати за советници и нашиот неуморен кандидат за градоначалник, Влатко Митовски“, истакна престедателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Гази Баба. Филипче порача дека на 19 октомври изборот во Гази Баба е лесен, бидејќи ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, еден од најзначајните датуми во современата македонска историја. „11 Октомври е потсетник дека храброста и солидарноста се темелите врз кои ја градиме современата, демократска држава. Денес, нашата должност е да го чуваме тој дух преку секојдневна работа за пофер, похуман и послободен општествен живот. ...
Интегрален текст од денешната изјава за медиуми на Елена Радеска, Комисија за здравство на СДСМ: После нарко скандалот на директорот на Клиниката за неврологија, кој е снимен како конзумира дрога не е доволно повлекување и негово разрешување. Ова е мега скандал на власта и мора да има кривична одговорност, темелна истрага на целокупната негова работа, бидејќи за здравството се работи и за здравјето на чуѓето. Ако лице што управува со ...
Партиска делегација на СДСМ, предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно со кандидатката за градоначалничка на Прилеп, Петра Лукаровска, членот на Извршниот одбор Филип Секуловски, како и пратеникот Миле Талески, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на спомен обележјето на борците од НОБ во Прилеп, пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу и на Могилата на непобедените. ...
Денеска (11.10.2025), полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните мрежи на 09.10.2025 на кое се гледа како на бул.„Партизански одреди” управува службено возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, при што користи уреди за посебни светлосни знаци и преминува преку две полни линии. Против Б.Б. се преземени мерки по член 139 став 11 и 30 и став 5 од ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Ѓорче Петров испрати порака дека во Ѓорче луѓето препознаваат кој е работник, а кој манипулатор и кој вистински ја сака општината, а кој е дојден за функција. „Ѓорчевци се посебни луѓе, луѓе кои ценат труд, работа и искрена грижа за општината. Прво, сакам да кажам нешто за Костадин Ацевски, за Коки. Го следам Коки како работи во кампањата, но го ...
Вечерва од граѓанската трибина во Ѓорче Петров, Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче зборуваше за лагите и големите ветувања на ДПМНЕ дека граѓаните и Македонија ќе бидат горди. „Само година и половина подоцна никој не е горд“, рече тој. „Зошто немаат слоган „Горда Македонија“? Затоа што никој не е горд на урнисаниот животен стандард, на измамите со пензиите, на дивеењето на цените и стагнацијата на платите. Помина речиси година и пол ...
„Изминативе четири години, Неготино западна во очај поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ. Ветувања има безброј, но реализација речиси нема. Градскиот плоштад е искршен, улиците се полни со дупки, зеленилото се уништува, а сообраќајниот хаос во центарот се зголемува. Пустош направија и со сечењето на дрворедот на улицата Маршал Тито. Со таква власт не може да се гради иднина“, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ, Петар Мантев од ...
Општина Центар – Скопје испрати протестна нота до Амбасадата на Република Австрија поради непрописно паркирање и загрозување на безбедноста на пешаците. Во целост ја пренесуваме протестната нота, потпишана од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Општина Центар – Скопје упатува најостар протест поради непрописното паркирање на дипломатско возило на австриската амбасада со регистарски таблици 22-CMD-01, кое на 8 октомври 2025 ...
Еден од приоритетите на Општина Аеродром мора да биде решавање на проблемот со загадувањето, истакна во гостување на Сител телевизија кандидатот за градоначалник на Аеродром од СДСМ, Д-р. Александар Трајановски. – Општината мора да излезе со субвенции, да даде финансиска поддршка за набавка на инвертер клими, за велосипеди, за да се намали загадувањето. Јас како доктор знам колку е тоа штетно, колку е полна клиниката за Пулмологија, вели ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Неготино, рече дека е време Неготино да добие вистински градоначалник, фер однос и чесна власт која го цени трудот, изразувајќи поддршка за кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петар Мантев. „Петар е човек од народот. Човек што знае што значи да се работи, да се создава и да се води со разум, а не со ароганција. Со него, Неготино ќе добие ...
Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Скопје од СДСМ, во интервју за ТВ 21 нагласи дека воведувањето систем за селекција на отпад на ниво на домаќинства е суштински чекор за справување со зголемените количини на отпад и за намалување на притисокот врз Вардариште и депонијата Дрисла. „Мора да почнеме со селекција на отпад уште од дома. Ако граѓаните добијат соодветни канти, контејнери и камиони што ќе го подигнуваат селектираниот ...
Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски да не чекаат избори и да го исчистат градот сега, после избори, ситуацијата со хигиената е алармантна, порача кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, во гостување во Вистинска телевизија. – Самиот премиер излегува со Орце Ѓорѓиевски и вели дека ќе го исчистат Градот Скопје за 72 часа ако победи нивниот кандидат. Зошто сега не го исчистат за 72 часа? Кандидатот за градоначалник ...
На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кавадарци, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, остро ја обвини власта за партизација на правдата и постави директни прашања кон премиерот зошто не се спроведени реформи во судството и од што се плаши. „Зошто не направи ништо? Зошто не ги реформираше судството и обвинителството? Зошто се плашиш, Мицкоски? Дали затоа што знаеш дека, ако судството стане навистина независно, половина ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на вечерашната трибина „Се бориме за нашиот дом“ од Кавадарци потенцираше дека достоинството на земјоделците и лозарите е срушена поради неспособноста и погрешните политики на власта. „Тиквешијата страда од оваа власт. Ако има еден сектор кој беше срушен целосно во изминатата година, тоа е земјоделието. Неспособноста на Мицкоски и Трипуновски го сруши достоинството на земјоделците, но најмногу на лозарите. ...
„Росоман е пример дека кога локалната власт работи со срце, резултатите се гледаат“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Росоман „Се бориме за нашиот дом“. Филипче нагласи дека градоначалникот Стојан Николов за овие години покажа што значи вистинско водење на општината во интерес на граѓаните: „Над 45 проекти се завршени комплетно, многу улици, плоштад, ново улично осветлување, детски игралишта, ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Она што како партија изминативе години говоревме дека СДС местеше тендери со нивната омилена компанија Марковски, излезе на површина. Финансиската полиција по сомнение за местење на тендер, соодветно постапила и уапсен е Борче Марковски, човекот што ја води компанијата Марковски, кој е осомничен за испумпување на околу 100 милиони денари од Буџетот на државата. Инаку, за тоа колку била омилена компанијата Марковски, ...
Изјава на Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош: Во последните денови сме сведоци на уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ да им продаде на граѓаните на Карпош мачка во вреќа. Наместо вистински соочувања и дебати со граѓаните, нивниот кандидат добил строга забрана да зборува. Не смее да се појави на трибини, не смее да одговара на прашања, не смее да зборува без дозвола. Наместо идеи – снима клипчиња со проекти кои јас одамна ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Демир Капија, истакна дека со работа, визија и чесно управување, локалната власт предводена од градоначалникот Лазар Петров ја трансформира општината на подобро, во која секоја инвестиција е одговор на реална потреба на граѓаните. „Два мандати со Лазар Петров и дела што се гледаат. Сработеното зборува за трудот, посветеноста и љубовта што ...
На 08.10.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Свети Николе, кај с.Р’жаничино, скопско, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(47) од с.Црквено, велешко, удрило во паркирано патничко возило „смарт“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од лице(25) од с.Долно Коњари, скопско, а потоа удрило и во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се ...
На 08.10.2025 околу 07:20 часот на автобуска станица во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Е.Т.(32) од Иран, затоа што на увид приложил фалсификувана лична карта. Тој е задржан во Полициската станица Гевгелија и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка. Од судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија е донесена пресуда „условна ...
Во вчерашната дебата за визијата за Струга на ТВ 21 биле повикани само двајца кандидати за градоначалници за да гги изнесат своите ставови за решавање на урбанистичкиот хаос во градот. Кандидатката за градоначалник од Левица, Јована Мојсоска, преку социјалните мрежи реагираше на ваквата селективност, но и на искажаните „визии“ на кандидатите. „Едниот кандидат, (како сопственик на градежна компанија), ќе го ‘решавал’ урбанистичкиот хаос во ...
„Денес сите можеме да ја почувствуваме енергијата на промена“, изјави Марјан Димитриев, кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од Левица на средбата со граѓани на која присуствуваа и Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје и лидерот на Левица, Димитар Апасиев. „Луѓето се охрабрија и јасно кажуваат дека вака не може повеќе. Доста беше лаги, доста беше корупција, доста беше истите луѓе да се кријат зад празни ветувања и да ...
– Власта донела одлука од 1 ноември, граѓаните да мора да плаќаат ДДВ и за најмалите порачки од странство и тоа за пратки под 22 евра!, реагира СДСМ. – Па до евтините пратки кои луѓето ги нарачуваат и ги плаќаат скромно ли и дојде на власта? Наместо да ги заштитат интересите на обичниот човек, на младите и семејствата кои преку интернет нарачуваат евтино, Мицкоски и неговата влада избраа да им го олеснат џебот дополнително. Мора ли оваа ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во најновото издание на „Утринско еспресо“ на Радио Лидер најави дека се воведува „Центарска картичка“ за жителите на Центар, со која ќе добиваат попусти за културни и спортски настани, пазарење во локални продавници и посета на одредени локали и културни институции. Тој, рече дека во план е изградба и на нова градинка во близина на Клиничкиот Центар. „Станува збор за модерна ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа според член 319 став 1 од Кривичниот законик. Во спроведената претходна постапка, јавниот обвинител обезбеди докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската ...