Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Сѐ се зголемува, освен платите, реагираат од СДСМ. „Зголемување на цената на парното. Зголемување на цената на струјата. Зголемување на цената на нафтата. Зголемување на данокот на имот“. Во буџето, додаваат од оваа партија нема пари. Наскоро, како што велат, нема да има ниту за пензии. „Потрошувачката кошничка се зголеми за 10.000 денари. Земјоделците се без субвенции. Нема ИПАРД затоа што го уапсија директорот од ВМРО поради корупција. ...
Лубеницата не е само освежително летно овошје. Истражувањата покажуваат дека може да придонесе за здравјето на срцето, намалување на крвниот притисок, побрзо закрепнување по вежбање и контрола на телесната тежина. Лубеницата е една од омилените летни намирници, а покрај тоа што го освежува и хидрира телото, сè повеќе истражувања покажуваат дека би можела да има и значајни здравствени придобивки. Богата е со ликопен, L-цитрулин, витамини Ц и ...
Времето утре, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе ...
Ана Ермакова, вонбрачната ќерка на Борис Бекер, неодамна беше фотографирана во Сардинија, а странските медиумски фотографи снимија неколку жешки фотографии. Моделот Ана Ермакова веќе некое време ужива во летниот одмор, далеку од зафатениот живот во Германија. Деновите ги поминува во Сардинија, во атрактивни комбинации на облека, а странските медиумски фотографи снимија неколку интересни сцени . Фотографиите за кратко време се проширија на ...
Мускулната маса почнува постепено да се намалува веќе по 30-тата година. Процесите на стареење започнуваат долго пред да им дадеме каква било важност. Така, производството на колаген, на пример, почнува да се намалува веќе во средината на дваесеттите години, коскената маса постепено се намалува во текот на животот, а губењето на мускулната маса , познато како саркопенија, може да започне веќе по триесеттата година . Кај жените, овие процеси ...
Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека тргува без царини со САД, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги информациите поврзани со царинскиот режим на САД кон земјите од регионот. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека царините кон САД се нула додека траат преговорите, Мицкоски рече ...
„Овој ребаланс ќе даде подобар квалитет на животот на граѓаните, на стопанството и на институциите и овој ребаланс ќе гарантира дека во наредните шест месеци до крајот на завршувањето на оваа година граѓаните ќе имаат повисоки плати, ќе имаат повисоки пензии, приватниот сектор ќе добие поддршка и секоја сфера на општеството ќе расте“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во обраќање на денешната собраниска седница. ...
Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за водата во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал? Кои параметри, прашуваат од СДСМ. „Додека чекаме таков документ, еве ги новите случаи: Маврово – водата привремено не е за пиење поради „превентивно чистење“ на мрежата. Крушево – водата била заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот за хлорирање еден час немал струја. Гостивар, Крушево, ...
Ана Ивановиќ уште еднаш покажа зошто се смета за една од најубавите спортистки во светот кога ги објави своите најнови фотографии од одмор. Поранешната најдобра тенисерка на планетата, Ана Ивановиќ , сподели серија фотографии на Инстаграм од одморот на италијанскиот остров Капри, а најголемо внимание привлече фотографијата на која позира во впечатливо розово бикини . Таа кратко напиша со објавата: „Резиме од Капри“. Насмеана и видливо ...
Џенифер Лопез ужива во деновите по нејзиниот роденден, а со едно видео особено ги заинтересира сите оние кои се прашуваат дали можеби ќе му даде трета шанса на Бен Афлек. Актерката и пејачка Џенифер Лопез гледа кон поголеми и, како што вели самата, „подобри“ работи додека го слави својот 57-ми роденден, речиси две години по разводот од Бен Афлек. Латино дивата наполни 57 години и сподели криптично видео на Инстаграм на кое може да се види ...
Кара Делевин беше фатена на аеродромот со својот партнер во облека што ја направи речиси непрепознатлива. Моделот Кара Делевин (33), која неодамна го краси „Плејбој“ како првата лезбејка на познатата насловна страница и која најчесто ја гледаме целосно облечена за модната писта и не добиваме често можност да ѕирнеме зад рефлекторите на славата и гламурот, беше фотографирана на аеродромот во Њујорк во сосема поинаков изглед. Таа беше ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, остро одговори на критиките упатени кон организаторите на Светското првенство. Инфантино истакна дека одредени медиуми и критичари ширеле „омраза и лажни наративи“ за време на турнирот, игнорирајќи ја, како што изјави, успешната организација и атмосфера што натпреварувањето им ја донесе на милиони фанови низ целиот свет. Во отворено писмо објавено во понеделник, Инфантино оцени дека критичарите не ...
Иран во понеделник ја предупреди Бугарија во врска со распоредувањето на авиони за полнење гориво на американските воздухопловни сили во воздухопловна база на нејзина територија. Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека бугарските претставници мора да бидат одговорни за одлука што би можела да ја направи земјата соучесник во нападите на САД и Израел врз Иран. „Бугарските донесувачи на одлуки мора да бидат ...
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги отфрли тврдењата на ЈП „Комуналец“ – Гостивар дека две години чека согласност за поставување на водоводна инфраструктура, наведувајќи дека причината за неиздавањето на одобрението е неисполнување на законските процедури од страна на Општина Гостивар. Од ЈПДП информираат дека во февруари 2024 година Општина Гостивар поднела барање за водоводна мрежа, по што на 26 април истата година била ...
Моќно торнадо предизвика драматични сцени во источна Кина, каде што крена автомобил од патот и го фрли покрај патот среде возење. Инцидентот се случил во време кога земјата сè уште се опоравува од последиците од исклучително моќниот тајфун Бави, кој неодамна го погоди источниот брег на земјата. Возачите молчеливо го набљудуваа настанот. Снимките од камерата на возилото го покажуваат моментот кога моќен воздушен вртлог одеднаш удира на автопат ...
Младиот американски тенисер Бен Шелтон јавно го критикуваше исклучително густиот АТП календар и застана на страната на Новак Ѓоковиќ , Јанико Синер и Карлос Алкараз , откако водечкото трио на светскиот тенис го откажа учеството на претстојниот Мастерс во Канада. Бранот откажувања од водечките тениски ѕвезди пред Мастерсот во Канада предизвика незадоволство и загриженост кај организаторите на турнирот, кои иницираа разговори со АТП во врска со ...
Германскиот производител на автомобили „Ауди“ мора да спроведе сеопфатно реструктуирање заедно со својата матична компанија „Фолксваген“ за да остане конкурентен на глобалниот пазар. Ова денес го изјави финансискиот директор на „Ауди“, Јирген Ритерсбергер, по објавувањето на послабите резултати за првата половина од 2026 година. Дури ни Ауди веќе не е безбедно. Групацијата „Ауди“ , која ги вклучува „Ламборџини“, „Бентли“ и „Дукати“ , оствари ...
Доказите обезбедени во истрагата за организираната криминална група поврзана со нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, позната во јавноста како случајот со нелегалниот ботокс, доведоа до отворање на нова истражна постапка против две лица. Како што соопшти Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), првоосомничениот се товари за кривичното дело „примање ...
Работните места поврзани со вештачката интелигенција повеќе не се резервирани само за програмери и ИТ професионалци. Ново истражување покажува дека во повеќето европски земји, работодавците денес сè повеќе бараат вештини за вештачка интелигенција кај вработените во продажба, маркетинг, правни услуги и човечки ресурси, што потврдува дека вештачката интелигенција стана дел од секојдневното работење. Според податоците на Евростат , дури 15 ...
Еден месец по двата силни земјотреси во Венецуела, официјалниот број на жртви достигна 5.546. Според најновите податоци, повредени се 16.740 лица. Два земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени го погодија северниот дел од земјата ноќта на 24 јуни. Треморите се случиле само со растојание од 39 секунди, во редок феномен наречен „сеизмички дублет“. Катастрофата се смета за една од најлошите што ги доживеала Венецуела во последните повеќе од ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Н.Е. Михалис Рокас. Во фокусот на разговорите беа реформите во земјоделството, користењето на европската поддршка и натамошното унапредување на соработката со Европската Унија. Соговорниците разговараа за процесот на усогласување со европските стандарди во земјоделството и руралниот развој, ...
Царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп сè повеќе го менува работењето на најголемите светски компании. Она што до неодамна беше предупредување од економистите, сега е јасно видливо во финансиските извештаи – профитот се топи, трошоците растат, фабриките се селат, а некои индустрии веќе предупредуваат на пад на нарачките и можни отпуштања . Еден од најимпресивните примери е кинескиот моден гигант „Шеин“ , кој во првиот ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која цената на топлинска енергија од 1 август се зголемува во просек за 5,96% за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ производство на топлина. За потрошувачите на поранешна топлана Скопје Север, сегашна Енерџи Еколинк зголемувањето е во просек за 3,6%, а за ЕСМ Енергетика ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, денес оствари работна средба со претседателката на Нотарската комора, Цеца Малева Стоев. На средбата беа разгледани актуелните прашања поврзани со функционирањето на нотаријатот, со акцент на потребата од измени на Законот за нотаријат, унапредување на дигитализацијата на нотарските услуги и надминување на предизвиците во примената на постојните законски решенија. Министерството за правда останува ...
За министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неприфатлив е предлогот на опозицијата водоводите да ги чува Армијата оти сегашното обезбедување се покажа нефункционално, по загадувањето со фекални бактерии на водата во Гостивар. Тошковски денес соопшти дека водата во Гостивар е прочистена до степен да се користи како техничка, но не и за пиење и одговарајќи на новинарски прашања кажа зошто е против предлогот Армијата да ги чува водоводите ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на одлуката од 20.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 6,229%, кај ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и началник на Штабот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, најави дека пожарникарите-доброволци ќе добијат институционална поддршка, а средствата обезбедени со ребалансот на буџетот ќе овозможат нивно поинтензивно ангажирање во текот на летната сезона. Во гостување на телевизија Сител, Ангелов нагласи дека пожарникарите-доброволци, кои досега дејствуваа како дел од тимовите за брз ...
Во некои хрватски градови, килограм домати чини дури седум евра, а црешите 10 евра за килограм, што е поскапо од килограм свинско месо, а во некои случаи дури и од телешко. Највисоки цени на доматите се забележани во Дубровник, Пожега, Пула и Загреб. Граѓаните предупредуваат дека цените се превисоки во споредба со платите и пензиите , додека некои клиенти сметаат дека повисоката цена може да се оправда со квалитетот на домашните производи. ...
Авионот на „Норвешката ер шатл“ од Осло до Дубровник утрово беше ненадејно пренасочен кон Австрија, откако за време на летот беше забележан проблем со прозорецот на авионот. Авионот на летот DY1922, кој полетал од Осло во 6:45 часот наутро, требало да слета на аеродромот „Руѓер Бошковиќ“ во Дубровник околу 9:40 часот наутро. Сепак, како што неофицијално дознава „Дубровник“, еден од прозорците пукнал за време на летот , поради што екипажот ...
СДСМ побара Владата да ги објави официјалните анализи врз основа на кои е донесена одлуката водата во Гостивар да може да се користи како техничка. Од партијата наведуваат дека јавноста не добила увид во резултатите од анализите, туку дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се повикал на потврда од експерти. Според СДСМ, надлежните институции треба јавно да одговорат врз основа на кои параметри е утврдено дека водата може да се ...