Лекарска комора на Република Северна Македонија изрази поддршка за новиот Предлог-закон за заштита од пушење и за мерките што со него се воведуваат, оценувајќи дека тие се во насока на унапредување на јавното здравје и заштита на населението, особено на децата, младите и ранливите групи. Од Комората посочуваат дека лекарите секојдневно се соочуваат со последиците од употребата на тутунски и никотински производи и изложеноста на чад, кои, ...

Владата на Мицкоски донела одлука со која се отвора вратата за нови 10.000 странски работници во земјава во 2026 година, истакнуваат од СДСМ. „Одлуката од денеска стапува на сила и се однесува на значително зголемен број во споредба со лани од дури 4.500 лица. Доаѓаат таканаречените „економски работници“. Иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени и стапката на невработеност е двоцифрена. Се беше подготвено, сега само се ...

Полска предупреди дека Европската Унија не треба избрзано да ги обновува дипломатските канали со рускиот претседател Владимир Путин, нагласувајќи дека секој иден контакт со Москва мора да се води исклучиво преку институциите на Унијата. Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави во Брисел дека ЕУ веќе има јасна контакт-точка со Русија преку високата претставничка за надворешна политика Каја Калас и дека не треба да се ...

На Сонцето се формира голема коронална дупка, според најновите податоци од Лабораторијата за сончева астрономија на Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науките и Институтот за соларно-терестријална физика, објавија денес руските медиуми. Според податоците на таа лабораторија, дупката е висока околу еден милион километри, објави агенцијата Интерфакс. Како што е наведено, појавата на бројни коронални дупки на Сонцето ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека е сигурен дека Србија ќе најде решение и ќе го забрза патот кон ЕУ, додавајќи дека не ги бојкотира членовите на Европскиот парламент, туку дека тие покажале големо непочитување кон земјата. „Ја повикувам претседателката на Собранието повторно да го отвори дијалогот со невладиниот сектор, да разговараме за сè што е добро за земјата. Секако, не правете го она што директно е во ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите за 75 земји, меѓу кои и Македонија, не ги опфаќа визите за потребите на студирањето и туристичките посети, туку само оние кои се однесуваат на имиграција. „Мислам дека во деновите кои следат ќе има добри вести за македонските граѓани кога станува збор за ваквов тип на односи помеѓу нашиот стратешки ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во текот на посетата на Кратово и реновираната спортска сала, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали оваа година ќе има инвестиции во образовната инфраструктура, изјави дека се предвидени повеќе од 160 проекти во областа на образованието. „Па да. Впрочем, и овој објект е дел од тие инвестиции, би рекол. Инаку, повеќе од 160–170 проекти ширум државата се предвидени за инвестирање во делот на ...

Рускиот амбасадор во Данска го обвини НАТО дека се обидува да го милитаризира Арктикот поради барањата на САД за контрола врз во голема мера автономната територија Гренланд, која е дел од Кралството Данска. Земјите на НАТО, вклучително и Данска, користат руски или кинески закани за да го прошират своето воено присуство во регионот, изјави амбасадорот Владимир Барбин за руската државна новинска агенција ТАСС. Барбин рече дека Копенхаген ...

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до доцните вечерни часови вршеа претреси на 16 локации низ државата. При претресите се пронајдени и времено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени. Акцијата е резултат на постапувања на Истражниот центар на ОЈО ГОКК и Управата ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес со епицентар во соседна Република Албанија, на околу 155 километри југозападно од Скопје. Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет, земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од ML 3,8. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, потресот бил почувствуван во Охрид, ...

Одлуката на Соединетите Американски Држави да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани претставува политички сигнал и предупредување, а не техничка пауза, порача СДСМ на денешната прес-конференција. Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, изјави дека оваа одлука е аларм кој покажува дека политиките на изолација скапо ја чинат државата. Тој посочи дека премиерот Христијан Мицкоски изминатите 24 часа не дал ...

„Нова атмосферска револуција се очекува кон крајот на јануари и ќе влијае на поголемиот дел од Европа“, најавуваат метеоролозите. Додека Србија веќе се подготвува за доаѓањето на сибирскиот антициклон, постудено и понестабилно време најавуваат и италијанските метеоролози. Метеорологот Матија Гусони објави на порталот „iLMeteo“ дека зимата „ја менува брзината“ кон крајот на јануари. „Нова атмосферска револуција се очекува кон крајот на ...

„Нова атмосферска револуција се очекува кон крајот на јануари и ќе влијае на поголемиот дел од Европа“, најавуваат метеоролозите. Додека Србија веќе се подготвува за доаѓањето на сибирскиот антициклон, постудено и понестабилно време најавуваат и италијанските метеоролози. Метеорологот Матија Гусони објави на порталот „iLMeteo“ дека зимата „ја менува брзината“ кон крајот на јануари. „Нова атмосферска револуција се очекува кон крајот на ...

Во организација на Секторот за локален економски развој и Секторот за образование при општина Кисела Вода, денес се одржа обука за наставници од основните училишта на територија на општината, наменета за зајакнување на капацитетите за подготовка за европски проекти. Обуката е дел од континуираните активности на општината, насочени кон унапредување на квалитетот на образованието и создавање современи услови за работа во училиштата, извести ...

„Од вчера со полна пареа започна кампања против западот – против европската интеграција и против стратешкиот партнер САД. Откако САД воведоа блокада на визите, ВМРО преку своите сателити, така наречени портали, мали коалициски тендер-партнери, „независни“ експерти, сателит-партии и контролираниот дел од опозиција – тргна со сите сили да ги напаѓа САД, а со тоа и ЕУ“, велат од СДСМ. „САД не воведоа санкции без причина, туку поради политиките ...

Вештачката интелигенција (ВИ) би можела да стане „оружје за масовно уништување на работни места“ доколку не се контролира правилно, изјави градоначалникот на Лондон, Сер Садик Кан. За време на својот годишен говор во Меншн Хаус, Кан изрази загриженост за влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот во Лондон, нагласувајќи дека се потребни итни мерки за да се спречи „нова ера на масовна невработеност“, објавува Би-Би-Си. ...

За време на вчерашната парламентарна дебата во Хрватска, пратеничката Далија Орешковиќ ја „стресе“ струја. Додека зборуваше членот на ХДЗ, Марко Павиќ, таа гласно вресна, а потоа почна да ја тресе раката. „Извинете, колега Павиќ, дајте ми кратка пауза. Дали сте добро, колешке? Дали ви треба помош или нешто слично?“, прашал заменик-претседателот на Парламентот, кој во тој момент претседавал со седницата. Орешковиќ одговорила дека сè е во ...

Без разлика колку години имате, важно е да знаете кои витамини и минерали се особено важни за жените и зошто секоја жена треба да ги има предвид. Витамините и минералите се клучни сојузници на здравјето – тие учествуваат во скоро сите процеси во телото, од создавање енергија и зајакнување на имунитетот до здрава кожа, коса и коски. Иако се важни за секого, потребите на жените за одредени хранливи материи може да варираат поради хормонални ...

По повод претстојниот христијански празник Богојавление – Водици, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотел „Белви“ во н.Илинден, во организација на црквата Св. „Константин и Елена“ и под покровителство на Општина Илинден. „За таа цел се повикуваат сите граѓани на ден 19.01.2026 (понеделник), во 12:00 часот, заедно да го одбележиме овој голем христијански празник. Сите ...

Најуспешниот македонски електронски изведувач Кирил Џајковски го најави новиот материјал. Неговиот нов албум „Memory Paradox” ќе излезе за неколку месеци под етикетата на издавачката куќа Filter Label и ќе содржи дел од дваесетината нови песни на кои Џајковски работеше со неговите соработници изминатите две години. Како најава за новиот албум, од денеска на сите дигитални музички сервиси е достапен првиот сингл „Head High”. Песната ...

Лидерката на партијата Татковина и поранешна украинска премиерка Јулија Тимошенко, која од страна на истражителите е осомничена дека нудела мито на неколку пратеници, објави дека нејзините банкарски сметки се замрзнати. Тимошенко го објави ова на Фејсбук, а нејзината реакција доаѓа откако беше објавено дека обвинителите ќе бараат кауција од околу еден милион евра и изрекување мерки на претпазливост. Според неа, дури тогаш дознала дека ...

Поради случена сообраќајна незгода, од 23:32 до 02:30 часот, патниот сообраќај на патен правец Р1101 и А3 крак Битола-Прилеп беше во прекин во двата правци. Од 02:30 часот, сообраќајот е пуштен за сите видови возила и истиот нормално се одвива, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од ...

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат: · во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба; · во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден; · во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина ...

Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени. Времето во наредните денови Во деновите од ...

СДСМ обвини дека Македонија, поради политиките на актуелната власт, завршила на листа со 75 земји оценети како „трет свет“, меѓу кои и Сомалија, оценувајќи дека тоа е резултат на изолациската дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски. „Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на партијата. Од СДСМ посочуваат дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега следува и ...

Поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, учествуваше на Меѓународниот симпозиум за културна дипломатија во организација на Институтот за културна дипломатија и Шкотскиот форум. Настанот се одржа во Парламентот на Обединетото Кралство во периодот од 12-15 јануари 2026 година. За време на посетата, претседателот Иванов оствари средба со Нус Гани, заменик-претседател (Deputy Speaker) на Долниот дом на Обединетото Кралство. Иванов се обрати на ...

Со оглед на продолжениот викенд и претстојниот голем верски празник Богојавление – Водици, се очекува зголемување на интензитетот на сообраќајот, особено на патните правци кои водат кон туристичките места каде традиционално се одбележува празникот. Поради зголемената фреквенција на возила, како и можните неповолни временски услови, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до сите учесници во ...

Принцот Хари би можел да се врати во Велика Британија следната недела на судење во Лондон, оставајќи го својот брат принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт стотици километри оддалечени од британската престолнина во Шкотска. Војводата од Сасекс треба да отпатува во Лондон за почетокот на судењето против британската издавачка куќа Associated Newspapers, која ги издава „Daily Mail“, „Mail on Sunday“ и порталот „Mailonline“, кое започнува во ...

Информациите од Иран се тешко достапни по петдневна блокада на комуникациите, но една млада жена која успеала да избега во Дубаи раскажа за бруталното задушување на протестите, тврдејќи дека припадниците на Револуционерната гарда „ги застрелале сите во глава“, пишува Скај њуз. „Беше војна“, беа зборовите што ги употреби една млада Иранка за да ги опише сцените што ги видела на улиците на Техеран. Проверката на настаните во земјата стана ...

Македонските музичари Јован Јованов и Елвир Мекиќ најавија заеднички концерт што ќе се одржи на 6 јуни во арената Борис Трајковски во Скопје. На концертот ќе настапат и нивни музички пријатели, а публиката ќе има можност да слушне дел од најпознатите песни oд златното време на македонската поп сцена . Во програмата се најавени хитовите „Итно ми требаш“, „Некаде после 2“, „Лоша девојка“, „Опасно“ и „Слаба точка“. Двајцата музичари ќе ја ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

5ᴼ / 2ᴼ
2.06
78%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
93%
996
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.6
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
996
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
90%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
81%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
100%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.09
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
93%
996
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
62%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.47

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.07

Цинк

3.33

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Бакар

11.66

Сребро

2457.28

Паладиум

53434.54

Иридиум

221848.72

Злато

157055.75

Родиум

336779.07