Со појавата на филмот „Одисеј“, легендарниот остров Итака повторно е во центарот на вниманието на јавноста. Островот, кој со векови се сметал за дом на еден од најпознатите херои на античкиот свет, денес привлекува сè повеќе туристи. Исто така, го привлекува вниманието на археолозите кои се обидуваат да откријат колку приказната на Хомер е навистина заснована на историски настани. Дали историскиот владетел кој послужил како инспирација за ...

Додека жените секогаш се во дилема околу големината на своите гради, битката за мажите е околу големината на нивните гениталии. Во овој поглед, не е изненадувачки што неговото зголемување е една од интервенциите што е на самиот врв на листата на естетски процедури. Бранкица Тепавчевиќ, доктор по естетска медицина и пластична хирургија, за ТВ Прва вели дека помладите мажи најчесто доаѓаат да го зголемат пенисот поради несигурност , додека кај ...

Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „Системот овозможува во реално време да се знае каде се наоѓа секое возило, по која маршута се движи, со која брзина, колку време е во движење, но и колкава е реалната потрошувачка на гориво. Дополнително, преку специјални сонди се контролира и нивото на ...

„Господине Герасимовски ја читаме вашата вчерашна реакција на прес-конференцијата на ОК Центар и не можеме да си поверуваме со каква леснотија ширите дезинформации, квалификации и манипулации. Вчера обзнанивме во јавноста дека општина Центар, поточно вие како нејзин градоначалник сте потрошиле 6,6 милиони денари на мобилна апликација, за која никој не знае за што ќе се користи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Вие велите дека апликацијата ја изработил ...

Ненадејната одлука на принцот Хари и Меган Маркл да се преселат во Велика Британија ја шокираше светската јавност, а сега се шпекулира дека тие се селат поради семејството на принцезата Дајана. По години поминати во Калифорнија, двојката наводно сака да биде поблиску до семејството на Хари, додека нивните деца наскоро ќе направат голем чекор – ќе започнат со школување во Велика Британија, пишува Би-Би-Си. Иако одлуката беше донесена прилично ...

Министерството за внатрешни работи ги известува сите граѓани на Република Северна Македонија, а особено сопствениците и операторите на беспилотни воздухоплови – дронови, дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата територија на државата, потребно е доследно ...

Неочекуваното соопштение за роденденот предизвика бројни реакции од обожавателите. Актерот Џон Стамос го прослави својот 63-ти роденден на 19 август , а по тој повод, ги почасти своите следбеници со необична објава на Инстаграм, која, како што се очекуваше, привлече големо внимание. Тој објави црно-бело селфи на кое позира без облека , со лицето покриено со мобилен телефон. Селфито е направено во бањата, пред огледалото, а сликата е ...

Вчеравечер, комуналните екипи до доцна во ноќта работеа на расчистување на дивите депонии и уредување на јавните површини на повеќе локации, извести Општина Аеродром. „Засилените активности продолжуваат, со цел почисти, поуредни и поубави јавни простори за сите граѓани. Рано утрово екипите повторно се на терен и продолжија со редовните активности за одржување на чистотата“, соопшти Општина Аеродром. Вчеравечер, комуналните екипи до доцна во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на свеченото отворање на 20. Медитерански игри, коишто се одржуваат во Таранто, Италијанската Република. Таа денеска ќе го посети Медитеранското (олимписко) село каде ќе оствари средба со македонските спортисти, а попладнево ќе присуствува на приемот којшто го приредува претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, во чест на шефовите на делегациите. Од независноста ...

„Со месеци СДС и нејзиниот формален претседател Филипче, преку соопштенија и прес-конференции велат дека граѓаните не веруваат во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дека рејтингот им пораснал, дека се спремни за избори, но кога ќе се споменат предвремени избори, одма молк“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ. „СДС и Филипче знаат дека на следните избори кога и да бидат, ќе доживеат дебакл и ќе бидат доведени под 100 илјади гласови. ...

Сопругата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, Џил Бајден (75), потврди дека ракот на простата кај поранешниот претседател се проширил на коските, дека е свесна дека тој ќе умре, но дека се обидува да ги отфрли негативните мисли и дека не може да го замисли животот без него. Сопругата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, Џил Бајден (75), потврди дека ракот на простата кај поранешниот претседател се проширил на ...

Цените на дизелот во Германија се зголемија за повеќе од 30 проценти за два месеци, достигнувајќи го највисокото ниво за три месеци, бидејќи растечките цени на нафтата, прекините во снабдувањето и зголемените логистички трошоци ги зголемуваат цените на горивата, пренесува Анадолу. Цените на горивата низ Европа се зголемија бидејќи геополитичките конфликти, вклучувајќи ја војната меѓу Русија и Украина и тензиите во кои се вклучени САД, Израел ...

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, со стручни тимови од двете институции, остварија официјална посета на Република Србија, во чии рамки се сретнаа со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, проф. д-р Драган Гламочиќ, како и со потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за ...

„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени парламентарни избори. Од Влен сè уште ниту збор. Оние што го погазија легитимитетот, сега се кријат штом ќе се побара да го измерат пред граѓаните“, велат од ДУИ. „Влен знае дека ја немал и ја нема поддршката на Албанците. Знае дека неговата власт се потпира врз милоста на политичките падрони и врз газењето на слободниот глас. Ако добиле дозвола, нека ги прифатат предвремените избори. Нивниот молк ...

Денеска до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 35 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати, извести Центарот за управување со кризи. Активни се пет пожари: Општина Прилеп: село Чаниште – крак кон село Крушевица, кон село Лопатица, кон село Дуње и крак кон Црна Река (ниска вегетација); Општина Студеничани: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер (мешана шума); Општина Македонски Брод: ...

„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да отвори предмет и да го истражи непостапувањето на Венко Филипче додека бил министер за здравство, во врска со анализите за квалитетот на водата, како во Гостивар, така и низ државата. Документите и информациите доставени од свиркачи укажуваат дека биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои ја покажале неисправна за пиење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Токму затоа, се ...

„Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО ГОКК предводено од Ислам Абази, аргат на Зоран Заев, Венко Филипче и Али Ахмети, донесе одлука да го затвори предметот за 19-те модуларни болници, велејќи дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Потсетуваме дека предметот беше оформен на 10 септември 2021 година, непосредно по трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во ...

Бруклин Бекам, најстариот син на британскиот фудбалер Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам, целосно ја покри тетоважата „мамино момче“ што ѝ ја посвети на својата мајка во 2017 година, поради долгогодишен конфликт со семејството. Бекам, 27, сега има голема цветна тетоважа над натписот, инспирирана од букетот на неговата сопруга Никола Пелц од нивната свадба во 2022 година. Тој почнал да ја покрива тетоважата порано, но сега ...

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) денес објави дека уапсило жена осомничена за планирање бомбашки напад врз седиштето на владата и законодавниот дом на државата Њујорк во Олбани, каде што се наоѓа канцеларијата на гувернерката Кети Хохал. ФБИ во поднесената жалба до федералниот суд изјави дека 35-годишната Џесика Боуви се заколнала на верност на терористичката организација Исламска држава (ИД) во онлајн комуникациите и почнала да го ...

„Третата економија во Европа нема за плата, има за авион. Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, кажа што е приоритет на оваа власт: мора да имаме владин авион ако сакаме да бидеме сериозна држава. Идејата не е повлечена. Не е пропадната. Само е одложена. Парите се оставени. Купувањето чека“, велат од СДСМ. „Сериозна држава, според нив, не се мери со чешма, со болница и со плата. Се мери со нов авион. Мицкоски сега сака нов авион. Затоа што шест ...

Меркур, планетата на комуникацијата, влегува во аналитичка Девица на 25 август, каде што ќе остане до 10 септември. Неговиот престој во Девица ќе донесе одличен период за Девиците, Јарците и Биковите. Меркур во Девица носи период кога мислите се фокусирани на детали, организација, анализа и практични решенија. Ова е позицијата каде што Меркур ја покажува својата силна страна, бидејќи Девица ги сака фактите, прецизноста и јасноста. Луѓето ...

„Христијан Мицкоски повторно ги стави изборите во оптек. Прво рече дека граѓаните не сакаат предвремени избори. Потоа рече дека ако опозицијата побара, нема да седи како кукавица, ќе прифати и ќе победи. Тоа не е став. Тоа е монтажа. Самиот си ја пишува понудата. Самиот си ја чека нарачката“, велат од СДСМ. „Вучиќ најави избори. Веднаш и Мицкоски. Тоа не е случајност. Веќе работи по налог. Затоа веќе знае кога се изборите. Само уште нас не нѐ ...

Утрово селата Бонче, Подмол и Лопатица се безбедни. Тешка ноќ имаа пожарникарите од Прилеп и доброволните пожарникари од Битола ангажирани преку ДЗС, тешка ноќ имавме сите ние коишто се наоѓавме во самото село Лопатица коешто синоќа беше загрозено од пламените јазици, кажа директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Пожарната линија којашто беше видлива од регионалниот пат Прилеп – Битола е целосно изгасната, активен е само еден крак, високо над ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Времето во ...

Астролошките предвидувања за август 2026 година особено ги нагласуваат темите за парите, новите можности и финансискиот напредок. По серија силни планетарни влијанија, некои знаци би можеле да доживеат пријатно финансиско изненадување до крајот на летото. Девица Девиците би можеле да имаат корист од соработка, работа или договор што на почетокот можеби не изгледа особено важен. Според астролошките прогнози, Венера во Вага ја активира нивната ...

Војната меѓу Иран и Израел потврди исто колку и украинско-руската војна дека дигиталниот потпис од најбенигните апликации може да ја открие локацијата на ров во кој има пет војници, како и носач на авиони што носи 5.000 морнари. Додека американскиот војник Џон трчал многу дисциплинирано по пистата на американската база Мувафак Салти во Јордан со денови, неговата апликација Страва снимила колку далеку истрчал со снимање на рутата. Од тој ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Скопје се обрати на Амбасадорскиот совет. Според неа, во новата мултиполарна реалност мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас. Таа потсети дека во време на слаб мултилатерализам и растечка мултиполарност, нужни се институционални реформи на меѓународните, но и европските структури заради превенција, или брз одговор ...

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повторно проговори за еден од најтешките периоди од своето детство, бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО во 1999 година. Во март истата година, неколку недели пред неговиот 12-ти роденден, Ѓоковиќ и неговото семејство морале да го напуштат својот стан во Белград бидејќи експлозии одекнувале низ градот. Неговите трогателни спомени се дел од новиот документарен филм „Новак ...

Јапонскиот јен со месеци губи вредност во однос на американскиот долар и другите светски валути. Неговата вредност падна од 100 јени на 0,97 долари во јануари 2021 година на само 0,61 долари на крајот на јули 2026 година. Овој пад од 37 проценти е најголемиот пад на вредноста на јенот во последните 40 години, пишува бизнис порталот „Сломан економикс њуз сајт“. Но, на почетокот на овој месец, се случи пресврт – јенот нагло се опорави за речиси ...

„25 години по Охридскиот рамковен договор, Министерството за внатрешни работи дистрибуира официјален материјал за граѓаните и посетителите само на македонски јазик. Во држава во која Албанците се државотворен народ, ова не е случајност и не може да се оправда како „технички пропуст“. Ова е одраз на начинот на кој оваа Влада го третира албанскиот јазик и Албанците. А ВЛЕН молчи“, велат од Алијанса за Албанците. „Молчи Изет Меџити, кој 25 ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1030
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
74%
1026
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
80%
1027
weather icon

Софија

6ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.41
93%
1029
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
91%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
4.02
71%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
2.06
90%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
84%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.89
77%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
96%
1032
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Иридиум

321507.47

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Сребро

1666.05

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07