Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД го „распарчуваат“ светот со своите постапки кон Венецуела и Иран. Лавров рече дека САД го фрагментираат меѓународниот систем со преземање на она што тој го нарече нелегална операција за соборување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и со закана кон Иран со напад. „Зборуваме за грубо кршење на меѓународното право“, рече Лавров за операцијата на САД за апсење на Мадуро. Тој ...

Владата на Бугарија донесе одлука за именување на дипломатот од кариера Петар Бојанов Петров за генерален конзул на Република Бугарија во Битола, Република Северна Македонија, со конзуларен округ што опфаќа низа општини во југозападниот дел на земјата, јавува Дарик, пренесува Трибуна. Петар Петров е дипломат од кариера со долгогодишно искуство и длабинска експертиза за регионот на Западен Балкан. Во текот на својата кариера тој извршувал ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. „Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено. Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува ...

Секторот за внатрешни работи Тетово постапува согласно годишен план за постапување во зимски услови во зимските рекреативни центри Маврово и Попова Шапка, но и во целото подрачје што го покрива. Како и минатата година, така и оваа година на подрачјата на Маврово и Попова Шапка се воведува кружен тек на движење на возилата за да се избегне секој вид на блокирање на патот. Но, поради одредени неодговорни возачи кои не го почитуваат тоа правило ...

„Размената на искуства и позитивни практики со земјите од Европа и Светот ни е од голема важност во оваа насока, и затоа се радуваме што стануваме земја членка на Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование (EASNIE)“. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, на средбата со Жоао Коста, директор на EASNIE и Рута Сваринскаите, кои деновиве се во посета на нашата земја. – Постојано работиме ...

Пишува: Никица Корубин Реферирањето на “меѓународниот правен поредок” редовно се однесува на однесувањето на Соединетите Американски Држави кон “другите”. И на никој друг. Од нивното поведение се гради реперот за тоа што е “меѓународен правен поредок”. Само ним, никогаш не им се простува ништо, што на другите така лесно им се “прогледува низ прсти”. Нивните постапки се секогаш “империјални” и “лукративни”, за разлика од постапките на другите ...

Почнувајќи од 14 јануари 2026 година, три хороскопски знаци влегуваат во нова, изобилна ера на животот. Астролошкиот транзит на Меркур во опозиција со Јупитер го истакнува дисбалансот помеѓу очекувањата и реалноста, покажувајќи каде плановите биле премногу расфрлани или ветувањата биле нереални за долгорочен напредок. Овие астролошки влијанија поттикнуваат помудро донесување одлуки бидејќи откриваат што е одржливо на долг рок. Ова создава ...

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник. По повод Стара Нова година, заедно со децата и нивните родители се дружеа во празнична атмосфера и ја одбележаа со делење на пита со паричка, а градоначалничката покрај пакетчиња, им додели и донација, столчиња кои им беа потребни за подобро функционирање на клубот. Средствата за столчињата се ...

СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт. „Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така. Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни. Ги прашуваме ...

Фундаменталната проценка на Русија за нелегалната операција на САД во Венецуела останува валидна, а тоа е грубо кршење на меѓународното право, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. „Нашиот став останува непроменет. Овој став е фундаментален, заснован на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји, чии влади природно ги претставуваат интересите на целото нивно население. Венецуела беше ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул користи остри зборови кога коментира за бруталниот третман на иранскиот режим кон демонстрантите. Тој, исто така, најави конкретни мерки, објави Дојче веле. Вадефул ги поддржа изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за односот со иранскиот режим и неговиот третман на демонстрантите. „Ако еден режим може да ги потисне протестите само со употреба на вооружена сила, тогаш е јасно ...

„Скандалот што го објави Антикорупцискиот тим на СДСМ за фаворит фирмата на ВМРО која од општините добила 51 тендер вредни 16 милиони евра има и друга позадина која денеска ја откриваме. Кој е сопственикот на „Пирамид билдинг солушнс“ која добила 51 тендер, вредни неверојатни 16 милиони евра и како е поврзан со ВМРО-ДПМНЕ“, прашува Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Станува збор за извесен Петар Доновски. Петар Доновски бил ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајот, Сашко Лафчиски остварија проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер на која присуствуваше и одбранбеното аташе, Даниел Скваерс. За време на средбата министерот Мисајловски истакна дека во изминатиов период соработката со амбасадорката Агелер и амбасадата на САД ...

Рускиот лек „Ракурс 223Ра“ за третман на рак веќе се појави во болниците, објави денес Руската федерална медицинска и биолошка агенција. Како што е наведено, лекот веќе е регистриран и одобрен за употреба во клиничката онкологија, а првата серија е доставена до медицинските установи, пренесува РИА Новости. Лекот е развиен во Димитровград и е базиран на радионуклидот радиум-223, кој првенствено се користи за контрола на коскените метастази. ...

Од 1 јануари секое семејство во општина Гази Баба кое ќе има новородено дете ќе добие финансиска поддршка од 8.000 денари, објави градоначалникот Бобан Стефковски. „Во 2022 година, по моето доаѓање за градоначалник на општина Гази Баба, за прв пат ја воведовме мерката за финансиска помош од 5.000 денари за секое новороденче. Тоа беше почеток на една политика која ја става грижата за семејството и децата во самиот фокус. Во изборната кампања ...

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за трошоците на единиците на локална самоуправа за новогодишно украсување. „Истражувањето покажува дека: тендери за новогодишно украсување имале 36 општини; најмногу пари потрошила Општина Штип, 81 илјада евра; Градот Скопје и пет други скопски општини заедно ...

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и корупцијата, во анти ЕУ кампањата за изолација на земјата, во планот за предвремени избори и мигранти за пари, изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ. Тој обвинува дека „тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака дијалог, туку алиби за распишување на предвремени избори кои веќе им се договорени, ...

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур е на првото место, додека Јапонија и Јужна Кореја се изедначени на второто место. Индексот ги рангира пасошите според бројот на дестинации до кои нивните носители можат да пристапат без претходно добивање виза, пишува CNN. Носителите на пасоши во Сингапур имаат пристап без виза до 192 од 227 ...

Министерот за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром. На средбата беше реафирмирано одличното партнерство меѓу двете земји и континуираната поддршка на Шведска за европскиот пат на Северна Македонија, како и значењето на зачувување на позитивниот моментум во политиката на проширување на Европската унија. Сали истакна дека европската интеграција останува ...

Кина планира да изгради скриена просторија веднаш до најчувствителните комуникациски кабли на Велика Британија, како дел од мрежа од 208 тајни соби под својата нова лондонска „супер-амбасада“. Информациите се откриени во детални, нередактирани планови за подземен комплекс под пространиот дипломатски комплекс во центарот на Лондон, што Пекинг се обидува да го чува во тајност од јавноста, објавува „Телеграф“. И покрај очигледните безбедносни ...

Иран е воено поподготвен од порано по неодамнешната 12-дневна војна, а нуклеарното знаење не може да се уништи со воздушни напади, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, за време на патувањето во Бејрут. Во исто време, тој тврдеше дека протестите во земјата се „нормални“ во систем заснован на волјата на народот, но исто така предупреди на, како што рече, елементи што предизвикуваат насилство и немири. Аракчи предупреди ...

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес изјави дека вонредната состојба е на сила во осум општини и изјави дека ситуацијата во Србија е релативно нормализирана по временските проблеми, како и дека снабдувањето со електрична енергија е стабилизирано. Дачиќ изјави дека вонредната состојба е сè уште на сила во Ваљево, Осечина, Мали Зворник, Крупње, Мајданпек, Сјеница, Ивањица и на дел од територијата на општина Лучани, и ...

Иран ги предупреди соседните земји дека ќе нападне американски воени бази во регионот како одмазда за евентуален напад од страна на Вашингтон, објави „Ројтерс“. Според „Ројтерс“, висок ирански функционер изјавил: „Техеран им кажал на регионалните земји, од Саудиска Арабија и ОАЕ до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран… и побарал од тие земји да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“. ...

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано. Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА. Тој, исто така, рече ...

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ. Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги ...

Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ. „Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во: легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и ...

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист за државата. „Секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата. Времето и искуството покажаа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфукционалност. Така беше со идејата за техничката Влада, така беше и со Специјалното јавно обвинителство(СЈО). ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа. „Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите за учениците кои доаѓаат од семејства во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи. „Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски. Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“. Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје, сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 7 степени. До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
100%
1000
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
86%
997
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
83%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.57
98%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
993
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.77
89%
1002
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1000
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.57
89%
999
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
94%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

157055.75

Родиум

336779.07

Цинк

3.33

Паладиум

53434.54

Бакар

11.66

Иридиум

221848.72

Калај

48.47

Кобалт

64.04

Сребро

2457.28

Алуминиум

3.07

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78