Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Попладнево избувна пожар на територијата на Општина Штип, меѓу населбите Баби и Дузлак, над филтер-станицата, при што е зафатена борова шума, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Според Ангелов, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип интервенира со целосниот расположлив капацитет во обид да се стави пожарот под контрола. -Пред малку изби тежок пожар на територијата на Општина Штип ...
Во саботата попладне, на Халкидики се одвиваше вистинска драма кога голем пожар избувна во Неа Каликратија, една од најпопуларните туристички области во близина на Касандра. Пожарот избувна на земјоделско земјиште во непосредна близина на населени места, поради што властите веднаш го активираа бројот за итни случаи 112 и наредија итна евакуација на населбите Ампелакија и Кипополи. Во борбата против пожарот беа вклучени силни противпожарни ...
Новинарката Роксана Беренис Гузман Рамирез е пронајдена мртва речиси еден месец откако беше киднапирана во мексиканската држава Веракруз. Нејзината приказна го обиколи светот бидејќи во моментот на киднапирањето успеала да сними дел од настанот со својот мобилен телефон, оставајќи потресен запис од последните моменти пред да исчезне. Мексиканските власти објавија дека осум лица, меѓу кои и четворица полицајци, се уапсени во врска со ...
Владата ќе разговара со трговските синџири кај кои се утврдени неоправдано зголемени маржи, но засега не би сакал да спомнувам имиња, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека разговорите ќе се водат директно и без јавни препукувања. Одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“ во Општина Бутел, Мицкоски рече дека не сака јавно да ги посочува маркетите пред да се ...
До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а девет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите од ЦУК, активен останува пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде гори нискостеблеста вегетација. Кон пожарот се упатени екипа на ТППЕ Македонски Брод и ЈП за управување и ...
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на последното деноноќие биле евидентирани осум случаи на семејно насилство, при што седум лица биле лишени од слобода, а со еден малолетник бил извршен службен разговор. Во Струга бил приведен 46-годишен маж, осомничен дека физички ја нападнал својата мајка, додека во Скопје бил лишен од слобода 47-годишник, кој, според пријавата, физички ја нападнал својата партнерка. Во Велес, ...
Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow” – софистициран софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство. Во објавата на Министерството за Фејсбук се наведува дека оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за ...
Австралија ја поздрави нацрт-одлуката на УНЕСКО, со која Големиот корален гребен нема да биде впишан на листата на загрозени локалитети на светското наследство, и покрај последиците што климатските промени ги имаат врз овој природен бисер. Австралиската заменик-министерка за туризам, Нита Грин, оцени дека ваквата одлука претставува признание за континуираните напори на земјата во заштитата и управувањето со Големиот корален гребен. ...
Чистење на двор или спој на лабави жици меѓу две бандери се првичните индиции за причините за пожарот што вчера попладне избувна на тврдината Исар во Штип. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на денешната прес- конференцијата во Штип вели се уште се утврдува што точно го предизвикало пожарот. Тој додаде дека се истражува и пожарот и кај штипската Млекара, за каде има сомнеж дека пожарот е подметнат. Ангелов ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградба на затворен базен во Основното училиште „Ацо Шопов“ во Општина Бутел. Според него, со доградбата на училиштето ќе се подобрат условите за учениците и ќе се зголеми квалитетот на животот на жителите од овој дел на Радишани. „Со овие проекти полека, но сигурно обезбедуваме подобри услови за живот на граѓаните во сите општини низ државата. Тоа значи ...
По службениот разговор во полициска станица, тројцата осомничени кои избодеа дете во Ченто се пуштени на слобода. Според досегашните информации, барање за мерки против нив од Обвинителството, нема. Кривичната пријава која засега е поднесена е за насилство, а не за убиство во обид. СВР Скопје-Единицата за насилен криминал до ОЈО-Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(19), В.С.(23) и В.А.(19) сите од Скопје поради постоење основи на ...
На Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска, информира директорот на клиниката Фадил Цана. Двајцата пациенти се хоспитализирани, под континуиран медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински препораки. -Нивната здравствена состојба внимателно се следи – информира Цана. Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод ...
Шпанија во мај ја посетиле околу 10,3 милиони странски туристи, што е за 9,5 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година и претставува нов рекорд за мај, соопшти Шпанскиот национален институт за статистика (ИНЕ). Најмногу туристи пристигнале од Велика Британија, речиси 2,2 милиони, што е зголемување од 6,1 отсто во споредба со мај минатата година. По неа следува Франција со околу 1,3 милиони посетители и раст од 11,1 отсто, како и ...
Премиерот Христијан Мицкоски со објава на социјалните мрежи соопшти дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива со засилено темпо и, како што наведе, проектот влегува во својата завршна фаза. Според него, Владата постепено ги надминува најголемите предизвици што ги наследила при реализацијата на проектот, особено оние поврзани со свлечиштата и косините. „Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, а ...
Изгаснат е големиот пожар кој вчера беснееше во атарите на Пробиштипските села Неокази, Бучиште и Ратавица, вели командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) Милан Терзиќ. Тој истакна дека пожарот е изгаснат синоќа околу 20 часот, а денеска се прават контроли и екипите на ТППЕ-Пробиштип го догаснуваат она што од вчера е останато. Забележува дека првите проценки за штетите од вчерашната голема огнена стихија се големи. Пожарот е ...
Фотографии на кои се гледа празна шише виски „Џејмисон“ на маса во Клиниката за инфективни болести и директорот д-р Фадил Цана пред него, отворија прашања дали е дозволено во здравствена установа да се внесува и консумира алкохол за време на прослава на вработени. Станува збор за одбележување на успешна одбрана на докторска дисертација на вработена, а фотографиите, се објавени на социјалните мрежи. „Стануваше збор за кратко пригодно ...
Граѓанската иницијатива и советничка група во Општина Центар „Шанса за Центар“ предупредува дека Нацрт-деталниот урбанистички план (ДУП) за Барутана, кој е ставен на дневен ред на Советот, предвидува урбанизација на простор за кој, според нив, постојат сериозни ризици од ерозија. Од иницијативата посочуваат дека просторот на Водно, познат како Барутана, според Планот за енергија и клима на Општина Центар е означен како подрачје загрозено од ...
Групата „Реално Кавадарци“ преку објава на социјалните мрежи упати апел до граѓаните да се вклучат во хуманата акција за собирање средства за малиот Божидар, на кого му претстои животоспасувачка операција. Во објавата се наведува дека операцијата е закажана за 4 август, но потребните средства мора да бидат обезбедени и уплатени најдоцна до 24 јули. Доколку сумата не се собере навреме, постои ризик интервенцијата да не може да се реализира. ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДС го блокира донесувањето на Изборниот законик поради, како што велат од партијата, страв од изборен пораз и од губење на поддршката од македонската дијаспора. На прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, оцени дека, според партијата, политиките на поранешната власт предводена од СДС довеле до иселување на голем број граѓани, а сега, како што рече, со повеќе од 10.000 амандмани се ...
Од СДСМ преку соопштение оценуваат дека најавената реконструкција на Владата, за која Собранието треба да гласа на 13 јули, претставува обид за дополнителна концентрација на моќта во рацете на премиерот Христијан Мицкоски, а не вистинска реформа. Според партијата, промените во министерските ресори се само кадровски, додека политиките остануваат непроменети. „Она што се претставува како ‘освежување’ е всушност чист театар. Се менуваат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, во пресрет на одбележувањето на 250-годишнината од независноста на САД, одржа говор пред споменикот Маунт Рашмор, каде што предупреди на, како што рече, „комунистичка закана“ од прогресивното крило на Демократската партија. Обраќајќи им се на присутните пред споменикот со ликовите на четворица американски претседатели, Трамп порача дека САД мора да останат силна и слободна држава. „Стоиме пред овие ...
Албанските гранични служби спречиле обид за нелегално пренесување на жена од Тајланд, која била пронајдена скриена во куфер во автомобил управуван од француски државјанин на граничниот премин Муриќан, меѓу Албанија и Црна Гора. Според информациите од албанската полиција, уапсен е 26-годишниот Том Хаак, кој се сомничи дека се обидел незаконски да пренесе лице преку државната граница. При деталната контрола на возилото, полицајците откриле ...
Службеното „Ауди А6“ на Општина Струга, кое пред 7 години го купи поранешниот градоначалник од ДУИ, Рамиз Мерко за 67.000 евра вчера беше продадено на јавна аукција за 22.000 евра. Продажбата на автомобилот одеше преку извршител, кој пред 4 месеци го заплени возилото. Парите ќе се искористат за враќање на долгоивте на Општина Струга кон повеќе доверители. „Озлогласеното службено возило, кое беше симбол на прекумерниот луксуз на поранешниот ...
Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на Стојанче Јовановски, кој беше првостепено осуден дека ја навел сопругата Ивана Јовановска на самоубиство. „Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-549/26, по одржана јавна седница на 18.6.2026 година, донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Стојанче Јовановски од Скопје и ја потврди пресудата на ...
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 23 до 33 Целзиусови степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе достигне удари од 60 километри на час. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 25 до 33 ...
Водителката на емисијата „Низ град со Кики“, Кики Мукаетова, преку објава на социјалните мрежи сподели лично сведоштво за врсничкото насилство што го доживеала како дете, испраќајќи силна порака по последниот случај на врсничко насилство во Аеродром. Таа откри дека како дете била жртва на тешко насилство, поради кое двапати ѝ бил скршен носот, ја скршила раката и со години се справувала со последиците. „Два пати пукнат нос, скршена рака, тон ...
На самитот на НАТО во Анкара сојузниците ќе и ветат на Украина милијарди евра воена помош, изјавија денеска извори за германската ДПА. На состанок во Брисел амбасадорите на 32 земји-членки ја поддржаа ваквата иницијатива, а планот е НАТО во следните две години да издвои по 70 милијарди евра годишно за вооружување и обука на украински војници, вкупно 140 милијарди евра. Во него , меѓутоа, е вклучен и заемот на ЕУ за Украина од 60 милијарди ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Киев е способен на долг рок да произведе доволно високотехнолошко оружје за да го надмине капацитетот на Русија, јави ДПА. Средбата со воените претставници, владините министри и претставниците на одбранбената индустрија се фокусираше на зголемување на производството во рамките на украинските програми за беспилотни летала и ракети, рече Зеленски во објава на Телеграм. Киев неодамна ...
Две лица се уапсени под сомнение дека извршиле убиство на маж чие исчезнување претходно било пријавено, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Според информациите, полицијата постапувала по пријава за исчезнато лице, а со оперативна работа било утврдено дека осомничените во првата половина на април физички го малтретирале мажот во изнајмен стан во Рума. Како последица на здобиените повреди, тој починал. По смртта, осомничените ...
Дрес-кодот што доминира во летната сезона е оној што се однесува на одењето на плажа. Костими за капење и наметки, додатоци како што се капи, чанти и шалови, сандали и накит се компонентите што карактеризираат елегантен и уреден изглед на плажа. Доколку сè уште не сте отишле на одмор, следните совети за стил ќе ви помогнат да се истакнете со вашиот изглед дури и на плажа. Избор на совршен костим за капење Костимот за капење е лидер на ...