Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во емисијата Отворено на Телевизија 24, остро реагираше на повторното отворање на прашањето за македонскиот јазик и идентитет во најновиот извештај на Европскиот парламент. „Ова прашање беше затворено и институционално потврдено. Во скрининг процесот се користеше македонски јазик, со официјални преведувачи во Европската Комисија. Имаме и билатерална изјава која го гарантира нашиот јазик ...

Ние подолго време потенцираме дека македонскиот јазик и идентитет се јасно препознаени од Европската унија и се дел од Преговарачката рамка и тоа не е прашање за коешто треба да дискутираме и да отвараме нови рани или нови боишта, истакна потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „Аргумент плус“ на телевизија 24. Шукова нагласи дека владата предводена од СДСМ претходно, успеа тоа да го затвори тоа прашање, а како што е познато ...

Соопштение на СДСМ: Мицкоски секојдневно потврдува дека не го интересира здравјето и безбедноста на граѓаните, го интересира само партијата и бесполезните партиски трибини. На вчерашниот црн ден во кој две лица ги загубија животите во пожарите, а институциите целосно потфрлија во управување со кризата, Мицкоски реши да си држи партиски трибини наместо да ја мобилизира целата влада за справување со кризата. Минатата година, во која изгореа 10% ...

НОРМАЛИЗИРАН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: На 10.07.2025 во 06:00 часот сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка е нормализиран во двата правци.Сообраќајот кон ГП-Блаце е пуштен за сите видови возила.Сообраќајот на обиколница Скопје е нормализиран во двата правци. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради завршување со градежните работи на “Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 ...

Во ова една година мандат на овој пратенички состав поднесовме десетици закони како пратеници на опозицијата кои беа од интерес на државата и граѓаните, меѓутоа ниеден предлог од опозицијата во оваа една година не беше прифатен, истакна од собраниската говорница пратеникот на СДСМ Јован Митрески. Митрески нагласи дека, бидејќи власта не прифаќа закони предложени од опозицијата, СДСМ предлага законски решенија, што содржат ветувања од ...

СДСМ ја поздравува секоја политика и мерка што оди во насока на унапредување на енергетската стабилност на државата, како и интеграција со европската енергетска мрежа – како што е гасниот интерконектор со Грција. Гасниот интерконектор со Грција е дел од енергетската стратегија што ја постави Владата предводена од СДСМ. Јавноста треба да знае дека почетокот на изградбата на гасниот интерконектор со Грција во близина на Неготино не е резултат ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Карол Межеван, директорка на Светска банка за државава и за Косово, која престојува во прва посета откако стапи на функцијата на почетокот на овој месец. Изразувајќи благодарност за досегашната три децениска поддршка, Сиљановска-Давкова изрази очекување дека соработката со Светска банка, со новата директорка ќе резултира со поголеми придобивки за македонското општество. Таа посочи дека од ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давковa денеска оствари прва работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на којашто се разговараше за актуелните економски и монетарни состојби во земјата и важноста на стабилна и независна централна банка за долгорочниот економски развој. Претседателката Сиљановска-Давкова беше информирана за монетарната политика, стабилноста на девизниот курс, инфлациските текови и состојбите во ...

Најнапредната серија Galaxy Z досега, која беспрекорно ги спојува прецизниот инженеринг и моќната интелигенција за подобрување на секојдневните интеракции – сè во својот најтенок и најлесен дизајн досега Њујорк / Скопје – 9 јули 2025 – Samsung Electronics денес го претстави Galaxy Z Fold7, уред кој ги комбинира најдобрите аспекти на Galaxy дизајнот, камерата и AI иновацијата во најтенкиот и најлесниот Galaxy Z Fold модел досега. Тој го нуди ...

По барање на ЦУК, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај с. Николиќ, во близина на Дојран, заедно со две грчки противпожарни екипи. Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување дејствува во Крива Паланка, додека хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи е упатен кон селото Орман, општина Ѓорче Петров. Армијата, со ангажман на вкупно 63 припадници, активно учествува во гаснењето на повеќе позиции. Приоритет е пожарот кај ...

Со симболичен чин на потпишување на гасоводните цевки од страна на претставници на Владата, меѓународните партнери и институциите вклучени во реализацијата, беше означен почетокот на изградбата на гасниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција – стратешки енергетски проект со кој земјата добива нов правец во обезбедувањето на сигурно, стабилно, диверзифицирано и еколошки одржливо снабдување со природен гас, што има клучно значење за ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и ...

„Во директна опасност од огнената стихија се наоѓа населеното месо Лозаново и домовите на жителите“, соопшти градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски. При посета на загрозеното подрачје Митовски нагласи дека градот се наоѓа под закана најголема огнена стихија во последните неколку години и упати апел за смиреност, но и за помош од соседните општини, од државата и од доброволци. „Апелирам и алармирам за смиреност, но во истиот момент за ...

Граѓаните во Македонија се соочуваат со интензивен топлотен бран кој се очекува да го зафати целиот регион. Во одредени делови од земјата термометрите ќе покажат и над 40°C. Први на удар се луѓето со висок притисок, повозрасните граѓани и хронично болните , но под ризик се и сите оние кои имаат зголемена физичка активност на топло време, кои работат на отворено, како на пример градежни работници, градинари, но и сите оние кои се бават ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес се сретна со амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер. На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка во областа на здравството, со акцент на можностите за размена на искуства и добри практики во процесите на дигитализација на здравствениот систем, зајакнување на кадровските капацитети и спроведување на заеднички иницијативи за јавно здравје. Министерот Алиу ја ...

Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки доставија до Министерството за финансии писма за изразување на интерес за финансирање на пректот за брзата пруга од Коридорот 10. Министерството за финансии во наредниот период ќе врши анализа и евалуација на пристигнатите понуди за финансирање на проектот за брзата пруга долж Коридорот 10. Имено, Министерството за финансии достави писмо за барање интерес до 24 финансиски ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради завршување со градежните работи на “Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се воспоставува нормален режим на сообраќај во двата правци, информира АМСМ. НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 09:00 часот, сообраќајот на граничниот премин Блаце (ГП-Блаце) е целосно нормализиран за сите видови возила. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се ...

Соопштение на ДУИ: Демократската унија за интеграција го изразува својот најдлабока загриженост за систематската дискриминација и исклучување на Албанците од државните и јавните институции во Република Северна Македонија. Последниот случај во Министерството за енергетика, каде од 18 нововработени нема ниту еден Албанец, е јасен доказ за постоење на однапред испланирана стратегија за поништување на државотворниот статус на Албанците во ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. Синоќа, на улицата “Ѓорче Петров”, осомничениот 57-годишник со запалена хартија од табла за јајца потпалил сува трева. Со настанатиот пожар биле зафатени ...

На 07.07.2025 околу 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Ацо Шопов“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(62) од Скопје и велосипед управуван од А.П.(61) од с.Шишево,скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8-ми ...

По инклузивен, транспарентен и длабоко консултативен процес со граѓанското општество, државните институции и нашите меѓународни партнери, денес Владата го усвои стратешкиот документ кој ќе ги води државните политики за зајакнување на граѓанскиот сектор во наредните четири години. Стратегијата 2025–2028 е фокусирана на две приоритетни области: создавање поволна средина за функционирање и развој на граѓанското општество, како и зајакнување на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески денес потпишаа договор со кој Министерството за внатрешни работи и отстапува простор во Центарот за обновување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата во Прилеп, за колокација на информатичко-комуникациска опрема на Народната банка. Центарот во Прилеп ќе се користи како дополнителна локација за информатичката инфраструктура на ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на последниот јавен повик од линијата за 250 милиони евра за развој на општините, изјави: „Токму така, се враќам од еден таков настан којшто го организира Министерството за локална самоуправа. Можам да кажам дека вториот повик има повеќе од 800, мислам дека беа 862 проекта, точно не ме фаќајте за збор. Најголемиот ...

Реакција на СДСМ по повод заканата за губење на статусот на Охрид како светско природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО: Власта предводена од ВМРО ја носи државата до нова национална срамота. Охрид, еден од најзначајните симболи на македонскиот идентитет, култура и природно богатство, е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство благодарение на неспособноста, неодговорноста и урбанистичкиот дивјачки порив на ...

На 07.07.2025 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.П.(28) од с. Ангелци, струмичко. Имено, истиот ден во 15.00 часот Т.Р.(22) од с. Долно Српци во СВР Битола пријавил дека во с. Долно Српци тој и неговите другари забележале непознато лице со патничко моторно возило „форд” без регистарски ознаки, за кој се сомневале дека е можен извршител на кражби. Потоа лицето излегло од возилото, извадило пушка од багажникот и пукало ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди, која е прва од ваков тип од основањето на клиниката. Клиниката за ТОАРИЛУЦ, предводена од проф.д-р Марија Јовановски Срцева е успешен пример за менаџирање и домаќинско раководење. Со отчетно и транспарентно работење денес ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата од опозицијата дека оваа Влада, се задолжила премногу, изјави: „Па јас навистина не можам да ги разберам пораките коишто доаѓаат од СДСМ. Тоа што го направи оваа Влада во овие нешто повеќе од една година, е токму спротивен процес на заслужување. Факт е дека во март месец, ние имаме намалување на јавниот долг ...

Прес-конференција, Митко Трајчулевски, пратеник на СДСМ: Додека цела држава е под огнена стихија, владата на Мицкоски, заедно со Ангелов, Тошковски, Мисајловски и останатите молчи. Не дејствуваат и повторно ги оставаат граѓаните сами да се борат со стихијата. Само еден ден по спектакуларното сликање со „импровизирана“ противпожарна единица и старите хермелини од Армијата, на дело ја видовме нивната неспособност и опасната импровизација. ...

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски оствари средби со жители на познатото центарско маало, Буњаковец во рамки на проектот „Се гледаме во маало“.Жителите се задоволни од грижата за образовниот процес а се гордеат со ООУ ,,Киро Глигоров” едно од најсовремените во нашата држава. Пред година дена е завршено проширувањето на градбата и капацитетите на училниците на OOУ,,Коле Неделковски”, a следна инвестиција е во „Јохан Хајнрих ...

Соопштение на СДСМ: Владата повторно ги остави граѓаните сами да се борат со пожарите, гледаме катастрофална неподготвеност на институциите. Само еден ден откако завршија со ПР и сликање со импровизираните хермелини, реалноста им се удри од глава на Мицкоски и Ангелов. Минатата година изгореа речиси 10% од територијата на државата и тогаш СДСМ им беше крив за пожарите иакко додека СДСМ беше на власт за седум години изгоре помалку шума тколку ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
88%
1004
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
92%
1004
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
100%
1003
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.13
99%
1004
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1004
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
77%
1006
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1006
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1005
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.0
97%
1003
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1002
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
100%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

67162.91

Калај

46.91

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.03

Злато

159231.39

Родиум

336779.07

Цинк

3.25

Рутениум

45750.51

Бакар

11.69

Паладиум

546.56

Иридиум

221848.72

Сребро

2460.50