Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН, со коишто разговараше за актуелните предизвици во областа на заштитата на животната средина. Претставниците на двете организации ги изнесоа своите согледувања и препораки со посебен акцент на еколошката правда, превенцијата од еколошки штети, заштитата на природните ресурси и ...

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје, сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 7 степени. Времето во наредните денови До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови ...

„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ. „Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем. Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, ...

Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика. 265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда. Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и ...

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права. Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на ...

Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата. Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале. „Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи. Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските ...

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет. „Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана ...

Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село. Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата. Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер. На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја осуди „прекумерната употреба на сила и континуираните ограничувања на слободата“ во Иран. Таа рече дека информациите за зголемениот број на жртви се застрашувачки. „Европската унија веќе целосно го вклучи Корпусот на Исламската револуционерна гарда во својот режим на санкции за човекови права. Во тесна соработка со високата претставничка и потпретседателка Каја Калас, брзо ќе ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик. На 11 јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во непознат правец. Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор ...

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани од Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба. „Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите ...

Британска новинарка откри како ги отстранила маснотиите и непријатниот мирис од микробрановата печка побрзо отколку што очекувала. Чистењето на микробрановата печка е една од оние домашни работи што многу луѓе ги одложуваат до последен момент – обично додека не почнат да се шират непријатни мириси од неа, а внатрешноста е покриена со слој маснотии и суви остатоци од храна. Иако често се чини дека темелното чистење бара силни хемикалии и ...

Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА традиционално кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година. Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организацијата во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите во Охрид. фото/facebook/Diving Center Amfora Текстот (Видео) ...

Урмите се сметаат за едно од најздравите овошја во светот, а многу експерти препорачуваат нивно редовно консумирање. Само една урма секое утро може да има исклучително корисен ефект врз телото. Редовното консумирање на урми помага во развојот на добри бактерии во цревата, што го подобрува варењето и општото здравје на телото. Според извештаите, луѓето кои страдаат од анемија треба почесто да јадат урми, бидејќи се добар извор на магнезиум. ...

Градоначалникот Горан Герасимовски на средба со Здружението на пензионери на Општина Центар информираше за проектите и програмските активности за унапредување на животот на повозрасните граѓани во локалната самоуправа во 2026 година. „Во Буџетот за тековната година се обезбедени 15.000.000 денари за активности и проекти наменети за нашите жители од трето доба. Целта е да им обезбедиме поздрав и поквалитетн живот, повеќе социјализација и ...

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од СДСМ. „Актуелната власт на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели. Воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функцонери, се партизира и се ...

Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја. „На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа ...

Холивудскиот актер Метју Меконахи откри што, според него, е една од најголемите грешки во љубовните врски. Во гостување во подкастот на Џеј Шети, тој истакна дека најопасно е партнерите да почнат да се земаат „здраво за готово“. „Проблемот настанува кога ќе престанете да вложувате труд и ќе мислите дека љубовта се одвива сама од себе“, рече актерот, додавајќи дека и бракот бара свесна одлука, внимание и мали секојдневни гестови – како ...

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата. „Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат: · од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром) · од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште). Фото: pexels Текстот Без струја делови од Аеродром и Сопиште е превземен од МАКФАКС. Од ...

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени. До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно ...

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица. Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден. Некои семејства, повеќе во западниот дел на Македонија, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ...

Најголема снежна покривка до 7 часот утринава е измерена на Попова Шапка – 26 сантиметри, а 15 сантиметри снег има во Крушево, информира УХМР. Снежна покривка е евидентирана и во Ѓуриште (4 см), Тетово (2 см) и Берово. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од -1 до 7 степени. Во Скопје, исто така, се очекува ...

Антикорупцискиот тим на СДСМ очекува реакција од надлежните институции по, како што наведуваат, објавувањето на сомнежите за тендерски злоупотреби во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ. Според СДСМ, една иста фирма – „Пирамид билдинг солушнс“ – во периодот од 2022 година до денес добила 51 тендер во вредност од над 16 милиони евра, исклучиво од општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата наведува дека станува збор за модел на „тендерска ...

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) во пресрет на најавената меѓупартиска лидерска средба закажана за 14 јануари 2026 година од премиерот Христијан Мицкоски, ја поздравува можноста за дијалог за суштински политички консултации околу важни реформски закони и процеси што треба да ја зајакнат нашата држава и демократија. „Како партија цврсто и доследно стоиме зад нашата долгорочна заложба за системски промени во изборното законодавство кои ...

Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“ Слави Трифонов се огласи во врска со инцидентот во бугарската амбасада во Скопјe. На 11 јануари, напаѓач фрли камен кон вратата на дипломатската мисија. Чинот беше снимен на безбедносните камери на амбасадата, по што мажот беше уапсен, а настанот опишан како изолиран случај и осуден од страна на македонските власти. Според Трифонов, проблемот не е скршеното стакло, туку ставот. Обично ...

На вчерашната седница на Собранието, на која се дискутираше усвојувањето на новите измени на Кривичниот законик, претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка, Моника Зајкова, од собраниската говорница порача дека е срамно после 18 месеци замајување на јавноста и на граѓаните дека ќе добиеме целосно нов кривичен законик, денеска да имаме предлог кој што е само уште една козметичка измена. „Осумнаесет месеци се ветува ...

Во рамките на континуираните активности за одржување на јавните површини и унапредување на животната средина, Општина Кисела Вода од утрово спроведува обемна интервенција за чистење, кастрење, косење и подигнување на кабаст отпад долж трим-патеката, на потегот од објектот на Институтот за јавно здравје до спојката со булевар Србија. За реализација на овие активности се ангажирани 30 сезонски работници. Со цел ефективно и квалитетно ...

Таксистите во Атина најавија 48-часовен штрајк, објави „Катимерини“. Нивното незадоволство произлегува од новите даночни политики и задолжителниот премин кон електрични возила. Синдикатот на таксистите во Атина (SATA) наведува дека задолжителното воведување електрични автомобили го загрозува опстанокот на секторот, поради недостаток на соодветна инфраструктура за полнење, прифатливи цени на електричната енергија и реални трошоци за возилата. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
86%
997
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
83%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.57
98%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
993
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.77
89%
1002
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1000
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.57
89%
999
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
94%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.07

Сребро

2457.28

Злато

157055.75

Паладиум

53434.54

Цинк

3.33

Иридиум

221848.72

Кобалт

64.04

Калај

48.47

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Родиум

336779.07

Бакар

11.66