Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите изнесени во јавноста дека „кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан на проверка на моторичките способности и покрај тоа што ги исполнувал условите од јавниот повик“. „Процесот на селекција сè уште е во тек и се спроведува во повеќе последователни фази. На проверка на моторичките способности се повикуваат кандидатите кои претходно успешно ја поминале ...

„ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој ден пласира по една измислица и една лага. Но, тоа не е вест. Вест би било доколку ДУИ, барем еднаш, ја кажеше вистината. Денес решиле да ги бројат седниците на Владата. И токму тука си дадоа автогол“, велат од ВЛЕН. „За информирање на јавноста, претставници на ВЛЕН претседавале со седници на Владата. Но, бидејќи инсистирате сите ваши гревови да му ги закачите на Артан Груби, ќе ви наброиме ...

Од морето во областа Сарти, на Халкидики, е извлечен 56-годишен српски државјанин, кој починал од давење, објавува порталот Grtimes.gr. Според достапните информации, несреќниот маж бил извлечен од морето во несвест. На местото на настанот веднаш пристигнал спасител, кој му укажал прва помош и се обидел да го реанимира, но без успех. 56-годишникот бил пренесен со брза помош од Сарти во Здравствениот дом „Агиос Николаос“, каде што лекарите ...

Најмалку 49 лица загинаа во силен земјотрес со јачина од 7,4 степени што ја погоди западна Колумбија во понеделник. Најголем број жртви е потврден во департманот Вале дел Каука. Гувернерката Дилијан Франциско Торо изјави дека најмалку 27 лица загинале таму, не сметајќи го градот Кали. Најмалку 18 лица загинаа во Переира, главниот град на департманот Рисаралда. Епицентарот на земјотресот беше во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот ...

Русија наводно распоредува своја верзија на сателитскиот интернет систем Starlink побрзо од очекуваното и планира да има речиси 300 сателити во орбитата до 2027 година, изјави украински разузнавачки функционер цитиран од Ројтерс. Мрежата Starlink на SpaceX, која работи во Украина, но не и во Русија, му даде на Киев голема предност во операциите со беспилотни летала и комуникациите на бојното поле. Руските сили ги користеа терминалите ...

Силниот земјотрес од 7,4 степени што попладнево ја погоди Колубија., предизвика штети и во градот Кали. Според најновите информации таму се урнале повеќе згради, меѓу кои и објект во кој се наоѓала нотарска канцеларија. Градоначалникот на Кали потврди дека има луѓе заробени под урнатините. На објавените снимки се гледа како граѓани со голи раце копаат низ остатоците од една од урнатите згради. Cali #Temblor edificio de 4 pisos y notaría. ...

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, на која тој соопшти дека партијата поднела кривична пријава против министерот за здравство Сашко Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил Лазов и директорот на Центарот за јавно здравје – Тетово, Шпенди Амети. Фрчкоски претходно изјави дека ...

Силен земјотрес ја погоди колумбиската пацифичка покраина Чоко, при што според првичните информации има повредени лица и е предизвикана голема материјална штета, соопшти гувернерката на тој регион преку социјалната мрежа „Икс“. Силниот потрес бил почувствуван и во главниот град Богота, како и во соседна Венецуела. #SISMO. Tras el fuerte temblor de magnitud 6.6 con epicentro en San José del Palmar, Chocó, sacudió a varias regiones de ...

Августовскиот шпиц на туристичката сезона во Сутоморе, наместо очекуваниот рекорден промет и полни капацитети, за мештаните и угостителите од населбите Брца, Рутке и делот над железничката станица се претвори во сурова борба за основни услови за живот. Во населбите во кои моментално престојува најголемиот дел од повеќе од 10.000 гости во Сутоморе, сувите чешми во текот на жешките летни денови станаа секојдневие, а огорчените туристи масовно ...

Шефот на Мета, Марк Закерберг, ја повика американската влада да ја ублажи регулацијата на ВИ моделите со отворен код, со цел американските компании полесно да се натпреваруваат со кинеските ривали. Мета денеска го претстави новиот модел Muse Glimmer, кој е значително помал од водечките ВИ модели и е наменет за таканаречена агентска вештачка интелигенција. Може да работи на персонален компјутер со само една графичка картичка. Закерберг оцени ...

Редок Ferrari Monza SP2, чија вредност се проценува на 3,7 милиони фунти, бил запленет во текот на викендот во Лондон. Автомобилот бил едно од 90 возила што полицијата ги одзела во акција против несовесното возење во населбите Кенсингтон, Челзи и Хајд Парк. Вкупната вредност на запленетите возила надминува осум милиони фунти, пишува BBC News. Моделот Ferrari Monza SP2, произведен во само 499 примероци, во Велика Британија бил само еден ден ...

Поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски, преку објава на својот профил на Фејсбук се осврна на состојбата со струмичките земјоделци и нивното незадоволство од ниската откупна цена на ајварската пиперка, притоа упатувајќи јавно прашање до актуелните носители на политички и јавни функции. Поврзувајќи ги барањата на земјоделците за достоинствена откупна цена и подобри услови за егзистенција со животниот стандард на ...

Германија го заострува ставот за враќањето на мигрантите и бара повторно да се воспостават трансферите кон Италија и Грција, по стапувањето на сила на Пактот на ЕУ за миграција и азил на 12 јуни. Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи изјавил дека функционирањето на Даблинскиот систем е неопходен услов за успешен европски систем за азил, додавајќи дека Берлин очекува трансферите кон Италија и Грција да продолжат. Според ...

За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети, соопшти Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого. А нема ниту чиста вода во Гостивар. ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави информации и препораки за препознавање, превенција и заштита од сексуално преносливи инфекции, со апел до граѓаните да се грижат за своето сексуално и општо здравје. Од ИЈЗ посочуваат дека дел од инфекциите може да не предизвикуваат симптоми, но сепак да се пренесуваат и да доведат до сериозни здравствени последици доколку не се откријат и лекуваат навреме. Како клучни мерки ги издвојуваат правилната ...

Нервозата кај лидерот на СДСМ, Венко Филипче, расте, а раководството не бира начин за политички поен, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција. „Социјалдемократскиот сојуз долго време тоне во жива кал, па нивното раководство не бира начин како да дојде до политички поен повеќе, а сега тоа го прават преку глумење на жртви со случајот во Ново Село“, рече Манасиевски. Тој обвини дека Филипче е во ...

Старите сунѓери за садови не ги фрлајте во корпата за отпадоци, пресечете ги на половина и за помалку од една минута ќе решите голем проблем во бањата. Менувате сунѓер на секои две недели и го фрлате без размислување. А старите сунѓери за садови го решаваат токму проблемот што ја прави бањата да мириса на влага, иако ја измивте вчера. Сивите дамки во аголот на тушот не се нечистотија што не сте ја изгребале. Тоа е вода што нема каде да оди. ...

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје ја претстави новата дигитална платформа „Пратеници.мк“, која им овозможува на граѓаните, новинарите, истражувачите и организациите на граѓанското општество полесен пристап до отворените податоци за работата на Собранието. „Интерактивниот панел ги претвора сложените и технички формати на собраниските отворени податоци во прегледни и лесно пребарливи информации. Корисниците можат да ги ...

По повод 25 години СОС Детско село Македонија, на 19 септември Градскиот парк во Скопје ќе се претвори во голема патека на солидарност – долга 4 километри и симболично исцртана во форма на срце. Досега ги обединуваше компаниите и луѓето од ИТ-заедницата, а оваа година, “срцето“ станува поголемо. Под мотото „Трчаме со срце“, СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity ги повикува сите – искусни тркачи, рекреативци, тимови, пријатели и ...

Аеродромот Катанија во источна Сицилија ги суспендираше сите дојдовни летови до 15 часот во понеделник поради облак од вулканска пепел што се прошири низ воздушниот простор по нова ерупција на вулканот Етна. Веста ја потврди операторот на аеродромот, SAC, објави „Ројтерс“. Етна, еден од најактивните вулкани во светот, доминира на источниот брег на Сицилија, а нејзините ерупции често го нарушуваат сообраќајот на аеродромот во Катанија. Тоа е ...

Најмладата ќерка на познатата холивудска двојка, која има уште две ќерки заедно, му рече „Да“ на својот долгогодишен партнер две години откако се свршија. Најмладата ќерка на познатите актери и поранешни сопружници Брус Вилис и Деми Мур, Талула Вилис, му го кажа судбоносното „да“ на својот партнер, музичарот Џастин Ејси, во саботата во Ајдахо, објави Vogue. Џастин ѝ предложи брак на Талула на 23 декември 2024 година, кога таа напиша на ...

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката за трауматологија, Игор Мерџаноски. Иако вчера имал покачена температура, анализите покажале дека нема присуство на инфекции и дека реакцијата најверојатно е последица на транспортот и оперативниот зафат. Виталните параметри се добри, започнато е хранење преку уста и физикална терапија. Мерџаноски укажа дека ваквите ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме, обвинија од СДСМ. „Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога ...

Институтот за јавно здравје објави препораки за заштита од топлото време за лицата над 65 години. Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Согласно националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението. Зошто? Со возраста, организмот потешко се приспособува на високите температури. Дополнително, повозрасните ...

Алексис Сикаирос и неговата девојка обично имаат редици од муштерии на нивната тезга за кафе во Лос Анџелес за пијалоци со вкус на банана или мача, но аголот на улицата каде што работат сега е претежно празен. Причината е јасна штом ќе влезете во населбата Бојл Хајтс: се шири неподнослива смрдеа. Пожарот на 17 јуни уништи голем ладилник, оставајќи зад себе околу 39 милиони килограми скапана храна, вклучувајќи говедско, свинско, живина и ...

Пентагон бара од американската одбранбена индустрија да го забрза производството на оружје за да ги надополни залихите на муниција што се исцрпени, делумно поради конфликтот со Иран. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави во саботата дека одделот е фокусиран на зголемување на набавките за да се обезбеди „оружјето што им е потребно на нашите војници со темпото што го бара заканата“. Парнел потврди дека министерството се обидело да го ...

Актерите Обри Плаза и Кристофер Абот станаа родители. Веста доаѓа малку повеќе од една година по првите гласини за нивната врска, а парот се запознал уште во 2020 година на снимањето на филм. Тие претежно ја чуваа својата врска во тајност. Според Entertainment Weekly, TMZ потврди дека Плаза вчера е видена во Њујорк со детето. Извори блиски до парот открија за истиот медиум дека актерката се породила во текот на последната недела од јули. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова голема воена офанзива. Тој рече дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се одвиваат „полуинтензивно“ и дека САД ја следат тешката економска состојба во Иран, кој се соочува со огромна инфлација и недостиг на пари. Трамп додаде дека американската поморска блокада дополнително ја влошила економската криза ...

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците од дипломатскиот спор веќе ги чувствуваат патниците. Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, ја оцени одлуката на Шпанија за воведување противмерки и сукцесивни проверки за патниците од Италија како „несфатлива и целосно неприфатлива“. Овој потег на Мадрид следуваше откако Рим ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1030
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
62%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
71%
1027
weather icon

Софија

7ᴼ / 4ᴼ
2.06
64%
1030
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.1
72%
1031
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
75%
1028
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
67%
1026
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1028
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
49%
1031
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
2.57
63%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
66%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34